Regulation on security measures for import and transit of domestic and foreign wild boar, seeds, eggs and embryos of pigs, pigmeat, products and preparations of pork, other products containing pork, as well as by-products from swine species in order to protect against the introduction of the African swine fever virus in the Republic Macedonia
Made 2016-12-01 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Решението за преземање на безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Македонија.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock, Food and nutrition
- Keywords
- swine, pests/diseases, animal health, animal reproduction, international trade, authorization/permit, hygiene/sanitary procedures, classification/declassification, animal production, meat, food safety and quality
- Categories
- *
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 1 од 14 20162164785 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ПРИ УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ДОМАШНИ И ДИВИ СВИЊИ, СЕМЕ, ЈАЈЦА И ЕМБРИОНИ ОД СВИЊИ, СВИНСКО МЕСО, ПРОИЗВОДИ И ПОДГОТОВКИ ОД СВИНСКО МЕСО, ДРУГИ ПРОИЗВОДИ КОИ СОДРЖАТ СВИНСКО МЕСО, КАКО И НУСПРОИЗВОДИ ОД СВИЊИ ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА(*) Член 1 Со ова решение се преземаат безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Македонија. Член 2 Се забранува увоз и транзит низ територијата на Република Македонија на: 1) диви свињи кои потекнуваат од областите наведени во Прилогот кој е составен дел на ова решение, и 2) месо од диви свињи, производи и подготовки од месо од диви свињи и други производи кои содржат месо добиено од диви свињи кои потекнуваат од областите наведени во Прилогот на ова решение. Член 3 (1) Се забранува увоз и транзит низ територијата на Република Македонија на свињи кои потекнуваат од земјите наведени во Прилогот на ова решение, освен доколку тие свињи доаѓаат од: 1) области кои не се наведени во Прилогот на ова решение, 2) одгледувалиште во кое во период од најмалку 30 дена пред датумот на испраќање не се внесени свињи кои потекнуваат од одгледувалишта од области наведени во Прилогот на ова решение. (2) По исклучок од став (1) на овој член увоз и транзит низ територијата на Република Македонија на свињи кои потекнуваат од одгледувалишта во области наведени во Дел 1 од Прилогот на ова решение се одобрува доколку свињите: 1) останале најмалку 30 дена или се од раѓање во одгледувалиштето и во тоа одгледувалиште не биле внесени свињи во период од најмалку 30 дена пред датумот на испраќање; () Со ова решение се врши усогласување со одредбите на Одлуката на Комисијата за Имплементација бр. 2014/709/ЕУ од 9 октомври 2014 година за мерки за контрола за здравствена заштита на животните во однос на Африканска свинска чума во земјите членки и повлекување на Одлуката за имплементација 2014/178/ЕУ (CELEX бр. 32014D0709) Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 2 од 14 2) доаѓаат од одгледувалиште кое ги применува био-сигурносните барања за африканска свинска чума пропишани од надлежниот орган на земјата извозник; 3) биле подложени на лабораториско испитување за африканска свинска чума со негативен резултат на примерок земен согласно постапката за земање мостри утврдена во Националната програма за сузбивање и ерадикација на африканска свинска чума на земјата извозник во период од 15 дена пред испраќање и официјален ветеринар извршил клинички преглед на свињите за африканска свинска чума на денот на натовар во согласност со постапките за вршење на клинички преглед и мострирање опишани во упатствата и процедурите за испитување на сомнителни одгледувалишта од африканска свинска чума или доаѓаат од одгледувалиште кое најмалку два пати годишно во интервали од четири месеци било предмет на преглед и контрола од надлежниот орган при што: се следени упатствата и процедурите за испитување на сомнителни одгледувалишта од африканска свинска чума; се вршел клинички преглед и мострирање опишани во упатствата и процедурите за испитување на сомнителни одгледувалишта од африканска свинска чума и е прегледана и ефективноста на примената на мерките кои се спроведуваат во случај на сомнеж од појава на африканска свинска чума кај диви свињи. (3) Пратките со свињи треба да се пропратени со ветеринарно-здравствен сертификат утврден во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло Прилог 7 Дел 1, во кој треба дополнително да биде наведен текстот: “Свињи во согласност со член 3 став (2) од решението за преземање на безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Македонија“). Член 4 Се забранува увоз и транзит низ територијата на Република Македонија од земјите наведени во Прилогот на ова решение на: 1) семе од свињи, освен доколку семето потекнува од расплодни свињи кои се одгледуваат во одобрени собирни центри за семе согласно Правилникот за условите за увоз на семе за вештaчко осеменување, ембриони и јајце клетки, листи на трети земји од кои е дозволен нивниот увоз и содржината и формата на ветеринарно-здравствениот сертификат или друг документ што ја придружува пратката и одобрените центри не се наоѓаат во области наведени во Дел 2, Дел 3 и Дел 4 од Прилогот на ова решение и 2) јајца и ембриони од свињи, освен доколку јајцата и ембрионите потекнуваат од донори расплодни свињи кои се чуваат во одгледувалишта од член 3 став (2) од ова решение и кои не се наоѓаат во области наведени во Дел 2, Дел 3 и Дел 4 од Прилогот од ова решение, и ембрионите се оплодени со семе кое е во согласност со точка 1) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 3 од 14 Член 5 (1) Се забранува увоз и транзит низ територијата на Република Македонија на нус производи од свињи од земјите наведени