Regulation on the criteria to be met for obtaining an eco-label for hand dishwashing detergents
Made 2008-12-26 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за критериумите коишто треба да се исполнат за добивање на еколошка ознака за детергенти за рачно миење на садови.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Environment
- Keywords
- cleaning agents/detergents, ecofriendly products/ecofriendly processes, protection of environment
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен В. на Р.М. бр: 165/2008 од 30.12.2008 Влегува во сила на: 31.12.2008 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Правилник за критериумите коишто треба да се исполнат за добивање на еколошка ознака за детергенти за рачно миење на садови МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 29, став 9 од Законот за животната средина ("Службен весник на Република Македонија" бр. 53/05, 81/05, 24/07), министерот за животна средина и просторно планирање донесе. ПРАВИЛНИК ЗА КРИТЕРИУМИТЕ КОИШТО ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЕКОЛОШКА ОЗНАКА ЗА ДЕТЕРГЕНТИ ЗА РАЧНО МИЕЊЕ НА САДОВИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат критериумите коишто треба да се исполнат за добивање на еколошка ознака за детергенти за рачно миење на садови. Член 2 Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: "Детергенти за рачно миење на садови" е група на производи за домашна и професионална употреба во кои се вклучени сите детергенти наменети за рачно миење на: садови, садови од керамика, прибор за јадење, тенџериња, тави, кујнски прибор итн. "Барател" е правно или физичко лице кое поднело барање до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина за добивање на еколошка ознака за детергенти за рачно миење на садови. Член 3 Критериумите коишто треба да ги исполнуваат детергентите за рачно миење на садови, се дадени во Прилог 1, кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Одредбите на овој правилник имаат за цел да се обезбеди: намалување на испуштања на токсични или загадувачки супстанции во водната средина, намалување или превенција на ризиците по здравје или животна средина поврзани со употребата на опасни супстанции, минимизација на отпад од пакување, информација која ќе му овозможи на потрошувачот употреба на производот на начин кој е ефикасен и го минимизира влијанието врз животната средина. Критериумите се одредени на начин кој промовира означување на детергенти за рачно миење на садови кои имаат мало влијание врз животната средина. Член 5 Секој критериум содржи специфични барања за проценка и верификација. За одредени случаи, покрај методите на тестирање утврдени со критериумите може да се употребат и други методи, доколку органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина (во понатамошниот текст: надлежен орган) прифати дека тие се еквивалентни на предвидените за секој критериум. Доколку за верификацијата не се потребни тестови, надлежниот орган треба да ја заснова одлуката на изјави и документација обезбедена од страна на барателот и/или од независни верификации. http://www.slvesnik.com.mk/Issues/F2998165B56E734B97598B89346D44D4.pdf#page=28 Во определени случаи, кога е тоа потребно, надлежниот орган може да бара дополнителна документација и може да изврши независна верификација. Надлежниот орган ги зема во предвид признатите системи за управување со животната средина како што се ЕМАS или ИSО 14001 при оценувањето на барањето и исполнувањето на критериумите. Член 6 Барателот кој ги исполнува критериумите за добивање на еколошка ознака за детергенти за рачно миење на садови има право на пакувањата на детергентите за рачно миење на садови да ја стави еколошката ознака, каде во текстуалниот дел на ознаката го става текстот: ДЕТЕРГЕНТИ ЗА РАЧНО МИЕЊЕ НА САДОВИ. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 07-7502/8 Министер за животна средина 26 декември 2008 година и просторно планирање, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р.