Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the content and manner of preparation of river basin management plans

Made 2009-11-27 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за содржината и начинот на подготвување на плановите за управување со речните сливови.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Water
Keywords
integrated management, risk assessment/management, sustainable use

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 1 од 9 20091483010 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 66 став (9) и став (10) од Законот за водите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/08 и 06/09), министерот за животна средина и просторно планирање донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ПОДГОТВУВАЊЕ НА ПЛАНОВИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РЕЧНИТЕ СЛИВОВИ Член 1 Со овој правилник поблиску се пропишува утврдува и начинот на подготвување на плановите за управување со речните сливови, како и описот на активностите и резултатите од учеството на јавноста при подготвување на плановите. Член 2 Целата на овој правилник е воспоставување на интегриран пристап при подготовката на плановите за управување со речните сливови заради заштита и одржливо користење на водните ресурси на територија на Република Македонија. Член 3 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: Објавување е објавување на информации поврзани со подготовката Планот за управување со речните сливови на веб страна на Министерството за животна средина и просторно планирање со директен линк каде можат да се видат информациите во интегрална форма. Кога е тоа возможно при објавувањето ќе се даде информација за местото и времето каде може да се изврши увид во објавените информации. Стратешка оцена е оцена на влијанието на планот за управување со речен слив врз животната средина што се спроведува согласно Законот за животна средина. Статус на водното тело е приказ на квантитативните и квалитативните притисоци што ги трпи водата во едно водно тело. Член 4 Во согласност со целите за долгорочна заштита и одржливо користење на водите, подготвувањето на Плановите за управување со речните сливови (во понатамошниот текст: Планови), се заснова на следните начела: интеграција и усогласување на различните плански документи за подрачјето на речен слив; јасна, транспарентна и достапна за јавноста постапка која овозможува да се направи анализа и донесува одлуки поврзани со управувањето со речните сливови; планирање на управувањето со водите на ниво на подрачјето на речен слив; соработка со други државни органи, научни установи и институции; обезбедување на активно учество на јавноста и заинтересираните субјекти во постапката за донесување на планот; утврдување на цели на животната средина во управувањето со водите кои придонесуваат во одржливиот развој; економичност за што се води сметка за трошоците и ефикасноста на предложените мерки и механизми за постигнување на целите за добра состојба на водите; и транспарентно управување со речните сливови кое подразбира подготовка на методологии и механизми. Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 2 од 9 Член 5 Интеграцијата и усогласувањето на различните плански документи се однесува на сите Планови и во нив содржаните мерки, како и нивните измени и дополнувања со чие спроведување може да се влијае врз постигнувањето на целите на добар статус на водите при што особено се води сметка за: утврдување на разликите и воведување на унифицирани мерки; подобрување на ефикасноста на управувањето со подрачјето на речен слив; и вклучување на сите заинтересирани страни во постапката за подготовка на планот. Член 6 (1) Донесувањето на Планот се врши преку јасна, транспарентна и достапна за јавноста постапка која овозможува да се направи анализа и донесува одлуки поврзани со управувањето со речните сливови, при што особено јавноста е запозната со: идентификацијата на значајните прашања за управување со подрачјето на речниот слив; нацрт- Планот за управување со речен слив; и Планот за управување со речен слив. (2) Анализата се спроведува доволно детално за да може да ја оправда одлуката на која се однесува. Член 7 Планирањето на управувањето со водите се врши на ниво на подрачје на речен слив определен согласно член 7 од Законот за водите (во понатамошниот текст: Законот), за кое се однесува содржината и начинот на подготвувањето на Планот. Член 8 Соработката со другите државни органи, научни установи и институции во постапката за донесување на Планот значи обезбедување на нивно учество во подготвувањето и усвојувањето на Планот, како и во спроведувањето на мерките утврдени со Планот. Член 9 Активно учество на јавноста во постапката за донесување на планот значи обезбедување на нивно учество во различните фази на постапката за подготовка на Планот. Член 10 (1) Утврдување на цели на животната средина во управувањето со водите кои придонесуваат во