Regulation on the form, content and color of the national organic product label and the national product label in transition
Made 2010-11-26 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за формата, содржината и бојата на националната ознака за органски производ и националната ознака за производ во преод.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Food and nutrition
- Keywords
- ecological production/organic production, packaging/labelling
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Врз основа на член 44, став (2) од Законот за органско земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.146/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИНИК ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И БОЈАТА НА НАЦИОНАЛНАТА ОЗНАКА ЗА ОРГАНСКИ ПРОИЗВОД И НАЦИОНАЛНАТА ОЗНАКА ЗА ПРОИЗВОД ВО ПРЕОД Член 1 Со овој правилник се пропишува формата, содржината и бојата на националната ознака за органски производ и националната ознака за производ во преод. Член 2 (1) Ознаката „органски производ“ има правоаголна форма со бела основа, со минимална висина од 15 милиметри и минимална широчина од 10 милиметри. Соодносот на висината и широчината е секогаш 1:1,5. Исклучително минималната големина може да се намали на висина од 6 мм за многу мали пакети. (2) Главниот елемент на ознаката има форма на растение-фиданка со пет симетрични листа во зелена боја. Во средината се наоѓа жолт круг кој симболизира сонце. На левата страна на ознаката е испишан зборот „органски“, а на десната страна, зборот “производ“. На долната страна се наоѓа зелена елипсоводна форма која означува сенка. Целокупниот текст е испишан на кирилично писмо. (3) Графичкиот приказ на ознаката „органски производ“ е даден во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 (1) Ознаката „органски производ во преод“ има форма и боја како ознаката „органски производ“ од член 2 на овој правилник, освен што на долната страна се испишани и зборовите „во преод“ одделени со точка. (2) Графичкиот приказ на ознаката „органски производ“ е даден во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 (1) Во ознаките од член 2 и 3 на овој правилник зелената боја на растението-фиданка во Пантон скалата е зелена Пантон број 376 и зелена 50 % Cyan + 100 % Yellow, кога се користи четворобоен начин на печатење. (2) Во ознаките од став (1) на овој член жолтата боја на кругот во Пантон скалата е жолта Пантон број 115 и жолта 10% Magenta + 80 % Yellow, кога се користи четворобоен начин на печатење. (*) Сп пвпј правилник се врши успгласуваое сп Регулативата на Кпмисијата (ЕЗ) бр.889/2008 пд 5 септември 2008 гпд. сп кпја се утврдуваат правилата за спрпведуваое на Регулативата на Спветпт (ЕЗ) бр. 834/2007 за прганскп прпизвпдствп и етикетираое на прганските прпизвпдивп пднпс на прганскптп прпизвпдствп, етикетираое и кпнтрпла, CELEX бр. 32008R0889. Член 5 Ознаките од член 2 и 3 на овој правилник може да се користат и во црно бели варијанти дадени во Прилог 3 и 4 кои се составен дел на овој правилник, кога бојата на позадина на пакувањето или етикетата ги прават ознаките тешко видливи. Член 6 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за формата, содржината и бојата на етикетата на органските производи („Службен весник на Република Македонија“, бр. 64/07). Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Министер за земјоделство, Бр. 08-8103/6 шумарство и водостопанство 26 ноeмври 2010 г. Љупчо Димовски Скопје