Regulation on the conditions for veterinary service holdings
Made 2008-04-09 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за условите што треба да ги исполнува ветеринарската служба на одгледувалиште.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- hygiene/sanitary procedures, education, animal welfare
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
„Службен весник на РМ“ бр. 54 од 24.04.2008 година 1 од 3 20080540959 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 44 став (4) од Законот за ветеринарно здравство (“Службен весник на Република Македонија“ број 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА ВЕТЕРИНАРСКАТА СЛУЖБА НА ОДГЛЕДУВАЛИШТЕ Член 1 (1) Со овој правилник се пропишуваат условите кои треба да ги исполнува објектот, просториите и опремата на ветеринарна служба на одгледувалиште. Член 2 Ветеринарната служба на одгледувалиште (во натамошен текс: ветеринарна служба) треба да биде сместена во посебен објект во рамките на одгледувалиштето, или во управниот објект на одгледувалиштето во ограден економски двор, или просторија која е физички одвоен дел од производниот сточарски објект со посебен влез. Член 3 (1) Објектот во кој е сместена ветеринарната служба треба да има најмалку: 1. просторија за ветеринарните работници; 2. просторија или простор за преглед и лечење на животните; 3. просторија или простор за извршување на основните лабораториски испитувања и патоанатомско испитување; 4. просторија или простор за чистење, перење и стерилизација на инструментите и другиот прибор и помагала; 5. просторија за складирање на ветеринарно медицинските препарати и другиот санитетски материјал; 6. посебен санитарен чвор со гардероба за ветеринарните работници. (2) Просторот за преглед и лечење на животните, за извршување на основните лабораториски и патоанатомски испитувања и просторот за чистење, перење и стерилизација на инструментите и другиот прибор и помагала може да се смести во една заедничка или повеќе простории. (3) По исклучок од став 2 на овој член просторот за преглед и лечење на животните како и просторот за патоанатомските испитувања може да се смести во одвоен дел на еден или повеќе производни објекти или во просторија со посебна намена. Во границите на истиот простор или просторија треба да се предвиди посебно одвоен простор за изолација на животните со содветни боксови зависно од видот на животните. Член 4 (1) Просторијата за ветеринарните работници треба да биде најмалку со големина за сместување на ветеринарните работници во една смена. Во просторијата за ветеринарните работници, треба да има содветен број на бироа и дополнителна опрема за секој ветеринарен работник, како и соодветен простор под клуч за службената евиденција, документација и печати. „Службен весник на РМ“ бр. 54 од 24.04.2008 година 2 од 3 (2) За непосредна употреба и потреба на докторите по ветеринарна медицина треба да се обезбеди најмалку еден компјутер со соодветени апликативни програми. Член 5 (1) Просторот или просторијата за основните лабораториски и патоанатомски испитувања треба да има подна површина од материјал кој лесно се мие и дезинфицира. Површината на ѕидовите, кои се одалечени најмалку еден метар од работната маса треба да бидат, во висина од најмалку 1,60 м, обложени со ѕидни керамички плочки или изработени од цврст и мазен материјал, со светла боја кој овозможува миење и дезинфекција. (2) Просторот или просторијата за основните лабораториски и патоантаомски испитувања треба да поседува соодветна опрема и уреди за основни лабораториски исптувања: работен стол со соодветна големина со работна површина изработена од материјал кој лесно се мие и дезинфицира; соодветен сад за миење споен на систем за одвод на отпадни води со довод на питка ладна и топла вода, со температура од најмалку 85°C; како и соодветен лабораторискиот прибор, инструменти и садови, и лабораториски хемикалии за основните ориентациони микроскопски и физичко-хемиски испитувања и патоанатомски испитувања во зависност од видот и категоријата на животни и типот на лабораториски испитувања кои се изведуваат. Член 6 (1) Просторијата или просторот за чистење, миење и стерилизација на инструментите и другиот прибор и помагала треба да има под од материјал кој лесно се мие и не е лизгав, со следната опрема и уреди: работен стол со соодветна големина изработен од материјал кој лесно се мие и дезинфицира; соодветен дводелен сад за миење (садопер) со довод на питка ладна и топла вода со температура најмалку од 85°C, споен на систем за одвод на отпадни води; сув и влажен стерилизатор со соодветна големина; соодветно сандаче и метален добош за стерилизираниот материјал; емајлирани фотографски садови и тацни; ладилник (комора за замрзнување) со можност за одржување на температурата од -18°C до -20°C за привремено чување на материјалот за дијагностички испитувања; затворен сад за отпадоци со ножно отварање. (2) Во составот на истата просторија или во посебна просторија треба да се оспособи простор за перење на облеката со соодветна машина за перење. Член 7 (1) Просторијата за складирање на ветеринарно медицински препарати и другиот санитетски материјал треба да биде опремена со соодветен број на сандачиња со систем за заклучување и полици за држење на ветеринарно медицински препарати и друг санитетски материјал. (2) Во посебна просторија или во одвоен простор од иста просторија со обезбедена вентилација треба да се наоѓа компресиониот ладилник од најмалку 120 л. корисен волумен осигуран со контролен термометар. (3) Просторијата од став 1 на овој член треба да биде обезбедена со ѕиден термометар. (4) Прозорците на просторијата треба да бидат затемнети, а вратата заклучена. (5) Отровите, средствата за дератизација, дезинсекција и дезинфекција треба да се чуваат во посебни означени сандачиња под клуч. „Службен весник на РМ“ бр. 54 од 24.04.2008 година 3 од 3 Член 8 (1) Просторијата или просторот за преглед или лечење во зависност од видот и категоријата на животните треба да има опрема за фиксирање односно бокс за преглед или лечење. Член 9 (1) Објектот на ветеринарната служба треба да располага со одвоен санитарен чвор за вработените со еден или по потреба со два тоалети за лицата од различен пол. Во предпросторот на тоалетот треба да се постави уред за миење, бришење и сушење на дланките. (2) За ветеринарните работници треба да се обезбеди туш кабина или бања со топла вода и соодветни санитарии. (3) Во состав на предпросторот на санитарниот чвор може да се уреди простор за гардероба опремен со гардеробно сандаче за секој работник. Член 10 (1) Ветеринарната служба треба да има соодветен број на прибори и инструменти за хируршки, интерни, породилни и превентивни зафати, зависно од дејноста односно видот и категоријата на животните на кои се одвива дејноста, прибор за секција на умрените и закланите животни, земање на материјал за лабораториско испитување, прибор за соборување и фиксација на животните при зафати и преглед, како и средства за лична заштита при работа. (3) Доколу ветеринарната служба изведува вештачко осеменување треба да има соодветен број на прибори и инструменти зависно од дејноста односно видот и категоријата на животните на кои се одвива дејноста. Член 11 (1) Ветеринарната служба треба да има најмалку еден доктор по ветеринарна медицина со лиценца за работа. Член 12 (1) Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-5314/1 9 април 2008 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р.