Regulation on the form and content of the single document for the application for registration of designation of origin or geographical indication
Made 2011-07-15 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за формата и содржината на единствениот документ од барањето за регистрација на ознака за потекло или географска ознака.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Food and nutrition
- Keywords
- traceability, traditional knowledge/indigenous knowledge, packaging/labelling, procedural matters, legal proceedings/administrative proceedings, food safety and quality, geographical indication
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 99 од 22.7.2011 година 20110992367 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 146 став 3 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА СПЕЦИФИКАЦИЈАТА НА ПРОИЗВОДОТ ЗА ДОБИВАЊЕ ОЗНАКА ЗА ГАРАНТИРАН ТРАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ (∗ ) Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на спецификацијата на производот за добивање ознака за гарантиран традиционален специјалитет. Член 2 (1) Спецификацијата на производот за добивање ознака за гарантиран традиционален специјалитет се изработува во писмена и електронска форма на образец со А4 формат во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот од став (1) на овој член содржи: а) назив на земјоделскиот или прехранбениот производ; б) карактер на називот; в) назнака дали регистрацијата е со или без резервација на називот; г) категорија на производот; д) опис на производот (вклучувајќи ги неговите главни физички, хемиски, микробиолошки или органолептички својства); ѓ) опис на методот на производство, подготовката и природата и својствата на употребените суровини или состојки кои производителите мораат да го следат; е) елементи кои ги одредуваат посебните својства на производот; ж) елементи кои го докажуваат традиционалниот карактер на производот; з) минимални барања и постапки за проверка на посебните својства на производот; ѕ) датум и место на изработка и и) потпис на изработувачот на спецификацијата (3) Описот на производот од став (2) точка д) на овој член ги содржи само карактеристиките кои се потребни за препознавање на производот и неговите посебни својства. (4) Описот на методот на производство од став (2) точка ѓ) на овој член го содржи само методот кој во моментот се користи за добивање на производот. Историските методи на производство на производот не треба да се наведуваат доколку производот повеќе не се произведува на таков начин. (5) Елементите кои ги одредуваат посебните својства на производот од став (2) точка е) ги вклучуваат клучните разлики помеѓу традиционалниот производ и останатите слични производи од истата категорија на производи. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр.1216/2007 од 18 октомври 2007 год. со која се утврдуваат деталните правила за спроведување на Регулативата на Советот (ЕЗ) бр. 509/2006 за заштита на земјоделски и прехранбени производи како гарантирани традиционални специјалитети, CELEX бр. 32007R1216 1 од 3 Службен весник на РМ, бр. 99 од 22.7.2011 година (6) Елементите кои го докажуваат традиционалниот карактер на производот од став (2) точка ж) ги вклучуваат главните елементи кои останале непроменети. (7) Минималните барања и постапки за проверка на посебните својства на производот од став (2) точка з) содржат информации за начините и фреквенцијата на проверките со кои може да се врши контрола на посебните својства и методот на производство. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 11-6363 15 јули 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. 2 од 3 Службен весник на РМ, бр. 99 од 22.7.2011 година 3 од 3