Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on technical and technological requirements for the approval of quarantine, technical and technological requirements to be met by quarantine and duration of quarantine for isolation and duration of the same for different species and categories, the duration of the monitoring and mandatory tests

Made 2010-06-21 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за техничко-технолошките услови и постапката за одобрување на карантинот, техничко-технолошките услови кои треба да ги исполнува карантинот, како и времетраењето на карантинот, за објектите за изолација и времетраење на истата за различни животински видови и категории, времетраењето за набљудување и за испитувањата кои треба да бидат направени.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock
Keywords
animal health, quarantine, hygiene/sanitary procedures, research, legal proceedings/administrative proceedings

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 1 од 20 20100881599 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 61, став (3) и член 80 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИТЕ УСЛОВИ И ПОСТАПКАТА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА КАРАНТИНОТ, ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА КАРАНТИНОТ, КАКО И ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА КАРАНТИНОТ, ЗА ОБЈЕКТИТЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ИСТАТА ЗА РАЗЛИЧНИ ЖИВОТИНСКИ ВИДОВИ И КАТЕГОРИИ, ВРЕМЕТРАЕЊЕТО ЗА НАБЉУДУВАЊЕ И ЗА ИСПИТУВАЊАТА КОИ ТРЕБА ДА БИДАТ НАПРАВЕНИ∗ Дел 1 ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат техничко-технолошките услови и постапката за одобрување на карантинот, техничко-технолошките услови кои треба да ги исполнува карантинот, како и времетраењето на карантинот, за објектите за изолација и времетраење на истата за различни животински видови и категории, времетраењето за набљудување и за испитувањата кои треба да бидат направени. Член 2 Дефиниции (1) Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење и се однесуваат за птици: 1) „птици“ се животни од класата Aves, освен: живина, мисирки, бисерка, патки, гуски, препелици, гулаби, фазани, еребици и ноеви (Ratitae) одгледувани или чувани во заробеништво за размножување, за производство на месо или јајца за исхрана на луѓе или за обновување на популацијата на дивеч (живина), птици кои се увезуваат согласно програмите за зачувување на одредени видови птици, домашни миленици во придружба на сопственикот, птици наменети за зоолошки градини, циркуси, забавни паркови или експерименти, птици наменети за научно-истражувачки институти или центри, гулаби-писмоносци внесени на територијата на Република Македонија од соседни трети земји, каде што живеат вообичаено, и веднаш пуштени со очекување дека ќе се вратат во трета земја од каде се внесени, и птици увезени од Андора, Лихтенштајн, Монако, Норвешка, Сан Марино, Швајцарија и од Ватикан; ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулатива (ЕЗ) бр. 318/2007 на Комисијата од 23 март 2007 година за утврдување на здравствени услови за увоз на одделни видови птици во Заедницата и услови за карантин за истите (32007R0318); Одлука на Коми сијата бр. 946/2008 од 12 декември 2008 година за имплементација на Одлуката на Советот бр. 2006/88 за условите за карантин на животни од аквакултура (32008D0946); Директива на Советот бр. 496/1991 од 15 јули 1991 година за утврдување на принципите за организација на ветеринарните проверки на животни кои влегуваат во Заедницата од трети земји и за амандманирање на Директивите на Советот бр. 89/662, 90/425 и 90/675 (31991L0496); Директива на Советот бр. 2006/88 за здравствени барања за животни од аквакултура и нивни производи и за превенција и контрола на одделни болести кај животни од аквакултура (32006L0088). Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 2 од 20 2) „птици одгледувани во заробеништво“ се птици кои не биле фатени во дивина, туку се родени и одгледувани во заробеништво од родители што се пареле или чиишто гамети се на поинаков начин пренесени во заробеништво; 3) „целосно затворен ножен прстен“ е прстен или алка во непрекинат круг, без прекин или спојка, врз кој не е вршено манипулирање, со големина што не може да се отстрани од птицата дури и кога ногата е целосно порасната а се поставува во првите денови по раѓањето на птицата и е комерцијално произведена за таа намена; 4) „карантински објект“ се простории, различни од карантински центри: во кој се врши карантин на увезените птици, и во кој е извршена инспекција и е одобрен од Управата за ветеринарство; 5) „карантински центар“ се простории: во кои се врши карантин на увезените птици, составени од повеќе единици, кои се оперативно и физички одделени една од друга и каде што секоја единица содржи птици само од истата пратка, со ист здравствен статус и претставуваат една епидемиолошка единица, во кој е извршена инспекција и е одобрен од Управата за ветеринарство; 6) „контролни птици“ е живина која служи за дијагностичка цели (референтни контроли) за времетраење на карантинот; и 7) „дијагностички прирачник“ е дијагностички прирачник за птичји грип. (2) Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење и се однесуваат на животни од аквакултура: 1) „карантин“ е држење на група на животни од аквакултура во изолација без директен или индиректен контакт со други животни од аквакултура, со цел набљудување во определен временски период и кога е соодветно испитување и третман, вклучувајќи соодветен третман на истечните води; 2) „карантински објект“ е објект: каде што се врши карантин на различни видови животни од аквакултура, кој се состои од една или повеќе карантински единици, кој е одобрен и регистриран од Управата за ветеринарство како објект за карантин на животни од аквакултура, и кој ги исполнува минималните услови наведени во член 20 и член 21 од овој правилник; 3) „карантинска единица“ е оперативна и физички одделена единица на карантинскиот објект, која содржи животни од аквакултура од иста пратка, со ист здравствен статус и кога е соодветно, контролна аквакултура; 4) „контролна аквакултура“ се животни од аквакултура кои служат за дијагностички цели (референтни контроли) за времетраење на карантинот; 5) „листа на болести“ се болестите наведени во табелите дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник; 6) „овластен ветеринар за животни од аквакултура“ е квалификуван здравствен работник за животни од аквакултура определен од Управата за ветеринарство во негово име да извршува специфични официјални контроли