Regulation on the declaration and labelling of different plant protection products placed on the market
Made 2012-01 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за декларирање и означување на другите производи за заштита на растенијата пласирани на пазарот.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Cultivated plants
- Keywords
- plant protection, biological control agents, packaging/labelling, internal trade
- Categories
- agriculture
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Врз основа на член 30 од Законот за производи за заштита на растенијата ( „ Службен весник на Република Македонија “ бр. 110/07, 20/09, 17/11 и 53/11 ) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ДЕКЛАРИРАЊЕ И ОЗНАЧУВАЊЕ НА ДРУГИТЕ ПРОИЗВОДИ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА ПЛАСИРАНИ НА ПАЗАРОТ Член 1 Со овој правилник се пропишува декларирањето и означувањето на другите производи за заштита на растенијата пласирани на пазарот. Член 2 На оригиналното пакување на производите што се пуштаат во промет треба да стои декларација со следните податоци : 1. Трговскиот назив и заштитниот знак на производот ; 2. Називот и адресата на носителот на решението за упис во регистарот за други производи за заштита на растенијата ; 3. Назив и адреса на производителот ; 4. Бројот на решението за упис во регистарот за други производи за заштита на растенијата и датум на негово издавање ; 5. Типот на препаратот ( на пример : гранули, прав или течност ) ; 6. Состав на производот ; 7. Видот на дејството на производот ( на кои видови на растенија и целни штетни организми дејствува производот, време на користење, количеството во кое се применува производот, број на третирања, временско растојание меѓу третирањата ) и начинот на користење ; 8. Можни влијанија на ефикасноста на производот ; 9. Времетраење на каренцата ; 10. Дополнителни предупредувања и известувања за заштита на луѓето и животната средина ; 11. Мерки за заштита на лицата кои ракуваат со производите и вршат нивна апликација, со наведување на бараната заштитна опрема; знаци на труење и мерки за прва помош кај луѓето ; 12. Класификација во согласност со прописите за класификација кои се соодветни на прописите на ЕУ ; 13. Датум на истекување на рокот на употреба на производот ( месец и година ) и сериски број ; 14. Нето количеството на производот ( нето маса или нето волумен на производот во единица амбалажа ) ; 15. Начин и услови на складирање и чување на производите ; 16. Видливо предупредување “ Пред употреба на производот задолжително да се прочита упатството за примена ” ; 17. Начин на миење на амбалажата, опис на постапката за чистење на уредите за примена,постапување со остатоците од производот и празната амбалажа ; 18. Упатство за постапување во случаи на ненамерно испуштање на производот во животната средина ; 19. Упатство за комбинирање со други препарати и нивна компатибилност ; и 20. Други дополнителни податоци за производот, доколку се потребни. Член 3 Декларацијата може да биде отпечатена на амбалажата или да биде приложена кон пакувањето. Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „ Службен весник на Република Македонија “ . Бр:17- 548/5 Министер за земјоделство, Јануари 2012 год шумарство и водостопанство Скопје Љупчо Димовски, с.р.