Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the conditions, manner and procedure for implementation and enforcement of prohibitions on the use of certain by-products in animal nutrition, and special requirements to be fulfilled by these products in animal nutrition (import and export)

Made 2014-02-04 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за поблиските услови, начинот и постапката за спроведување и примена на забраните за употреба на одредени нуспроизводи во исхраната на животните, како и посебните услови кои треба да ги исполнуваат нуспроизводите во исхраната на животните при увоз и извоз.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock
Keywords
animal feed/feedstuffs, internal trade, international trade, authorization/permit
Categories
*

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 1 од 15 20140280947 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 12 став (3) и член 18 став (2) од Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ЗАБРАНИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ОДРЕДЕНИ НУСПРОИЗВОДИ ВО ИСХРАНАТА НА ЖИВОТНИТЕ, КАКО И ПОСЕБНИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ НУСПРОИЗВОДИТЕ ВО ИСХРАНАТА НА ЖИВОТНИТЕ ПРИ УВОЗ И ИЗВОЗ (*) ГЛАВА I ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на уредување Со овој правилник се пропишуваат поблиските услови, начинот и постапката за спроведување и примена на забраните за употреба на одредени нуспроизводи во исхраната на животните, како и посебните услови кои треба да ги исполнуваат нуспроизводите во исхраната на животните при увоз и извоз. Член 2 Забрана за употреба Нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати не се употребуваат: 1) за исхрана на копнени животни од одреден вид, со исклучок на крзнени животни, со преработени протеини од животинско потекло кои потекнуваат од телата или деловите од тела на животни од истиот вид; 2) за исхрана на фармски животни, со исклучок на крзнени животни, со помии или храна за животни која содржи или е добиена од помии; 3) за исхрана на фармски животни со трева, било директно со пасење или при исхрана со искосена трева од земјиште на кое биле нанесени органски ѓубрива или подобрувачи на својствата почва (фертилајзери), со исклучок на шталско ѓубриво, единствено доколку косењето или пасењето се одвива по истекот на периодот на чекање од најмалку 21 ден со кој се гарантира соодветна контрола на ризикот по јавното здравје и здравјето на животните и 4) хранење на фармски одгледувани риби со преработени животински проитеини добиени од тела или од делови од тела на фармски одгледувани риби од ист вид.  Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (EC) Бр 1069/2009 на Европскиот Парламент и Советот од 21 октомври 2009 која ги пропишува правилата за здравствена заштита кои се однесуваат на нус производи од животинско потекло кои не се наменети за човечка исхрана и ја повлекува Регулативата, 1774/2002 (Регулативата за нус производи од животинско потекло) (CELEX број 2009R1069), и Регулативата (ЕЗ) бр. 999/2001 на Европскиот парламент и на Советот од 22 мај 2001 година за утврдување правила за спречување, контрола и искоренување на одредени трансмисивни спонгиформни енцефалопа тии, (CELEX број 32001R0999). Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 2 од 15 Член 3 Забрана за употреба на одредени нуспрооизводи од животинско потекло при исхрана на животните 1) Не треба да се врши исхрана на преживари со протеини кои потекнуваат од животни. (2) Одредбата на став (1) од овој член се однесува и на другите животни освен преживари, а ограничувањето во однос на исхраната на другите животни со производи од животинско потекло се врши согласно одредбите од Глава II на овој правилник. (3) Одредбите од ставовите (1) и (2) од овој член се применуваат без оглед на исклучоците на забраните утврдени во Глава II на овој правилник, при што е дозволена исхрана на млади преживари со протеини добиени од риби. (4) При појава на ризик од Трансмисивни Спонгиоформни Енцефалопатии (ТСЕ) не треба да се врши извоз или складирање на храна наменета за домашни животни која содржи протеини од цицачи, или храна за животни наменета за цицачи, со исклучок на храна за кучиња, мачки и крзнени животни која содржи преработени протеини добиени од цицачи. Член 4 Проширување на забраната Одредбата од член 3 став (1) од овој правилник се применува и при исхраната на: 1) преживари, со дикалциум фосфат и трикалциум фосфат од животинско потекло и крмна смеса која содржи такви производи и 2) непреживни фармски животни, со исклучок на исхрана на крзнени животни со: а) преработени протеини од животинско потекло; б) колаген и желатин по потекло од преживари; в) производи од крв; г) хидролизирани протеини; д) дикалциум фосфат и трикалциум фосфат од животинско потекло и ѓ) храна за животни која содржи протеини од под точките а), б), в), г) и д) на оваа точка. ГЛАВА II УСЛОВИ ЗА ПРИМЕНА НА ИСКЛУЧОЦИТЕ ОД ЗАБРАНИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 5 Исклучоци и посебни услови во однос на забраните за употреба на одредени нуспрооизводи од животинско потекло Одредбите од член 3 став (1) и член 4 на овој правилник не се применуваат при исхрана на: 1) преживари со: а) млеко, производи на база на млеко, производи добиени од млеко, колострум и производи од колострум; б) јајца и производи од јајца; в) колаген и желатин добиени од непреживари; в) хидролизирани протеини добиени од делови од непреживари или од кожи и поткожје на преживари и Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 3 од 15 г) крмни смеси кои содржат производи од под точките а), б), в) и на оваа точка. 