Regulation on the conditions for recognition of basic material types
Made 2008-10-01 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за условите за признавање на типовите основен материјал.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Forestry, Cultivated plants
- Keywords
- authorization/permit, seeds/planting material, procedural matters, classification/declassification, genetic resources, plant production, plant variety
- Categories
- agriculture
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 8 став 2 од Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја („Службен весник на Република Македонија" бр.55/07), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ТИПОВИТЕ ОСНОВЕН МАТЕРИЈАЛ |. Општи одредби Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите за признавање на типовите основен материјал од шумски видови дрвја. 1. Услови за признавање на основен материјал од кој се добива репродуктивен материјал од определена категорија 1.Услови за признавање на основен материјал од кој се добива идентификуван репродуктивен материјал Член 2 Како основен материјал наменет за добивање на идентификуван репродуктивен материјал може да биде признат семенски извор (стебло, група стебла или насад) кој: се наоѓа во рамките на едно провениенциско подрачје, е со определена локација (а уредени шуми: шумскостопанска единица, оддел, пододдели за неуредени шуми: општина, катастарска општина и катастарска парцела), е со определена надморска височина и климатско-вегетациско-почвено подрачје, е со определено потекло (автохтоно, неавтохтоно или непознато) И се одликува најмалку со просечни фенотипски карактеристики и добра здравствена состојба, споредено со стебло, група стебла или насад од ист вид, кои растат во исто провениенциско подрачје и во слични еколошки услови. 2.Услови за признавање на основен материјал наменет за добивање на селектиран репродуктивен материјал Член 5 Како основен материјал наменет за добивање на селектиран репродуктивен материјал може да биде признат семенски насад од еден или повеќе дрвни видови, ако: 1. Има утврдено потекло, кое може да биде автохтоно, неавтохтоно или непознато. Кај неавтохтониот семенски насад треба да се наведе потеклото на репродуктивниот материјал од кој е подигнат, доколу истото е познато, 2. Едоволно изолиран од насадите со непожелни генетски и фенотипски карактеристики од ист вид или вариетет или видови кои може да се вкрстуваат со него, особено таму каде што автохтониот семенски насад е опкружен со насади од неавтохтоно или непознато потекло. Насадите со непожелни фенотипски карактеристики (минус насади) треба да бидат оддалечени најмалку 200 м од семенскиот насад за кој се бара признавање, 5. Има вкупна површина минимум 1 хектар. Површината на семенскиот насад може да биде помала во случај ако првобитната површина на семенскиот насад била најмалку 1 хектар, но подоцна настанала поделба на насадот поради сопственички, технички и други причини. Ако семенскиот насад претставува остаток од многу квалитетна популација, се дозволува неговата површина да биде помала од 1 хектар, но бројот на стеблата во насадот треба да биде најмалку 40. Доколку семенскиот насад има површина помала од 1 хектар, тој може да биде признаен после оценка на релевантните показатели, 4, Е составен од стебла на возраст, односно степен на развој (плодоносење, фенотипски карактеристики и др.), кои според критериумите се услов за признавање и можат да бидат јасно оценети, 5. Покажува нормален степен на еднообразност, односно индивидуална варијабилност во однос на морфолошките карактеристики. Кога тоа е потребно, стеблата од непожелни видови и со непожелни особини да бидат отстранети, 6. Е адаптиран на еколошките услови кои преовладуваат во провениенциското подрачје на кое припаѓа, 7. Има добра здравствена состојба и не е изложен на појако негативно дејство на предизвикувачи на болести, штетници и аерозагадување, 8. Производството на дрвна маса биде поголемо од просечната на стеблата во останатите насади од ист вид со слични еколошки и стопански услови, 9. Да е составен од индивидуи кои во најголем број имаат добри морфолошки карактеристики (правност и облост на деблото, правилно формирани круни со соодветна големина во однос на стеблото и добро природно чистење од гранки), а процентот на чаталести и усукани стебла да биде мали 10. Е со добар квалитет на дрвесината, кој ќе се земе во предвид во некои случаи, кога тој е клучен услов за оценување. 