во објектот за карантин на аквакултура; 7) „приемчив вид“ е вид на животно од аквакултура кај кој инфекцијата со причинител на болест настанува по природен пат или може да се предизвика експериментално; и 8) „вид вектор“ е вид на животно од аквакултура кој не е приемчив на определена болест, но кој е во можност да ја шири инфекцијата преку пренесување патогени од еден домаќин на друг; Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 3 од 20 (3) „живи животни“ се сите животни освен птици од став (1) на овој член, животни од аквакултура и домашни миленици кои не се наменети за трговија или за пренос на други лица и се придружени од сопственикот или одговорно лице. Дел 2 ПОСТАПКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА КАРАНТИН Член 3 Постапка за одобрување на карантин (1) Управата за ветеринарство одобрува карантин за живи животни, птици и животни од аквакултура за: 1) живи животни, кога се исполнети условите утврдени во членовите 7 и 8 од овој правилник; 2) птици, кога се исполнети условите утврдени во членовите 9 и 10 од овој правилник; 3) животни од аквакултура, кога се исполнети условите утврдени со членовите 20, 21, 22, 23 и 27 од овој правилник. (2) Одговорното лице за карантинот поднесува барање до Управата за ветеринарство за одобрување на карантинот. (3) Пред да биде издадено одобрението од став (1) на овој член, Управата за ветеринарство врши увид на лице место. Управата за ветеринарство го одобрува карантинот само доколку се исполнети условите утврдени со Законот за ветеринарно здравство и прописите донесени врз основа на тој закон. (4) Одобрените карантински објекти и карантински центри се објaвуваат на веб страната на Управата за ветеринарство. Член 4 Времено повлекување, укинување на одобрение или повторно одобрување на одобрен карантински објект или карантински центар (1) Kога Управата за ветеринарство ќе утврди дека карантинскиот објект или карантински центар не ги исполнува условите утврдени во членовите 9 и 10 од овој правилник, времено го повлекува одобрението на карантинскиот објект или карантинскиот центар, или доколку објектот е пренаменет и не влегува во дефинициите дадени во член 2 став (1) точка 4) и 5) од овој правилник го укинува одобрението на карантинскиот објект или карантинскиот центар. (2) Повторното одобрување може да биде дадено само доколку се отстранат недостатоците и карантинскиот објект или карантинскиот центар ги исполнува условите дадени во членовите 9 и 10 од овој правилник. Член 5 Времено повлекување и укинување на одобрението за карантински објект во трети земји (1) Во случај на пријава на сомнеж за појава на некоја од болестите од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник, во карантинскиот објект од член 2 став (2) точка 2), надлежниот орган на трета земја: 1) веднаш времено го повлекува одобрението за карантинскиот објект; и 2) потврдува дека се извршени сите испитувања од член 28 став (3) од овој правилник, со кои се потврдува или отфрла сомнежот за појава на соодветната болест. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 4 од 20 (2) Временото повлекување на одобрението од став (1) на овој член трае додека: 1) официјално не се исклучи сомнежот за појава на соодветната болест од став (1) на овој член; или 2) успешно не се изврши ерадикација на соодветната болест од став (1) на овој член во карантинскиот објект, и соодветните карантински единици не се исчистат и дезинфицираат. (3) Во случај кога објектот не ги исполнува условите од член 23 став (1) од овој правилник, надлежниот орган на третата земја веднаш го укинува одобрението на карантинскиот објект. (4) Во случајот наведен во став (3) од овој член, надлежниот орган на третата земја ја известува Управата за ветеринарство. Член 6 Карантин при внатрешен промет Во случај на карантин при внатрешен промет согласно член 61 од Законот за ветеринарно здравство, истиот треба да ги исполува условите кои се однесуваат на живите животни, птиците и животните од аквакултура пропишани со овој правилник. Дел 3 УСЛОВИ ЗА КАРАНТИН НА ЖИВИ ЖИВОТНИ Член 7 Карантин при увоз на живи животни (1) Во случај кога живи животни треба да се стават во карантин или изолација, карантинот може да се спроведе: 1) за сите болести, освен Шап и лигавка, Беснило и Њукастелска болест, во карантински центар сместен во третата земја на потекло, кој ги исполнува условите од член 8 од овој правилник, одобрен од страна на надлежниот орган на таа трета земја и редовно контролиран од експерти на Европската Комисија; 2) во карантински центар, сместен на територијата на Република Македонија кој ги исполнува условите дадени во член 8 од овој правилник, одобрен од страна на Управата за ветеринарство; или 3) во одгледувалиштето на крајна дестинација. (2) Во зависност од категоријата и видот на животните како и епизотиолошката состојба на третата земја од каде потекнуваат животните, Управата за ветеринарство на местото на крајна дестинација може да побара посебни заштитни мерки за време на превозот на живите животни од карантинскиот центар на фармата на потекло до карантинскиот центар на фармата на крајната дестинација како и посебни мерки за ветеринарното инспекциско место на граничен премин на влез и карантинскиот центар на фармата на потекло од став (1) точка 1) на овој член. (3) Доколку официјалниот ветеринар на граничен премин на влез побара живите животни да се стават во карантин, во зависност од проценетиот ризик, истиот може да се спроведе: 1) на ветеринарното инспекциско место на граничен премин на влез или во негова непосредна близина, 2) на местото на крајна дестинација, или Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 5 од 20 3) во карантински центар сместен во непосредна близина на местото на крајна дестинација. (4) Карантинските центри се под постојан надзор на Управата за ветеринарство. Член 8 Техничко-технолошки услови кои треба да ги исполнува карантинскиот центар за живи животни Карантинскиот центар за живи животни треба да: 1) има простории (лесни за чистење и дезинфекција) за натовар и истовар на различни транспортни средства, инспекција, хранење, напојување и третман на животните, со соодветен простор, осветлување и вентилација соодветна на бројот на животните кои се испитуваат; 2) има доволно големи простории на располагање на персоналот одговорен за вршење на ветеринарните прегледи, вклучувајќи и простории за пресоблекување, туширање и тоалет; 3) има соодветни простории за земање и испитување на мостри за редовни прегледи согласно прописите за ветеринарно здравство; 4) има служба или објект во непосредна близина