Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the establishment and modus operandi of the National Council for Food Safety and animal feed

Made 2015-10-28 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Одлука за формирање и начинот на работење на Национален совет за безбедност на храна и храна за животни.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock, Food and nutrition
Keywords
animal feed/feedstuffs, institution, research, legal proceedings/administrative proceedings, governance, food safety and quality

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 190 од 03.11.2015 година 1 од 3 20151905245 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 120 ставови (1) и (9) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15 и 129/15), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 28.10.2015 година, донесе ОДЛУКА ЗА ФОРМИРАЊЕ И НАЧИНОТ НА РАБОТЕЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА И ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Член 1 Со оваа одлука се формира и пропишува начинот на работење на Национален совет за безбедност на храна и храна за животни (во натамошниот текст: Национален совет) за обезбедување на научна и техничка поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство. Член 2 Националниот совет е составен од претседател и 19 члена. Членовите на Националниот совет се претставници од следните институции, и тоа: 1. Агенција за храна и ветеринарство – Абдулезел Догани; 2. Медицински факултет Скопје – д-р Игор Спироски; 3. Институт за епидемиологија и биостатистика – проф. д-р Драган Даниловски; 4. Институт за јавно здравје на Република Македонија - доц. д-р Гордана Ристовска; 5. Фармацевски факултет Скопје – проф. д-р Лидија Петрушевска Този; 6. Факултет за ветеринарна медицина Скопје – доц. д-р Деан Јанкулоски; 7. Факултет за земјоделски науки и храна Скопје – проф. д-р Среќко Ѓорѓиевски; 8. Институт за земјоделство Скопје – проф. д-р Јулијана Цветковиќ; 9. Институт за сточарство Скопје - доц. д-р Наташа Матева; 10. Технолошко-металуршки факултет Скопје – проф. д-р Весна Рафајловска; 11. Природно математички факултет Скопје (отсек биологија) – проф. д-р Митко Младенов; 12. Природно математички факултет Скопје (отсек хемија) – доц. д-р Јасмина Петреска Станоева; 13. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Игор Деспотовски; 14. Министерство за здравство – д-р Александар Митов; 15. Министерство за животна средина и просторно планирање – проф. д-р Соња Лепиткова; 16. Организација на потрошувачите на Македонија – м-р Маријана Лончар Велкова; 17. Стопанска комора на Македонија – Васко Ристовски; 18. Сојуз на стопански комори – Горан Ѓорѓиевски и 19. Стопанска комора на северозападна Македонија – Зухра Искендерлер. Член 3 Со работата на Националниот совет претседава директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство во својство на претседател на истиот. Член 4 Националниот совет работи како постојано тело и се состанува на повик на претседателот најмалку четири пати во текот на годината, а по потреба може да се состанува и почесто. Службен весник на РМ, бр. 190 од 03.11.2015 година 2 од 3 Претседателот по предлог на мнозинство од членовите на Националниот совет, или по своја иницијатива ги свикува состаноците на Националниот совет. Член 5 Националниот совет може да одржува состанок и да разгледува прашања од својот делокруг на работа доколку на состанокот присуствува мнозинство од вкупниот број членови на Националниот совет. Националниот совет донесува мислења со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Националниот совет. Член 6 Националниот совет заседава на седница на која присуствуваат само членови на Националниот совет. Претседателот на Националниот совет на предлог на некој од членовите на Националниот совет или по сопствена иницијатива, може да покани на седница на Националниот совет да присуствуваат и претставници на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, заинтересирани органи, организации, здруженија на граѓани, синдикати, комори, како и научни и стручни лица заради давање на стручни мислења по прашања што се на дневен ред на состанокот. Член 7 Членовите на Националниот совет податоците и информациите кои ќе ги дознаат при работата во Националниот совет не треба да ги откриваат во јавност согласно со начелото на професионална дискреција, а изјави за јавноста може да дава само претседателот на Националниот совет или лице кое тој ќе го определи. Член 8 Стручно-организационите работи, организирањето на состаноците на Националниот совет, подготвувањето и доставувањето на материјалите што се разгледуваат на состанокот, водењето и подготвувањето на записници, извештаи и други материјали, како и други работи што ќе ги определи претседателот, ги врши Агенцијата за храна и ветеринарство. Член 9 Заради успешно спроведување на задачите при проценката на ризикот, како и спроведување на научната поддршка со цел навремено преземање на ефикасни и ефективни мерки при управување со ризикот, Националниот совет организира научни панели, кои вршат проценка на ризик и изготвуваат извештаи за конкретни прашања од делокругот на работа на Националниот совет. Научните панели даваат и научни совети во областа на безбедност на храната и храната за животни, исхраната, здравствената заштита и благосостојба на животните, здравје и заштита на растенијата. Врз основа на извештаите од став 1 на овој член, Националниот совет изготвува писмени мислења, со препораки кои ги доставува до Агенцијата за храна и ветеринарство со цел навремено преземање на ефикасни и ефективни мерки при управувањето со ризикот. Член 10 Научните панели се составени од независни научни стручни лица, од факултети, научно истражувачки институции и други научни и научно образовни институции, со темелно познавање на проценката на ризик. Службен весник на РМ, бр. 190 од 03.11.2015 година 3 од 3 Учесниците на научните панели се избираат по пат на отворен повик за апликација за искажување на интерес, врз база на потврден научен квалитет, искуство во проценка на ризик, рецензии на научни трудови и публикации. Научните панели се организираат за десет стручни области од делокругот на работата на Националниот совет, и тоа: Панел за здравствена заштита и благосостојба на животните; Панел за биолошки опасности; Панел за контаминенти во синџирот на храната; Панел за диететски производи, исхрана и алергии; Панел за адитиви и хранливи состојки додадени на храната; Панел за средства за заштита на растенијата и нивни резидуи; Панел за здравје на растенијата; Панел за адитиви и производи или супстанци употребени во храната за животни; Панел за материјали во контакт со храната, ензими, подобрувачи на вкус и технолошки помагала и Панел за генетски модифицирани организми. Член 11 За спроведување на работите од своја надлежност Националниот совет донесува Деловник за својата работа и работата на научните панели. Член 12 Националниот совет може да формира и повремени работни групи, за конкретно прашање од областа на безбедност на храна и храна за животни, здравје и благосостојба на животни, како поддршка на Националниот совет кои за својата работа доставуваат извештаи до истиот. Член 13 Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за воспоставување и начинот на работење на Национален совет за безбедност на храна и храна за животни („Службен весник на Република Македонија" бр. 104/13). Член 14 Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник Република Македонија“. Бр. 42-10708/1 Заменик на претседателот 28 октомври 2015 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р.

Regulation on the establishment and modus operandi of the National Council for Food Safety and animal feed · Nelum