во Прилогот на ова решение, освен доколку истите се добиени од свињи кои потекнуваат од одгледувалишта кои не се наоѓаат во области од Дел 2, Дел 3 и Дел 4 од Прилогот на ова решение. (2) По исклучок од став (1) на овој член увоз и транзит низ територијата на Република Македонија на деривати добиени од нуспроизводи од свињи од области наведени во Дел 2, Дел 3 и Дел 4 од Прилогот на ова решение се одобрува доколку: 1) нуспроизводите биле подложени на третман со кој се овозможува дериватите од тие нуспроизводи да не претставуваат ризик за појава на африканска свинска чума и 2) се пропратени со соодветен ветеринарно-здравствен сертификат пропишан во Прилог 4 од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит (*1). Член 6 (1) Се забранува увоз и транзит низ територијата на Република Македонија на свинско месо, производи и подготовки од свинско месо и други производи кои содржат свинско месо од земјите од Прилогот на ова решение, освен доколку истите се добиени од свињи кои потекнуваат од одгледувалишта кои не се наоѓаат во области од Дел 2, Дел 3 и Дел 4 од Прилогот на ова решение. (2) По исклучок на став (1) од овој член, увоз и транзит низ територијата на Република Македонија на свинско месо, производи и подготовки од свинско месо и други производи кои содржат свинско месо од области наведени во Дел 2, Дел 3 и Дел 4 од Прилогот на ова решение се одобрува доколку: 1) се произведени и преработени согласно член 67 став (1) од Законот за безбедност на храната, при што: а) свинското месо е идентификувано со посебна здравствена ознака во која во центарот на печатот дијагонално се вкрстуваат две прави линии и со која се овозможува податоците понатаму да останат читливи, б) здравствената ознака од потточка а) на оваа точка содржи овален печат со ширина 6,5 cm и висина 4,5 cm, и читливо ги содржи ИСО кодовите на земјата со печатни букви, во центарот да го содржи одобрениот број на кланицата, и на долниот дел да содржи еден од следните кратенки: CE, EC, EF, EG, EK, EY или EZ, в) буквите на здравствената ознака од потточка а) на оваа точка треба да бидат најмалку со големина од 0,8 cm додека фигурите треба да се високи најмалку 1 cm, г) здравствената ознака од потточка а) на оваа точка го идентификува официјалниот ветеринар кој ги вршел прегледот и контролата на месото, д) здравствената ознака од потточка а) на оваа точка треба да се разликува од здравствената ознака која се користи во согласност со Правилникот за посебните барања за храната од животинско потекло, ѓ) производите и подготовките од свинско месо и други производи кои содржат свинско месо се подложени на третман кој го елиминира здравствениот ризик кај животните од африканска свинска чума и тоа: термичка преработка во херметички затворен контејнер со F0 вредност од 3,00 или повеќе, или Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 4 од 14 термичка преработка на минимална температура од 80°C постигната низ целото месо, или термичка преработка во херметички затворен контејнер на најмалку 60°C во период од најмалку 4 часа во кој период температурата во средината на месото мора да биде најмалку 70°C во период од 30 минути, или природна ферментација и зреење во период не помал од 9 месеци за обезкостено месо што резултирало со следните карактеристики: просечна вредност да не е поголема од 0,93 или pH вредноста не поголема од 6,0, или бут и слабина: третман кој вклучува природна ферментација и зреење во период не помал од 190 дена за каре и 140 дена за месо од бут. 2) пропратени се со ветеринарно-здравствен сертификат утврден во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло Прилог 7 Дел 4, во кој треба дополнително да биде наведен текстот: “Производи во согласност со решението за преземање на безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Македонија“). Член 7 (1) Возилата со кои се врши транспорт на свињи или нуспроизводи добиени од свињи кои потекнуваат од одгледувалишта кои се наоѓаат во областите наведени во Прилогот на ова решение треба да се исчистени и дезинфицирани и превозникот треба да обезбеди доказ за извршеното чистење и дезинфицирање. (2) Возилата кои се користат за транспорт на живи свињи треба: да бидат регистрирани од страна на надлежниот орган на земјата извозник за транспорт на живи свињи со канализирана постапка; да имаат пломба ставена од страна на официјален ветеринар на место на натовар, која може да се отстрани и замени со нова пломба само од страна на официјален ветеринар и постапката на замена и ставање на нова пломба треба да биде заведена од официјален ветеринар. Член 8 Со денот на влегувањето во сила на овој решение престануваат да важат Решението за преземање на безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 124/14 и 153/14) и Решението за забрана на увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи во Република Македонија од Република Полска („Службен весник на Република Македонија” бр. 167/16). Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 5 од 14 Член 9 Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 02 – 4419/3 Директор на Агенцијата 1 декември 2016 година за храна и ветеринарство, Скопје м-р Зоран Поповски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 6 од 14 Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 7 од 14 Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 8 од 14 Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 9 од 14 Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 10 од 14 Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 11 од 14 Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 12 од 14 Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 13 од 14 Службен весник на РМ, бр. 216 од 15.12.2016 година 14 од 14