кој има простории и опрема за сместување, хранење, напојување, третман и доколку е потребно колење на животните; 5) има соодветна опрема за брза размена на информации согласно прописите за ветеринарно здравство; 6) има опрема и простории за чистење и дезинфекција; 7) биде оддалечен од одгледувалишта или други места каде се чуваат животни кои можат да бидат инфицирани со заразна болест; и 8) има ефективен контролен систем кој обезбедува соодветен надзор на животните. Дел 4 УСЛОВИ ЗА КАРАНТИН НА ПТИЦИ Член 9 Техничко-технолошки услови кои треба да ги исполнува карантинскиот објект или карантинскиот центар за птици Карантинскиот објект или карантинскиот центар за птици треба: 1) да е засебен објект или објекти кои се одвоени од другите одгледувалишта за живина и други птици, на растојание определено од страна на Управата за ветеринарство и утврдено врз основа на проценката на ризик при што е земена во предвид епидемиологијата на болеста авијарна инфлуенца и Њукастелска болест. Влезните и излезните врати треба да се направени така да можат да се заклучуваат и на нив да е назначено: „КАРАНТИН – не е дозволен влез на неовластени лица”; 2) секоја одделна единица на карантинскиот центар да зафаќа засебен воздушен простор; 3) да се заштитени од влез на птици, муви или штетници и да може да се затвара херметички со цел вршење на фумигација; 4) да има опрема за миење на рацете во секој карантински објект и секоја единица на карантинскиот центар; 5) влезните и излезните врати на карантинскиот објект и секоја единица на карантинскиот центар да се со систем на дупли врати; Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 6 од 20 6) хигиенските бариери да бидат инсталирани на карантинскиот објект или во случај на карантинскиот центар на сите влезови и/ или излези на секоја единица; 7) опремата да биде конструирана на начин на кој може лесно да се чисти и дезинфицира; 8) складот за чување на храна за исхрана на животни да е заштитен од влез на птици, глодари и од инсекти; 9) да поседува контејнер за собирање на постилка кој е заштитен од влез на птици и глодари; и 10) да обезбеди фрижидери и/ или замрзнувачи за чување на лешевите од угинатите птици. Член 10 Карантин за птици (1) Карантинскиот објект или карантинскиот центар за птици треба да: 1) има ефикасен систем за контрола со кој се обезбедува соодветен надзор на животните; 2) е под контрола и одговорност на официјален ветеринар; 3) биде чист и дезинфициран согласно програма одобрена од страна на Управата за ветеринарство по што објектот за одреден период не се користи; и 4) има средство за дезинфекција кое се употребува, одобрено од страна на соодветен надлежен орган, за таа намена. (2) За секоја пратка на птици ставени во карантин: 1) карантинскиот објект или единицата на карантинскиот центар треба да биде исчистена и дезинфицирана и да не се користи најмалку седум дена пред внесот на увезените птици; 2) пратката со птици треба да доаѓа од еден одобрен објект за размножување од третата земја на потекло и да биде внесена во рок од 48 часа од внесувањето на првата птица во карантинот; 3) карантинот треба да започне од моментот на внес на последната птица од пратката; и 4) откако ќе заврши периодот на карантин, се изнесуваат сите птици од карантинскиот објект или карантинскиот центар и последователно истиот треба да се исчисти и дезинфицира. (3) Лицето одговорно за карантинскиот објект или карантинскиот центар треба да превземe мерки на претпазливост за да се спречи вкрстена контаминација помеѓу пратките со птици кои се внесуваат и пратките со птици кои се изнесуваат. (4) Во карантинскиот објект неовластени лица не треба да имаат пристап. (5) Лицата кои влегуваат во карантинскиот објект или карантинскиот центар треба да носат заштитна облека и обувки. (6) Со цел спречување вкрстена контаминација, не треба да постои контакт помеѓу персоналот кој работи во карантинскиот објект или единиците на карантинскиот центар. (7) Карантинскиот објект или карантинскиот центар треба да има соодветна опрема за чистење и дезинфекција. (8) Доколку се користи идентификација со микрочипови, лицето одговорно за карантинскиот објект или карантинскиот центар треба да обезбеди соодветен читач. (9) Треба да се направи чистење и дезинфекција на кафезите или контејнерите употребени за транспорт освен ако истите не бидат уништени. Ако повторно се употребуваат, треба да се направени од материјал кој дозволува да бидат темелно исчистени и дезинфицирани. Кафезите и контејнерите треба да бидат уништени на начин со кој се избегнува ширење на причинители на болести. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 7 од 20 (10) Постилката и отпадот треба редовно да се собираат, складираат во контејнер за таа намена и третираат на начин со кој се избегнува ширење на причинители на болести. (11) Лешевите на угинатите птици треба да бидат испитани во официјална лабораторија назначена од страна на Управата за ветеринарство. (12) Потребните испитувања и третмани на птиците треба да бидат направени во консултации со и под контрола на официјален ветеринар. (13) Официјалниот ветеринар надлежен за карантинскиот објект или карантинскиот центар треба да биде известен за сите болести и угинување на птици и/ или контролни птици кои се појавиле за време на карантинот. (14) Лицето одговорно за карантинскиот објект или карантинскиот центар секогаш треба да ги има достапни следните податоци: 1) датум, број и вид на птици од секоја пратка кои се внесени или изнесени; 2) копии на ветеринарно-здравствени сертификати и ветеринарно влезен документ кој ја придружува пратката со птици; 3) индивидуални идентификациски броеви за увезените птици и во случај на идентификација со микрочип, детали за типот на микрочип и читачот кој бил користен; 4) број и место каде се сместени контролните птици во карантинскиот објект или карантинскиот центар, доколку во карантинскиот објект или карантински центар биле користени контролни птици; 5) секое значајно забележување, секојдневно во случај на болест и број на угинати птици; 6) датуми и резултати од извршени испитувања; 7) вид и датум на третман; и 8) лица кои влегле и излегле од карантинскиот објект или карантинскиот центар. (15) Податоците наведени во став (14) од овој член треба да се чуваат најмалку 10 години. Член 11 Потврдување на карантин (1) Увозниците или нивните застапници пред увозот треба да обезбедат документ, издаден од лице одговорно за карантинскиот објект или карантинскиот центар со кој се потврдува дека пратката со птици ќе се прифати за карантин. (2) Документот од став (1) на овој член треба: 1) да го содржи името и адресата, како и бројот на одобрението на карантинскиот објект или карантинскиот центар; и 2) да биде доставен до ветеринарното инспекциско место на граничен премин на влез преку електронска пошта или преку факс пред пристигнувањето на пратката или може да биде доставен од страна на увозникот или негов застапник пред пратката да го напушти ветеринарното инспекциско место на граничен премин на влез. Член 12 Директен превоз на пратката со птици до карантински центри и карантински објекти (1) Пратката со птици, од ветеринарното инспекциско место на граничен премин на влез, се превезуваат директно до карантинскиот центар или карантинскиот објект, во соодветни кафези или контејнери. (2) Времетраењето на превозот од став (1) на овој член не треба да биде подолго од девет часа. