Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the content and manner of preparation of the measures programme

Made 2009-11-27 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за содржината и начинот на подготвување на програмата на мерки.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Water
Keywords
integrated management, policy/planning, protection of environment, surface water, water resources management, groundwater

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 1 од 6 20091483011 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 73 став (5) од Законот за води („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/08 и 06/09), министерот за животна средина и просторно планирање донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ПОДГОТВУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА НА МЕРКИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат содржината и начинот на подготвување на Програмата на мерки, поблиската содржина на основните и дополнителните мерки за спроведување на Програмата на мерки и условите за нивната примена за постигнување на целите на животна средина, како и мерките кои треба да се преземат доколку целите на животната средина за конкретно водно тело не се постигнале. Член 2 Целата на овој правилник е воспоставување на интегриран пристап при подготовката на програмите на мерки кои се наменети за постигнување на целите за животната средина на ниво на подрачје на речен слив. Член 3 (1) Програмата на мерки содржи образложение и временска рамка за: постигнување на предложените цели на животна средина со кои се оправдува примената на основните и дополнителните мерки; и начинот на примена на основните и дополнителните мерки со цел да се постигнат целите на животната средина кои се зацртани во Планот за управување со речниот слив. (2) Во Програмата на мерки се дава образложение за примена на основните мерки за постигнување на целите за животна средина и образложение за примена на дополнителните мерки. (3) Образложението од став (2) од овој член треба да ги земе во предвид карактеристиките на конкретното подрачје на речен слив, а особено: кој вид мерки се применуваат во поглед на значајните прашања за управувањето со водите во конкретниот речен слив; механизмите преку кои се утврдуваат основните и дополнителните мерки; надлежните субјекти за примена и спроведување на основните и дополнителните мерки; предлог временската рамка за примена на основните и дополнителните мерки; и другите плански и програмски документи во кои се содржани овие мерки. Член 4 Програмата на мерки се подготвува заедно со подготвувањето на Планот за управување со речниот слив при што се користат истите постапки што се применуваат при подготвувањето на Планот согласно Правилникот за содржината и начинот на подготвување на плановите за управување со речните сливови. Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 2 од 6 Член 5 (1) Содржината на основните и дополнителните мерки во Програмата на мерки за постигнување на целите за животна средина, се определува врз основа на рационалноста и пропорционалноста на применетата мерка во однос на ризикот кој се сака да се реши. (2) Основните и дополнителните мерки се применуваат во временската рамка утврдена во Програмата на мерки содржана во Планот за управување со речниот слив. Во случај на надминување на рокот за примена на конкретната основна или дополнителната мерка, во Програмата на мерки се утврдуваат сите мерки кои се неопходни да се применат за постигнување на целите на животната средина во продолжениот рок. Член 6 (1) Како основни мерки може да се определи активност која како минимално барање се презема со цел да се остварат целите на животна средина утврдени во Програмата за мерки. (2) Во зависност од целите на животната средина што треба да ги постигне телото за управување со речен слив во Програмата на мерки може да се содржани сите или дел од основните мерки кои се дадени во прилогот кој е составен дел на овој правилник. Член 7 (1) Како дополнителни мерки може да се определи активност која се презема со цел да се остварат целите на животна средина утврдени во Програмата на мерки, во случај кога основните мерки не ја постигнале целта или пак е предвидена како пропратна активност на основните мерки. (2) Кога е тоа потребно може да се воведат и дополнителни мерки со цел да се постигне дополнителна заштита или подобрување на состојбата водите заради обезбедување на спроведување на меѓународни договори ратификувани од Република Македонија. Член 8 (1) Основните и дополнителните мерки содржат активности со кои се постигнува: а) За површинските води: спречување на влошувањето на состојбата на водите; постигнување и/или одржување на определен статус на водата; и престанување/редукција на загадувањето од опасни и штетни супстанции и приоритетни супстанции, како и постигнување на целите на животната средина за определени заштитни зони; и б) За подземните водни тела: спречување на влошувањето на состојбата на водите; постигнување и/или одржување на определен статус на водата; спречување на влез на загадувачки супстанции во подземните води; намалување/отстранување на значајните трендови на загадувања, како и постигнување на целите на животната средина за определени заштитни зони. (2) Отстапувањето од целите утврдени во Програмата на мерки е дозволено само под услови доколку со примената на основните мерки тие не биле остварливи. За секое отстапување од утврдените цели на животната средина во Програмата на мерки се утврдуваат дополнителни мерки. (3) Отстапувањето од примената на основните мерки е дозволено доколку: неостварувањето на добрата состојба на подземните