Regulation on the handling of animals in slaughterhouses
Made 2008-05-08 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот на постапување со животните во кланица.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- animal production, animal welfare, slaughtering
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
„Службен весник на РМ“ бр. 58 од 08.05.2008 година 1 од 7 20080581032 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 44, став 4 од Законот за заштита и благосостојба на животните (''Службен весник на Република Македонија'' бр. 113 /2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесe ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЖИВОТНИТЕ ВО КЛАНИЦА Член 1 Предмет на уредување Со овој правилникот се пропишува начинот на постапување со животните во кланиците во однос на преносот, сместувањето во депо, зашеметувањето, колењето и убивањетo на животни чувани и одгледувани за производство на месо. Член 2 Дефиниции Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. кланица се сите објекти , вклучително и објектите за пренесување и или сместување на животни во кланично депо, кои се користат за комерцијално колење на животни за производство на месо за исхрана на луѓето; 2. пренос е растоварување на животни или нивно движење од платформа за растоварување, од штали или трла во кланицата до простории или до места каде што треба да се заколат; 3. сместување во кланично депо е чување на животни во штали, трла, покриени површини или на поле кое ги користат кланици за да им се обезбеди неопходните внимание и активности (вода, добиточна храна, одмор) пред да бидат заколени; 4. фиксирање е примена врз животното на какви било постапки наменети за ограничување на неговото движење за олеснување на ефективно зашеметување или убивање; 5. зашеметување е секој процес кој, кога се применува на животно, веднаш предизвикува губење на свест што трае до смртта; 6. убивање е секој процес кој предизвикува смрт на животно; 7. колење е процес кој предизвикува смрт на животно преку искрварување. Член 3 Постапување со животните Животните треба да бидат поштедени од било какво непотребно возбудување, болка или страдање во текот на движењето, сместувањето во кланичното депо, фиксирањето, зашеметувањето, колењето и убивањето. „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 08.05.2008 година 2 од 7 Член 4 Општи барања за кланиците Конструкцијата, капацитетите и опремата на кланиците како и нивниот начин на работење треба да бидат такви за да ги поштедат животните од било какво возбудување, болка или страдање што може да се избегне. Член 5 Начин на постапување за движење и натовар на животните во кланици (1) Копитарите, преживарите, свињите, зајаците и живината (во понатамошниот текст: животни) донесени во кланиците за колење се пренесуваат и, по потреба, се сместуваат во кланично депо согласно општите барања од овој правилник, и тоа се: 1) пренесуваат и ако е неопходно сместуваат во кланичното депо согласно одредбите на член 6, 7 и 8 од овој правилник; 2) фиксираат во согласност со одредбите од член 9 на овој правилник; 3) зашеметуваат согласно одредбите од член 10, 11, 12, 13, 14, 15, и 16 на овој правилник; 4) искрваруваат согласно одредбите од член 17 на овој правилник. (2) Во случај на животни кои се колат со посебни методи на колење при ритуално колење на животните, одредбите од точка 3 од став (1) на овој член не се применуваат. Член 6 Начин на постапување за движење истовар и транспорт на животните во кланици (1) Секоја кланица треба да има соодветна опрема и објекти наменти за истовар на животните од транспортните средства. (2) Животните по нивното пристигнување треба веднаш да се истоварат. Ако тоа не е возможно, треба да се заштитат од неповолни временски влијанија и да се обезбедат со адекватна вентилација. (3) Животните кои можат да си нанесат повреди еден на друг, поради нивниот вид, пол, возраст или потекло треба да се чуваат и натоварат одвоено еден од друг. (4) Животните треба да се заштитат од неповолни временски влијанија. Ако животните биле изложени на високи температури и влажно време треба да се разладат со соодветни средства. (5) Условите и здравствената состојбата на животните треба да се контролираат и да се проверуваат најмалку секое утро и вечер. (6) Животните кои имаат почуствувано болка, кои страдале за време на транспортот или по нивното пристигнување во кланицата, болни, слаби или повредени, како и неодлачените животни треба да се заколат веднаш. Ако е ова неизводливо, тие треба да се одвојат и да се заколат што е можно побрзо и тоа во наредните два часа. Животните кои се неспособни да се движат, не смеат да се влечкаат до местото каде се колат, туку треба да се убијат каде што лежат или онаму каде е возможно тоа да се направи, при тоа непредизвикувајќи непотребно страдање, или да се транспортираат на