Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on placing on the market of the semen for artificial insemination of bovine animals

Made 2008-11-13 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за ставање во промет на семе за вештачко осеменување од животни од видот говеда.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock
Keywords
animal health, animal reproduction, genetic resources, internal trade, pests/diseases, vaccination, hygiene/sanitary procedures, certification, animal production

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 1 од 18 20081432929 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на членовите 28 став (4), 29 став (5) и 30 став (2) од Законот за ветеринарно здравство „Службен Весник на Република Македонија“ бр. 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА СЕМЕ ЗА ВЕШТАЧКО ОСЕМЕНУВАЊЕ ОД ЖИВОТНИ ОД ВИДОТ ГОВЕДА Член 1 Со овој правилник се пропишуваат одредени заразни и паразитарни болести од кои треба да бидат слободни животните за расплод како и одгледувалиштата на животните за расплод, минималните услови за здравствениот и репродуктивниот статус на животните, ветеринарно здравствените услови за исправноста на семето за вештачко осеменување, начинот на водење на евиденција на добивањето, производството, складирањето и прометот, здравствениот и репродуктивниот статус на семето за вештачко осеменување, условите за добивање, подготовка и разредување, биолошкиот квалитет и обележувањето на семето за вештачко осеменување, условите кои треба да ги исполнуваат центрите за репродукција и вештачко осеменување и центрите за складирање на семе за вештачко осеменување во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, услови во поглед на просториите, опремата и инструментите и начинот на вршење на промет на семе за вештачко осеменување во Република Македонија од животни од видот говеда како и формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат. Член 2 Дефиниции Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следново значење: „Семе за вештачко осеменување“ е подготвен или разреден ејакулат на домашни животни од видот говеда. „Центар за репродукција и вештачко осеменување“ е еден или повеќе објекти во кој се произведува семе за вештачко осеменување и кој е официјално одобрен од Управата за ветеринарство во Република Македонија или од надлежниот орган на трета земја и е под постојан надзор на официјален ветеринар. „Центар за складирање на семе за вештачко осеменување“ е објект во кој се складира семе за вештачко осеменување и кој е официјално одобрен од Управата за ветеринарство во Република Македонија или од надлежниот орган на трета земја и e под постојан надзор на официјален ветеринар. Како центар за складирање на семе за вештачко осеменување во Република Македонија се смета и ветеринарна амбуланта, клиника или болница кои ги исполнува соодветните пропишани услови. „Одговорен ветеринар во центар за репродукција и вештачко осеменување и центар за складирање на семе за вештачко осеменување“ е доктор по ветеринарна медицина кој е одговорен за секојдневното исполнување на одредбите од овој правилник. „Пратка на семе за вештачко осеменување“ е одредена количина на семе за вештачко осеменување која е пропратена со еден сертификат. „Земја на потекло“ е земјата во која е произведено семето за вештачко осеменување кое е испратено во Република Македонија. Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 2 од 18 „Овластена лабораторија“ е лабораторија во Република Македонија или трета земја која е овластена од надлежниот орган во која се наоѓа, а за извршување на тестовите утврдени со овој правилник. „Добивање“ претставува одредена количина на семе за вештачко осеменување добиена од донаторот во било кое време. Член 3 Промет во Република Македонија со семе за вештачко осеменување (1) Семето за вештачко осеменување може да се пушти во промет во Република Македонија доколку ги исполнува следните услови: 1) Било произведено и преработено и/или складирано во центар за репродукција и вештачко осеменување или центар за складирање на семе за вештачко осеменување кои се одобрени од надлежниот орган во Република Македонија или од надлежниот орган во земјата на потекло заради вршење на вештачко осеменување или промет со семе за вештачко осеменување. Процедурата за одобрување на центарот за репродукција и вештачко осеменување или центар за складирање на семе за вештачко осеменување од трети земји треба да биде во согласност со одредбите пропишани во член 6 од овој правилник. 