2) непреживни фармски животни, доколку се хранат со нуспроизводи кои ги содржат следните суровини за храна за животни и крмни смеси: а) хидролизирани протеини добиени од делови од непреживари или од кожа и поткожје на преживари; б) рибино брашно и крмни смеси кои содржат рибино брашно кои се произведени, ставени во промет и се употребуваат согласно општите условите утврдени во членовите 6, 7, 8 и 9 на овој правилник и поблиските услови утврдени во член 10 на овој правилник; в) дикалциум фосфат и трикалциум фосфат со потекло од животните и крмни смеси кои содржат такви фосфати кои се произведени, ставени во промет и се употребуваат согласно општите услови утврдени во членовите 6, 7, 8 и 9 на овој правилник и поблиските услови утврдени во член 11 на овој правилник и г) производи од крв добиени од непреживари и крмни смеси кои содржат такви производи од крв кои се произведени, ставени во промет и се употребуваат согласно општите услови утврдени во членовите 6, 7, 8 и 9 на овој правилник и поблиските услови утврдени во член 12 на овој правилник. 3) аквакултура, со преработени протеини од животинско потекло, со исклучок на рибино брашно, добиени од непреживари и крмни смеси кои содржат такви преработени протеини од животинско потекло кои се произведени, ставени во промет и се употребуваат согласно општите услови утврдени во членовите 6, 7, 8 и 9 на овој правилник и поблиските услови утврдени во член 13 на овој правилник; 4) неодбиени преживари, со замени за млеко кои содржат рибино брашно кои се произведени, ставени во промет и се употребуваат согласно општите услови утврдени во членовите 6, 7, 8 и 9 на овој правилник и поблиските услови утврдени во член 14 на овој правилник и 5) фармски животни, со суровини за храна за животни со растително потекло и крмни смеси кои содржат суровини за храна за животни кои содржат незначителни количини на делови од коски добиени од животински видови кои не се дозволени. Ваквата храна може да се користи единствено по спроведена процена на ризик со која ќе се потврди дека постои незначителен ризик по здравјето на животните. При процената на ризикот треба да се земе во предвид најмалку: а) нивото на контаминација; б) природата и изворот на контаминација и в) предвидената употреба на контаминираната храна. Член 6 Транспорт на храна за животни и крмни смеси наменети за исхрана на непреживни фармски животни (1) Во возила и контејнери кои не се користат за транспорт на храна наменета за преживари треба да се транспортираат следниве нуспроизводи наменети да се користат за исхрана на непреживни фармски животни: 1) преработени животински протеини во рифузно пакување, вклучувајќи и рибино брашно, добиени од непреживари ; 2) дикалциум и трикалциум фосфат од животинско потекло во рифузно пакување; 3) производи од крв добиени од непреживари во рифузно пакување и 4) крмни смеси кои содржат суровини за храна за животни од точките 1), 2) и 3) од овој став во рифузно пакување. Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 4 од 15 (2) Операторот кој врши транспорт на нуспроизводи наменети да се користат за исхрана на непреживни фармски животни треба да ја чува евиденцијата со детали за видот на производите кои се транспортираат за период од најмалку две години и да му ја достави на увид на официјалниот ветеринар на негово барање. (3) По исклучок од ставот (1) од овој член, возилата и контејнерите кои биле користени за транспорт на производите од став (1) на овој член, може дополнително да се користат за транспорт на храна наменета за преживари под услов однапред да се чистат со цел да се избегне вкрстена контаминација, во согласност со документирана процедура која е во согласност со барањата утврдени во прописите од областа на безбедноста и хигиената на храната. При користење на оваа постапка, истата треба да се документира од страна на операторот кој го врши транспорт на нуспроизводите, а документите треба да ги чува за период од најмалку две години и да бидат доставени на увид на официјалниот ветеринар на негово барање. (4) Преработените животински протеини во рифузно пакување добиени од непреживари и суровини за храна за животни во рифузно пакување кои содржат преработени животински протеини добиени од такви животни се транспортираат во возила и контејнери кои не се користат за транспорт на храна наменета за непреживни фармски животни, со исклучок на аквакултура. (5) По исклучок од став (4) на овој член, возилата и контејнерите кои биле користени за транспорт на производите од ставот (4) на овој член може дополнително да се користат за транспорт на храна наменета за непреживни фармски животни, со исклучок на аквакултура, под услов тие однапред да се чистат со цел да се избегне вкрстена контаминација, во согласност со документирана процедура која е во согласност со барањата утврдени во прописите од областа на безбедноста и хигиената на храната. При користење на оваа постапка, истата треба да се документира од страна на операторот кој врши транспорт на нуспроизводите, а документите треба да ги чува за период од најмалку две години и да бидат доставени на увид на официјалниот ветеринар на негово барање. Член 7 Производство на крмни смеси наменети за користење за исхрана на непреживни фармски животни (1) Крмните смеси наменети за исхрана