количка или подвижна платформа до местото каде ќе се заколат. „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 08.05.2008 година 3 од 7 Член 7 Начин на постапување со животни кои се пренесуваат без контејнери (1) Опремата за истовар на животните во кланици треба да има под кој не се лизга, а ако е неопходно и странична заштита. Мостовите, рампите и тесните премини треба да имаат поставено страници, огради или некои други средства за заштита и спречување животните да паднат. Излезните или влезните рампи треба да имаат што е можно помала косина. (2) За време на истоварот, треба да се внимава животните да не се уплашат, вознемируваат или тормозат и да се обезбеди да не се превртат. Животните не треба да се подигаат од страна на главата, роговите, ушите, нозете, опашот или волната, на начин кој предизивикува непотребна болка или страдање. Кога е неопходно, животните треба да се водат поединечно. (3) Животните треба да се тераат со внимaние. Ходниците треба да бидат изведени на начин кој го намалува ризикот од повреда на животните и така уредени да се искористат нивните тенденции за живеење во стадо. Инструментите наменети за водење на животните треба да се користат единствено за таа цел и само во куси рокови. Користењето на инструментите за електричен шок треба да се избегнува што е можно повеке и овие инструменти треба да се користат единствено за возрасни говеда и свињи кои одбиваат да се движат и само кога тие имаат пред себе доволно простор за движење по него. Електричните шокови не треба да траат повеќе од една секунда, распоредени во соодветни интервали и животните треба да имаат пред себе доволно простор за движење по него. Електричните шокови треба да се нанесуваат само на мускулите од сапите и не треба да се повторуваат доколку животното не реагира. (4) Животните не треба да се удираат со рака или нога, ниту пак на нив да се применува притисок на нивните сензитивни делови од телото. Посебно не смее да се кршат или виткаат опашите и притискаат очите. (5) Животните не треба да се однесат на местото каде ќе се колат, освен доколу не се заколат веднаш, а ако не се колат веднаш по нивното пристигање, тогаш треба да се сместат во кланичното депо. (6) Кланиците треба да се опремени со соодветен број на кланични депоа, заради адекватно сместување на животните и заштита од неповолните надворешни влијанија. (7) Кланичните депоа особено треба да имаат: 1) под кој го намалуваат ризикот од лизгање и кој не предизвикува повреда кај животните во контакт со него, 2) aдекватна вентилација, имајќи ги во предвид екстремните температури и влажноста на воздухот кои може да се очекуваат. Онаму каде се бараат механички средства за вентилација, треба да постојат процедури и средства во итни случаи и во случај на откажување.; 3) вештачко осветлување до степен кој овозможува преглед на сите животни во секое време и ако е неопходно, треба да постои и адекватно помошно расветлување; 4) кадешто е неопходно, опрема за врзување на животни; 5) кадешто е неопходно, соодветна простирка за сите животни кои преноќуваат во депото. (8) Кланиците, кои освен кланичните депоа од став (7) на овој член, поседуваат и теренски депоа без природно засолниште или сенка, треба да се обезбеди соодветна заштита од неповолни временски влијанија. Теренските депоа треба да се одржуваат во состојба која обезбедува дека животните не подлежат на физички, хемиски или други здравствени опасности. „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 08.05.2008 година 4 од 7 (9) Животните кои не се земаат веднаш по нивното пристигање во кланица, треба да имаат пристап до вода за пиење од соодветните уреди во секое време. Животните кои не се колат во време од 12 часа по нивното пристигнување треба да се нахранат и треба да добијат последователна умерена количина на храна во соодветни интервали. (10) Животните кои се чуваат 12 или повеќе часа во кланица треба да се однесат во кланичното депо и кога се врзани, тоа треба да се изведе на начин кој им овозможува да легнат без никакви потешкотии. Доколку животните не се заврзани, треба да им се обезбеди храна на начин кој ќе овозможи да се хранат без вознемирување. Член 8 Начин на постапување со животни кои се испорачуваат во контејнери (1) Контејнерите во кои животните се транспортираат треба да се ракувааат внимателно и истите не треба да се исфрлаат, испуштаат или удираат. Каде е возможно, контејнерите треба да се натоварат и истоварат хоризонтално и механички. (2) Животните кои се испорачуваат во контејнери со перфорирано или флексибилно дно треба да се истоварат со особено внимание за да се избегне било каква повреда. Каде е соодветно, животните треба поединечно да се истовараат од контејнерите. (3) Животните кои се транспортираат во контејнери треба да се заколат веднаш,а доколку тоа не е можно треба да се обезбеди соодветно напојување и хранење. Член 