Regulation on the form and content of the application form for transfer of user right by concluding a contract with immediate agreement and necessary documentation
Made 2013-10-08 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за пренесување на корисничко право со склучување на договор со непосредна спогодба и потребната документација.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Agricultural and rural development, Land and soil
- Keywords
- agricultural land, contracts, transfer rights, property rights
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
2/22/22, 3:06 PM - Праксис https://praksis.mk/Document/Details/106858 1/4 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 36 став 8 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 и 106/13), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА КОРИСНИЧКО ПРАВО СО СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА Член 1 Со овој правилник се пропишуваат формата и содржината на образецот на барањето за пренесување на корисничко право со склучување на договор со непосредна спогодба и потребната документација. Член 2 Барањето за пренесување на корисничкото право со склучување на договор со непосредна спогодба ги содржи следните податоци: 1. Назив на органот до кој се поднесува барањето. 2. Назив на образецот. 3. Податоци за подносителот на барањето. 4. Податоци за договорот за кој се бара пренесувањето на корисничкото право со склучување на договор со непосредна спогодба. 5. Основ по кој договорот престанал да важи. 6. Податоци за земјиштето за кое се бара пренесување на корисничко право катастарска општина; катастарска парцела; место викано; катастарска култура; катастарска класа; површина (метри квадратни) и имотен/поседовен лист. 7. Датум и место на поднесување на барањето и 8. Потпис/печат на барателот. Барањето од став 1 на овој член се поднесува на образец со А4 формат во бела боја кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник. Член 3 Кон барањето од член 2 на овој правилник во случај на смрт на закупецот согласно член 36 став 3 од Законот за земјоделското земјиште, се приложува следната документација: копија од важечка лична карта или патна исправа на барателот; извод од матична книга на умрените за закупецот; Број на Службен весник:145/2013 Датум на објава на Службен весник:24.10.2013 Број на одлука на Уставен суд (У.бр.):/ f J г I ГЈ 1 ) г Ј I Ј г Ј Ј г .г Ј .:....Ј / .:....Ј 2/22/22, 3:06 PM - Праксис https://praksis.mk/Document/Details/106858 2/4 правосилно судско решение или нотарски акт за спроведена оставинска постапка; договор за закуп за кој се бара пренесување на корисничкото право; записник за воведување во владение; геодетски елаборат; доказ за подмирена закупнина и спогодба за начинот на пренесување на корисничкото право (доколку постои повеќе од еден наследник). Потребната документација од став 1 на овој член се доставува во оригинал или во фотокопија заверена на нотар. Член 4 Кон барањето од член 2 на овој правилник во случај на отварање на стечајна постапка согласно член 36 став 1 од Законот за земјоделското земјиште, се приложува следната документација: тековна состојба на правното лице издадено од Централниот регистар на Република Македонија на постара од еден месец; договор за закуп за кој се бара пренесување на корисничкото право; записник за воведување во владение доколку договорот за закуп не е склучен врз основа на член 62 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.25/98, 18/99 и 2/04); геодетски елаборат; доказ за подмирена закупнина; решение за отварање на стечајна постапка; решение за затварање на стечајна постапка и спогодба за начин на пренесување на корисничко право (само доколку постојат повеќе од еден правни следбеници). Потребната документација од став 1 на овој член се доставува во оригинал или во фотокопија заверена на нотар. Член 5 Кон барањето од