одржливиот развој, подразбира постигнување на добра состојба на водните тела во согласност со проценката на речните сливови од член 71 и критериумите од член 90 и член 92 од Законот. (2) По исклучок на став (1) од овој член во Планот може да се постават алтернативни цели, кои ги земаат во предвид еколошките, социјалните и економските приоритети поврзани со управувањето со води. Член 11 (1) Во Плановите се определуваат мерки и механизми, со цел постигнувањето на целите на животната средина од член 10 од овој правилник, и тоа: мерки кои се применуваат или се однесуваат на различна фаза од загадувањето на водите; мерки на различно географско подрачје; Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 3 од 9 мерки во различен временски период; мерки наменети за отстранување на повеќе негативни влијанија; заемното влијание на предложените мерки за истото подрачје на речен слив; начинот на примена или адаптација на мерки кои веќе се применуваат за остварување на целта; мерки на други државни органи и органите на локалната самоуправа; и начините за предвидување на алтернативни мерки за постигнување на целите во врска со активностите кои имаат влијание. (2) При подготвувањето на Планот се врши анализа и споредба на: ефективноста на достапните мерки за постигнување на целите; и пропорционалноста на мерката за отстранување на ризикот за кој се наменети. (3) Мерките односно механизмите од став (1) од овој член се сметаат за ефективни и економични доколку е прифатлив трошокот и користа за животната средина и ако е во согласност со начелото загадувачот плаќа. Член 12 Планот треба да биде економичен во фазата на подготвување и спроведување, при што се води сметка за трошоците и ефикасноста на предложените мерки и механизми за постигнување на целите за добра состојба кои ќе овозможат висок степен на заштита на животната средина, животот и заштита на здравјето на луѓето и нема да предизвикуваат несразмерно големи и економски високи трошоци во однос на постигнување на целите. Член 13 Предложените мерки и механизми што се предвидуваат во Планот треба да овозможат транспарентно управување со речните сливови, што подразбира подготовка на нови и користење на веќе утврдени методологии и механизми коишто ќе овозможат заинтересираните страни благовремено да ги предвидат предложените мерки, при што се избегнува нивно повторно идентификување за обезбедување на целите или нивно повторување при обезбедување на целите. Член 14 Планот се изработува во следните фази: изготвување и објавување на распоредот и работната програма за подготвување на Планот; изготвување и објавување на меѓувремен преглед на значајните прашања на управувањето со водите идентификувани во конкретниот речен слив; изготвување и објавување на нацрт-примероци на Планот со минимум содржина согласно член 66 став 4 од Законот; подготовка и објавување на извештаите и примероците од Планот со сите ажурирања; подготовка и објавување на резимиран извештај за анализата на својства на речниот слив, ревизијата на влијанието на човековата активност врз состојбата на површинските и на подземните води, и економската анализа за користењето на водата изготвени согласно Правилникот за методологијата за проценката на речните сливови, како и резимиран извештај за програмите за мониторинг изготвени согласно Програмата за мониторинг; подготовка и објавување на извештај за прогресот на имплементацијата на Програмата на мерки за постигнување на целите на Планот и оперативност на Програмата на мерки; изготвување и објавување на мислењата на Националниот совет за води, советот за управување со подрачјето на речен слив и советот за управување со делови од подрачјето на речен слив, дадени по однос на Планот; Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 4 од 9 подготовка и објавување на извештаите за пристигнати мислења од јавноста и заинтересираните страни, и кога тоа е можно нивно интегрално објавување; подготовка и објавување на нацрт Планот; и објавување на донесениот План. Член 15 (1) Најмалку три години пред отпочнувањето со подготовка на План за наредниот шестгодишен плански период, се изготвува и објавува распоред и работна програма за подготвување на Планот, како и временскиот период за нивна реализација. (2) Објавата од став (1) од овој член особено содржи резимирани податоци за: распоредот и клучните фази на работната програма за изготвување на планот; начинот на кој ќе се спроведе консултација со јавноста за нацрт-Планот; главните јавни и приватни правни лица чии активности и интереси може да бидат засегнати со Планот, и начинот на кој истите ќе учествуваат во постапката за изработката на Планот; и поврзаноста на процесот на подготвување на Планот со подготвувањето, измената или дополнувањето на другите плански и развојни документи за подрачјето на конкретното подрачје на речен слив. (3) Објавата од став (1) од овој член, треба да ги земе во предвид одредбите за вклучување на засегнатите