Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the list of categorized by-products of animal origin

Made 2008-04-22 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

research.laws.repealedOn

About this law

Original title
Листа на категоризирани нус производи од животинско потекло.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock, Food and nutrition
Keywords
classification/declassification, residues, food safety and quality

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. „Службен весник на РМ“ бр. 53 од 22.04.2008 година 1 од 3 20080530905 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 9 став (2) од Законот за нус производи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува ЛИСТА НА КАТЕГОРИЗИРАНИ НУС ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО 1. Сите делови на тело, вклучувајќи ги суровите кожи и крзна кои потекнуваат од: животни за кои постои сомнение дека се заразени од TSE, во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство, или кај кои присуството на TSE е официјално потврдено, животни убиени при спроведување на мерките за искоренување на TSE, животни, освен животните одгледувани на фарми и дивите животни, вклучувајќи ги, особено, домашните миленици, животните од зоолошки градини и животните од циркуси, експерименталните животни, и диви животни, за кои постои сомнение дека се заразени од болести кои се пренесуваат на луѓето или животните. 1.2. Специфично ризичен материјал и цели тела на мртви животни кои содржат специфично ризичен материјал, доколку, до моментот на нештетното отстранување, специфично ризичниот материјал не бил отстранет. 1.3. Производи кои потекнуваат од животни, кои се третирани со фармаколошки активни и други супстанции, кои се забранети за употреба кај животните согласно прописите од областа на ветеринарното здравство и производи од животинско потекло, кои содржат резидуи на контаминити на животната средина како и други супстанции кои се предмет на уредување со прописите за ветеринарното здравство, доколку содржината на резидуите го надминува максималното дозволено ниво. 1.4. Сите материјали од животинско потекло собрани при третманот на отпадните води Категоријата 1, преработувачки објекти, и други објекти во кои специфичниот ризичен материјал се отстранува, вклучително и сепаратите, материјалите од распаѓањето, маснотии и мешавини од масла, тиња и материјалите отстранети од одводните цевки на овие објекти, освен доколку тој материјал не содржи специфично ризичен материјал, или делови од специфично ризичен материјал. 1.5. Помии од средства за превоз вклучени во меѓународен превоз. 1.6. Мешавини на категоријата 1 материјали со категоријата 2 материјали од или категоријата 3 материјали, или и со двете категории метеријали, вклучувајќи ги и сите материјали наменети за преработка во Категорија 1 преработувачки објекти. 2. Категорија 2 материјали ги сочинуваат следните нус производи од животинско потекло, како и сите други материјали кои содржат такви нус производи од животинско потекло и тоа: 2.1. Ѓубриво и содржина од дигестивниот систем. 2.2. Сите материјали од животинско потекло собрани при третманот на отпадните води од кланиците освен кланиците во кои се врши одстранување на специфичен ризичен материјал и отпадни води од Категорија 2, преработувачки објекти, вклучително и сепаратите, материјалите од распаѓањето, масла и мешавини од масла, тиња и материјалите отстранети од одводните цевки на овие објекти. „Службен весник на РМ“ бр. 53 од 22.04.2008 година 2 од 3 2.3. Производите од животинско потекло, кои содржат резидуи од ветеринарно медицински препарати и контаминенти уредени со прописите од областа на ветеринарното здравство, и доколку овие резидуи го надминуваат максималното дозволеното ниво, утврдено во прописите од ветеринарното јавно здравство. 2.4. Производи од животинско потекло, освен категорија 1 материјалите, кои се увезени од трети земји, а кои не се на листа на земји одоборени за увоз во Република Македонија, доколку истите не се вратат, или нивниот увоз се прифаќа со ограничувањата утврдени во прописите од областа на ветеринарното здравство. 2.5. Животни и делови од животни, кои не се опфатени во Категорија 1 материјали, кои угинале, а не се заклани за исхрана на луѓето, вклучувајќи ги и животните убиени заради искоренување на епизоотската болест. 2.6. Мешавини на Категорија 2 материјали со Категоријата 3 материјали, вклучувајќи ги сите материјали наменети за преработка во Категорија 2 преработувачки објект и 2.7. Сите други нус производи од животинско потекло, освен нус проиводи кои се дефинирани како Категорија 1 материјал или Категорија 3 материјал. 3. Категорија 3 материјалите ги сочинуваат следните нус производи од животинско потекло, како и сите други материјали кои содржат такви нус производи од животинско потекло и тоа: 3.1. Делови од заклани животни, исправни за исхрана на луѓето, во согласност со прописите од областа на ветеринарното јавно здравство, но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини. 3.2. Делови од заклани животни, кои не се исправни за исхрана на луѓето, но не поради болести, кои се преносливи врз луѓето или животните и кои потекнуваат од трупови кои се исправни за исхрана на луѓето во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство. 3.3. Сурова кожа и крзна, копита и рогови, свински четини и пердуви од животни кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно санитарен преглед и утврдување на исправност за исхрана на луѓето, во согласност прописите од областа на ветеринарното здравство. 3.4. Крв од животни, освен од преживари, кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно санитерн преглед, и утврдување на исправност за исхрана на луѓе, во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство. 3.5. Нус производи од животинско потекло, добиени со текот на производство на производи за исхрана на луѓето, вклучувајќи ги и обезмастените коски и чварки. 3.6. Неискористена храна од животинско потекло, или неискористена храна, која содржи производи од животинско потекло, освен помии, кои повеќе не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини, или заради проблеми во производството, или дефекти во пакувањето, или други дефекти кои не претставуваат било каков ризик за луѓето или животните. 3.7. Сурово млеко од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните. 3.8. Риби или други морски животни, освен морските цицачи, уловени на отворено море за потребите од производство на рибино брашно. 3.9. Свежи нус производи од риба од објекти за производство на производи од риба за исхрана на луѓето. 3.10. Лушпи од јајца, нус производи од инкубатори и нус производи од скршени јајца кои потекнуваат од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните. „Службен весник на РМ“ бр. 53 од 22.04.2008 година 3 од 3 3.11. Крв, кожи и крзна, копита, пердуви, волна, рогови, влакна и крзно од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните, и 3.12. Помии, освен помиите помии од средства за превоз вклучени во меѓународен превоз. 4. Оваа листа се објавува во „Службен весник на Република Македонија”. Министер за земјоделство, шумарство, и водостопанство Ацо Спасеноски, с.р.

Regulation on the list of categorized by-products of animal origin · Nelum