Regulation on the form and content of the invitation to education, the method of conducting the education and the method of keeping records of conducted education
Made 2011-07-18 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата и начинот на водењето на евиденцијата за спроведената едукација.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Agricultural and rural development
- Keywords
- education, ecological production/organic production
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 56 став (2) и {9) од Законот за органско земјоделско производство {,,Службен весник на Република Македонија" бр. 146/2009 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПОКАНАТА ЗА ЕДУКАЦИЈА, НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕДУКАЦИЈАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕТО НА ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА СПРОВЕДЕНАТА ЕДУКАЦИЈА Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата како и начинот на водење на евиденција за спроведената едукација. Член 2 (1) Поканата за едукација од член 1 од овој правилник се изготвува на образец со формат А4 во три идентични примероци во бела боја . (2) Поканата од став (1) на овој член ги содржи следните елементи : грб на Република Македонија и називот на органот кој ја спроведува едукацијата; име и презиме на сторителот на прекршокот, ЕМБГ /број на лична карта, адреса и место на живеење, а за одговорното лице во правното лице и функција која ја врши во тоа правно лице; датумот, местото и времето каде ќе се спроведе едукацијата; кратко означување на предметот на поканата и одредбата во која е утврден недеостатокот; име и презиме на инспекторот; број на записник; напомена дека доколку лицето или субјектот не се јави на закажаната едукација ќе се смета дека истата е спроведена; и место за печат и потпис. {3) Доставницата за врачената покана е во продолжение на поканата за едукација и иста ги содржи следните елементи: грб на Република Македонија и називот на органот кој ја доставил поканата за едукација; до кого се доставува поканата {име, презиме и адреса); ЕМБГ /Број на лична карта; датум на приемот и потпис на примачот; и место и потпис на доставувачот. (4) Образецот на поканата за едукација е даден во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 (1) Едукацијата ја вршат стручната служба и раководните државни службеници во Државниот инспекторат за земјоделство. (2) Едукацијата се врши во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство или на местото каде се наоѓа седиштето односно живеалиштето на контролираниот субјект доколку се обезбеднеи минимум технички услови и има согласност од контролираниот субјект. {3) Едукацијата се врши најмалку два пати во неделата. (4) Едукацијата се врши за повеќе исти или истородни неправилности за еден или повеќе субјекти. (5) За спроведената едукација се составува записник кој содржи: грб на Република Македонија и називот на органот кој ја доставил поканата за едукација; назаивот на органот кој ја спроведува едукацијата; име и презиме на сторителот на прекршокот; ЕМБГ /број на лична карата место на живеење, а за одговорното лице во правното лице и функцијата што треба да ја врши во тоа правно лице; назив и седиште на првното лице; датумот, местото и времето кога се спровела постапката; име и презиме на вработениот во стручната служба во Државниот инспекторат за земјоделство или раководниот државен службеник кој ја спровел едукацијата; укажување на одредбата во која е утврден недостатокот за кој се спроведува едукацијата како и на мерките кој следат доколку несе отстрани недостатокот во дадениот рок; укажување дека доколку инспекторот при инспекцискиот надзор утврди повторен недостаток за кој предходно е спроведена едукација ќе бидат веднаш превземени соодветни законски мерки. Член 4 (!)Евиденцијата за спроведената едукација се води во хартиена и електронска форма даден во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. {2)Евиденцијата за спроведената едукација содржи: реден број; физичко/правно лице кое се едуцира, предмет на постапка за едукација; број на записник; датум на составување на записникот; број и датум на поканата за едукација; датум и време на спроведување на едукација; име и презиме на едукаторот; и забелешка. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 02-6848/1 18 јули 2011 година Скопје Министер, Љупчо Димовски, с.р. • МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Државен инспекторат за земјоделство Бр. 10- 20 rодина Скопје ПОКАНА ЗА ЕДУКАЦИЈА Припоr 1 Се поканува пицето ЕМБГ/бр. на лична карта со адреса на живеење , со функција која ја извршува во Да се јави на ден 20 година, во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство во часот, за спроведување на едукација, согласно член 56, а казниво согласно член од Законот за орrанко земјоделско произеодтсво (.Службен весник на Република Македонија" бр. 146/09 и 56/11). Инспекторот . недостатокот ro констатираше во записник бр. од Потпис м.п. НАПОМЕНА: Cernact+I> чn.н Ѕ6 ОД ~Ј(ОНQТ U. орrаж«о ѕ•МiОА•nс:ко np0t010ACТI0 t .Cnv~ ... ,ес ... ма P•r?;'б,..Ktl М:1к•4он~Р" !Ѕр, 14Si09 и 53111), ДОl(О„у ао Ѕ»::"lж.11 ... от 1е!р\.111Н nицето H:"IA i:oe се сnрсеедуаѕ е-дуt-::"lц,1јѕ не се j,ett ао Ѕ!!IК:"1:W:3миот т~\.1МН :i::. сnр<м1едув:11ње tia eдyK:!11.f'J;"t tte ~ c~era дек:!1 ж:т:~ота е с,.х>~Ј\$111 . ф МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Државен инспекторат за земЈодеnство Бр. 10. 20 rодина Скопје Прилог 2 ЕВИДЕНЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНАТА ЕДУКАЦИЈА СОГЛАСНО ЗАКОН ЗА ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО