Regulation on the conditions to be met by veterinary pharmacies, as well as on the manner of their work
Made 2016-01-25 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за условите кои треба да ги исполнуваат ветеринарните аптеки, како и начинот на работа.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- animal health, drugs, internal trade, transport/storage, good practices
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 16 од 1.2.2016 година 1 од 3 20160160525 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 45 став (2) од Законот за ветеринарно - медицински препарати („Службен весник на Република Македонија” бр. 42/10, 136/11 и 149/15), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ВЕТЕРИНАРНИТЕ АПТЕКИ, КАКО И НАЧИНОТ НА РАБОТА Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите кои треба да ги исполнуваат ветеринарните аптеки, како и начинот на работа. Член 2 Ветеринарната аптека во однос на објектот во кој што треба да биде сместена треба да ги исполнува следните услови: да е изграден од цврст материјал, градежно - технички погоден за намената за која е определен, со ѕидови, подови и плафони со мазни површини и изработени од материјал погоден за лесно чистење, а по потреба и за дезинфицирање; да е поврзан со комунална инфраструктура (водовод, канализација и електрична мрежа), а доколку објектот нема можност да се приклучи на постојнатa инфраструктура треба да има соодветен начин на водоснабдување и прифаќање на отпадните води и обезбедување на електрична енергија; да е заштитен од влијанијата на надворешната средина и соодветно климатизиран; да е обезбеден со соодветен пристап за прием и испорака на ветеринарно медицински препарати; и да има функционална поврзаност на просториите (хоризонтална и/или вертикална) за непречена работа во сите фази на прием, сместување, чување и испорака без ризик и можности за замена или мешање на ветеринарно - медицинските препарати. Член 3 Ветеринарната аптека потребно е да ги има следните простории: просторија за издавање на ветеринарно - медицински препарати (oficina); просторија за сместување и чување на ветеринарно - медицински препарати со соодветен режим на чување согласно упатство за употреба на ветеринарно - медицинските препарати; посебно обезбедена просторија или простор за сместување и чување на ветеринарно – медицинските препарати под посебни услови на чување и контрола (запаливи, експлозивни или токсични материи); санитарни простории; и гардероби. Член 4 Заради обезбедување на соодветно сместување и чување на препаратите во согласност со барањата на Фармакопеја и декларираните услови на чување, ветеринарната аптека треба да има соодветна опрема, и тоа: полици (отворени и затворени) изработени од материјал што лесно се чисти и дезинфицира; дрвени палети; Службен весник на РМ, бр. 16 од 1.2.2016 година 2 од 3 метален ормар со клуч за чување на опојни дроги и на препарати што содржат опојни дроги; ладна комора и/или ладилник за чување на препарати со посебен деклариран температурен режим на чување; метални ормари за чување на запаливи и експлозивни материи; термометар со отчитувач на температурата во секоја просторија одделно и за ладната комора, односно ладилникот, и друга опрема и прибор потребна за соодветно сместување и чување на ветеринарно медицинските препарати. Ако ветеринарнатата аптека врши промет на мало само со определена група на препарати, за истите треба да обезбеди соодветна опрема од став 1 на овој член, во зависност од видот на препаратот. Член 5 Ветеринарната аптека може да врши промет на мало со ветеринарно – медицински препарати доколку има во постојан работен однос најмалку еден доктор по ветеринарна медицина со лиценца за работа издадена од надлежниот орган – носител на дејност. Ветеринарната аптека доколку има потреба, покрај носителот на дејност - доктор по ветеринарна медицина, може да има вработено и ветеринарен техничар за вршење на техничките работи во аптеката. Член 6 При вршење на дејноста, ветеринарната аптека треба да има воведено систем на квалитет и организирани процеси на работа во согласност со начелата на добрата пракса на складирање. Член 7 Ветеринарната аптека редовно води и чува електронска или документирана евиденција за активностите поврзани со видот и количината на секој ветеринарно - медицински препарат, негова иденификација, датумот на прием, потекло и доколку е соодветно, крајниот корисник. Начинот на водење на евиденцијата треба да овозможи следливост на ветеринарно медицинските препарати, како и да овозможи нивно итно повлекување од промет доколку е потребно. Член 8 Ветеринарната аптека треба да води евиденција за набавените и издадените ветеринарно - медицински препарати, како и евиденција на ветеринарно - медицинските препарати кои се издаваат само на рецепт, за секоја влезна и излезна трансакција со следните податоци: (a) датум; (б) точен идентитет на ветеринарно - медицинските препарати; (в) број на серија на ветеринарно - медицинските препарати; (г) примена или испорачана количина; (д) име и адреса на добавувачот (веледрогерија) или примателот; и (ѓ) име и адреса на дипломираниот ветеринарен доктор кој го препишал ветеринарно медицинскиот препарат и копија од рецептот. Најмалку двапати годишно во ветеринарната аптека треба да се изврши ревизија на влезните и излезните податоци при што да се споредат со залихите во магацинот и да се забележат сите отстапувања. Службен весник на РМ, бр. 16 од 1.2.2016 година 3 од 3 Евиденцијата е достапна на Агенцијата за храна и ветеринарство за инспекциски надзор, согласно закон. Член 9 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за поблиските услови по однос на просторот, опремата и кадарот што треба да ги исполнува ветеринарната аптека и начинот на работа („Службен весник на Република Македонија” бр. 133/10). Член 10 Овој правилник влегува на сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-175/2 Директор на Агенција 25 јануари 2016 година за храна и ветеринарство, Скопје м-р Зоран Поповски, с.р.