Regulation on the form and content of the eco-label, the manner, conditions and procedure for its award and use, as well as the composition and the manner of establishment and operation of the Eco-label
Made 2005-12-06 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за формата и содржината на еколошката ознака, начинот, условите и постапката за нејзино доделување и користење, како и составот и начинот на формирање и работа на Комисијата за еколошка ознака.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Environment
- Keywords
- ecofriendly products/ecofriendly processes, environmental standards, procedural matters, protection of environment, institution, standards, governance
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Врз основа на член 29 став 7 од Законот за животната средина (�Службен весник на РМ� бр. 53/05), министерот за животна средина и просторно планирање донесува П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЕКОЛОШКАТА ОЗНАКА, НАЧИНОТ, УС ЛОВИТЕ И ПОСТАПКАТА ЗА НЕЈЗИНО ДОДЕЛУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ, КАКО И СОСТАВОТ И НАЧИНОТ НА ФОРМИРАЊЕ И РАБОТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕКОЛОШКА ОЗНАКА Член 1 Предмет и дефиниции (1) Со овој правилник се уредува формата и содржината на еколошката ознака, начи нот, условите и постапката за нејзино доделување и користење, како и составот и начинот на формирање и работа на Комисијата за еколошка ознака. Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: групи на производи - се производи кои служат за слична намена и имаат подеднаква употребна вредност; еколошки критериуми - се барањата кои треба да ги исполнуваат производите или услугите на основа на кои им се доделува право за користење на еколошка ознака; еколошка ознака - е ознака - лого на производи и услуги кои ги исполнуваат еколо шките критериуми; влијанија врз животната средина - секоја промена на животната средина, која на станала како резултат на активностите на правни и физички лица, производите или услу гите. Форма и содржина на еколошката ознака Член 2 Форма на еколошката ознака Еколошката ознака се состои од: 1. графички дел �лого�, и 2. текстуален дел - во кој е наведен основот за доделување на еколошката ознака, за се која група на производи/услуги наменета за потрошувач. Член 3 Содржина на еколошката ознака Графичкиот дел �лого� од член 2 став 1 точка 1 на овој правилник е со големина 50х75 мм и претставува комбинација на стилизирано сонце покриено долу десно со зелен лист, сместени на сина основа во облик на капка вода врз долната половина од зелен квадрат. Сонцето е составено од златножолти радијални зраци и диск со тродимензионален ефект, а листот е со шари кои потсетуваат на земјините паралели и меридијани. Составен дел на графиката од логото е радијален текст над сончевите зраци, кој за по требите на Министерството за животна средина и просторно планирање гласи �еко-произ вод�или �еко-услуга�. Истото лого на еколошка ознака може да се користи за означување на земјоделски про изводи кои ги исполнуваат условите пропишани со Законот за органско земјоделство, од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Радијалниот текст над сончевите зраци за овој вид производи гласи�органски производ�. 1 Логото од став 1 на овој член е даден во Прилог број 1 кој е составен дел на овој пра вилник. Текстуалниот дел од член 2 став 1 точка 2 на овој правилник е содржан во посебните критериуми за секоја група на производи/услуги. Член 4 Состав и начин на формирање и работа на Комисијата за еколошка ознака Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од об ласта на животната средина формира Комисија за еколошка ознака (во натамошниот текст: Комисија) заради вршење на следните активности: спроведување на постапката за процена на барањата за доделување на еколошка озна ка; предлагање на еколошки критериуми за производи и услуги. Член 5 Комисијата од членот 4 на овој правилник има 9 члена, претставници од следните орга ни: Министерство за животна средина и просторно планирање; Министерство за економија; Институт за стандардизација; Министерство за здравство; Стопанска комора; Невладина еколошка асоцијација или организација на потрошувачи; Научни институции; Претставници на индустрија или трговија, експерти за животна средина. Член 6 (1) Претседателот на Комисијата го назначува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина од редот на истакнати научни и стручни работници од областа на животната средина или област бли ска со неа. (2) Комисијата донесува деловник за работа. (3) Комисијата работи и донесува одлуки на седници. (4) Членовите донесуваат одлука за доделување на еколошка ознака преку просто мно зинство на гласови од вкупниот број на членови во Комисијата. Доколку некој член не се согласува со одлуката на Комисијата може да побара неговото издвоено мислење да биде регистрирано за време на седницата. Член 7 Начин, услови и постапка за доделување и користење на еколошка ознака Еколошка ознака се доделува за производ или услуга кои поседуваат карактеристики што можат да придонесат за значително подобрување на животната средина, односно ги исполнуваат барањата содржани во еколошките критериуми. Еколошка ознака се доделува врз основа на поднесена писмена Пријава за доделување на еколошка ознака. 