Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the form and content of the request for control and monitoring of quality of processed tobacco during export and import, the manner of performing quality control of processed tobacco during export, sampling methods, time, place, manner of storage and destruction of samples, as well as methods for analysis of tobacco quality

Made 2021-06-09 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за формата и содржината на барањето за контрола и следење на квалитетот на обработениот тутун при извоз и увоз како и на тутунот при увоз, начинот на вршење на контрола на квалитет на обработениот тутун при извоз и увоз како и на тутунот при увоз, начинот и методите на земање примероци, време, место, начин на чување и уништување на примероците, како и методите за анализа на квалитет на тутунот.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Cultivated plants
Keywords
inspection, internal trade, international trade, plant variety, tobacco, standards, agricultural commodities
Categories
*, agriculture

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РСМ, бр. 138 од 23.6.2021 година 20211382317 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 80 став 9 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19, 27/20 и 56/21), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА КОНТРОЛА И СЛЕДЕЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ОБРАБОТЕНИОТ ТУТУН ПРИ ИЗВОЗ И УВОЗ КАКО И НА ТУТУНОТ ПРИ УВОЗ, НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ НА ОБРАБОТЕНИОТ ТУТУН ПРИ ИЗВОЗ И УВОЗ КАКО И НА ТУТУНОТ ПРИ УВОЗ, НАЧИНОТ И МЕТОДИТЕ НА ЗЕМАЊЕ ПРИМЕРОЦИ, ВРЕМЕ, МЕСТО, НАЧИН НА ЧУВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА ПРИМЕРОЦИТЕ, КАКО И МЕТОДИТЕ ЗА АНАЛИЗА НА КВАЛИТЕТ НА ТУТУНОТ Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето за контрола и следење на квалитетот на обработениот тутун при извоз и увоз како и на тутунот при увоз, начинот на вршење на контрола на квалитет на обработениот тутун при извоз и увоз како и на тутунот при увоз, начинот и методите на земање примероци, време, место, начин на чување и уништување на примероците, како и методите за анализа на квалитет на тутунот. Член 2 Одделни поими употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. Преглед на документи е проверка на документите кои ја придружуваат пратката, односно примерокот (пропратна документација); 2. Пратка е количество на тутун од една класа и реколта кое се испорачува, без разлика дали испораката ќе се изведува еднократно, односно едновремено или последователно до целосната испорака на пратката; 3. Органолептички преглед е вршење проценка на изразеноста на надворешните (визуелните) признаци на тутунот во однос на бојата, сјајноста на бојата, миризливоста и нежноста на лисното ткиво; 4. Дегустација е оценување на пушачките особини на тутунот со помош на сетилните органи на човекот во зависност од аромата, вкусот, јачината, иритацијата, согорливоста и бојата на пепелта; 5. Ориенталски тутуни (сушени на сонце, sun – cured) се ориенталски ароматични тутуни кои ги опфаќаат типовите: прилеп, јака џебел и басмак со нивните сорти со должина на листовите до 20 cm и ориенталски дополнителни тутуни кои ги опфаќаат типовите: прилеп, јака, џебел и басмак со нивните сорти со должина на листовите над 20 cm и 6. Полуориенталски тутуни (сушени на сонце, sun – cured) се тутуни од типот отља и неговите сорти со должина на листовите од над 20 cm. 7. Крупнолисни типови на тутун со подтиповите: тутун сушен со топол воздух во посебни објекти (flue - cured); светол тутун сушен под сенка (light air - cured); темен тутун сушен под сенка (dark air - cured) и тутуни сушени на оган (fire - cured). Службен весник на РСМ, бр. 138 од 23.6.2021 година 2 од 3 Член 3 Контролата на квалитетот на тутунот кој се извезува или увезува се врши од страна на државниот инспектор за земјоделство по доставено барање за контрола и следење на квалитетот на обработениот тутун при извоз и увоз како и на тутунот при увоз, од производителот и/или извозникот или увозникот на тутун најдоцна во рок од два работени дена согласно став 2 алинеја 1 на овој член на пратката тутун наменета за извоз на местото на натовар, односно на пратката тутун наменета за увоз на местото на истовар. Контролата на тутунот се врши на начин кој опфаќа: органолептички преглед на тутунот