страни согласно член 223 од Законот. Член 16 (1) Најмалку две години пред отпочнувањето со подготовка на Планот за наредниот шестгодишен плански период, се изготвува и објавува меѓувремен преглед на значајните прашања за управувањето со водите идентификувани во конкретниот речен слив. (2) Прегледот од став (1) од овој член се објавува заради консултирање на јавноста за период не пократок од шест месеци од објавувањето. (3) Прегледот од став (1) од овој член се врши помеѓу фазата на анализа на подрачјето на речен слив во согласност Правилникот за методологијата за проценката на речните сливови и фазата на изготвување на нацрт- Планот и истиот треба да претставува иницијален преглед на значајните прашања за управување на водите за конкретниот речен слив, а особено: главните притисоци и влијанија кои треба да се содржани во Планот, преглед на можни промени на подрачјето на речен слив наменети за постигнување на целите за животна средина утврдени со Законот; економските сектори (рибарство, туризам, енергетика, земјоделство и слично) кои можат да бидат засегнати со Програмата на мерки; и општа индикација и можни предвидувања/сценарија за постигнување на промените за конкретното подрачје на речен слив со аргументи за и против можните предвидувања. (4) Во прегледот од став (1) од овој член се внесуваат последните технички и економски податоци вклучувајќи ги оние податоци содржани во: извештајот за проценка на речниот слив и податоците од неговото ажурирање; иницијалните цели за подрачјето на речен слив вклучувајќи ја и првата проценка на потребните мерки за нивно спроведување, како и алтернативните цели; прелиминарна проценка на трошоците за обемот, трошоците и индикаторите за успешност на првиот План; анализа на активностите и економските сектори кои ги загрозуваат водните тела на подрачјето на речниот слив; и проценка за влијанието од имплементацијата на целите и мерките. Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 5 од 9 (5) Прегледот од став (1) од овој член е достапен за јавна расправа во рок од шест месеци од објавувањето. Се собираат ставовите од заинтересираните страни за значајните прашања за управување со водите за конкретното подрачје на речниот слив и се постапува по евентуалното несогласување на ставови по повод прашањата кои се предмет на прегледот. Член 17 (1) Изготвувањето и објавувањето на нацрт-примероците на Планот има за цел да обезбеди транспарентност и да овозможи учество на јавноста во процесот на планирање. (2) Заради исполнување на целта од став (1) од овој член, нацрт-примероците на Планот треба да содржат: неколку алтернативни пристапи за имплементација на одредбите на Законот за конкретното подрачје на речниот слив, во мерка која е неопходна заради приказ на заинтересираните страни на најзначајните одлуки кои можат да се донесат за подрачјето на речниот слив, како и предностите и негативностите на алтернативите; и образложение за причините за предложените цели на животната средина за подрачјето на речен слив со цел да им се прикаже на засегнатите страни во кој обем и на кој начин ќе бидат засегнати со предложените решенија. (2) Пристапите за имплементација на одредбите на Законот за конкретното подрачје на речниот слив од став (2) алинеа 1 од овој член подразбираат: основен алтернативен пристап кое е приказ на референтната состојба за подрачјето на речен слив; неколку други алтернативни пристапи за постигнување на целите на животната средина на и над референтната состојба за конкретното подрачје на речен слив; како и преглед на трошоците и нивната ефикасност во примената на предложените мерки за постигнување на целите на животна средина за секој алтернативен пристап одделно. (3) Алтернативните пристапи треба да содржат индикатори за: нивото на поставеноста на целите на животна средина; степенот на остварливост/сигурност за постигнување на целите на животна средина; и балансот помеѓу трошоците и нивната ефикасност, одржливоста и постојаноста на мерките, почитувајќи го начелото на загадувачот плаќа на предложените мерки на животна средина. (4) При изготвувањето на алтернативните пристапи, треба да се земат во предвид промените и влијанијата од другите плански и развојни документи. (5) Информациите за влијанијата од различните алтернативни пристапи се вклучуваат во одделните извештаи за нивна стратешка оцена. (6) Врз основа на нацрт-примероците на Планот се изработува нацрт-План. (7) Заедно со нацрт- Планот се изготвува: извештај за стратешката оцена на влијанијата од планскиот документ врз животната средина; и извештај за економските, социјалните и еколошките придобивки кои се очекуваат од примената на алтернативните пристапи. (8) Информациите од став (5) од овој член се презентираат на начин со кој ќе се минимизираат трошоците преку комбинирање на постапките за подготовка и за одржување јавна расправа во врска со тие документи. (9) Доколку е потребно изменување и дополнување на нацрт- Планот, истите се вршат по истекот на рокот од шест месеци наменет за јавна расправа. (10) Во рокот за спроведувањето на јавната расправа, се собираат мислењата и забелешките по нацрт- Планот, и се решаваат несогласувањата на заинтересираните страни поврзани со Планот. Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 6 од 9 Член 18 (1) Текстот на планот кој е поднесен за усвојување треба да содржи само еден од понудените алтернативни пристапи од претходната фаза за постигнување на целите на животната средина, вклучувајќи ги и образложенијата. (2) За секој План се обезбедуваат и податоци за: учеството на јавноста во подготовката на конкретниот План; и резиме на ставовите и причини поради кои истите се земени во предвид при подготовката на планот. Член 19 (1) Планот содржи цели на животната средина за секое водно тело што се наоѓа на подрачјето на речниот слив и Програма на мерки за постигнување на определените цели. (2) Планот се подготвува како интегрален документ за едно подрачје на речен слив. Член 20 (1) Планот во рамките на елементите утврдени во член 66 став 4 од Законот содржи: 1) општ опис на карактеристиките на планот согласно Правилникот за методологијата за проценката на речните сливови, а кои вклучуваат: а) за површински води: картографски приказ на локацијата и границите на водното тело; картографски приказ на еко- регионите и на типовите на површински водни тела во рамките на речниот слив; и идентификација на референтни услови за типологија на површинските водни тела; б) за подземни води: картографски приказ на локацијата и границите на водното тело; 2) резиме на значајните антрополошки притисоци и влијанија врз статусот на површинските и подземните води, вклучувајќи и: проценка на точкестите извори на загадување; проценка на дифузните извори на загадување, како и резиме на употребата на земјиштата; проценка на притисоците врз квантитативниот статус на водите вклучувајќи ги и црпењата; и анализа на други антрополошки влијанија врз статусот на водите; 3) идентификација, резиме на регистарот којшто содржи податоци за положбата и опис на правната регулатива според кои се определува како заштитено подрачје, како и картографски приказ на заштитените подрачја, и тоа: подрачја определени за експлоатација на вода наменета за консумирање од страна на човекот; подрачја определени за заштита на растителни и животински видови кои живеат или се зависни од вода, а се економски значајни; водни тела определени како води за рекреација, вклучувајќи ги и водите за капење; подрачја определени како чувствителни на нитрати и водните тела кои се чувствителни на испуштањето на урбани отпадни води; и подрачја определени како заштитено природно наследство; 4) картографски приказ на мрежите за мониторинг, како и картографски приказ на резултатите добиени од спроведувањето на мониторинг програмите за: еколошкиот и хемискиот статус на површинските води; хемискиот и квантитативниот статус на подземните води; заштитените подрачја; Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 7 од 9 листа на цели на животна средина за површински и подземни води и заштитени подрачја, вклучувајќи ги и случаите во кои се пристапува кон фазно достигнување на целите за водните тела, под услов да не се појави никакво дополнително влошување на состојбата на засегнатото водено тело, достигнување на помалку строги цели за животната средина отколку оние што се бараат, временото влошување на состојбата на водните тела доколку тоа е резултат на околностите од природен предизвикувач или од дејството на некоја виша сила што се исклучителни или кои не можеле разумно да бидат предвидени, или кога неостварувањето на добрата состојба на подземните води, добрата еколошка состојба или, каде што е релевантно, на добриот еколошки потенцијал на подземната вода или не спречувањето на влошувањето на состојбата на површинското водно тело или на подземното водно тело е резултат на новите модификации во физичките својства на површинското водно тело или на промените во нивото на подземните водни тела или кога не спречувањето на влошувањето од одлична состојба до добра состојба на едно површинско водно тело е резултат на новите дејства на одржливиот развој на човекот. 5) резиме на економската анализа за употреба на водата, земајќи ги во предвид трошоците поврзани со собирање на релевантните податоци, со која може: а) да се извршат неопходните релевантни пресметки, при што се земаат во предвид трошоците неопходни за покривање на водостопанските услуги, водејќи сметка за долгорочните предвидувања на понудата и побарувачката на вода во реонот на речниот слив и таму каде што е неопходно да се процени количеството, цените и трошоците направени со водостопанските услуги и да се процени релевантно инвестирање заедно со предвидувањето за тие инвестиции. б) да се донесе оценка за најрационалната комбинација на мерки во однос на намената на водата што треба да се вклучи во Програмата на мерки, засновани на проценките за потенцијалните трошоци за таквите мерки. 