Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on special safety requirements for active and intelligent materials and articles in contact with food

Made 2014-02-28 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за посебните барања за безбедност на активните и интелигентни материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Food and nutrition
Keywords
food safety and quality, packaging/labelling, processing/handling, hygiene/sanitary procedures

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 64 од 17.04.2014 година 1 од 6 20140641962 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 59 став (3) алинеја 4 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13 и 43/14), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесe ПРАВИЛНИК ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА АКТИВНИТЕ И ИНТЕЛЕГЕНТНИ МАТЕРИЈАЛИ И ПРОИЗВОДИ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНАТА (*) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат посебните барања за безбедност на активни и интелегентни материјали и производи, како специфична група на материјали што доаѓаат во контакт со храната. Член 2 Одредбите на овој правилник се применуваат и на материјали и производи во кои се додадени интелегентни компоненти или каде се тие инкорпорирани. Член 3 (1) Поимите дефинирани во Законот за безбедност на храната и Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната (1) се применуваат и во овој правилник. (2) Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. „активни материјали и производи” се материјали и производи кои се наменети да го продолжат рокот на употреба или да ја подобрат состојбата на пакуваната храна; тие содржат компоненти кои ослободуваат или апсорбираат супстанции во или од пакуваната храна или околината на храната. 2. „интелигентни материјали и производи” се материјали и производи кои ја следат состојбата на спакуваната храна или на околина што ја опкружува храната; 3. „компонента” е индивидуална супстанција или комбинација на индивидуални супстанции кои ја предизвикуваат активната и/или интелигентната функција на материјалот или производот, вклучувајќи ги производите од моменталната реакција на тие супстанции но не ги вклучува пасивните делови, како што е материјалот кон кој се додаваат или во кој се инкорпорирани; 4. „функционална бариера” е бариера која се состои од еден или повеќе слоеви од материјали што доаѓаат во контакт со храната, со што се обезбедува дека крајниот материјал или производ е во согласност соодредбите на овој правилник како и со општите барања утврдени во член 6 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната (1); 5. „активни материјали и производи кои ослободуваат” се оние активни материјали и производи кои се направенитака што намерно вградените компоненти би ослободиле супстанции во или врз пакуваната храна илина околина што ја опкружува храната; * Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕЗ) бр. 405/2009на Комисијата од 29 мај 2009 го дина за активните и интелегентни производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната, CELEX број 32009R0405. Службен весник на РМ, бр. 64 од 17.04.2014 година 2 од 6 6. „ослободени активни супстанции” се супстанции кои се наменети да бидат ослободени од активните материјали и производи кои ослободуваат активни супстанции во или врз пакуваната храна или на околина што ја опкружува хранатаи притоа ја исполнува целта во храната. Член 4 Активните и интелигентни материјали и производи можат да се пласираат на пазарот само ако се: (а) соодветни и ефективни за наменетата цел на употреба; (б) во согласност со општите барања за материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната дадени во член 6 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната (1); (б) во согласност со посебните барања за активни и интелигентни материјали и производи дадени во член 8 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната (1); (г) во согласност со барањата за означувањедадени во член 19 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната (1); (д) во согласност со барањата од членот 6 на овој правилник и да ги содржат податоците од член 7од овој правилник и (ѓ) во согласност со барањата за означување утврдени во членовите 7 и 8 од овој правилник. Член 5 (1) Само супстанции кои се наведени во Листата на супстанции може да се користат во активни и интелигентни материјали и производи. (2) Листа на супстанции кои може да се користат во активни и интелигентни материјали и производи Агенцијата за храна и ветеринарство