5. Услови за признавање на основен материјал наменет за добивање на квалификуван репродуктивен материјал (семенска плантажа, родителски стебла, клон и мешавина на клонови) Член 4 За признавање на семенска плантажа, потребно е: да е подигната според усвоена методологија за таа цел и врз основа на проектна документација, која треба да ги содржи особено следниве податоци: локација, дрвен вид, тип на плантажата (генеративна, вегетативна), цел на основање, број и список на внесени клонови во плантажата, како и податоци за нивното производство и провениенција, скица (шема или план) и распоред на клоновите или фамилиите во плантажата, со цел нивна лесна идентификација и растојание на семенската плантажа од околните насади од ист или сроден вид или вариетет (изолација), клоновите или фамилиите во семенската плантажа да се одбрани според нивните исклучителни карактеристики, а особено да се исполнети условите дадени во член 3 став 1 точките 4, 6, 7, 8, 9 и 10 на овој правилник, со верификационен тест да е утврден процентот на хибридите во репродуктивниот материјал кога семенската плантажа е наменета за производство на вештачки хибриди И со семенската плантажа да се стопанисува согласно поставената цел за нејзино подигнување. Член 5 За признавање на родителски стебла (родители на фамилии), потребно е: родителските стебла да се наменети за добивање на квалификуван репродуктивен материјал со контролирана хибридизација или со слободно опрашување, родителските стебла да се одбрани според нивните исклучителни карактеристики, а особено да се исполнети условите дадени во член 3 став 1 точките 4, 6, 7, 8, 9 и 10 на овој правилник, намената, шемата на хибридизација, методите на полинација, компонентите (клонови, фамилии), изолацијата и локацијата на родителите да бидат одобрени и регистрирани од страна на овластена институција, идентитетот, бројот и односот на родителите во комбинацијата да се одобрени и регистрирани од страна на овластена институција и со верификационен тест да е утврден процентот на хибридите во репродуктивниот материјал кога родителските стебла се наменети за добивање на вештачки хибриди. Член 6 За признавање на клон, потребно е: клонот да биде идентификуван врз база на исклучителни карактеристики, заради кои се признава и регистрира како клон, одобрени и регистрирани од страна на овластена институција, супериорноста на клонот да биде покажана врз база на искуство или врз основа на резултати добиени од експерименти кои траеле временски доволно долго, за да дадат релевантни индикации за нивните индивидуални карактеристики, појдовниот материјал (ортета) за производство на клонови (рамети) да биде одбран според неговите исклучителни карактеристики, а особено да се исполнети условите дадени во член 3 став 1 точките 4, 6, 7, 8, 9 и 10 на овој правилники клонот да е наменет за добивање на квалификуван репродуктивен материјал (вегетативни делови од растенија и семе) за подигнување на семенски плантажи, за реализација на облагородувачки програми и друга намена. Член 7 За признавање на мешавина на клонови, потребно е: мешавината на клонови да ги исполнува условите предвидени за признавање на клон од член 6 став 1 алинеи 1, 2и 3 на овој правилник, мешавината на клонови да е во состојба да продуцира репродуктивен материјал во состав, количина и квалитет според признатата документација за подигнување, идентитетот, бројот и односот (пропорција) на клоновите (рамети) во мешавината на клонови и методот на избор на појдовниот материјал (ортета) за производство на клонови, да бидат одобрени и регистрирани од страна на овластена институција и мешавината на клоновите да содржи доволен број единки за да се обезбеди генетска разнообразност. 4.Услови за признавање на основен материјал наменет за добивање на тестиран репродуктивен материјал Член 8 Како основен материјал наменет за добивање на тестиран репродуктивен материјал можат да бидат признати: семенска плантажа, ако ги исполнува условите од член 4 став 1 на овој правилник и ако својствата значајни за шумарството се оценети како супериорни во компаративни тестови или со генетска оценка, родителски стебла, ако ги исполнува условите од член 5 став 1 на овој правилник и ако својствата значајни за шумарството се оценети како супериорни во компаративни тестови или со генетска оценка, клон, ако ги исполнува условите од член 6 став 1 на овој правилник и ако својствата значајни за шумарството се оценети како супериорни во компаративни тестови или со генетска оценка и мешавина на клонови, ако ги исполнува условите од член 7 став 1 на овој правилники ако својствата значајни за шумарството се оценети како супериорни во компаративни тестови или со генетска оценка. Член 9 Ако супериорноста на основниот материјал е утврдена во однос на само едно својство значајно за шумарството, вредностите на најмалку уште две особини треба да имаат просечни вредности на стандардот за тие особини. По исклучок од став 1 на овој член, изедначеноста на просечните вредности на најмалку две особини на тестираниот основен материјал и на стандардот не е неопходна, ако особината поради која се врши тестирањето на основниот материјал е пресудна за преживување во екстремни еколошки услови. 11. Завршна одредба Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 09 -12541/1 Министер, 1 октомври 2008 година Скопје Ацо Спасеноски, ср.