2 Пријава можат да поднесат врз доброволна основа сите странски и домашни произво дители, увозници, обезбедувачи на услуги и трговци на големо и мало. Трговците можат да поднесат пријава за производи кои се пуштени во промет единствено под нивното фа бричко име. Образецот на Пријавата од став 2 на овој член е даден во Прилог број 2 кој е составен дел на овој Правилник. Член 8 Пријавата се поднесува до органот на државната управа надлежен за работите од обла ста на животната средина. Пријавата содржи: 1. Име и презиме/назив на производителот/услугодавачот; 2. Адреса; 3. Име на производот/вид на услугата за кои се бара еколошка ознака; 4. Податоци за производот/услугата заради кои се бара еколошка ознака; 5. Причини заради кои се бара еколошка ознака; 6. Опис на дистрибутивната мрежа, адреси и тел. броеви на индивидуалните комерци јални излези (каде што производот/услугата се достапни); 7. Име на правно лице (тест лабораторија) кое ја потврдува сообразноста со пропиша ните критериуми; 8. Други посебни и технички информации барани од Министерството за животна сре дина и просторно планирање. Член 9 Комисијата ги разгледува доставените пријави. Комисијата може да побара да бидат доставени и дополнителни технички документи од тестирањето на производот кои ја потврдуваат сообразноста на производот со барањата во еколошките критериуми, како и други податоци или извршување на одредени анализи од страна на акредитирани тела, доколку за тоа се јави потреба во текот на постапката за до делување на еколошка ознака. Комисијата ги признава документите за тестирање на производот кои се издадени од страна на акредитирани тела или тела кои се во постапка на акредитација по серијата стандарди МКС-ЕН 45000 или МКС ИСО 17000. Член 10 Во случаи кога барањето не ги содржи сите податоци од член 8 на овој правилник, Ко мисијата може да побара од пријавениот да достави дополнителни податоци, во рок од 8 дена од денот на приемот на барањето за доставување на дополнителни податоци. Доколку и во дополнителниот рок од 8 дена до Комисијата нема да бидат доставени ба раните документи, пријавата ќе биде отфрлена. Член 11 Во текот на постапката за доделување на еколошка ознака Комисијата може да побара стручно мислење од една или повеќе стручни институции или експерти. Стручното мислење за сообразноста со пропишаните критериуми за производот/ услу гата, се изработува врз основа на анализа на влијанието на производот врз животната сре дина во сите фази на негово производство, употреба и диспозиција. 3 Член 12 По потврдувањето дека карактеристиките на производите/услугите се во согласност со пропишаните критериуми, Комисијата му препорачува на министерот кој раководи со ор ганот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина да до дели еколошка ознака за производот за кој се однесува пријавата. Комисијата доделува еколошка ознака единствено за оној производ/услуга за кои има доне сено соодветни еколошки критериуми. Член 13 Во органот надлежен за работите од областа на животната средина се води евиденција за сите добиени пријави, како и доделени еколошки ознаки. Член 14 Решението за доделување на еколошка ознака, во рок од 3 месеци од денот на поднесу вањето на пријавата, го издава министерот кој раководи со органот надлежен за работите од областа на животната средина, врз основа на препораките од Комисијата за еколошко етикетирање, во пишан облик со образложение за одлуката. Во случаи кога важноста на критериумите во однос на соодветната група на производи или услуги е продолжена без промени, важноста на доделената ознака може да биде про должена за истиот период. Член 15 Еколошката ознака може да биде единствено печатена на пакувањето на производот за кој е доделена. Член 16 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во �Службен весник на Република Македонија�. Бр. 07-5423/1 Министер за животна средина 6 декември 2005 година и просторно планирање, Скопје д-р Зоран Шапуриќ, с.р. 4 Прилог број 1. Лого Прилог број 2. Образец за Пријава за доделување на еколошка ознака 1.Име и презиме/назив на произведителот/услугодавачот 2.Адреса 3.Име на производот/вид на услугата за кои се бара еколошка ознака 4.Податоци за производот/услугата заради кои се бара еколошка ознака 5. Причини заради кои се бара еколошка ознака 6. Опис на дистрибутивната мрежа, адреси и телегонски броеви на индивидуалните комерцијални излези (каде производот/услугата се достапни) 7. Годишна количина на производот/обем на услуги за кои се однесува апликацијата 8. Фабричко име на производот за кој се поднесува апликацијата 9. Име на правно лице(тест-лабораторија) кое ја потврдува сообразноста со пропишаните критериуми 10. Други посебни и технички информации барани од Министерството за животна средина и просторно планирање 5