Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on technical requirements and the way of operation for the facilities for collection and storage of animal by-products

Made 2009-01-29 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за техничките услови и начинот на вршење на работите кои треба да ги исполнат објектите за собирање и складирање на нуспроизводи од животинско потекло.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock
Keywords
animal by-products, transport/storage

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 21 од 17.02.2009 година 1 од 3 20090210437 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 11 став (7) од Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија" број 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ТЕХНИЧКИТЕ УСЛОВИ И НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНАТ ОБЈЕКТИТЕ ЗА СОБИРАЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ НА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат техничките условите и начинот на вршење на работите кои треба да ги исполнат објектите за собирање и складирање на нуспроизводи од животинско потекло. Член 2 Технички услови за интермедијарни објекти за Категорија 1 и Категорија 2 материјали (1) Интермедијарните објекти од Категорија 1 и 2 материјали треба да ги исполнат следните технички услови: 1) Просториите треба да бидат соодветно одвоени од јавните патишта и други објекти кои произведуваат храна. Со распоредот на објектот треба да се обезбеди целосна одвоеност на материјалите од Категоријата 1 и Категоријата 2 од материјалите од Категоријата 3, од приемот па до испораката; 2) Објектот треба да има покриен простор за прием на нуспроизводи од животинско потекло; 3) Објектот треба да е конструиран на начин кој овозможува лесно да се чисти и дезинфицира. Подовите мора така да бидат изведени за да се овозможи одвод на течностите; 4) Објектот треба да има соодветни тоалети, гардероби и уреди за миење на персоналот; 5) Објектот треба да има соодветни програми и уреди за заштита од штетници, а особено инсекти, глодачи и птици; 6) Објектот треба да има систем за нештетно отстранување на отпадни води ; 7) Доколку е неопходно за постигнување на целите на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, објектите треба да имаат доволно соодветни капацитети за складирање со системи за контрола на уредот за одржување на температурата во просторијата за задржување на нуспроизводите од животинско потекло на соодветни температури ; 8) Објектот треба да има соодветни уреди за чистење и дезинфекција на контејнерите или другите пакувања во кои се примаат нуспроизводите од животинско потекло како и Службен весник на РМ, бр. 21 од 17.02.2009 година 2 од 3 возилата во кои се транспортираат, како и соодветни средства за чистење на тркалата на возилата. Член 3 Начин на вршење на работите и оперативно техничките услови за интермедијарните објекти за Категорија 1 и Категорија 2 материјали (1) Во објектите треба да се ракуваат и да се складираат Категорија 1 и Категорија 2 материјалите во согласност со член 14 став (2) од Законот за нуспроизводи од животинско потекло. (2) Во објектот не смее да се вршат други дејности, освен собирање, ракување, привремено складирање и испорака на Категоријата 1, или Категоријата 2 материјалите. (3) Сортирањето на Категорија 1 и Категорија 2 материјали се врши на начин кој обезбедува да се избегне ризикот од ширење болести кај животните. (4) Во текот на складирањето, со Категоријата 1 и Категоријата 2 материјали треба да се ракува и и да се складираат одделно од другите стоки , на начин со кој ќе се спречи било какво ширење на патогените агенси. (5) Категорија 1 и Категорија 2 материјалите треба правилно да се складираат до нивната повторна испорака, вклучувајќи ги и соодветните температурни услови. (6) Амбалажите треба да се спалат или да се отстранат на друг начин во согласност со инструкциите на официјалниот ветеринар. (7) Отпадната вода треба да се третира, на соодветен начин , за да се обезбеди отсуство на патогените агенси согласно упатството на официјалниот ветеринар. Член 4 Технички услови за интермедијарни објекти за Категорија 3 материјали (1) Интермедијарните објекти од Категорија 3 материјали треба да ги исполнат следните технички услови: 1) Просториите мора да бидат соодветно одвоени од јавните патишта и други објекти кои произведуваат храна. Со распоредот на објектот треба да се обезбеди целосна одвоеност на материјалите од Категоријата 1 и Категоријата 2 од материјалите од Категоријата 3, од приемот па до испораката; 2) Објектот треба да има покриен простор за прием на нуспроизводи од животинско потекло; 3) Објектот треба да е конструиран на начин кој овозможува лесно да се чисти и дезинфицира. Подовите мора така да бидат изведени за да се овозможи одвод на течностите; 4) Објектот треба да има соодветни тоалети, гардероби и уреди за миење на персоналот; 5) Објектот треба да има соодветни програми и уреди за заштита од штетници, а особено инсекти, глодачи и птици; 6) Објектот треба да има систем за нештетно отстранување на отпадни води; 7) Доколку е неопходно за постигнување на целите на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, објектите треба да имаат доволно соодветни капацитети за складирање со системи за контрола на уредот за одржување на температурата во Службен весник на РМ, бр. 21 од 17.02.2009 година 3 од 3 просторијата за задржување на нуспроизводите од животинско потекло на соодветни температури; 8) Објектот треба да има соодветни уреди за чистење и дезинфекција на контејнерите или другите пакувања во кои се примаат нуспроизводите од животинско потекло како и возилата во кои се транспортираат, како и соодветни средства за чистење на тркалата на возилата. Член 5 Начин на вршење на работите и оперативно техничките услови за интермедијарните објекти за Категорија 3 материјали (1) Во објектите треба да се ракуваат и складираат Категорија 3 материјалите во согласност со член 14 став (2) од Законот за нуспроизводи од животинско потекло. (2) Во објектот не смее да се вршат други дејности, освен увоз, собирање, сортирање, сечење, ладење, замрзнување во блокови, привремено складирање и испорака на Категорија 3 материјали. (3) Сортирањето на Категорија 3 материјали треба да се врши на соодветен начин за да се избегне било каков ризик од ширење болести кај животните. (4) Во текот на сортирањето или складирањето со Категоријата 3 материјалите треба да се ракува и да се складираат одделно од другите производи, освен од производите од Категоријата 3, а на начин со кој ќе се спречи ширењето на патогените агенси. (5) Категорија 3 материјалите треба правилно да се складираат, а каде е соодветно, разладени или смрзнати до повторната испорака. (6) Амбалажите треба да се запалат или на друг начин нештетно да се отстранат во согласност со инструкциите на официјалнот ветеринар. Член 6 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-12212/10 29 јануари 2009 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р.

Regulation on technical requirements and the way of operation for the facilities for collection and storage of animal by-products · Nelum