Regulation on the content of the fishing base
Made 2008-02-20 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за содржината на риболовната основа.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Fisheries and aquaculture
- Keywords
- aquaculture, fishery management and conservation, fishing gear/fishing method, inland fisheries, monitoring
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 16 став 7 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА НА РИБОЛОВНАТА ОСНОВА Член 1 Со овој правилник се пропишува содржината на риболовната основа. Член 2 Риболовната основа содржи: 1. податоци за риболовната вода: детален попис на сите риболовни води со нивните имиња и приложена географска карта на која истите се обележани. 2. хидрографски и климатски карактеристики: должина, ширина и површина за сите протечни води; длабочина и површина за сите стоечки води и основни климатски карактеристики на географското подрачје. 5. основни физичко - хемиски карактеристики како што се: боја, мирис, температура, провидност, киселост, електрична спроводливост, содржина на хлор, заситеност со кислород, вкупен јаглерод диоксид, нитрати, амоњак, фосфати, силикати. 4, основни биолошки карактеристики: состав, структура и застапеност на поедини видови макрофити, како и процент на покриеност на истражуваната маса; доминантен види биомаса на фитопланктон и зоопланктон; биомаса, состав и застапеност на поедини видови на макрозообентос И останати поважни видови риби. 5. видови и количини на рибите - ихтиомаса: квалитативно - квантитативен состав на ихтиопопулацијата со застапеност на поедини видови во проценти односно масен удел на поединечен вид во вкупната ихтиомасаи годишен прираст на рибите со поголемо економско значење изразен во килограми по хектар. 6. дефинирање на риболовни води со модел за стопанисување и дефинирање на услови за риболовни пунктови кои се лоцираат на риболовни води со посебен режим на користење на водата и големи осцилации на нивото на водата; 7. дефинирање на води со можност за аквакултура: видови риби со технологија на одгледување; локација на објектите и капацитет на објектите. 8. мерки за заштита и одржување на рибите: организација на рибочуварска служба (број на рибочувари со основен план за физичка заштита на рибите); следење на состојбата на водата, заболување и помор на риба како и невообичаено однесување на рибите; планирање на селективен и мелиоративен излов; утврдување на најмалата големина на риби по видови под која не смеат да се ловат; утврдување на периодот на природен мрест по видови за секоја риболовна вода; определување на природни плодишта и посебни мерки за заштита на природни плодишта. 9. програма за порибување: количина и видови на риби по видови и возрасни категории одредени врз основа на биолошкиот потенцијал за секоја риболовна вода за период од б години со динамика на годишно нивои период на порибување за поедина риболовна вода со одредени видови риби. 10. количини на дозволен улов по видови риби за рекреативен и стопански риболов за период од 6 години со динамика на годишно ниво; 11. време во кој е дозволен лов на рибите; 12. минимум и максимум риболовни средства и 15. економска основа за користење на риболовната вода со предлог за висина на надомест. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија". Бр. 08 - 2654/1 Министер за земјоделство, 20 февруари 2008 година шумарство и водостопанство, Скопје Ацо Спасеноски, ср.