2) Било добиено од животни од видот говеда кои ги исполнуваат условите пропишани во членовите 13 и 14 од овој правилник. 3) Било добиено, обработено, складирано и транспортирано во согласност со условите од членовите 9, 10, 11, 12 и 15 од овој правилник. 4) За време на транспортот е пропратено со ветеринарно здравствен сертификат. (2) Одобрените центри за репродукција и вештачко осеменување и центрите за складирање на семе за вештачко осеменување треба да бидат регистрирани со единствен број на одобрение. Управата за ветеринарство објавува список со сите одобрени центри за репродукција и вештачко осеменување и центри за складирање на семе за вештачко осеменување во Република Македонија и редовно го ажурира. Управата за ветеринарство обезбедува список на одобрени центри за репродукција и вештачко осеменување и центри за складирање на семе за вештачко осеменување за увоз во Република Македонија. Член 4 Семе за вештачко осеменување добиено од бикови кои се вакцинирани против Лигавка и шап Прометот со семе за вештачко осеменување добиено од бикови кои се вакцинирани против Лигавка и шап е дозволен во случаи кога семето за вештачко осеменување е добиено од бикови кои се вакцинирани против Лигавка и шап во последните 12 месеци пред добивањето. Во таков случај најмалку 5% од семето наменето за промет во Република Македонија од секое добивање, во секој случај не помалку од 5 мостри, треба да биде испитано во овластена лабораторија во Република Македонија или во друга лабораторија назначена од Управата за ветеринарство со тест на изолација на вирус на Лигавка и шап со негативен резултат. Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 3 од 18 Член 5 Услови кои треба да ги исполнат земјите од кои се дозволува увоз на семе за вештачко осеменување во Република Македонија Увозот на семе за вештачко осеменување е дозволен од земји кои ги исполнуваат следните услови со кои се обезбедува поволна здравствена состојба на животните донатори: 1) Здравствената состојба на фармските животни, другите домашни животни и дивите животни во земјата извозничка, посебно во однос на егзотичните заразни болести и заштитата на околината која може да ја загрози здравствената состојба во Република Македонија. 2) Редовноста и брзината со која земјата извозничка информира за присутноста на заразни болести на својата територија, посебно во однос на болестите кои се наоѓаат на листата на Меѓународната организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ). 3) Видот на мерките за превенција и контрола на заразните болести во земјата извозничка. 4) Структурата и овластувањата на ветеринарната служба на земјата извозничка. 5) Организацијата и имплементацијата на мерките за заштита и контрола од заразни болести кај животните. 6) Гаранциите кои земјата извозничка може да ги даде во однос на усогласеноста со овој правилник. Член 6 Услови кои треба да ги исполнат центрите за репродукција и вештачко осеменување и центрите за складирање на семе за вештачко осеменување за увоз во Република Македонија (1) Увозот на семе за вештачко осеменување е дозволен од центри за репродукција и вештачко осеменување и центри за складирање на семе за вештачко осеменување кои се официјално одобрени од надлежниот орган на земјата извозничка. (2) Центри за репродукција и вештачко осеменување и центри за складирање на семе за вештачко осеменување можат да бидат вклучени во листата од став 2 од овој член само доколку надлежниот орган на земјата извозничка може да гарантира исполнетост на следните услови: 1) Ветеринарниот надзор над системот за производство на семе за вештачко осеменување на земјата извозничка, овластувањата на ветеринарната служба и надзорот над центрите овозможува соодветен квалитет на семето за вештачко осеменување. 2) Се наоѓаат во земја која е одобрена за увоз во Република Македонија. 3) Ги исполнува условите наведени во членовите 9, 10, 11 и 12 од овој правилник. 4) Се одобрени за извоз од надлежниот орган на земјата извозничка. 