9 Начин на постапување при фиксирање на животните пред зашеметување и колење (1) Пред зашеметување и колење животните треба да се фиксираат на содветен начин, за да се поштедат од секоја болка, страдање, вознемирување, повреди или контузии кои може да се избегнат. Во случај на ритуално колење, за фиксирање на говедате пред колење се користат механички методи на начин да се избегне секаква болка, страдање или вознемирување, или какви било повреди или контузии на животните. (2) Нозете на животните не треба да бидат врзани и животните не треба да се обесуваат пред да се зашеметат или убијат. Живината и зајците може да се обесат за колење, доколку се превземени соодветни мерки, така да истите се во доволно релаксирана состојба за зашеметување која се изведува ефикасно и без никакво непотребно одложување. Држењето на животното во систем за фиксирање не се смета за обесување. (3) Животните кои се зашеметуваат или убиваат со механички или електрични средства кои се применуваат на глава, треба да се постават во таква позиција со која опремата може да се применува и функционира едноставно, прецизно и во соодветно време. Кај копитари и говеда, дозволена е употреба на соодветни средства за фиксирање на движењата на главата. (4) Опремата за електрично зашеметување не може да се користи како средство за фиксирање, имобилизација или како средство кое ќе ги приморува животните да се движат. Член 10 Начин на постапување за време на зашеметување и убивање (1) Животните донесени во кланиците за колење се зашеметуваат пред колење или се убиваат моментално со дозволени методи за зашеметување. „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 08.05.2008 година 5 од 7 (2) Употребата на ножеви, чекан или секира не е дозволена за зашеметување или убивање. Член 11 Зашеметување (1) Дозволени методи на зашеметување се: 1) Клинест пиштол 2) Контузија 3) Eлектронаркоза 4) Изложување на јаглероден диоксид (2) Методите на зашеметување треба да ги доведат животните во несвесна состојба која трае се додека не се заколат, поради што треба да се поштедат од сите страдања кои може да се избегнат.Зашеметувањето не треба да се изведува доколку не е возможно животното да се изкрвари веднаш по зашеметувањето. Член 12 Клинест пиштол (1) При зашеметувањето со клинаст пиштол, инструментите треба да се поставени така што обезбедуваат дека проектилот влеува во церебралниот кортекс. Не е дозволено застрелување на говедата во темето. Овците и козите може да се застрелаат во теме, ако присуството на роговите спречува да се употреби во круната на главата. Во тој случај истрелот треба да се смести веднаш позади базата на роговите и да се усмери кон устата, и искрварувањето мора да започне во рок од 15 секунди од застрелувањето. (2) Кога се користи клинест инструмент, операторот треба да провери и обезбеди дека резето е целосно повлечено назад после секој истрел. Ако тоа не е така вовлечено, инструментот не може да се искористи повторно се додека не се поправи. (3) Животните не може да се сместуваат во боксовите за зашеметување освен ако операторот кој ги зашеметува животните е подготвен да ги зашемети веднаш по нивното сместување во боксот. Животните не треба да се држат фиксирани во главата се додека лицето кое го изведува колењето не е подготвено да ги зашемети. Член 13 Контузија (1) Зашеметувањето со контузија е дозволено само доколку се користат инструмент со механички механизам со кој се задава удар во черепот. Операторот треба да обезбеди дека инструментот е применет во правилна положба и дека е искористена точна јачина на патронот, во согласност со инструкциите на производителот, за да се добие ефикасно зашеметување без фрактура на черепот. (2) Во случај на мали групи зајаци каде што се задава немеханички удар во черепот, постапка треба да се изврши на начин што животното веднаш се онесвестува и останува онесвестено до неговата смрт и животните се поштедуваат од какво било возбудување, болка или страдање кое може да се избегне. „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 08.05.2008 година 6 од 7 Член 14 Електронаркоза (1) При зашеметувањето со електронаркоза со електроди, електродите треба да се наместат директно на мозокот, оневозможувајќи го струјниот премин преку него. Треба да се превземат соодветни мерки за да се осигура дека постои добар електричен контакт, особено со отстранување на вишокот волна или мокрење на кожата. (2) Кога животните поединечно се зашеметуваат, апаратот за електронаркоза треба: 1)да има инкорпорирано инструмент кој го мери напонот на полнење и ја спречува работата на апаратот ако минимумот што се бара не може да се пренесе; 2)да има инкорпорирано звучен или видлив инструмент кој ќе ја покажуа должината на времетрааењето на апликацијата на животното; 3)да е поврзан со уредот кој ја покажува волтажата и електричниот напон, така сместен за