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 8 од 20 (3) Кога за превозот се користат средства за копнен сообраќај, истите треба да бидат запечатени од страна на Управата за ветеринарство на начин кој оневозможува неовластено отварање. Член 13 Набљудување на превозот на пратка со птици (1) Кога се спроведува набљудување на превозот на пратка со птици од ветеринарно инспекциско место на граничен премин на влез до карантинскиот објект или карантинскиот центар на местото на крајна дестинација: 1) официјалниот ветеринар од ветеринарното инспекциско место на граничен премин на влез го известува официјалниот ветеринар надлежен за карантинскиот објект или карантински центар на местото на крајна дестинација на пратката, за местото на потекло и местото на крајна дестинација преку информациониот систем за гранична ветеринарна инспекција или до негова целосна имплементација со друг начин на комуникација (факс, писмо или електронска пошта); 2) лицето одговорно за карантински објект или карантински центар на местото на крајна дестинација, во рок од 24 часа по пристигнувањето на пратката, преку електронска пошта или факс го известува официјалниот ветеринар надлежен за карантинскиот објект или карантинскиот центар на крајна дестинација, за пристигнувањето на пратката; и 3) официјалниот ветеринар надлежен за карантинскиот објект или карантинскиот центар на местото на крајната дестинација, во рок од 72 часа од пристигнувањето на пратката преку информациониот систем за гранична ветеринарна инспекција или до негова целосна имплементација со друг начин на комуникација (факс, писмо или електронска пошта), го известува официјалниот ветеринар од ветеринарното инспекциско место на граничен премин на влез кој предходно го известил за испраќањето на пратката, за пристигнувањето на пратката на местото на крајна дестинација. (2) Доколку официјалниот ветеринар на ветеринарното инспекциско место на граничен премин на влез е известен дека пратката со птици најавени за одреден карантински објект или карантински центар не пристигнале на местото на крајна дестинација во рок од 24 часа од денот предвиден за пристигнување на пратката во карантинскиот објект или карантинскиот центар, Управата за ветеринарство кон лицето одговорно за пратката превзема мерки пропишани со Законот за ветеринарно здравство. Член 14 Времетраење на карантин (1) Времетраењето на карантинот за птици е најмалку 30 дена од датумот на внесување на пратката во карантинот. (2) Официјалниот ветеринар надлежен за карантинскиот објект ја утврдува исполнетоста на условите за карантин за птиците од овој правилник, најмалку на почетокот и на крајот од карантинот за секоја пратка, вклучувајќи и преглед на податоци за смртност и клинички преглед на птиците во карантинскиот објект, карантинскиот центар или во секоја засебна единица на карантинскиот центар. (3) По исклучок од став (2) на овој член, во случај кога епизотиолошката состојба налага, прегледите од став (2) на овој член, официјалниот ветеринар надлежен за карантинскиот објект може да ги изврши почесто. (4) Птиците се ослободуваат од карантин со решение издадено од страна на официјалниот ветеринар надлежен за карантинскиот објект или карантинскиот центар, само во случај доколку се исполнети сите услови за нивно ослободување. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 9 од 20 Член 15 Прегледи, земање на примероци и испитувања за времетраење на карантинот (1) Прегледите, земањето на примероци и испитувања за Авијарна инфлуенца и Њукастелска болест согласно член 17 од овој правилник, се врши веднаш по пристигнувањето на птиците во карантинскиот објект или карантинскиот центар. (2) Прегледите, земањето на примероци и испитувања, кога се користат контролни птици, се вршат на најмалку 10 единки во карантинскиот објект, карантинскиот центар или во секоја засебна единица на карантинскиот центар. (3) Контролните птици кои се користат за преглед, земање на примероци и испитувања треба да: 1) бидат стари најмалку три недели и искористени еднократно за таа цел, 2) имаат прстен за идентификација или да бидат идентификувани на начин на кој не може да се отстрани идентификацијата, 3) не се вакцинирани и да се серо-негативни на Авијарна инфлуенца и на Њукастелската болест во период од 14 дена пред почетокот на карантинот, и 4) се сместени во карантински објект или во засебна единица на карантински центар пред пристигнувањето на пратката со птици во заеднички воздушен простор во непосредна близина на птиците на начин со кој се обезбедува контакт на контролните птици со изметот на птиците. Член 16 Активности во случај на сомнеж и/или на потврда за појава на болест во карантински објект или карантински центар (1) Во случај кога за времетраење на карантинот во карантинскиот објект, постои сомнеж дека една или повеќе единки од птиците и/или контролните птици се заразени со Авијарна инфлуенца или Њукастелска болест, треба да се превземат следните активности: 1) карантинскиот објект веднаш се става под надзор на Управата за ветеринарство; 2) од птиците и контролните птици за кои постои сомнеж дека се заразени се земаат примероци за виролошко испитување согласно член 17 став (2) од овој правилник; и 3) се додека не се отстрани сомнежот за појава на болеста ниедна птица не треба да се внесе во или да го напушти карантинскиот објект. (2) Доколку во карантинскиот објект се потврди сомнежот за појава на болестите од став (1) на овој член, треба да се превземат следните активности: 1) убивање и нештетно отстранување на сите птици во карантинскиот објект; 2) чистење и дезинфекција на карантинскиот објект; и 3) 21 ден по извршеното чистење и дезинфекција не треба да се внесуваат птици во карантинскиот објект. (3) Во случај кога за времетраење на карантинот во карантински центар, постои сомнеж дека една или повеќе единки од птиците и/или контролните птици во засебната единица на карантинскиот центар се заразени со Авијарна инфлуенца или Њукастелска болест, треба да се превземат следните активности: 1) карантинскиот центар се става под надзор на Управата за ветеринарство; 2) од птиците и контролните птици за кои постои сомнеж дека се заразени се земаат примероци за виролошко испитување согласно член 17 став (2) од овој правилник; и 3) се додека не се отстрани сомнежот за појава на болеста, ниедна птица не треба да се внесе во или да го напушти карантинскиот центар. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 10 од 20 (4) Доколку во засебната единица на карантинскиот центар се потврди сомнежот за појава на болестите од став (3) на овој член, се превземаат следните активности: 1) убивање и нештетно отстранување на сите птици во засебната единицата на карантинскиот центар; 2) чистење и дезинфекција на засебната единица на карантинскиот центар; 3) се земаат примероци од контролните птици и од другите засебни единици на карантинскиот центар за серолошко испитување, согласно член 17 од овој правилник, не порано од 21 ден од завршното чистење и дезинфекција на засебната единица каде е потврден сомнежот за појава на болест, во случај кога се користат контролни птици; или 4) се земаат примероци од птиците од другите засебни единици на карантинскиот центар за виролошко испитување согласно член 17 став (2) од овој правилник, во период од 7 до 15 дена од завршното чистење и дезинфекција, во случај кога не се користат контролни птици; и 5) ниедна птица не треба да го напушти карантинскиот центар пред да пристигнат резултатите со негативен наод од лабораториските испитувања наведени во точка 3) и 4) од овој став. Член 17 Прегледи, земање на примероци и испитувања на Авијарна инфлуенца и Њукастелска болест (1) За време на карантинот се вршат следните прегледи, земање на примероци и испитувања: 1) кога се користат контролни птици: крвни проби за серолошки испитувања од сите контролни птици не подоцна од 21-от ден од влезот во карантинот и најмалку три дена пред завршување на карантинот; и доколку контролните птици покажат позитивни или неопределени серолошки резултати од испитувањата од првата алинеја на овој став, увезените птици подлежат на виролошки испитувања, при што се земаат клоакални брисеви (или фецес) и трахеални/ орофарингеални брисеви од најмалку 60 птици или од сите птици ако пратката е составена од помалку од 60 птици; или 2) кога не се користат контролни птици: виролошко испитување на увезените птици при што се земаат трахеални/ орофарингеални и/ или клоакални брисеви (или фецес) од најмалку 60 птици или од сите птици доколу пратката е составена од помалку од 60 птици, во период од 7-миот до 15 тиот ден на карантин. (2) Покрај испитувањата од став (1) на овој член, за виролошки испитувања треба да се земат следните примероци: 1) клоакални брисеви (или фецес) и трахеални/ орофарингеални брисеви, од клинички заболени птици или од болни контролни птици, доколку е можно; 2) цревна содржина, мозок, трахеа, бели дробови, црн дроб, слезена, бубрег и други видливо зафатени органи веднаш по угинувањето или од: угинатите контролни птици и сите птици кои пристигнале угинати и од оние кои угинале за време на карантинот; или во случај на висока смртност на мали птици од пратки со голем број на единки од најмалку 10 % од угинатите птици. (3) Сите виролошки или серолошки испитувања на примероци земени за време на карантинот се извршуваат во лабораторија одобрена од страна на Управата за ветеринарство согласно дијагностичките процедури од Дијагностичкиот прирачник за авијарна инфлуенца и Прирачникот за тестови и вакцини за копнени животни на Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 11 од 20 Меѓународната организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) за Њукастелска болест. За виролошки испитувања може да се земат и збирни примероци составени од најмногу пет примероци земени од различни птици. Примероците на фецес не се мешат со примероци на органи или ткива при правење на збирни примероци. (4) Вирусните изолати се испраќаат до Националната референтна лабораторија. Член 18 Активности во случај на потврда на Ниско патогена авијарна инфлуенца или Њукастелска болест во карантински објект или карантински центар (1) Кога за времетраење на карантинот една или повеќе од птиците и/или контролните птици се заразат со Ниско патогена авијарна инфлуенца или Њукастелска болест, Управата за ветеринарство, врз основа на проценетиот ризик, може да направи исклучок во превземање на активностите од член 16 став (2) точка 1) и член 16 став (4) точка 1) од овој правилник, само кога ваквите исклучоци не ја загрозуваат контролата на болеста. (2) Кога официјалниот ветеринар надлежен за карантинскиот објект или карантинскиот центар врши инспекција на карантинскиот објект или карантинскиот центар во кои се применуват исклучоците од став (1) на овој член, ги превзема следните активности: 1) во случај на позитивен наод на Ниско патогена авијарна инфлуенца, се земаaт примероци за лабораториско испитување 21-от ден по утврдувањето на последниот позитивен наод на Ниско патогена авијарна инфлуенца во карантинскиот објект или од секоја засебна единица на карантинскиот центар и во последователни интервали од 21 ден: примероци од секоја угината контролна птица или друга птица присутна во времето на земање на примерокот, трахеални/орофарингеални и клоакални брисеви од најмалку 60 птици или од сите птици кога помалку од 60 единки се присутни во карантинскиот објект или засебната единица на карантинскиот центар, примероци од свеж измет, доколку птиците се мали, егзотични или не се навикнати да бидат ракувани или ракувањето со нив е опасно по луѓето, и земањето на примероци од алинеја два и три од овој став и нивно лабораториско испитување се спроведува се додека не се добијат два последователни негативни лабораториски наоди, во меѓусебни интервали од најмалку 21 ден. 2) по исклучок од точка 1) на овој став, Управата за ветеринарство, врз основа на проценетиот ризик, може да земе и друг број примероци за испитувања. 3) во случај на позитивен наод на Њукастелска болест, Управата за ветеринарство може да направи исклучок од став (1) од овој член, кога 30 дена од последното угинување или опоравување на единка заболена од болеста се земени примероци и е добиен негативен наод согласно член 17 став (1) и (2) од овој правилник, не земајќи го во предвид временскиот период од член 17 став (1) на овој правилник. 