на непреживни фармски животни, а кои ги содржат следните суровини за храна за животни, треба да бидат произведени во објекти кои не произведуваат крмни смеси за преживари, и кои се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст Агенцијата) согласно член 27 од Законот за безбедност на храната за животни (*1): 1) рибино брашно; 2) дикалциум и трикалциум фосфат од животинско потекло и 3) производи од крв добиени од непреживари . (2) По исклучок од став (1) на овој член, за производството на крмни смеси за преживари во објекти кои исто така произведуваат крмни смеси за непреживни фармски животни кои содржат производи од став (1) на овој член, ќе се одобри од страна на Агенцијата согласно член 27 од Законот за безбедност на храната за животни (*1), по спроведена инспекција на лице место, доколку се исполнети следниве услови: 1) крмните смеси наменети за преживари се произведени и чувани за време на складирањето, транспортот и пакувањето во објекти кои се физички одвоени од оние објекти каде што се произведуваат и чуваат крмни смеси за непреживари; Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 5 од 15 2) евиденцијата со детали за набавката и употребата на производите од точка 1) на овој став и продажбата на крмните смеси кои содржат вакви производи треба да се чува за период од најмалку пет години и да му се достави на увид на официјалниот ветеринар на негово барање; 3) се спроведува редовно земање мостри и анализа на крмните смеси наменети за исхрана на преживари со цел да се потврди отсуството на неодобрени супстанции од животинско потекло со користење на методи на анализа за одредување на состојките од животинско потекло за контрола на храната за животни утврдени во Прилог 6 од Правилникот за начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни(2). Фреквенцијата на земање мостри и анализи се утврдува врз основа на проценка на ризикот спроведена од страна на операторот кој произведува крмни смеси како дел од неговиот Систем за анализа на опасности и критични контролни точки (HACCP). Резултатите од земаните примероци и анализи треба да се чуваат за период од најмалку пет години и да му се дадат на увид на официјалниот ветеринар на негово барање. (3) По исклучок од став (1) на овој член, не се врши посебно одобрување за производство на комплетна храна за животни од крмна смеса која содржи производи од став (1) на овој член за операторите кои вршат мешање на храната за животни за сопствени потреби доколку се во согласност со следниве услови: 1) се регистрирани од Агенцијата ; 2) чуваат само непреживари; 3) произведуваат крмни смеси за употреба само во истото одгледувалиште; 4) крмните смеси кои содржат рибино брашно и се користат во производството на комплетна храна за животни содржат помалку од 50 % сурови протеин; 5) крмните смеси кои содржат дикалциум и трикалциум фосфат од животинско потекло кои се користат во производството на комплетна храна за животни содржат помалку од 10 % вкупно фосфор и 6) крмните смеси кои содржат производи од крв добиени од непреживари се користат во производството на комплетна храна за животни содржат помалку од 50 % вкупно протеини. Член 8 Увоз на суровини за храна за животни и крмни смеси наменети за исхрана на непреживни фармски животни, со исклучок на крзнени животни Пред ставање во промет, увозниците треба да обезбедат дека секоја пратка од следниве суровини за храна за животни и крмни смеси, кои се наменети да се користат за исхрана на непреживни фармски животни, со исклучок на крзнени животни, во согласност со член 5 од овој правилник, се анализира во согласност со методите на анализа за одредување на состојките од животинско потекло за контрола на храната за животни утврдени во Прилог 6 од Правилникот за начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни (*2), со цел да се потврди отсуството на неодобрени супстанции од животинско потекло: 1) преработени животински протеини, вклучувајќи и рибино брашно, добиено од непреживари; 2) производи од крв добиени од непреживари и 3) крмни смеси кои содржат суровини за храна за животни од точките 1) и 2) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 6 од 15 Член 9 Употреба и складирање на фарми на храна за животни наменета за исхрана на непреживни фармски животни (1) Не може да се употребуваат и складираат следните видови храна за животни на фарми за чување на фармски животни од видови за кои таквата храна за животни не е наменета за: 1) преработени животински протеини, вклучувајќи и рибино брашно, добиени од непреживари; 2) дикалциум и трикалциум фосфат од животинско потекло; 3) производи од крв добиени од непреживари и 4) крмни смеси кои содржат суровини за храна за животни од точките 1), 2) и 3) на овој став. (2) По исклучок на став (1) од овој член, може да се одобри употреба и складирање на крмни смеси од став (1) точка 4) на овој член на фарми за чување на фармски животни од видови за кои таквата храна за животни не е наменета, под услов на фармите да се спроведуваат мерки за да се спречи ваквите крмни смеси да се користат за исхрана на животински видови за кои не се наменети. Член 10 Поблиски услови кои се применуваат при производство и употреба на рибино брашно и крмни смеси кои содржат рибино брашно наменети за исхрана на непреживни фармски животни, со исклучок на крзнени животни При производство и употреба на рибино брашно и крмни смеси кои содржат рибино брашно наменети за исхрана на непреживни фармски животни, со исклучок