води, добрата еколошка состојба или, каде што е релевантно, на добриот еколошки потенцијал на подземната вода или неспречувањето на влошувањето на состојбата на површинското водно тело или на подземното водно тело е резултат на новите модификации во физичките својства на површинското водно тело или на промените во нивото на подземните водни тела; или неспречувањето на влошувањето од одлична состојба до добра состојба на едно површинско водно тело е резултат на новите дејства на оддржливиот развој на човекот; Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 3 од 6 при што се задоволени следниве услови: а) ако се преземени сите изводливи чекори за да се ублажи неповолниот ефект врз водното тело; б) причините за тие модификации или промени да бидат конкретно изложени и објаснети во Планот за управување со речниот слив, а целите на животна средина да се ревидираат на секои шест години; в) причините за тие модификации или измени да бидат од највисок јавен интерес и/или придобивките од постигнувањето на целите за животната средина и за општеството да се помалку значајни од придобивките од новите модификации за човековото здравје, за одржувањето на човековата безбедност или за оддржливиот развој; и г) целите на придобивките што се постигнуваат со тие преиначувања или измени на водното тело, предизвикани од причини поврзани со техничка изводливост или поради несразмерен трошок, не можат да се постигнат на други начини, кои се значително подобра опција за животната средина. (6) Утврдувањето на дополнителните мерки во Програмата на мерки е ограничено на следниот начини: само доколку определени дополнителни мерки се применуваат исклучиво за постигнување на определени цели на животната средина; дополнителните мерки се применуваат само доколку се исполнети условите за нивна примена, каде различни услови се утврдуваат за секоја дополнителна мерка; и дополнителните мерки се применуваат само за постигнување на целите и стандардите во областа на управување со води, но не и за постигнување на целите за други медиуми и области на животната средина. (7) При утврдувањето на дополнителните мерки се земаат во предвид: други еколошки, социјални и економски приоритети покрај основните за заштита и управување со водите; и утврдениот приоритет во преземањето на активностите согласно сукцесивните фази на спроведувањето на Планот за управување со речен слив. (8) Дополнителните мерки можат да содржат активности со кои може да се утврди: продолжување на роковите; помалку строга цел; поставување различни цели за силно изменети или вештачки водни тела; или различни цели во случај на нови изменети околности и нови активности за одржлив развој. Член 9 (1) Основните и дополнителните мерки согласно Законот за водите се применуваат на територијата на Република Македонија, на подрачјето на речен слив или на подрачјето на единицата на локална самоуправа. (2) Основните и дополнителните мерки кои се однесуваат на површинските води вклучуваат активности кои се неопходни за постигнување на целите на површинските води и заштитните зони во рамки на подрачјето на речен слив. (3) Основните и дополнителните мерки кои се однесуваат на подземните води вклучуваат активности кои се неопходни за постигнување на целите на подземните води и поврзаните подземни води во рамки на тоа подрачје на речен слив или на друго подрачје на речен слив, доколку мерките кои треба да се применат на подрачјето на другиот речен слив влијаат за постигнување на целите во речниот слив за кој се носи Програмата на мерки. (4) Програмата на мерки за речниот слив, треба да ги земе во предвид и алтернативните пристапи предвидени при подготвувањето на Плановите за управување со речните сливови. Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 4 од 6 Член 10 За исполнувањето на примената на Програмата на мерки за конкретно подрачје на речен слив телото за управување со речен слив согласно Законот за водите подготвува нацрт извештај. Член 11 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 07-10491/1 Министер за животна средина и 27 ноември 2009 година просторно планирање, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р. Прилог Основни мерки 1. Мерки мерки што се неопходно за спроведување на Законот за водите и прописите што произлегуваат од овој закон, како и за спроведување на прописите од областа на заштитата на животната средина; 2. Мерки за покривање на трошоците на водостопанските услуги; 3. Мерките за промовирање на ефикасното и оддржливо користење на водата за да се избегне можноста да се доведе во прашање постигнувањето на целите за животна средина; 4. Мерките за задоволување на барањата поврзани со обезбедување на квалитетот на водата наменета за консумирање од страна на човекот, вклучувајќи ги и мерките за заштита на квалитетот на водата, со цел да се намали нивото на третманот за прочистување што се бара за производство на водата за пиење; 5. Мерки за контрола на експлоатацијата на слатката површинска и подземна вода, и за зфаќање на слатката површинска вода за сите водните тела од кои се зафаќа или може да се зафати повеќе од 10 m3 вода дневни наменета за консумирање од страна на човекот или да се врши водоснабдување на повеќе од 20 луѓе и барањата за одобрување на експлоатацијата и на зафаќање на водата од овие водни тела; Овие мерки за контроли се ревидираат периодично и, кога е потребно, се ажурираат; Од овие контроли можат да се изземат оние експлоатирања или зафаќања коишто немаат битно влијание врз состојбата на водата; 6. Мерки на контроли, вклучувајќи го и барањето за претходно одобрување на вештачкото надополнување или за зголемување на подземните водни тела. Водата што се користи