ја објавува на својата веб страна. (3)Листата на супстанции ги содржи следните податоци: (а) идентитетот на супстанцијата(те); (б) функцијата на супстанцијата(те); (в) референтен број; (г) ако е потребно, условите за употреба на супстанцијата(те) или компонентата; (д) ако е потребно, ограничувања и/или спецификации за употреба на супстанцијата(те); (ѓ) ако е потребно, условите за употреба на материјалот или производство кој се додава или во кој се вградува супстанцијата. Член 6 Супстанциите кои ги сочинуваат компонентите на активните и интелигентните материјали и производи, потребно е да ги исполнуваат барањата од член 5 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната (1) и каде што е применливо, исполнување на посебните барања за активни и интелегентни материјали и производи утврдени во член 8 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната (1),за одредените услови за употреба на активниот или интелигентен материјал или производи. Службен весник на РМ, бр. 64 од 17.04.2014 година 3 од 6 Член 7 (1) За да може потрошувачот да ги идентификува нејадливите делови, секогаш кога активните и интелигентните материјали и производи или нивните делови ќе се сметаат или ќе бидат воочливи како јадливи, треба да бидат обележани со: (а) зборовите “НЕ СЕ ЈАДЕ”; и (б) секогаш кога е технички возможно, со симболот даден во Прилог1 кој е составен дел од овој правилник. (2) Информациите кои се бараат во став (1) од овој член треба да бидат впечатливи, јасно читливи и неизбришливи. Се печатат со големина на фонт од најмалку 3 mm и се во согласност со барањата утврдени во член 19 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната. (3) Ослободените активни супстанции се сметаат за состојки според одредбите наПравилник за начинот на означување на храната (2). Член 8 (1) Во фазите на пуштање во промет, се до моментот на продавање до крајниот потрошувач, активните и интелигентни материјали и производите, без разлика дали се или не се во контакт со храната или компонентите кои се наменети за производство на овие материјали и производи или супстанциите кои се наменети за производство на овие компоненти, треба да се придружени со изјава за усогласеност во согласност со член 9 од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната (1). (2) Изјавата за усогласеност од став (1) од овој член ја издава производителот или увозникот и ги содржи информациите дадени во Прилог 2 кој е составен дел од овој правилник. Член 9 (1) Во фазите на производство, активните и интелигентни материјали и производите и компонентитекои се наменети за производство на тие материјали и производи треба дасе придружени со писмена изјава за усогласеност согласно Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната (1). Изјавата за усогласеност од став 1 на овој член ја издава операторот со храна, при што на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство операторот со храна треба да и достави на увид документација со цел да се потврди усогласеноста на производите и материјалите со барањата пропишани во овој правилник. (2) Документацијата во прилог на изјавата за усогласеност од став 1 на овој член треба да содржи информации за погодноста и ефективноста на активниот или интелигентниот материјал или производ, условите и резултатите од тестирањето, пресметките или други анализи и докази за безбедноста или аргументирањето за усогласеност. Член 10 Одредбите од овој правилник ќе престанат да важат со денот на пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија. Службен весник на РМ, бр. 64 од 17.04.2014 година 4 од 6 Член 11 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се објави по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија. Број 02-1717/1 28 февруари 2014 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Прилог 1 Симбол Службен весник на РМ, бр. 64 од 17.04.2014 година 5 од 6 Прилог 2 ИЗЈАВА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ Изјавата за усогласеностод член 8 на овој правилник ги содржи следниве информации: 1. идентитетот и адресата на правното лице која ја издава изјавата за усогласеност; 2. идентитетот и адресата на правното лице кое ги произведува или увезува активните и интелигентните материјали и производи, компонентите наменети за производство на тие материјали или производи или супстанциите наменети за производство на компонентите; 3. идентитетот на активните и интелигентните материјали и производи, компонентите наменети за производство на тие материјали или производи или супстанциите наменети за производство на компонентите; 4. датумот на изјавата; 5. потврда дека активниот или интелигентен материјал или производ е во согласност со соодветните барања утврдени со одредбите од овој правилник и одредбите од Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната (1). 