и материјалот во кој е пакуван тутунот и земање примероци за праќање на тутунот на анализа. Органолептичкиот преглед на тутунот се врши на самото местото на натовар односно истовар со земање на примероци. Контролата и земањето на примероци за анализа на тутунот од ставовите 1 и 2 од овој член се врши во присуство на овластено/вработено лице од страна на производителoт и/или извозникот или увозникот на тутун кое определува лица кои ќе вршат помошни дејствија при земање на примероци за анализа на тутунот. Овластеното лице од став 4 на овој член се идентификува со полномошно издадено од производителот и/или извозникот или увозникот на тутун. По извршената контрола државниот инспектор за земјоделство зема примероци за анализа согласно член 4 на овој правилник и составува записник. Член 4 Примерокот на тутун за анализа го сочинуваат најмалку три исти по состав и обем единици од кои еден примерок останува кај државниот инспектор за земјоделство, еден примерок се праќа за анализа во акредитирана лабораторија, а еден примерок останува кај производителот и/или извозникот или увозникот на тутун. При земањето на примероци од тутун, државниот инспектор за земјоделство составува записник во три примероци од кои еден се врачува на производителот и/или извозникот или увозникот на тутун, еден се приложува со мострата за анализа и еден примерок останува кај државниот инспектор за земјоделство. Врз основа на записникот од член 3 став 6 на овој правилник државниот инспектор за земјоделство изготвува барање за анализа на квалитетот на тутунот. Земените примероци на тутун треба да бидат ставени во затворена хартиена, целофанска или полиетиленска кеса и заедно со барањето за анализа на квалитет на тутунот и записникот државниот инспектор за земјоделство ги доставува до акредитирана лабораторија најдоцна 48 часа по земањето на примерокот. Член 5 Барањето од член 3 став 1 на овој правилник се доставува во А4 формат на хартија во бела боја и истото ги содржи следните податоци: назив на акредитираната лабораторија во која се упатува примерокот за анализа; количина на пратката во килограми; вид и број на паковни единици; доставена количина на примерокот; земја увозник/извозник и упатна станица; место на истовар/натовар; вид и број на превозно средство; показатели кои се анализираат и назив, адреса, број на жиро сметка, даночен број и депонент банка на правното лице од кој е земен примерокот. Службен весник на РСМ, бр. 138 од 23.6.2021 година 3 од 3 Член 6 Земените примероци по однос на органолептичките својства се анализираат во акредитирана лабораторија, во која се утврдува типот на тутунот и начинот на неговата обработка. За ориенталските и полуориенталските тутуни кои се пакувани во тонга бали, квалитетот на тутунот се утврдува во зависност од исполнетоста на стандардот ISO 10919, додека за другите типови тутун или пакувања на тутун, квалитетот се утврдува во зависност од материјалот и начинот на пакувањето. Mатеријалот во кој се пакува тутунот (конопен, памучен материјал или картонска кутија) од став 2 на овој член треба да е сув и без туѓи мириси. Член 7 Земените мостри од тутун кои се предадени до Државниот инспекторат за земјоделство од страна на државниот инспектор за земјоделство, се чуваат во суви и темни простории. Државниот инспекторат за земјоделство ги чува мострите во период од три месеци од денот на земањето, по што ги уништува комисиски или ги доставува на наставно-научна институција со потврда како доказ дека се уништени или предадени од надлежната институција. Член 8 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот на вршење на контрола на квалитетот на тутунот, формата, содржината и начинот на издавање на сертификатот за квалитет, како и начинот и методите на земање на примероци за анализа на квалитет на тутунот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/14). Член 9 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Бр. 29-3616/3 Министер за земјоделство, 9 јуни 2021 година шумарство и водостопанство, Скопје Arjanit Hoxha, d.v.

Regulation on the form and content of the request for control and monitoring of quality of processed tobacco during export and import, the manner of performing quality control of processed tobacco during export, sampling methods, time, place, manner of storage and destruction of samples, as well as methods for analysis of tobacco quality · Nelum