на крзнени животни, треба да бидат исполнети следните услови: 1) рибиното брашно треба да е произведено во објекти за преработка наменети исклучиво за производство на производи добиени од аквакултура, со исклучок на морски цицачи и 2) пропратниот комерцијален документ, или здравствениот сертификат, како што е соодветно, за рибиното брашно и крмни смеси кои содржат рибино брашно и секое пакување кое содржи такви производи треба да бидат јасно означени со зборовите “содржи рибино брашно - не треба да се користи за исхрана на преживари”. Член 11 Поблиски услови кои се применуваат при употреба на дикалциум и трикалциум фосфат со животинско потекло и крмни смеси кои содржат такви фосфати наменети за исхрана на непреживни фармски животни, со исклучок на крзнени животни Пропратниот комерцијален документ, или здравствениот сертификат, како што е соодветно, за дикалциум и трикалциум фосфат со животинско потекло и крмни смеси кои содржат такви фосфати и секое пакување кое содржи такви производи треба да бидат јасно означени со зборовите “содржи дикалциум/трикалциум фосфат со животинско потекло - не треба да се користи за исхрана на преживари”. Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 7 од 15 Член 12 Поблиски услови кои се применуваат при производство и употреба на производи од крв добиени од непреживари и крмни смеси кои содржат такви производи наменети за исхрана на непреживни фармски животни, со исклучок на крзнени животни При производството и употребата на производи од крв добиени од непреживари и за крмни смеси кои содржат такви производи од крв наменети да се користат за исхрана на непреживни фармски животни, со исклучок на крзнени животни треба да се применуваат следниве поблиски услови: 1) крвта наменета за производство на производи од крв треба да е добиена во кланици во кои не се врши колење на преживари и кои се регистрирани од Агенцијата дека не колат преживари. 2) по исклучок на одредбите од точка 1) на овој член, може да се одобри колење на преживари во кланица за производство на крв од непреживари наменета за производство на производи од крв за употреба во храна за непреживни фармски животни единствено доколку спроведените инспекции кои се однесуваат на ефективноста на мерките за спречување на вкрстена контаминација помеѓу крв од преживари и непреживари ги задоволат барањата утврдени во прописите од областа на безбедноста и хигиената на храната. Мерките за спречување на вкрстена контаминација ги вклучуваат следниве минимални услови : а) колењето на непреживари се врши на линии кои се физички одвоени од линиите кои се користат за колење на преживари; б)просториите за собирање, складирање, транспорт и пакување на крвта со потекло од непреживари се одвоени од оние што се користат за крвта со потекло од преживари; в) се спроведува редовно земање мостри и анализа на крвта со потекло од непреживари за да се открие присуство на протеини на преживари. Методот на анализа треба да е научно потврден за таа намена. Фреквенцијата на земање примероци и анализи се утврдува врз основа на проценка на ризикот спроведен од страна на операторот кој произведува крв за производство на производи од крв, како дел од неговите постапки засновани на Анализа на опасности и критични контролни точки (HACCP принципи). 3) Крвта наменетa за производство на производи од крв за непреживари се транспортира до објектот за преработка во возила и контејнери наменети исклучиво за транспорт на крв од непреживари. 4) По исклучок од точка 3) од овој член, возилата и контејнерите кои биле користени за транспорт на крв добиени од преживари можат да се користат за транспорт на крв од непреживари под услов претходно темелно да се исчистат со цел да се избегне вкрстена контаминација во согласност со документирана постапка која е во согласност со барања утврдени во прописите од областа на безбедноста и хигиената на храната. При користење на оваа постапка, истата треба да се документира од страна на операторот којврши транспорт на ваквите производи, а документите треба да се чуваат за период од најмалку две години и да бидат доставени на увид на официјалниот ветеринар на негово барање. 5) Производите од крв треба да се произведени во објекти за преработка наменети исклучиво за преработка на крв од непреживари. 6) По исклучок на точка 5) од овој член, може да се дозволи производство на производи од крв за употреба во храна за непреживни фармски животни во објекти за преработка на крв од преживари единствено доколку спроведените инспекции кои се однесуваат на ефективноста на мерките за спречување на вкрстена контаминација помеѓу крвта од преживари и непреживари ги задоволат барањата утврдени во прописите од областа на Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 8 од 15 безбедноста и хигиената на храната. Мерките за спречување на вкрстена контаминација ги вклучуваат следниве минимални услови: а) производството на производи од крв на непреживари се врши во затворен систем кој се чува физички одделен од оној што се користи за производство на производи од крв од преживари; б) просториите за собирање, складирање, транспорт и пакување за суровини и готови производи во рифузно пакување со потекло од непреживари се одвоени од оние за суровини и готови производи во рифузно пакување со потекло од преживари; в) се применува процес на порамнување помеѓу пристигнатата крв добиена од преживари и непреживари и соодветно добиените производи од крв и г) се спроведува редовно земање мостри и анализа на производите од крв со потекло од непреживари со цел да се потврди отсуството на вкрстена контаминација со производи од крв со потекло од преживари со користење на методи на анализа за одредување на состојките од животинско потекло за контрола на храната за животни утврдени во Прилог 6 од Правилникот за начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни(*2). Фреквенцијата на земање мостри и анализа се утврдува врз основа на проценка на ризикот спроведена од страна на операторот кој врши производство на производи од крв како дел од неговиот Систем за анализа на опасности и критични контролни точки (HACCP). Резултатите од таквите земени примероци и анализи треба да се чуваат за период од најмалку пет години и да му се дадат на увид на официјалниот ветеринар на негово барање. 