4) карантинската единица не ја напушта ниеда птица се додека трае лабораториското испитување согласно точка 1) на овој став. 5) карантинскиот објект или засебната единица на карантинскиот центар се испразнува, чисти и дезинфицира. Сите предмети или отпад за кои постои можност да се контаминирани се отстрануваат на начин кој ќе оневозможи ширење на причинителот на болеста и уништени на начин кој гарантира уништување на вирусот на Ниско патогена авијарна инфлуенца или Њукастелска болест, исто како и отпадот од лабораториските испитувања по истекувањето на временскиот периодот согласно точка 1) на овој став. 6) повторно внесување на птици во карантинскиот објект или карантинскиот центар не се врши порано од 21-от ден од спроведеното завршно чистење и дезинфекција од точка 5) на овој став. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 12 од 20 Член 19 Активности во случај на Хламидиоза Ако за времетраење на карантинот во карантинскиот објект или карантинскиот центар, постои сомнеж или е потврдено дека птиците од редот Рsittaciformes се инфицирани со Chlamydophyla psittaci, сите птици од пратката ќе бидат третирани со метода одобрена од Управата за ветеринарство и нивниот престој во карантинот ќе биде продолжен за најмалку два месеци од последниот потврден случај. Дел 5 УСЛОВИ ЗА КАРАНТИН НА ЖИВОТНИ ОД АКВАКУЛТУРА Член 20 Техничко-технолошки услови кои треба да ги исполнува карантинскиот објект или карантинската единица за животни од аквакултура (1) Карантинскиот објект треба да е одделен од останатите карантински објекти, други фарми или други области со фарми за одгледување на мекотели, на оддалеченост определена од страна на Управата за ветеринарство врз основа на процена на ризик земајќи ја во предвид епидемиологијата на соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник. (2) По исклучок од став (1) на овој член, карантинскиот објект може да биде лоциран на фарма или област со фарми за одгледување на мекотели, по претходно одобрение на Управата за ветеринарство. (3) Карантинските единици треба да бидат конструирани на начин со кој е оневозможено мешање на водата помеѓу нив. (4) Собирниот систем за вода на секоја карантинска единица треба да биде дизајниран на начин со кој се превенира можна вкрстена контаминација помеѓу карантинските единици или други единици на истата фарма или област на фарми за одгледување на мекотели. (5) Системот за водоснабдување на карантинските единици треба да биде слободен од болестите од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник. (6) Кога системот за дренажа на карантинските единици е лоциран во зона или дел на територијата на Република Македонија или територија на трета земја или нејзин дел кој е деклариран како слободен од соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник или е опфатен со програма за ерадикација на соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник, треба да има прочистителен систем кој е одобрен од страна на Управата за ветеринарство. (7) Прочистителниот систем од став (6) на овој член треба да: 1) ги третира отпадните води и отпадот која се создава во карантинските единици на начин со кој се врши ефективнио онеспособување на инфективните агенси предизвикувачи на соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник, и 2) биде опремен со резервен механизам со кој се обезбедува непречено одвивање на активностите и целосно прочистување на водите и отпадот. (8) Карантинските единици треба да бидат конструирани на начин со кој се превенира контакт со други животни кои можат да пренесат некоја од соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник. (9) Целата опрема треба да биде конструирана на начин кој овозможува лесно чистење и дезинфекција. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 13 од 20 (10) Хигиенските бариери треба да бидат поставени на влезовите и излезите од карантинскиот објект и на влезовите и излезите од секоја засебна крантинска единица. (11) Секоја карантинска единица која е составен дел на карантинскиот објект треба да поседува сопствена опрема заради избегнување на вкрстена контаминација помеѓу различните карантински единици. Член 21 Карантин за животни од аквакултура (1) Бизнис операторот на карантинскиот објект за производство на аквакултура треба да обезбеди услуги на овластен ветеринар, за животни од аквакултура. (2) За секоја пратка со животни од аквакултура кои се ставаат во карантин: 1) карантинската единица треба да биде исчистена и дезинфицирана најмалку 7 дена пред повторно населување на животни од аквакултура; и 2) времетраењето на карантинот треба да отпочне со моментот на внесување на последното животно од пратката во карантинската единица. (3) Лицето одговорно за карантинскиот објект или карантинската единица треба да превземе соодветни активности со цел да се спречи вкрстена контаминација помеѓу пратките со животни од аквакултура кои се внесуваат и изнесуваат. (4) Во карантинскиот објект неовластени лица не треба да имаат пристап. (5) Лицата кои влегуваат во карантинскиот објект треба да се опремени со соодветна заштитна облека и обувки. (6) Со цел спречување вкрстена контаминација, не треба да постои контакт меѓу персоналот и опремата од карантинскиот објект или карантинските единици; или карантинските објекти или област на фарми за одгледување на мекотели. (7) По приемот на пратката, транспортните возила и опремата, вклучително и цистерните, контејнерите и водата, треба да бидат исчистени на начин кој ќе ги онеспособи инфективните агенси предизвикувачи на соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник. (8) Угинатите животни од аквакултура и животните од аквакултура кои покажуваат клинички знаци на болест треба да бидат клинички прегледани од страна на овластен ветеринар, за животни од аквакултура, при што се зема репрезентативен примерок од истите за лабораториско испитување во лабораторија одобрена од страна на Управата за ветеринарство. (9) Потребните испитувања, земањето на примероци и дијагностичките методи треба да бидат спроведени во консултација со и под контрола на Управата за ветеринарство. (10) Лицето одговорно за карантинскиот објект или карантинската единица секогаш треба да има достапни податоци за: 1) сите движења на животни од аквакултура и нивни производи во и надвор од фармата или фармата за мекотели; 2) појавата на смртност во секоја карантинска, односно епидемиолошка единица, соодветно за видот на производство; 3) резултати од шемите за надзор над здравјето на животните кои се базираат на анализа на ризик; 4) време на влез и излез на персоналот; 5) третман на водите кои влегуваат и излегуваат од карантинскиот објект; 6) секоја невообичаена состојба која влијае на активностите во карантинот (прекин на струја, оштетување на објектот, временски непогоди); и 7) датум и резултати од примероците испратени на лабораториски испитувања. