Regulation on the composition, number of members and work method of the expert council for plant health
Made 2012-07 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за составот, бројот на членови и методот на работа на стручниот совет за здравје на растенијата.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Cultivated plants
- Keywords
- institution, plant protection, governance
- Categories
- agriculture
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 68 став (1) и (5) од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОСТАВОТ, БРОЈОТ НА ЧЛЕНОВИ И МЕТОДОТ НА РАБОТА НА СТРУЧНИОТ СОВЕТ ЗА ЗДРАВЈЕ НА РАСТЕНИЈАТА Член 1 Со овој правилник се пропишува составот, бројот на членови и методот на работата на Стручниот совет за здравје на растенијата. Член 2 () Стручниот совет за здравје на растенијата (во понатамошниот текст: Стручен совет) е составен од седум члена вклучувајќи го и претседателот. (2) Членовите на Стручниот советот за здравје на растенијата како стручно советодавно тело од областа на здравјето на растенијата се експерти од следните области: ентомологијата; нематологијата; вирусологијата; бактериологијата; микологијата; молекуларната биологија и хербологијата. Член 3 () Стручниот совет работи и одлучува на седници. (2) Стручниот совет на првата седница донесува Деловник за работата на советот. (5) Стручниот совет работи доколку се присутни повеќе од половина од именуваните членови. (4) Седниците на Стручниот совет се одржуваат во седиштето на Фитосанитарната управа два пати годишно, а доколку е потребно и повеќе. (5) Административно-техничките работи за потребите на (Стручниот совет ги врши Фитосанитарната управа. Член 4 () Стручниот совет за секоја седница изготвува извештај. (2) Извештајот од Стручниот совет треба да содржи предлози за преземање на мерки од областа на здравјето на растенијата. (5) Предложените мерки на Стручниот совет треба да бидат во согласност со најсовремените технички и научни достигнувања во областа на здравјето на растенијата. (4) Стручниот совет извештајот од став (1) на овој член го доставува преку Фитосанитарната управа до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна во рок од 3 дена по одржувањето на седницата. (5) Извештајот на Стручниот совет го потпишува претседателот на Стручниот совет. Член 5 (1) Стручниот совет извештајот за својата работа со предлог мерките го донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови. (2) Членот на Стручниот совет кој не се согласува со предлог мерките кои се внесени во извештајот на Стручниот совет, има право да даде издвоено мислење со образложение кон извештајот. (5) Издвоеното мислење на членот на Стручниот совет е составен дел од извештајот. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.17- 475/4 Министер за земјоделство, јули 2012 година шумарство и водостопанство, Скопје