Regulation on procedural rules for the work of expert Commission for confirming the expert works in the field of approval of plant protection products
Made 2010-09 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за процедуралните правила за работа на стручната комисија за потврдување на стручните работи од областа на одобрувањето на производите за заштита на растенијата.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Cultivated plants
- Keywords
- plant protection, pesticides, authorization/permit, procedural matters, data collection/reporting
- Categories
- agriculture
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 139 од 19.10.2010 година 1 од 1 20101392837 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 24 став 6 од Законот за производи за заштита на растенијата ( „Службен весник на Република Македонија” бр.110/07 и 20/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со министерот за здравство и министерот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПРОЦЕДУРАЛНИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАБОТА НА СТРУЧНАТА КОМИСИЈА ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА СТРУЧНИТЕ РАБОТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДОБРУВАЊЕТО НА ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА Член 1 Со овој правилник се пропишуваат процедуралните правила за работа на стручната комисија за потврдување на стручните работи од областа на одобрувањето на производите за заштита на растенијата (во натамошниот текст: стручна комисија). Член 2 (1) Стручната комисија стручните работи ги врши преку обработка на податоците содржани во документацијата за добивање на одобрение за производи за заштита на растенијата. (2) Фитосанитарната управа до стручната комисија ја доставува целокупната придружна документација неопходна за изготвување на извештајот за потврдување на стручните работи во постапките за одобрување на производите за заштита на растенијата. (3) Во постапките за одобрување на производите за заштита на растенијата стручната комисија дава: предлог за одобрување на производ за заштита на растенијата; предлог за одбивање на производ за заштита на растенијата; предлог за дополнително испитување и разгледување на производ за заштита на растенијата; предлог за продолжување на важноста на одобрувањето на производ за заштита на растенијата; мислење за ревизија на одобрен производ; предлог за ограничување или забрана на промет односно употреба на производи; мислење во врска со поднесена пријава за издавање на вонредна дозвола за промет; мислење за издавање на итни исклучителни дозволи за употреба на нерегистриран производ; мислење во врска со поднесено барање за издавање на дозвола за истражување и развој; предлог за одобрување на испитување на производ за заштита на растенијата; и предлог за забрана на испитување на производ за заштита на растенијата. Член 3 (1) Стручната комисија своите наоди и проценки од член 2 став (3) на овој правилник ги доставува до Фитосанитарната управа во вид на извештај во писмена форма. (2) Извештајот и записникот од работата на стручната комисија се усвојуваат на првата наредна седница. (3) Извештајот ги содржи мислењата и предлозите од член 2 став (3) на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 139 од 19.10.2010 година 2 од 2 (4) Извештајот од став (1) на овој член го потпишува претседателот на стручната комисија. Член 4 (1) Стручната комисија работи и одлучува на седници. (2) Седниците се одржуваат во седиштето на стручната комисија, во зависност од интензитетот на работа во Фитосанитарната управа, најмалку шест пати годишно, а по потреба може и повеќе пати. (3) Стручната комисија работи и донесува одлуки со мнозинство гласови од вкупниот број членови. (4) Членот на стручната комисија кој не се согласува со мислењето на мнозинството дава издвоено мислење со образложение. (5) Издвоеното мислење на членот на стручната комисија е составен дел на записникот од седницата на стручната комисија. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 17-193/6 Министер за земјоделство, септември 2010 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Министер за здравство, Министер за животна средина Бујар Османи, с.р. и просторно планирање, Неџати Јакупи, с.р.