Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the form and content and method of issuing and revoking of the official identification badge and form of the official veterinary identification badge/card

Made 2008-04-18 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за формата и содржината и начинот на издавање и одземање на службената легитимација и формата на беџот на официјалниот ветеринар како и форм.и содрж. и начинот на издавање и одземање на службената легитимација на овластениот ветеринар.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock
Keywords
legal proceedings/administrative proceedings, data collection/reporting

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. „Службен весник на РМ“ бр. 52 од 18.04.2008 година 1 од 5 20080520893 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 105 став (3) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ НА СЛУЖБЕНАТА ЛЕГИТИМАЦИЈА И ФОРМАТА НА БЕЏОТ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ВЕТЕРИНАР КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ НА СЛУЖБЕНАТА ЛЕГИТИМАЦИЈА НА ОВЛАСТЕНИОТ ВЕТЕРИНАР Член 1 (1) Со овој правилник се пропишува формата и содржината и начинот на издавање и одземање на службената легитимација и формата на беџот на официјалниот ветеринар како и формата и содржината и начинот на издавање и одземање на службената легитимација на овластениот ветеринар. Член 2 (1) Службената легитимација на официјалниот ветеринар се издава на образец со димензија 6 X 9,5 cантиметри во светло сина боја кој е пластифициран и е сместен во троделна кожна обвивка со црна боја со димензија 7 X 31 cантиметри. (2) Образецот на службената легитимација на официјалниот ветеринар е сместен во внатрешната горна страна од кожната обвивка. (3) Предната страна на образецот на службената легитимација на официјалниот ветеринар содржи: „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“; „МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО “; „Управа за ветеринарство“; “место за фотографија со димензии 2,5 X 3 cантиметри”; „СЛУЖБЕНА ЛЕГИТИМАЦИЈА“; „ОФИЦИЈАЛЕН ВЕТЕРИНАР“, а под неа се впишуваат податоци за името и презимето на официјалниот ветеринар. Во долниот дел на златно-жолта подлога со црвена боја е отпечатен серискиот број. (4) На задната страна на образецот од став 1 на овој член е отпечатен грбот на Република Македонија и го содржи следниот текст: „Имателот на оваа легитимација е овластен да ги врши сите дејствија предвидени со Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/2007). Под текстот се впишуваат податоци за датумот на издавање на службената легитимација и регистерскиот број, место за печат, место за потпис на министерот за земјоделство, шумарство и водстопанство. (5) Беџот се прикачува на внатрешната долна страна од кожната обвивка, во облик на штит со димензии 6 X 9,5 cантиметри, кој во горниот дел содржи сериски број, истоветен со серискиот број на легитимацијата и натписите „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ и „ОФИЦИЈАЛЕН ВЕТЕРИНАР“. (6) Образецот на службената легитимација на официјален ветеринар е даден во прилог бр. 1 кој е составен дел на овој правилник. (7) Формата и содржината на беџот на официјалниот ветеринар е дадена во прилог бр. 2. „Службен весник на РМ“ бр. 52 од 18.04.2008 година 2 од 5 Член 3 (1) Службената легитимација на овластениот ветеринар се издава на образец со димензија 6 X 9,5 cантиметри во светло сина боја кој е пластифициран и е сместен во дводелна кожна обвивка со црна боја со димензија 7 X 31 cантиметри. (2) Образецот на службената легитимација на овластениот ветеринар е сместен во внатрешната десна страна од кожната обвивка. (3) Предната страна на образецот на службената легитимација на овластениот ветеринар содржи: „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“; „МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО“; „Управа за ветеринарство“; “место за фотографија со димензии 2,5 X 3 cантиметри”; „СЛУЖБЕНА ЛЕГИТИМАЦИЈА“; „ОВЛАСТЕН ВЕТЕРИНАР“, а под неа се впишуваат податоци за името и презимето на овластениот ветеринар. Во долниот дел на златно-жолта подлога со црвена боја е отпечатен серискиот број. (4) На задната страна на образецот од став 1 на овој член е: отпечатен грбот на Република Македонија и го содржи следниот текс: „Имателот на оваа легитимација е овластен да ги врши сите дејствија предвидени со Законот за ветеринарно здравство („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 113/2007). Под текстот се впишуваат податоци за датумот на издавање на службената легитимација и регистерскиот број, место за печат, место за потпис на министерот за земјоделство, шумарство и водстопанство. (5) Образецот на службената легитимација на овластен ветеринар е даден во прилог бр. 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 (1) Службената легитимација се издава за време додека службеното лице согласно Законот за ветеринарно здравство има статус на официјален ветеринар и на овластен ветеринар. (2) Официјалниот ветеринар и овластениот ветеринар на кого ќе му престане звањето официјален ветеринар и овластен ветеринар, ја враќа службената легитимација на Управата за ветеринарство. Член 5 (1) Официјалниот ветеринар и овластениот ветеринар кој ќе ја загуби службената легитимација или на друг начин ќе остане без неа, должен е веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа писмено да ја извести Управата за ветеринарство и да поднесе барање за издавање на нова легитимација со приложување доказ дека губењето на легитимацијата ја огласил за неважечка. (2) Во случај на губење на легитимацијата, официјалниот ветеринар и овластениот ветеринар ја огласува за неважечка на сопствен трошок. Член 6 (1) Службената легитимација се заменува со нова, во случај на дотраеност или оштетување, односно промена на личните податоци. Член 7 (1) Службената легитимација која се враќа или заменува се поништува. За поништувањето на службената легитимација се составува записник кој го потпишува имателот на легитимацијата и лицето овластено за издавање на службената легитимација. „Службен весник на РМ“ бр. 52 од 18.04.2008 година 3 од 5 Член 8 (1) Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Министер, Ацо Спасеноски, с.р. „Службен весник на РМ“ бр. 52 од 18.04.2008 година 4 од 5 „Службен весник на РМ“ бр. 52 од 18.04.2008 година 5 од 5

Regulation on the form and content and method of issuing and revoking of the official identification badge and form of the official veterinary identification badge/card · Nelum