Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the form and manner of keeping records on fires, explosions, firefighting interventions and other events

Made 2006-04-27 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за формата на обрасците , начинот на водење на евиденциите на настанатите пожари, експлозии, интервенции за гасење на пожар и други настани.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
General
Keywords
data collection/reporting, hazards, fire management

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Врз основа на член 43 став 3 од Законот за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија" бр. 67/04), директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА НА ОБРАСЦИТЕ, НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИИТЕ НА НАСТАНАТИТЕ ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ, ИНТЕРВЕНЦИИ ЗА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИ И ДРУГИ НАСТАНИ Член 1 Со овој правилник се пропишува формата на обрасците, начинот на водење на евиденциите на настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење на пожари и други настани. Член 2 Како пожари се евидентираат неконтролираните горења кои предизвикале повреда или смрт на луѓе и кои причиниле материјална штета не помала од 150 евра во денарска противвредност, според средниот курс на Народна банка на Република Македонија или намерно биле предизвикани. За пожарите од став 1 на овој член настанати на објекти и сообраќајни средства, државните органи, правните лица, лицата кои самостојно вршат дејност како и противпожарната единица на чие подрачје настанал пожарот пополнуваат Статистички лист за пожар (Образец П-1) кој ги содржи следните податоци: место на настанување на пожарот, кој е оштетен, сопственост и осигураност, објект каде е настанат пожарот,од што е предизвикан пожарот, причина за пожарот, време кога настанал пожарот и интервенција, како е откриен пожарот, начин на известување на противпожарната единица, тактички настап на противпожарната единица, учесници во интервенцијата, последици од пожарот, потрошени средства за гаснење и оштетена опрема, дали противпожарната единица учествувала и дали е поднесена кривична или прекршочна пријава, а за пожарите на отворен простор се пополнуваа и Статистички лист за пожар на отворен простор (Образец П-2) кој ги содржи следните податоци:локација на која настанал пожарот, време на делување,откривање, начин на предизвикување и причини за пожарот, услови при настанување на пожарот,тип на пожар,ангажирање на гасначи и средства, применета тактика на гаснење и средства, загуби и вид на опожарена површина. Член 3 Противпожарната единица која интервенира во гаснењето на пожарите од член 2 на овој правилник, за истите води евиденција во посебна книга која ги содржи следните податоци: реден број, место на настанување на пожарот, вид на опожарениот објект или отворен простор, време на почеток на интервенцијата, сили со кои е интервенирано (возила и работници), раководител на интервенцијата, оштетен, сектор на сопственост, проценета материјална штета, повредени и погинати (пожарникари и граѓани), време на завршување на интервенцијата и кој вршел увид на пожарот. Во државните органи, правните лица и лицата кои самостојно вршат дејност книгата се води од страна на овластено лице на истоветен начин како и во противпожарните единици. Книгата се води од страна на дежурниот пожарникар на врски кој по враќање на екипата која била на пожар ги евидентира податоците од став 1 на овој член, а нивната точност со свој потпис ја потврдува лицето кое раководело со гаснењето на пожарот. Не се вршат исправки на заведените податоци во книгата, а увид на нивното точно и навремено пополнување на истата се врши од страна на командирот на противпожарната единица.

  2. 1 По исполнување на книгата со податоци истата се заверува на последната страна од страна на командирот на противпожарната единица и се архивира согласно прописите за архивска граѓа. Член 4 За пожарите со кои е причинета материјална штета помала од штетата утврдена во член 2 од овој правилник или не е причинета штета, нема повредени или загинати, државните органи, правните лица, лицата кои самостојно вршат дејност и противпожарната единица ги евидентира како „опожарувања" со сите податоци како и другите пожари, а не пополнува статистички лист. Член 5 За настанатите експлозии, државните органи, правните лица, лицата кои самостојно вршат дејност и противпожарните единици на чие подрачје настанала експлозијата, пополнува Статистички лист за експлозија (Образец Е-1) кој ги содржи следните податоци: место на настанување на експлозијата, оштетен, сопственост и осигураност, објект-простор каде настанала експлозијата, од што е предизвикана експлозијата, причина за експлозијата, време на настанување на експлозијата, како е пријавена експлозијата и дали е поднесена кривична или прекршочна пријава. Ако по експлозијата настанал и пожар, за истиот се пополнува и Статистички лист за пожар П-1 односно и Статистички лист за пожар на отворен простор П-2. За експлозиите од став 1 на овој член, државните органи, правните лица,лицата кои самостојно вршат дејност и противпожарните единици водат евиденција во посебна книга која ги содржи следните податоци: реден број, место на експлозијата, вид на објектот односно просторот каде што настанала, време на настанување, оштетен, проценета материјална штета и други последици, како и дали по експлозијата настанал пожар. Книгата се пополнува и се води на ист начин како и книгата за евиденција на пожари од член 3 на овој правилник. Член 6 Државните органи, правните лица, лицата кои самостојно вршат дејност и противпожарната единица која интервенирала на техничка интервенција или друг настан кој не спаѓа во пожар и експлозија, за истите води евиденција во посебна книга која ги содржи истите податоци како и книгата за евиденција на експлозии од член 5 на овој правилник и се пополнува и се води на ист начин како и книгата за евиденција за пожари од член 3 на овој правилник. За техничките интервенции или други настани од став 1 на овој член, државните органи, правните лица, лицата кои самостојно вршат дејност и противпожарната единица пополнува Статистички лист за техничка интервенција или за други настани (Образец Т-1) кој ги содржи следните податоци: место на настанот, оштетен, сопственост и осигурување, вид на настанот, вид на интервенцијата, објект-простор на настанот, како е предизвикан настанот, причина за настанот, време кога настанот се случил и интервенција, на кој начин е известена противпожарната единица, учесници во интервен- цијата, последици од настанот и оштетена опрема.

  3. Член 7 Причините за настанатиот пожар, експлозија, техничка интервенција или за други настани се внесуваат во статистичките листи врз основа на наодот на надлежниот орган кој ги утврдил причините. 2 Кога од страна на надлежниот орган не може да се утврдат причините за настанатиот пожар, експлозја, техничка интервенција или за други настани, во тој случај податоците се доставуваат по нивното дополнително утврдување. Член 8 Обрасците: П-1, П-2, Е-1 и Т-1 се составен дел на овој правилник. Член 9 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за водење на евиденциите за пожарите и експлозиите и за начинот на известување на органите на управата надлежни за внатрешни работи („Службен весник на СРМ" бр. 9/89). Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 08-932/1 Директор на дирекцијата 27 април 2006 година за заштита и спасување Скопје Киро Атанасов, с.р. 3 4 5 6 7 8 9 10 11

Regulation on the form and manner of keeping records on fires, explosions, firefighting interventions and other events · Nelum