Regulation on the form, content, size and use of labels and signs Protected Designation of Origin, Protected Geographical Indication and Designation of guaranteed traditional specialty”
Made 2012-02-08 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за формата, содржината, големината и употребата на ознаките и знаците „Заштитена ознака на потекло“, „Заштитена географска ознака“ и „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет“.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Food and nutrition
- Keywords
- food safety and quality, traceability, packaging/labelling, certification, geographical indication
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 24 од 17.2.2012 година 1 од 5 20120240789 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 154 став (6) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА, ГОЛЕМИНАТА И УПОТРЕБАТА НА ОЗНАКИТЕ И ЗНАЦИТЕ „ЗАШТИТЕНА ОЗНАКА НА ПОТЕКЛО“, „ЗАШТИТЕНА ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА“ И „ОЗНАКА ЗА ГАРАНТИРАН ТРАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ“ (1) Член 1 Со овој правилник се пропишува формата, содржината, големината и употребата на ознаките и знаците „ЗАШТИТЕНА ОЗНАКА НА ПОТЕКЛО”, „ЗАШТИТЕНА ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА” и „ОЗНАКА ЗА ГАРАНТИРАН ТРАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ”. Член 2 (1) Знакот кој ја содржи ознаката „ЗАШТИТЕНА ОЗНАКА НА ПОТЕКЛО” има кружна форма со црвено бела основа. (2) Во средишниот дел на знакот има жолто сонце со осум краци на црвена кружна основа. На белата основа на знакот во кружна форма испишана е ознаката „ЗАШТИТЕНА ОЗНАКА НА ПОТЕКЛО“. На долниот дел од белата основа испишана е кратенката од ознаката „ЗОП“. За црвените елементи од знакот секаде се употребува црвена боја (100% yellow + 100% magenta од CMYK палетата на бои), додека за жолтите елементи се употребува жолта боја (100% yellow од CMYK палетата на бои). (3) Ознаката и кратенката на ознаката од став (2) на овој член се со црвена боја (100% yellow + 100% magenta од CMYK палетата на бои) и се напишани во фонт Arial Narrow – bold со македонска поддршка. (4) Формата и содржината на знакот и ознаката од ставот (1) на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 (1) Знакот кој ја содржи ознаката „ЗАШТИТЕНА ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА” има кружна форма со жолта основа. (2) Во средишниот дел на знакот има жолто сонце со осум краци на црвена кружна основа. На жолтата основа на знакот во кружна форма испишана е ознаката „ЗАШТИТЕНА ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА“. На долниот дел од црвената основа испишана е кратенката од ознаката „ЗГО“.За црвените елементи од знакот секаде се употребува црвена боја (100% yellow + 100% magenta од CMYK палетата на бои), додека за жолтите елементи се употребува жолта боја (100% yellow од CMYK палетата на бои). (1) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на комисијата (ЕЗ) 1216/2007 од 18 октомври 2007 година за утврдување на деталните правила за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 509/2006 на Со ветот за земјоделски и прехранбени производи како гарантирани традиционални специјалитети, со Регула тивата на комисијата (ЕЗ) 1898/2006 од 14 декември 2006 година за утврдување на правила за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 510/2006 на Советот за заштита на географски ознаки и ознаки за потекло на земјо делски и прехранбени производи и со Регулатива на комисијата (ЕЗ) 0628/2008 од 02 јули 2008 година која ја менува Регулативата на комисијата(ЕС) Бр. 1898/2006 која ги утврдува деталните правила за спроведува ње на Регулативата на Советот (ЕС) Бр. 510/2006 за заштита на географските подрачја и означување на по текло на земјоделските и прехрамбените производи, CELEX бр. 32007R1216, CELEX бр. 32006R1898 и CELEX бр. 32008R0628 Службен весник на РМ, бр. 24 од 17.2.2012 година 2 од 5 (3) Ознаката и кратенката на ознаката од став (2) на овој член се со црвена боја (100% yellow + 100% magenta од CMYK палетата на бои) и се напишани во фонт Arial Narrow – bold со македонска поддршка. (4) Формата и содржината на знакот и ознаката од ставот (1) на овој член се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 (1) Знакот кој ја содржи ознаката „ГАРАНТИРАН ТРАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ” има кружна форма со црвена основа. (2) Во средишниот дел на знакот има жолто сонце со осум краци на црвена кружна основа. На црвената основа на знакот во кружна форма испишана е ознаката „ГАРАНТИРАН ТРАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ“. На долниот дел од црвената основа испишана е кратенката од ознаката „ГТС“.За црвените елементи од знакот секаде се употребува црвена боја (100% yellow + 100% magenta од CMYK палетата на бои), додека за жолтите елементи се употребува жолта боја (100% yellow од CMYK палетата на бои). (3) Ознаката и кратенката на ознаката од став (2) на овој член се со жолта боја (100% yellow од CMYK палетата на бои) и се напишани во фонт Arial Narrow – bold со македонска поддршка. (4) Формата и содржината на знакот и ознаката од ставот (1) на овој член се дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 5 (1) Знаците од член 2, 3 и 4 на овој правилник се печатат на пакувањето од производот со големина на дијаметар не помала од 20 милиметри. (2) Знаците од член 2, 3 и 4 на овој правилник може да се обрабат со бела боја однадвор со максимална ширина од 0,5 милиметри, доколку тоа го подобрува визуелниот ефект на знаците, но дијаметарот од став 1 на овој член не треба да се менува. Член 6 Знаците од член 2, 3 и 4 на овој правилник не треба да се употребуваат во негатив и не треба да се врши непропорционално зголемување и намалување, делумно прикажување и ротирање. Член 7 По исклучок од член 2, 3 и 4 на овој правилник знаците може да се употребуваат во нијанси на сиво или во црно бела варијанта, само во случаи кога со тоа се олеснува нивното распознавање или пак употребата на знаците е посоодветна со таа боја и дизајнот на пакувањето. Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 11-96/4 Министер за земјоделство, 8 февруари 2012 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 24 од 17.2.2012 година 3 од 5 Службен весник на РМ, бр. 24 од 17.2.2012 година 4 од 5 Службен весник на РМ, бр. 24 од 17.2.2012 година 5 од 5