7) Пропратниот комерцијален документ, или здравствениот сертификат, како што е соодветно, за производите од крв и крмните смеси кои содржат производи од крв и секое пакување кое содржи такви производи треба да бидат јасно означени со зборовите “содржи производи од крв - не треба да се користи за исхрана на преживари”. Член 13 Поблиски услови кои се применуваат при производство и употреба на преработени животински протеини, со исклучок на рибино брашно добиени од непреживари и крмни смеси кои содржат такви преработени животински протеини наменети за исхрана на аквакултура При производството и употребата на преработени животински протеини, со исклучок на рибино брашно добиени од непреживари и крмни смеси кои содржат такви преработени животински протеини наменети за исхрана на аквакултура треба да ги исполнуваат следниве поблиски услови : 1) Нуспроизводите од животинско потекло наменети за производство на преработени животински протеини треба да бидат добиени или од кланици кои не вршат колење на преживари и кои се регистрирани од Агенцијата дека не колат преживари или од објекти за расекување кои не вршат обескостување или расекување на месо од преживари. 2) По исклучок на точка 1) од овој член, може да се одобри колење на преживари во кланица која произведува нуспроизводи од животинско потекло од непреживари наменети за производство на преработени животински протеини од овој член единствено доколку спроведените инспекции кои се однесуваат на ефективноста на мерките за спречување на вкрстена контаминација помеѓу нуспроизводите од животинско потекло од преживари и непреживари ги задоволат барањата утврдени во прописите од областа на безбедноста и хигиената на храната.. Мерките за спречување на вкрстена контаминација ги вклучуваат следниве минимални услови: Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 9 од 15 а) колењето на непреживарите се врши на линии кои се физички одвоени од линиите кои се користат за колење на преживари; б) просториите за собирање, складирање, транспорт и пакување на нуспроизводите од животинско потекло со потекло од непреживари се одвоени од оние што се користат за нуспроизводи од животинско потекло од преживари; в) се спроведува редовно земање мостри и анализа на нус производите од животинско потекло од непреживари за да се открие присуството на протеини на преживари. Методот на анализа треба да е научно потврден за таа намена. Фреквенцијата на земање примероци и анализи се утврдува врз основа на проценка на ризикот спроведен од страна на операторот кој врши производство на преработени животински протеини, како дел од неговите постапки засновани на Анализа на опасности и критични контролни точки (HACCP принципи). 3) Нуспроизводите од животинско потекло од непреживари наменети за производство на преработени животински протеини се транспортираат до објектот за преработка во возила и контејнери кои не се користат за транспорт на нуспроизводи од животинско потекло од преживари. 4) По исклучок на точка 3) од овој член, нуспроизводите од животинско потекло од непреживари наменети за производство на преработени животински протеини можат да се транспортираат во возила и контејнери кои биле користени за транспорт на нуспроизводи од животинско потекло добиени од преживари под услов тие возила и контејнери претходно да се исчистени, со цел да се избегне вкрстена контаминација во согласност со документирана процедура која е во согласност со барањата утврдени во прописите од областа на безбедноста и хигиената на храната. При користење на оваа постапка, истата треба да се документира од страна на операторот кој врши транспорт на нуспроизводите, а документите треба да ги чува за период од најмалку две години и да бидат доставени на увид на официјалниот ветеринар, на негово барање. 5) Преработените животински протеини од овој член треба да се произведени во објекти за преработка наменети исклучиво за преработка на нуспроизводи од животинско потекло од непреживари добиени од кланици и објекти за расекување од точка 1) на овој член. 6) По исклучок на точка 5) од овој член, може да се дозволи производство на преработени животински протеини од овој член во објекти за преработка на нуспроизводи од преживари единствено доколку спроведените инспекции кои се однесуваат на ефективноста на мерките за спречување на вкрстена контаминација помеѓу преработени животински протеини со потекло од преживари и преработени животински протеини со потекло од непреживари ги задоволат барањата утврдени во прописите од областа на безбедноста и хигиената на храната. Мерките за спречување на вкрстена контаминација ги вклучуваат следниве минимални услови : а) производството на преработени животински протеини добиени од преживари се врши во затворен систем кој се чува физички одделен од оној што се користи за производство на преработени животински протеини од овој член; б) чувањето на нуспроизводите добиени од преживари за време на складирањето и транспортот се врши во физички одвоени простории од оние за нуспроизводи добиени од непреживари; в) чувањето на преработени животински протеини добиени од преживари за време на складирање и пакување се врши во физички одвоени простории од оние кои се користат за крајни производи добиени од непреживари и г) се спроведува редовно земање мостри и анализа на преработени животински протеини од овој член со цел да се потврди отсуството на вкрстена контаминација со Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 10 од 15 преработени животински протеини од преживари со користење на методи на анализа за одредување на состојките од животинско потекло за контрола на храната за животни утврдени во Правилникот за начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни. Фреквенцијата на земање мостри и анализи се утврдува врз основа на проценка на ризикот спроведена од страна на операторот кој врши производство на преработени животински протеини како дел од неговиот Систем за анализа на опасности и критични контролни точки (HACCP). Резултатите од земените примероци и анализи треба да се чуваат за период од најмалку пет години и да му се дадат на увид на официјалниот ветеринар на негово барање. 7) Крмните смеси кои содржат преработени животински протеини од овој член треба да бидат произведени во објекти одобрени за таа цел од страна на Агенцијата согласно член 27 од Законот за безбедност на храната за животни(*1) и кои се наменети исклучиво за производство на храна за аквакултура . 8) По исклучок од точка 7) на овој член: а) производството на крмни смеси за аквакултура во објекти кои исто така произведуваат и крмни смеси наменети за други фармски животни, со исклучок на крзнени животни, ќе биде одобрено од Агенцијата, по инспекција на лице место, со која ќе се утврди усогласување со следниве услови : крмните смеси наменети за преживари се произведени и чуваат за време на складирањето, транспортот и пакувањето во објекти кои се физички одвоени од оние објекти каде што се произведени и се чуваат крмните смеси за непреживари; крмните смеси наменети за аквакултура се произведени и се чуваат за време на складирањето, транспортот и пакувањето во објекти кои се физички одвоени од оние објекти каде што се произведени и се чуваат крмните смеси за други непреживари; евиденција со детали за купување и употреба на преработени животински протеини од овој член и продажба на крмни смеси кои содржат такви протеини се чува и се дава на увид на официјалниот ветеринар за период од најмалку пет години и се спроведува редовно земање мостри и анализа на крмните смеси наменета за фармски животни, со исклучок на аквакултура, со цел да се потврди отсуството на неодобрени супстанции од животинско потекло со користење на методи на анализа за одредување на состојките од животинско потекло за контрола на храната за животни утврдени во Прилог 6 од Правилникот за начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни(*2). Фреквенцијата на земање мостри и анализи се утврдува врз основа на проценка на ризикот спроведена од страна на операторот кој произведува крмни смеси како дел од неговиот Систем за анализа на опасности и критични контролни точки (HACCP). Резултатите треба да се чуваат за период од најмалку пет години и да му се дадат на увид на официјалниот ветеринар на негово барање. б) Не е потребно посебно одобрување за производство на комплетна храна за животни од крмни смеси кои содржат преработени животински протеин од овој член за операторите кои вршат мешање на храната за животни за сопствени потреби доколу се во согласност со следниве услови: се регистрирани од страна на Агенцијата, чуваат само аквакултура, произведуваат комплетна храна за аквакултура само за употреба во истото одгледувалиште и крмните смеси кои содржат преработени животински протеини од овој член кои се користат во нивното производство треба да содржат помалку од 50 % сурови протеини; Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 11 од 15 9) Пропратниот комерцијален документ, или здравствениот сертификат, како што е соодветно, на преработени животински протеини од овој член и секое пакување треба да бидат јасно означени со зборовите “преработени животински протеини од непреживари не треба да се користи за исхрана на фармски животни, со исклучок на акавакултура и крзнени животни”. 10) Придружниот комерцијален документ или здравствениот сертификат, како што е соодветно, на крмните смеси за аквакултура кои содржат преработени животински протеини од овој член и секое пакување треба да бидат јасно означени со следните зборови: "содржи преработени животински протеини добиени од непреживари - не треба да се користи за исхрана на фармски животни, со исклучок на аквакултура и крзнени животни”. Член 14 Поблиски услови кои се применуваат при производство, ставање во промет и употреба на замени за млеко кои содржат рибино брашно наменети за исхрана на неодбиени преживари При производство, ставање во промет и употреба на замени за млеко кои содржат рибино брашно наменети за исхрана на неодбиени животни од видот преживари треба да се применуваат следниве услови : 1) Рибиното брашно кое се користи во замените за млеко е произведено во објект за преработка кој е исклучиво наменет за производство на производи добиени од аквакултура, со исклучок на морски цицачи, а е во согласност со општите услови утврдени во членовите 6, 7, 8 и 9 од овој правилник. 