член 2 на овој правилник во случај на статусна промена (присоединување, спојување или поделба) согласно член 36, став 1 од Законот за земјоделското земјиште, се приложува следната документација: тековна состојба на правното лице издадено од Централниот регистар на Република Македонија на постара од еден месец; договор за закуп за кој се бара пренесување на корисничкото право; записник за воведување во владение доколку договорот за закуп не е склучен врз основа на член 62 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.25/98, 18/99 и 2/04); геодетски елаборат; доказ за подмирена закупнина; нотарски акт за извршена статусна промена; доказ од Централен регистар за извршен упис на статусната промена во трговскиот регистар или друг регистар на упис и спогодба за начин на пренесување на корисничко право (само доколку постојат два или повеќе правни следбеници). Потребната документација од став 1 на овој член се доставува во оригинал или во фотокопија заверена на нотар. Член 6 Кон барањето од член 2 на овој правилник во случај на бришење на индивидуалниот земјоделец од Регистарот за вршители на земјоделска дејност согласно член 36 став 5 од Законот за земјоделското земјиште, се приложува следната документација: копија од важечка лична карта или патна исправа на барателот; договор за закуп за кој се бара пренесување на корисничкото право; 2/22/22, 3:06 PM - Праксис https://praksis.mk/Document/Details/106858 3/4 записник за воведување во владение; доказ за подмирена закупнина; потврда за бришење од Регистарот за вршители на земјоделска дејност; извод од матична книга на родени за лицето на кое се бара пренесување на корисничко право и копија од лична карта; доказ за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства или решение за регистриран вршител на земјоделска дејност; изјава за согласност од лицето на кое се бара пренесување на корисничкото право и доказ за сродство (извод на родени или извод на венчани). Потребната документација од став 1 на овој член се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар. Член 7 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за пренесување на корисничко право со склучување на договор со непосредна спогодба и потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.94/11). Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 22–15946/6 Министер за земјоделство, 8 октомври 2013 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. 2/22/22, 3:06 PM - Праксис https://praksis.mk/Document/Details/106858 4/4 ДО )lliliИ<.:TE РСГВО ЈА ЗЕМЈUДЕЛСГВО. ШУМАР{ТВU И BOJ,OCTUПAHCTBU С.скЈ ор :w. рс111с I рирање 11 \· 11pa15 \·Eflњc со '\емЈоде леко ·~е~1Јишrе БАРАЊЕ. Ја H()CHC(Hi.tll,C ЈЈа 1..:01н1сш1•11ш ЈЈЈ)а.ЈЈО со CJ;:,i,\"J)'Bal..bC Ш\ ,JOlOJ.l(JJ) со JJCIНK[}C...U Н1 СШ)П).Ј.ба Прн.1н1г Име и 11рс ~.11ш:::'на 1нЕ 1\дреса Hil ж1m~ење/седиште Еh·fБГ:'НЛБС 2, 110 .1,апп \И 'Ја "J.;\.1jo„rc.1cr,oтo 'ЈС\.1 iиr11тс 110 ,'1.ржа1111а ::on;.:т11crrocт 'ј,[ј r,oc -.;.,; б,1ра прснсс~·rп1њс r1и кори::ш-N~;:от·о np~111t.1 н -тоа .-;а KI ICip . ш:.х.:-то тшк,~г10 к~тастарсr,и к \·.11·~·Pfl , к.:1.·Јас1,1ре-ка к.~.к-а . 11015рш.11на (~1сч)и кна;.фа1 нн), евд;:rеншрпно на rn1оrен:'поседовен ЈШст 5р. :ш КО Сог.1uсrпЈ члс11 1(1 0,1 ЈЈ1;:оr1от л, Jl:\IJ0,1i:.Л'..:1C{rro ·1cri.tj иште ( "С:.1~-жu,;.:11 тн.:~..:ник 11,1 l 1 сп~·б.:~тж11 fl.·1..iкc,1011нJu" бр.1~:-,/4)7 , 1 Х/11, 14Х:'11. ().~/12, 7')/В, Х7/В 11 10()/13). се n{1.1нсс:,·тч1 бнрu11.r,; ·ш nр.,;ш,;суnањс нu корисннчкото np11110 1,,,:0 1,,,:клуч:,тнtњс н;.1 .-roro11op ' 1,ј ј -~к!·гт со непо::-ре~ш~ спого.:Ј:ба порадп престанување на впжење на .:Ј:ОГОl!орот :ш ·~акуп бр. од го.1пн.t, сrпучен пш1tѓу и Мннпстерствоrо ·ш '\емјоделс.тво, шу1шрство и во;:rостоп..1н~-тво, од причшш утврдени во ч.1tн Ј5 ст.1в l а.1ЈП{еј.1 ен Јш~онот ·~а :!О1Ј 0.]С.ЈСКОТО :1с :ч111.ШТС. БАРАТ[,l .Ц..1 т~,-:,,1 и :,,.iecro (noтrmc1