Regulation on the list of feed substances
Made 2010-11-26 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Листа на крмни суровини.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- animal feed/feedstuffs, ecological production/organic production, classification/declassification
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Врз основа на член 23, став (11) од Законот за органско земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.146/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува Листа на крмни суровини 1. НЕОРГАНСКИ КРМНИ СУРОВИНИ ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО 1.1. Житарици, зрна, нивни производи и нус-производи: овес како зрно, снегулка, крмно брашно, лушпа и трици; јачмен како зрно, белковина и крмно брашно; погача од оризов никулец; просо како зрно; рж како зрно или крмно брашно; сирак како зрно; пченица како зрно, крмно брашно, трици, глутен, глутенско брашно и никулец; спелта како зрно; тритикала како зрно; пченка како зрно, трици, крмно брашно, погача од никулец и глутен; сладови стебленца; пивски слад. 1.2. Маслодајни семиња, маслодајни плодови, нивни производи и нус-производи: семе од маслодајна репка, маслена погача и лушпи; соја како зрно, пржена, погача и лушпи; сончогледови семки како семки и погача; памук како семе и погача; ленено семе како семе и погача; сусамово семе како погача; палмини јатки како погача; тиквени семки како погача; маслинки, маслинена каша; зеленчукови масла (со физичка екстракција). 1.3. Легуминозни семиња, нивни производи и нус-производи: леблебија како семе, крмно брашно и трици; добиточна леќа како семе, крмно брашно и трици; граор како семе подложено на топлинска обработка, крмно брашно и трици; добиточен грашок како семе, крмно брашно и трици; боб како семе, крмно брашно и трици; коњски боб како семе, крмно брашно и трици; граорица како семе, крмно брашно и трици; лупина како семе, крмно брашно и трици. 1.4. Кртоли, корења, нивни производи и нус-производи: каша од шеќерна репа; компир; сладок компир како кртола; компирова каша (нус-производ при екстракција на компиров скроб); компиров скроб; компирови белковини; маниока. 1.5. Други семиња и плодови, нивни производи и нус-производи: рогач; рогачни мешунки и крмно брашно; тикви; агрумна каша; јаболка, дуњи, круши, праски, смокви, грозје и нивна каша; костени; ореова погача; лешникова погача; какаови лушпи и погача; желади. 1.6. Фуражна и фиброзна (волуминозна) храна: луцерка; крмно брашно од луцерка; детелина; крмно брашно од детелина; трева (од фуражни растенија); крмно брашно од трева; сено; силажа; житна слама; коренови зеленчуци за фураж. 1.7. Други растенија, нивни производи и нус-производи: меласа; крмно брашно од алги (добиено со сушење и толчење на алгите и со нивно измивање за да се намали содржината на јод) ; прашоци и екстракти од растенија; екстракти од растителни белковини (само за млади животни) ; зачини; зелениш (зачински и чајни билки). 2. КРМНИ СУРОВИНИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО 2.1. Млеко и млечни производи: сурово млеко; млеко во прав; обрано млеко, обрано млеко во прав; матеница, матеница во прав; сурутка, сурутка во прав, сурутка во прав со ниска содржина на шеќер, белковини од сурутка во прав (добиена по пат на физичка обработка) ; казеин во прав; лактоза во прав; урда и кисело млеко. 2.2. Риби, други морски животни, нивни производи и нус-производи: Според следниве ограничувања: Производите да се добиени само од одржливи рибници и да се користат за нетревопасни видови: риба; рибино масло и нерафинирано масло од бакаларов црн дроб; автолизати од мекотели и ракови; хидролизати и протеолизати добиени со ензимско дејство, во растворлива состојба или не, само за млади животни; рибино брашно. 2.3. Јајца и производи од јајца Јајца и производи од јајца што се користат како крма за живина (првенствено произведени во истото стопанство). 3. КРМНИ СУРОВИНИ ОД МИНЕРАЛНО ПОТЕКЛО 3.1. Натриум: нерафинирана морска сол; груба камена сол; натриум сулфат; натриум карбонат; натриум бикарбонат; натриум хлорид. 3.2. Калиум: калиум хлорид. 3.3. Калциум: црвени корални алги литотамнион и маерла; школки од морски животни (вклучително и сипина коска) ; калциум карбонат; калциум лактат; калциум глуконат. 3.4. Фосфор: дефлуориран дикалциум фосфат; дефлуориран монокалциум фосфат; мононатриум фосфат; калциум магнезиум фосфат; калциум натриум фосфат. 3.5. Магнезиум: магнезиум оксид (анхидриран магнезиум) ; магнезиум сулфат; магнезиум хлорид; магнезиум карбонат; магнезиум фосфат; 3.6. Сулфур: натриум сулфат. Министер за земјоделство, Бр. 08-8103/6 шумарство и водостопанство 26 ноeмври 2010 г. Љупчо Димовски Скопје