да биде јасно видлив на операторот. Член 15 Зашеметување со водено купатило (1) При зашеметувањето во водено купатило, за живината нивото на вода треба да биде прилагодливо со цел да се обезбеди дека има добар контакт со главата на птиците. Силината и времетраењето на струјата треба да биде таква за да може да се обезбеди дека животното веднаш подлежи на губење на свест и останува несвесно се до неговата смрт. Кога живината се зашеметува во група и во водено купатило, волтажата која е доволна за да се добие струја со која ќе се обезбеди дека секоја птица е зашеметена, треба да се одржува. (2) Соодветни мерки треба да се превземат за да се обезбеди дека при зашеметувањето во водено купатило струјата поминува прописно, особено дека има добар струен контакт и добар контакт при навлажнување на ногата. (3) Водените купатила за живина треба да се со адекватна големина и длабочина според видот на птицата која се коле и не смеат да се преливаат на влезот. Електродите кои се потопени во вода треба да се протегаат по должина на воденото купатило. (4) Ако е неопходно, треба да биде обезбедена и мануелна подршка. Член 16 Јаглерод диоксид (1) При зашеметувањето со изложеност на јаглероден диоксид, концентрацијата на јаглеродниот диоксид за зашеметување на свињи треба да има волумен од најмалку 70%. (2) Комората во која свињите се изложени на гас и опремата која се користи за пренесување на свињите преку нив, треба да биде така дизајнирана, конструирана и одржувана за да се избегнат повреди на свињите и притисок во градите и да ги оневозможи истите да останат во исправена положба додека не ја изгубат свеста. Во конвеерскиот механизмот и комората треба да има адекватно осветлување кое ќе дозволи свињите да се гледаат меѓусебно или да гледаат во нивното опкружување. (3) Во комората треба да се постават уреди за мерење на концентрацијата на гасот, кога ќе се постигне точката на максимална изложеност и уреди за давање јасно, видливо и звучно предупредување, ако концентрацијата на јаглероден диоксид падне под нивото кое се бара. (4) Свињите треба да се сместат во торови или контејнери во кои тие ќе можат да се гледаат меѓусебе и да се спроведуваат во гасната комора и тоа во времетраење од 30 секунди одкога ќе влезат во инсталацијата. Тие треба да се спроведат колку што е можно побрзо, од влезот до точката со максимална концентрација на гасот и треба да се изложат на неа доволно долго за да останат несвесни додека да се убијат. „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 08.05.2008 година 7 од 7 Член 17 Начин на постапување при искрварување на животните (1) За животни кои се зашеметени, искрварувањето треба да започне колку што е можно побрзо по зашеметувањето и треба да се изведува на начин кој обезбедува брзо, профузно и комплетно искрварување. Искрварувањето треба да се изведе пред на животото да му се поврати свеста. (2) Животните кои се зашеметени треба да се искрварат со инцизија-засекување наујмалку на една од каротидните артерии или садовите од кои тие потекнуваат. По засекувањето на крвните садови, не треба да се изведуваат никакви други подтовителни процедури, ниту електрични стимулации на животните пред да заврши искрварувањето. (3) Кога едно лице е одговорно за зашеметување, заврзување со ланци, подигање и искрварување на животните, лицето треба да ги изведува тие операции непрекинато на едно животно пред да започне со изведба на операции на друго животно друго животно. (4) Мануелна подршка треба да се обезбеди кога живината се искрварува преку автоматски секачи на вратот така што, во случај на прекинување на работата, птиците можат да се заколат веднаш. Член 18 Опрема (1) Инструментите, опремата за фиксирање и другата опрема и уреди за зашеметување и убивање треба да бидат дизајнирани, конструирани, одржувани и користени на начин да се постигне брзо и ефективно зашеметување или убивање. (2) Соодветна резервна опрема и и инструментите за зашеметување и убивање треба да се чуваат на местото на колење за употреба во итни случаи и истите треба да одржуваат. (3) На барање на Управата за Ветеринарство, операторот со кланицата треба да обезбеди докази дека инструментите, опремата за фискирање другата опрема и уреди за зашеметување и убивање се во согласност со начелата на овој правилник и се во добра состојба . Член 19 Персонал (1) Персоналот ангажиран за преносот, сместување во кланичното депо, фискирањето, зашеметување, колење или убивање на животни треба да има соодветно ниво на знаење и вештини неопходно за хумано и ефикасно извршување на задачите. (2) На барање на Управата за Ветеринарство, операторот со кланицата треба да обезбеди докази дека лицата кои се вработени во процесот на колење ја имаат потребата вештина, способност и професионално знаење. Член 20 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. Министер, Ацо Спасеноски, с.р.