2) Употребата на рибино брашно за неодбиени фармски животни од видот преживари е дозволено е само за производство на замени за млеко, дистрибуирани во сува форма и по растварање во одредено количество на течност, наменето за исхрана на неодбиени преживари како дополна, или замена на пост-колостралното млеко пред завршување на одбивањето; 3) Замените за млеко кои содржат рибино брашно наменето за неодбиени фармски животни од видовите на преживари се произведени во објекти кои не произведуваат други крмни смеси за преживари и кои се одобрени за таа цел од Агенцијата согласно член 27 од Законот за безбедност на храната за животни(*1); 4) По исклучок од точка 3) на овој член производството на други крмни смеси за преживари во објекти кои произведуваат и замени за млеко кои содржат рибино брашно наменето за неодбиени фармски животни од видовите на преживари може да се одобри доколку: а) другите крмни смеси наменети за преживари се чуваат во простории кои се физички одвоени од оние за рибино брашно и замени за млеко во рифузно пакување кои содржат рибино брашно за време на складирање, транспорт и пакување; б) другите крмни смеси наменети за преживари се произведуваат во простории физички одвоени од просториите каде се произведуваат замените за млеко кои содржат рибино брашно; в) записите со поединости за набавките и употребата на рибиното брашно и продажбата на замените за млеко кои содржат рибино брашно се чуваат најмалку пет години и се достапни на барање на официјалниот ветеринар и г) се спроведува редовно земање мостри и анализа на другите крмни смеси наменети за исхрана на преживари со цел да се потврди отсуството на неодобрени супстанции од животинско потекло со користење на методи на анализа за одредување на состојките од животинско потекло за контрола на храната за животни утврдени во Прилог 6 од Правилникот за начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 12 од 15 лабораториски анализи на храната за животни(*2). Фреквенцијата на земање мостри и анализа се утврдува врз основа на проценка на ризикот спроведена од страна на операторот кој произведува крмни смеси како дел од неговиот Систем за анализа на опасности и критични контролни точки (HACCP). Резултатите од таквите земени примероци и анализи треба да се чуваат за период од најмалку пет години и да бидат дадени на увид на официјалниот ветеринар на негово барање. 5) Пред ставање во промет, увозниците треба да обезбедат дека секоја пратка на увезена замена за млеко која содржи рибино брашно е анализирана во согласност со методите на анализа за одредување на состојките од животинско потекло за контрола на храна за животни утврдени во Прилог 6 од Правилникот за начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни (*2), со цел да се потврди отсуството на неодобрени супстанции од животинско потекло. 6) Комерцијалниот документ кој ги придружува замените за млеко кои содржат рибино брашно наменети за неодбиени фармски животни од видовите на преживари, и секое пакување кое содржи такви пратки, мора да бидат јасно означени со зборовите “содржи рибино брашно – не смее да се користи за исхрана на преживари, со исклучок на неодбиени преживари”. 7) Замените за млеко кои содржат рибино брашно во рифузно пакување наменети за неодбиени фармски животни од видовите на преживари се транспортираат со возила и контејнери кои не се користат за друга храна за животни наменета за преживари. 8) По исклучок на точка 7) од овој член, возилата и контејнерите кои подоцна ќе бидат користени за транспорт на друга храна во рифузно пакување наменета за преживари може да се користат за транспорт на замени за млеко во рифузно пакување кои содржат рибино брашно наменето за одбиени фармски животни од видовите на преживари под услов такви возила и контејнери однапред да се исчистени со цел да се избегне вкрстена контаминација во согласност со документирана процедура која е во согласност со барањата утврдени во прописите од областа на безбедноста и хигиената на храната. При користење на оваа постапка, истата треба да се документира од страна на операторот кој врши транспорт на нуспроизводите, а документите треба да ги чуваат за период од најмалку две години и да бидат дадени на увид на официјалниот ветеринар на негово барање. Член 15 Транспорт на суровини за храна за животни и крмни смеси кои содржат производи добиени од преживари (1) Суровините за храна за животни и крмните смеси во рифузно пакување кои содржат производи добиени од преживари се транспортираат во возила и контејнери кои не се користат за транспорт на храна за животни наменета за фармски животни, со исклучок на крзнени животни. (2) По исклучок од став (1) на овој член може да се врши транспорт во возила и контејнери кои се користат за транспорт на храна за животни наменета за фармски животни, со исклучок на крзнени животни на: 1) млеко, производи на база на млеко, производи добиени од млеко, колострум и производи од колострум; 2) дикалциум фосфат и трикалциум фосфат од животинско потекло и 3) хидролизирани протеини добиени од кожа и поткожје на преживари. (3) По исклучок од ставовите (1) и (2) на овој член, возилата и контејнерите кои биле користени за транспорт на суровини за храна за животни и крмни