6. соодветни информации поврзани со супстанциите кои ги сочинуваат компонентите, за кои има поставено одредени ограничувања кои се применливи за храна и се во согласност со одредбите од овој правилник; каде што е соодветно одредување на критериуми за чистота во согласност применливи за храна и името и количината на супстанциите кои активната компонента ги испушта, за да се овозможи и стопанските субјекти кои се надолу во веригата да бидат во согласност со овие барања. 7. адекватни информации за погодноста и ефективноста на активниот или интелигентниот материјал или производ; 8. спецификации за употреба на компонентата, како што се: (а) група или групи материјали и производи кон кои компонентата може да се додаде или соедини; (б) условите на употреба, неопходни за постигнување на саканиот ефект. 9. спецификации за употребата на материјалот или производот, како на пример: (а) видот или видовите храна кои треба да дојдат во контакт со него; (б) времето и температурата за третирање и складирање при контакт со храната; (в) соодносот на површината која влегува во контакт со храната и волуменот потребен за да се воспостави усогласеност со материјалот или производот; 10. кога се користи функционална бариера, потврда дека активниот или интелигентниот материјал или производ е во согласност со одредбите одовој правилник. Изјавата за усогласеностовозможува лесна идентификација на активните и интелигентни материјали и производи, компонентите или супстанцијата за која се издава и се обновува ако значајни промени во производството доведуваат до промени во миграцијата или ако се достапни нови научни информации. 1 Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната е усогласен со член 1 (2) од Регулативата (ЕЗ) бр. 1935/2004 на Европскиот парламент и на Советот од 27 октомври 2004 година за материјалите и производите наменети да дојдат во контакт со храната, број 32004R1935, Регулативата (ЕЗ) бр. 2023/2006 на Европската Комисија од 22 декември 2006 година за добра производна пракса за материјали и производи од пластика наменети да дојдат во контакт со храна и Регулативата бр. 282/2008 од 28 март 2008 година за рециклирани пластични материјали и предмети одредени да стапат во контакт со храна и за изменување на Регулативата (ЕЗ) бр. 2023/2006. 2 Правилникот за начинот на означување на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 118/05) е усогласен со Директивата 1987/250/ЕЕЗ на Комисијата од 15 април 1987 година за индикација на Службен весник на РМ, бр. 64 од 17.04.2014 година 6 од 6 јачината на алкохол по волумен при означување на алкохолните пијалоци за продажба на крајниот потрошувач (CELEX број 31987L0250), Директивата 1989/396/ЕЕЗ на Советот од 14 јуни 1989 година за индикатори или маркери за идентификација на сериите (лотови) на прехранбени производи на кои што се однесуваат (CELEX број 31989L0396), Директивата 1990/496/ЕК на Комисијата од 24 септември 1990 година за означување на нутритивните својства на храната (CELEX број 31990L0496), Регулативата 1991/2092/ЕЕЗ на Советот од 24 јуни 1991 година за органско производство на земјоделски проидзводи и индикациите што при тоа се однесуваат на земјоделските производи и прехранбените производи (CELEX број 31991R2092), Директивата 1994/35/ЕК на Европскиот Парламент и Советот од 30 јуни 1994 година за засладувачишто се користат во прехранбените производи (CELEX број 31994L0035), Директивата 1994/54/ЕК на Комисијата од 18 ноември 1994 година за задолжителна индикација на означувањето на оддделни, конкретни прехранбени производи, различни од оние предвидени во Директивата 79/112/ЕЕЗ (CELEX број 31994L054), Директивата 2000/13/ЕК на Европскиот Парламент и на Советот од 20 март 2000 година за приближување на законите на земјите-членки за означување, презентација и рекламирање на храната (CELEX број 32000L0013), Директивата 2002/67/ЕК на Комисијата од 18 јули 2002 година за означување на прехранбени производи што содржат кинин и прехранбени производи што содржаткофеин (CELEXброј 32002L0067), Регулативата 2003/1829/ЕК на Европскиот Парламент и Советот од 22 септември 2003 година за генетски модифицирана храна и добиточна храна (CELEXброј 32003R1829).

Regulation on special safety requirements for active and intelligent materials and articles in contact with food · Nelum