може да биде добиена од секоја површинска или подземна вода, под услов со користењето на изворот да не се доведува во прашање постигнувањето на целита за животната средина воспоставени за изворот или за надополнетото или зголемено подземно водно тело. Овие контроли се ревидираат периодично и, кога е потребно, се ажурираат; 7. За испуштањата од точкастите извори кои можат да предизвикаат загадување, може да се вовеат мерки за претходно регулирање на испуштањата, како што е воведување на забрана за влез на оддредени загадувачки супстанции во водите, или мерки за одобрување на испуштања кои се поврзани со почитување на граничните вредности за емисија, вклучително и воспоставените законски механизми за кобиниран приод контрола на точкастите и дифузните извори на загадување и постигнување на целите од донесените плански документи за развој на управувањето со водите. Овие контроли се ревидираат периодично и, кога е потребно, се ажурираат; Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 5 од 6 8. За дифузните извори кои можат да предизвикаат загадување, може да се мерки за спречување или за контрола на внесувањето на загадувачките супстанции во водите. Контролите можат да бидат воведени како претхондо регулирање на испуштањата, како што е воведување на забрана за влез на оддредени загадувачки супстанции во водите, или мерки за одобрување на испуштања кои се поврзани со почитување на граничните вредности за емисија. Овие контроли се ревидираат периодично и, кога е потребно, се ажурираат; 9. За сите други битни неповолни ефекти врз состојбата на водата, идентификувани во рамките на еден речен слив или во состојбата на квалитетот на површинските водие, може да се воведат мерки на контрола што ќе гарантираат дека хидроморфолошките услови на водните тела се сообразни со постигнувањето на бараната еколошка состојба или на добриот еколошки потенцијал за водните тела, определени како вештачки или силно изменети. За таа цел, контролите можат да бидат воведени како претхондо регулирање на испуштањата, како што е воведување на забрана за влез на оддредени загадувачки супстанции во водите, или мерки за одобрување на испуштања кои се поврзани со почитување на граничните вредности за емисија. Овие контроли се ревидираат периодично и, кога е потребно, се ажурираат; 10. Забрана за директни испуштања на загадувачки супстанции во подземна вода, при што може да се дозволи: Реинектирање на вода во истиот аквифер што се користела за геотермални намени; инјектирање на вода што содржи супстанции кои се јавуваат како резултат на експлоатоацијата и екстракцијата на јаглеводороди или при рударски дејства, и инјектирање на вода од технички причини, во геолошки формации од коишто биле екстрахирани јаглеводороди или други супстанции или во геолошки формации коишто, од природни причини, се трајно несоодветни за други намени. Ваквите инјектирања нема да содржат други супстанции освен оние што резултираат од горенаведените операции; реинјектирање на подземна вода испумпана од рудници и од површински копови или вода којашто произлегува од изградбата или од одржувањето на градежните објекти, инјектирање на природен гас или на втечнет петролеум гас (LPG) заради складирање во геолошки формации коишто, од природни причини, се трајно несоодветни за други намени, инјектирање на природен гас или на течен петролеум гас (LPG) заради складирање во други геолошки формации, таму каде што од особена важност обезбедувањето на снабдувањето со гас, и каде што инјектирањето е такво што ќе се спречи секоја постоечка или идна опасност од влошување на квалитетот на која било подземна вода - примател, инјектирање на јаглероден двооксид заради складирање во гелошки формации коишто, од природни причини, се трајно несоодветни за други намени под услови таквото инектирање да е во согласност со правилата за безбедно инјектирање на јаглероден двооксид и каде што инјектирањето е такво што ќе се спречи секоја постоечка или идна опасност од влошување на квалитетот на која било подземна вода, градење, градежни активности и работи и слични дејства на или во земјата којашто доаѓа во допир со подземните води. За тие цели, таквите дејства може да се одобрат, под услов да се изведуваат во согласност со правилата и стандардите за изведување на вакви активности, испуштања на мали количества супстанции за научни цели, заради карактеризација, заштита или обновување на водните тела, ограничени на количеството што е строго неопходно за научните цели, под услов со ваквите испуштања да не се доведува во прашање постигнувањето на цели за животната средина воспоставени за тоа подземно водно тело; Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 6 од 6 11. Мерки за реализирање на планските документи за развој на управувањето со водите коишто се поврзани со отстранување на загадувањето на површинските води со определените приоритетни супстанции, и за прогресивно намалување на загадувањето со други супстанции, коишто во спротивно би ги довело во прашање постигнувањето на целите на животната средина; 12. Било кои мерки што овозможуваат спречување на ширењето на испуштањата на загадувачки супстанции од техничките иснталации и за да се спречи и/или да се намали влијанието од несреќи од кои може да се предизвика загадување, на пример, како резултат на поплави. Овие мерки може да се вовед и преку системите за рано откривање или за давање предупредување при вакви настани, вклучително и, во случај на непредвидени настани коишто не можеле да бидат предвидени, вклчуетлно и сите соодветни мерки за намалување на ризикот на водните екосистеми.

Regulation on the content and manner of preparation of the measures programme · Nelum