смеси во рифузно пакување од ставовите (1) и (2) на овој член, може дополнително да се користи за Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 13 од 15 транспорт на храна за животни наменета за фармски животни, со исклучок на крзнени животни, под услов однапред да се чистат со цел да се избегне вкрстена контаминација, во согласност со документирана процедура во согласност со барањата утврдени во прописите од областа на безбедноста и хигиената на храната. При користење на оваа постапка, истата треба да се документира од страна на операторот кој врши транспорт на нуспроизводите, а документите треба да ги чува за период од најмалку две години и да бидат доставени на увид на официјалниот ветеринар на негово барање. Член 16 Производство на крмни смеси кои содржат производи добиени од преживари (1) Крмните смеси кои содржат производи добиени од преживари не треба да се произведени во објекти кои произведуваат храна за фармски животни, со исклучок на крзнени животни. (2) По исклучок од став (1) на овој член, можат да се произведуваат крмни смеси во објекти кои произведуваат храна за фармски животни, со исклучок на крзнени животни од: 1) млеко, производи на база на млеко, производи добиени од млеко, колострум и производи од колострум; 2) дикалциум фосфат и трикалциум фосфат од животинско потекло и 3) хидролизирани протеини добиени од кожа и поткожје на преживари. Член 17 Користење и складирање на фарми на суровини за храна за животни и крмни смеси за фармски животни кои содржат производи добиени од преживари (1) На треба да се употребуваат и складираат суровини за храна за животни и крмни смеси за фармски животни кои содржат производи добиени од преживарина фарми каде се чуваат фармски животни, со исклучок на крзнени животни. (2) По исклучок од став (1) на овој член, можат да се употребуваат и складираат следниве суровини за храна за животни и крмни смеси за фармски животни кои содржат производи добиени од преживари на фарми каде се чуваат фармски животни, со исклучок на крзнени животни: 1) млеко, производи на база на млеко, производи добиени од млеко, колострум и производи од колострум; 2) дикалциум фосфат и трикалциум фосфат од животинско потекло и 3) хидролизирани протеини добиени од кожа и поткожје на преживари. Член 18 Извоз на преработени животински протеини и производи што содржат такви протеини (1) Извоз на преработени животински протеини добиени од преживари , и на производи што содржат такви протеини не може да се врши. (2) По исклучок на став (1) од овој член, може да се дозволи извоз на преработена храна за домашни миленици вклучувајќи и конзервирана храна за домашни миленици која содржи преработени животински протеини добиени од преживари кои претрпеле третман означен во согласност со националното законодавството. Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 14 од 15 (3) Извозот на преработени животински протеини добиени од непреживари и на производи што содржат такви протеини е предмет на усогласување со следниве услови: 1) тие се наменети за употреба која не е забранета со овој правилник и 2) склучен е писмен договор пред извозот помеѓу Агенцијата и надлежниот орган на земјата увозник кој вклучува превземање на обврската од земјата увозник да ја почитува намената за употреба и да не изврши повторен извоз на преработените животински протеини или производи кои содржат такви протеини за употреба забранета со овој правилник. (4) Склучениот писмен договор во согласност со став (3) точка 2) од овој член треба да биде презентиран во рамките на Постојаниот комитет за синџирот на храна и здравјето на животните . (5) Одредбите од ставовите (1), (2) и (3) од овој член не се применува за извоз на: 1) рибино брашно и крмни смеси кои содржат рибино брашно; 2) крмни смеси наменети за аквакултура и 3) храна за домашни миленици. ГЛАВА III ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 19 Одложена примена Одредбата од член 18 став (4) ќе започне да се применува со денот на пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија. Член 20 Престанок на важење Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за поблиските услови, начинот и постапката за спроведување и примена на забраните за употреба на одредени нуспроизводи во исхраната на животните и одредени технички производи од нуспроизводи од животинско потекло (Службен весник на Република Македонија бр. 121/10). Член 21 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија” . Бр.02-1507/1 Министер за земјоделство, 4 февруари 2014 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. (*1) Закон за безбедност на храната за животни (“Службен весник на РМ” бр. 145/10) е усогласен со Регулативата (EC) Бр. 2005/183/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 12 јануари 2005 година со која се утврдуваат условите за хигиена на храната за животни (CELEX број 32005R0183). Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година 15 од 15 (*2) Правилник за начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни е усогласен со Регулативата на Кoмисијата (ЕК) 152/2009 со која се пропишуваат начините на земање мостри и анализи за целите на службените контроли на храна за животни (CELEX број 32009R0152).

Regulation on the conditions, manner and procedure for implementation and enforcement of prohibitions on the use of certain by-products in animal nutrition, and special requirements to be fulfilled by these products in animal nutrition (import and export) · Nelum