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 14 од 20 Член 22 Услови за карантин на животни од аквакултура во трети земји (1) При карантин на животни од аквакултура пред истите да бидат увезени во Република Македонија, карантинот на местото на потекло треба да се спроведе во карантински објект како што е дефинирано во член 2 став (2) точка 2) од овој правилник. (2) Објектот за карантин треба да е под контрола на надлежниот орган на местото на потекло кој: 1) врши контрола на просториите од карантинскиот објект најмалку еднаш годишно; 2) потврдува дека карантинскиот објект ги исполнува еквивалентните услови за одобрување на карантински објекти за животни од аквакултура согласно прописите за ветеринарно здравство; 3) врши надзор над активностите на овластениот ветеринар надлежен за животните од аквакултура; и 4) потврдува дека условите под кои што е одобрен карантинскиот објект се исполнети. (3) Животните од аквакултура подлежат на условите утврдени во: членовите 30 и 31 од овој правилник, во случај на приемчиви видови, и членовите 32 и 33 од овој правилник, во случај на видови вектори. (4) Животните од аквакултура може да се ослободат од карантин само со писмено одобрение издадено од страна на надлежниот орган на местото на потекло. Член 23 Услови за карантински објекти за животни од аквакултура во трети земји (1) Карантинските објекти за животни од аквакултура за да бидат одобрени од надлежниот орган на земјата на потекло, треба да ги исполнуваат: 1) соодветните услови за одобрување на карантински објекти за животни од аквакултура согласно прописите за ветеринарно здравство; и 2) условите од член 20 и 21 на овој правилник. (2) Секој одобрен карантински објект за животни од аквакултура треба да има регистарски број. Член 24 Потврдување на карантин (1) Увозниците или нивните застапници пред увозот треба да обезбедат документ, издадена од лице одговорно за карантинскиот објект со кој се потврдува дека животните од аквакултура ќе се прифатат за карантин. (2) Документот од став (1) на овој член треба: 1) да биде напишан на македонски јазик и кирилско писмо; 2) да го содржи регистарскиот број на карантинскиот објект; и 3) да биде доставен до ветеринарното инспекциско место на граничен премин на влез пред пристигнувањето на пратката или да биде доставен од страна на увозникот или негов застапник пред пратката со животни од аквакултура да го напушти ветеринарното инспекциско место на граничен премин на влез. Член 25 Директен превоз на пратка со животни од аквакултура до карантински објекти (1) Увезената пратка со животни од аквакултура се превезува директно од ветеринарното инспекциското место на граничен премин на влез до карантинскиот објект. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 15 од 20 (2) Средствата за директен превоз до карантинските објекти задолжително се запечатуваат со пломба од страна на официјален ветеринар на ветеринарно инспекциското место на граничен премин на влез. Член 26 Набљудување на превозот на животни од аквакултура (1) При увоз на пратка со животни од аквакултура наменета за карантин на местото на крајна дестинација во Република Македонија: 1) официјалниот ветеринар на ветеринарно инспекциското место на граничен премин на влез, во рок од еден работен ден од моментот на пристигнување на пратката на ветеринарното инспекциско место на граничен премин на влез, го известува официјалниот ветеринар надлежен за карантинскиот објект, за местото на потекло и местото на крајна дестинација на пратката преку информациониот систем за гранична ветеринарна инспекција или до негова целосна имплементација со друг начин на комуникација (факс, писмо или електронска пошта); 2) лицето одговорно за карантинскиот објект, во рок од еден работен ден од моментот на пристигнување на пратката во карантинскиот објект, го известува официјалниот ветеринар надлежен за карантинскиот објект на крајна дестинација, за пристигнувањето на пратката; 3) официјалниот ветеринар надлежен за карантинскиот објект, во рок од три работни дена од моментот на пристигнувањето на пратката во карантинскиот објект, го известува официјалниот ветеринар на ветеринарното инспекциското место на граничен премин на влез кој предходно го известил за испраќањето на пратката, за пристигнувањето на пратката, преку информациониот систем за гранична ветеринарна инспекција или до негова целосна имплементација со друг начин на комуникација (факс, писмо или електронска пошта). (2) Доколку официјалниот ветеринар на ветеринарно инспекциското место на граничен премин на влез е известен дека пратката со животни од аквакултура најавена за одреден карантински објект не пристигналa на местото на дестинација во рок од еден работен ден од денот предвиден за пристигнување на пратката, Управата за ветеринарство превзема мерки пропишани со Законот за ветеринарно здравство. Член 27 Спроведување на карантин за животни од аквакултура (1) При увоз на пратки со животни од аквакултура согласно членовите 124, 125, 126, 127 и 128 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружува пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло или во случаи кога карантинот е услов за пуштање во промет на животни од аквакултура, треба да се исполнат следните услови: 1) карантинот за целото времетраење треба да се спроведе во истиот карантински објект; 2) животните од аквакултура подлежат на условите за карантин утврдени во: членовите 30 и 31 од овој правилник, во случај на приемчиви видови, и членовите 32 и 33 од овој правилник, во случај на видови вектори. