Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the composition and way of working of the committee for the protection of plant genera and varieties of agricultural plants

Made 2010-09-28 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за составот и начинот на работа на комисијата за заштита на растителни родови и видови на земјоделски растенија.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Cultivated plants
Keywords
genetic resources, institution, plant protection, governance
Categories
agriculture

Where to read it

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 10 став 2 од Законот за селекционерски права („Службен весник на Република Македонија" бр.52/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОСТАВОТ И НАЧИНОТ НА РАБОТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА РАСТИТЕЛНИ РОДОВИ И ВИДОВИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ РАСТЕНИЈА Член 1 Содржина Со овој правилник се пропишува составот и начинот на работа на Комисијата за заштита на растителни родови и видови на земјоделски растенија. Член 2 Состав на Комисијата () Комисија за заштита на растителни родови и видови на земјоделски растенија (во натамошниот текст: Комисија) е составена од пет члена вклучувајќи го и претседателот и тоа два члена од Управа за семе и саден материјал (во понатамошниот текст: Управа) и три члена од стручни и научни установи со најмалку десет години работно искуство од областа на растителното производство. (2) Претседателот на Комисијата го избираат членовите на Комисијата од своите редови. Мандатот на претседателот и членовите на Комисијата е четири години. Член 3 Закажување на седници на Комисијата () Комисијата работи на седници. Седница на Комисијата закажува претседателот на Комисијата со писмена покана до членовите на Комисијата, во која е содржан дневниот ред кој се предлага. (2) Претседателот закажува седница на Комисијата кога ќе оцени дека има основ за закажување и одржување на седница врз основа на прибраните и подготвени материјали од Управата, што треба да се разгледуваат и да се одлучува по нив. По исклучок, претседателот на Комисијата може да закаже седница и со усмена покана до членовите на Комисијата кога тоа го бара итноста за одлучување по некое прашање. (3) Седница на Комисијата можат да закажат најмалку две третини од членовите на Комисијата доколку претседателот на Комисијата не закаже седница, ако оценат дека има основ за одржување на седница. (4) Закажување на седницата од став 3 на овој член се прави со писмено известување на кое се потпишани предлагачите и во кое стои дневниот ред што го предлагаат, како и причините зошто се предлага закажување на седницата. Член 4 Надлежности на претседателот на Комисијата 0) Претседателот на Комисијата е одговорен за законито, непристрасно и ефикасно извршување на работите кои се во нејзина надлежност. Претседателот раководи со седницата и работата на Комисијата и се грижи за реализација на нејзините задачи. (2) Кога претседателот е спречен да присуствува на седницата на Комисијата, со неа раководи еден од членовите што тој ќе го овласти. Член 5 Права и должности на членовите на Комисијата () Членовите на Комисијата имаат право и должност да учествуваат во работата на Комисијата. (2) Членовите на Комисијата имаат право и должност да расправаат и одлучуваат по прашања кои се поставени на дневниот ред, да даваат предлози за дополнување на дневниот ред, да предлагаат одлуки односно заклучоци за кои сметаат дека треба да се донесат. Член 6 Водење на записник од седница на Комисијата () За работата на седницата се води записник. Записникот го води записничар под раководство на претседателот на Комисијата. (2) Записникот особено содржи: број на присутни и отсутни членови на Комисијата; датум на одржување, време на започнување и време на завршување на седницата; главната содржина на дискусиите; одлуки за изготвени листи за заштитени растителни родови и видови на земјоделски растенија; одлуки и усвоени стручни мислења за одделни сорти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за селекционерски право; други одлуки и заклучоци усвоени на седницата кои произлегуваат од дневниот ред И начин на кој се донесени одлуките. (3) Записникот го потпишува записничарот и претседателот на Комисијата. Член 7 Законитост во работењето на Комисијата () Комисијата во својата работа треба да се придржува кон законите и другите прописи од областа на земјоделството. (2) Претседателот на Комисијата кога ќе утврди дека Комисијата при својата работа донела одлука што е во спротивност со закон и друг пропис, ќе го запре извршувањето на одлуката на Комисијата за што во рок од три дена се известува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 8 Начин на одлучување на Комисијата Комисијата може полноважно да расправа ако на седницата присуствуваат најмалку три члена, а одлуките се донесуваат со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови. Член 9 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.18-297/3 28 септември 2010 година Министер, Скопје ЈБупчо Димовски, с.р.

Regulation on the composition and way of working of the committee for the protection of plant genera and varieties of agricultural plants · Nelum