6) Резиме на Програмата на мерки и избраниот пристап со кој се постигнуваат целите на животна средина, и тоа: листа на мерки за заштита на водите; извештај за практичните начини и мерки за имплементација на принципот за надоместок на трошоци за употреба на води; листа на мерки за заштита на водите што се употребуваат за зафаќање на водата наменета за консумирање од страна на човекот; извештај за контролата на црпењето и зафаќањето на водите; мерки за контрола на точкастите извори на загадување и други извори на загадување кои влијаат на статусот на водите; мерки за заштита од директни испуштања во подземните води; мерки поврзани со заштитата од загадување со приоритетни супстанции; мерки за намалување на влијанието од индустриски несреќи; мерки во случај кога не можат да се постигнат целите на животната средина; и детални дополнителни мерки за постигнување на целите на животната средина; 7) регистар на деталните Програми на мерки за речниот подслив, економски сектор, или тип на води, заедно со резиме на нивната содржина; 8) резиме на учеството на јавноста, резултатите од учеството и промената на содржината на планот како резултат од учеството на јавноста во донесувањето на планот; 9) листа на државни органи и органите на локалната самоуправа, научни установи и институции и организации кои имаат правен интерес во управувањето со водите од речниот слив; и 10) контакт и постапка за добивање на подетални податоци. (2) Првата ажурирана верзија и сите последователни ажурирања на Планот, содржат и: резиме на промените и дополнувањата од последната верзија на Планот; Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 8 од 9 проценка на напредокот кон реализација на целите на животната средина, вклучувајќи го и презентирање на податоците добиени од мониторингот прикажани картографски и образложение на случаите во кои не се постигнати целите на животната средина; резиме и образложение на мерките кои биле предвидени во претходниот период, но кои не се презеле; и резиме на други привремени мерки кои во меѓувреме се преземени. Член 21 (1) Со цел прецизно презентирање на елементите утврдени во член 20 од овој правилник, Планот содржи и: 1. механизми за: координација и интеграција на Плановите и другите стратешки и развојни документи за управување со водите; координација и интеграција на Плановите и стратешки и развојни документи за управување со водите со другите релевантни Планови, стратегии и развојни документи; и овозможување учество на државните органи, научни установи и институции и организации кои имаат правен интерес, вклучувајќи ги и оние кои учествуваат во примената на планскиот документ, и со нивните активности можат да влијаат врз планирањето; 2. Податоци за конкретниот речен слив и тоа: кои ги покажуваат интегративните и консултативните аспекти на Планот и на процесот на неговото донесување; за прописите и за насоките за развој на управувањето со водите предвидени во Стратегијата за води и Водостопанската основа на Република Македонија; и релевантни податоци за негова имплементација. 3. Насоки за зајакнување на управувањето со водите на подрачјето на речниот слив, кои се засновани на: други релевантни стратешки документи, планови, програми вклучувајќи ги и оние кои се во надлежност на другите државни органи; податоците собрани од учеството и консултацијата на јавноста, вклучувајќи ги и податоците добиени од јавната расправа за меѓувремениот преглед на значајните прашања на управувањето со води идентификувани во конкретниот речен слив; податоците за оцена на влијанието, анализа на трошковната ефективноста за подрачјето на речниот слив, и податоците за стратешка оцена на влијанијата; и податоци за развојните документи за соседните подрачја на речен слив. 4. Податоци за државните органи и органите на локалната самоуправа и надлежности за преземање на мерките утврдени во Законот и Планот. Член 22 (1) Во Планот може да се предвидуваат и дополнителни детални планови и програми за: определен тип на водно тело; помала географска единица, (речен слив или подслив); определени аспекти на животната средина; или определени аспекти на употреба на вода. Службен весник на РМ, бр. 148 од 14.12.2009 година 9 од 9 (2) Државни органи и органите на локалната самоуправа треба да ги земаат во предвид деталните планови при остварување на нивната надлежност која влијае на подрачјето на речниот слив. (3) Листата на дополнителните планови и програми и нивното резиме се составен дел на Планот. (4) Деталните планови на ист начин се достапни за јавноста како што е достапен и Планот. Член 23 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 07-10490/1 Министер за животна средина 27 ноември 2009 година и просторно планирање, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р.

Regulation on the content and manner of preparation of river basin management plans · Nelum