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 16 од 20 (2) Животните од аквакултура може да се ослободат од карантинот само со писмено решение издадено од страна на Управата за ветеринарство доколку се исполнети сите услови за нивно ослободување. Член 28 Преглед, земање на примероци, испитување и дијагноза на болести кај животни од аквакултура (1) Прегледот, земањето на примероци, испитувањето и дијагнозата на животните од аквакултура се врши со цел да се осигури условите на животна средина да овозможуваат лабораториско откривање на соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник во објектот за карантин за целото времетраење на карантинот. (2) За времетраење на карантинот, 15 дена пред истекот на времетраењето на карантинот треба да се земат примероци од животните од аквакултура и тоа: 1) кога се користат контролни животни од аквакултура, примероци се земаат од сите контролни животни; или 2) кога не се користат контролни животни од аквакултура, примероци се земаат од соодветен број на животни од аквакултура со цел да се обезбеди откривање на соодветната болест од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник со 95% интервал на сигурност, доколку предвидената преваленца на болеста е 10% (најмалку 10 животни од аквакултура). (3) Испитувањето на земените примероци за соодветните болести од листата во Прилог 1 од овој правилник, во текот на карантинот, се спроведува со дијагностички методи согласно Прирачникот за дијагностички тестови за животни од аквакултура на Меѓународната организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ). Член 29 Активности во случај на сомнеж или потврда на болест (1) Во случај кога за времетраење на карантинот, постои сомнеж за појава на некоја од соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 на овој правилник, Управата за ветеринарство: 1) зема примероци и спроведува соодветни испитувања во согласност со член 28 точка 3) од овој правилник; и 2) до добивањето на лабораториските резултати, обезбедува ниедно животно од аквакултура да не се внесе во или изнесе од карантинскиот објект. (2) Во случај кога за времетраење на карантинот, се потврди постоење на некоја од соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 на овој правилник, Управата за ветеринарство ги превзема следните активности: 1) убивање и нештетно отстранување на сите животни од аквакултура, земајќи го предвид ризикот од ширење на соодветната болест; 2) чистење и дезинфекција на сите карантински единици; 3) петнаесет дена од моментот на извршеното завршно чистење и дезинфекција, не треба да дозволи внесување или преместување на животните од аквакултура; и 4) водата во карантинските единици се третира на начин кој ефикасно го онеспособува инфективниот причинител на соодветната болест. (3) По исклучок на став (2) точка 1) на овој член, Управата за ветеринарство може да дозволи ставање во промет на животни од аквакултура чувани во карантински објект и нивни производи само доколку здравствениот статус на животните од аквакултура на местото на дестинација во однос на соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 на овој правилник не е загрозена. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 17 од 20 Член 30 Времетраење на карантин за приемчиви видови (1) Времетраењето на карантинот за риба е најмалку 60 дена. (2) Времетраењето на карантинот за ракови е најмалку 40 дена. (3) Времетраењето на карантинот за мекотели е најмалку 90 дена. Член 31 Преглед, земање на примероци, испитување и дијагноза за приемчиви видови (1) За да се потврди отсуство на соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 на овој правилник, прегледот, земањето на примероци, испитувањето и дијагнозата од член 28 од овој правилник, треба да се со негативен наод на соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 на овој правилник. (2) Контролните животни од аквакултура може да се користат при преглед, земање на примероци, испитување и дијагноза, освен кога се врши карантин на видови приемчиви на инфекција со Marteilia refringens. (3) Управата за ветеринарство го определува бројот на контролни животни од аквакултура кои ќе се користат, земајќи го во предвид бројот и видот на животни од аквакултура кои се одгледуваат, големината на карантинската единица и карактеристиките на соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник. (4) Контролните животни од аквакултура треба да: 1) се од видови приемчиви на соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник и кога е возможно земајќи ги во предвид нивните природни услови на размножување, посебно на старосните категории во оснос на приемчивоста на болеста; 2) потекнуваат од зона или дел од Република Македонија, или од трета земја или нејзин дел прогласен за слободен од соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник; 3) не се вакцинирани против соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник; 4) се сместени во карантинска единица непосредно пред или по пристигнувањето на животните од аквакултура кои се ставаат во карантин и да се во контакт со тие животни под исти зоотехнички услови и иста животна средина. (5) На почетокот и на крајот од карантинот за секоја пратка со животни од аквакултура, Управата за ветеринарство ја утврдува исполнетоста на условите од членовите 20, 21, 22, 23 и 27 од овој правилник. (6) При вршење на прегледот од став (5) на овој член, Управата за ветеринарство: 1) треба да осигура условите на животната средина да овозможуваат лабораториско откривање на соодветните болести од листата дадена во Прилог 1 од овој правилник; 2) врши преглед на податоците за смртноста во текот на времетраењето на карантинот; и 3) кога е соодветно, врши преглед на животните од аквакултура во карантинските единици. Член 32 Времетраење на карантинот за видови вектори (1) Времетраењето на карантинот за видови вектори е најмалку 30 дена. (2) Водата од карантинската единица се менува најмалку еднаш дневно. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 18 од 20 Член 33 Преглед на карантинот за видови вектори (1) На почетокот и на крајот од карантинот за секоја пратка со животни од аквакултура, Управата за ветеринарство ја утврдува исполнетоста на условите од членовите 20, 21, 22, 23 и 27 од овој правилник. (2) При вршење на прегледот од став (1) на овој член, Управата за ветеринарство треба да: 1) врши преглед на податоците за смртност за времетраењето на карантинот; и 2) кога е соодветно, врши преглед на животните од аквакултура во карантинските единици. Дел 6 ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 34 Престанок на важење Одредбите на член 2 став (1) и (2), членовите 4, 5, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32 и 33 од овој правилник престануваат да важат со пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија. Член 35 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 1 јануари 2011 година. Бр. 11-56/5 21 јуни 2010 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 19 од 20 Службен весник на РМ, бр. 88 од 2.07.2010 година 20 од 20 .

Regulation on technical and technological requirements for the approval of quarantine, technical and technological requirements to be met by quarantine and duration of quarantine for isolation and duration of the same for different species and categories, the duration of the monitoring and mandatory tests · Nelum