5) Се под надзор на одговорниот ветеринар во земјата извозничка. 6) Редовно се контролирани од официјалниот ветеринар на земјата извозничка најмалку два пати годишно. (3) Надлежниот орган на земјата извозничка од која е дозволен увоз во Република Македонија треба да гарантира дека листата на центри за репродукција и вештачко осеменување и центри за складирање на семе за вештачко осеменување кои се официјално одобрени и од кои семето за вештачко осеменување може да биде испратено во Република Македонија се подготвува, редовно ажурира и испраќа до Управата за ветеринарство. Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 4 од 18 Член 7 (1) Семето за вештачко осеменување кое се увезува во Република Македонија треба да биде добиено од животни кои пред добивањето на семето за вештачко осеменување престојувале најмалку шест месеци на територијата на земјата извозничка. (2) По исклучок на одредбите од член 5 став 1 од овој правилник и од став 1 на овој член, нема да биде дозволен увоз во Република Македонија, доколку семето за вештачко осеменување не ги исполнува пропишаните условите за увоз од таа земја кои се однесуваат на: 1) Здравствената состојба во регионот околу центарот за репродукција и вештачко осеменување особено во однос на болестите кои се наоѓаат на поранешната листа А на Меѓународната организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ). 2) Здравствената состојба во стадото во центарот за репродукција и вештачко осеменување вклучувајќи го и режимот на тестирање. 3) Здравствената состојба на животното-донатор и режимот на тестирање. 4) Условите за тестирање на семето за вештачко осеменување. (3) Одгледувалиштата од кои е добиено семето за вештачко осеменување кое се увезува во Република Македонија треба да бидат официјално слободни од Бруцелоза и Туберкулоза кај говедата. (4) По исклучок од став (3) од овој член може да се дозволи увоз и промет на семе за вештачко осеменување од одгледувалиштата кои не се официјално слободни од Бруцелоза и Туберкулоза кај говедата доколку земјата извозничка може да го гарантира најмалку истиот здравствен статус на одгледувалиштето од став 3 од овој член. (5) Увозот на семе за вештачко осеменување во Република Македонија не е дозволен доколку при проверката на документацијата се утврди дека не се исполнети условите од член 3 од овој правилник. (6) Во случаи кога постои сомнеж дека пратката на семе за вештачко осеменување е контаминирана со патогени организми, истата може да биде ставена во карантин или да се изведат дополнителни мерки се до добивањето на конечниот доказ дека пратката одговара на условите пропишани со овој правилник. На барање од увозникот или овластено лице на увозникот пратката на семе за вештачко осеменување може да биде вратена. Враќањето на пратката ќе биде овозможено доколку со тоа не се загрозува здравствената состојба на животните во Република Македонија. (7) Доколку увозот на семе за вештачко осеменување не е дозволен врз основа на ставот 2 од овој член и во случај кога земјата извозничка во рок од 30 дена не го одобри враќањето на пратката, истата нештетно ќе се отстрани. (8) Донесените одлуки од ставовите (5) и (6) од овој член заедно со образложението се доставуваат до увозникот или овластеното лице на увозникот на семето за вештачко осеменување. Член 8 Ветеринарно здравствен сертификат (1) Формата и содржината на ветеринарно здравствен сертификат со кој е пропратено семето за вештачко осеменување кое се увезува во Република Македонија е даден во Прилог кој е составен дел на овој правилник. (2) Ветеринарно здравствениот сертификат треба да: 1) Се состои од еден лист хартија или од неколку поврзани листови. 2) Е напишан на македонски јазик и најмалку на англиски јазик. 3) Има единствен референтен број. Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 5 од 18 4) Има оригинален потпис од овластено лице за издавање на ветеринарно здравствениот сертификат, читливо наведено име, квалификација и звање и оригинален печат на надлежниот орган на земјата извозник. 5) Има дата на издавање која треба да се совпаѓа со датата на натоварот на пратката. 6) Е адресиран до еден примач. 7) Е целосно и правилно пополнет. 8) Нема понатамошни исправки, а доколку има истите да бидат потврдени со потпис од овластеното лице кое го издало. 9) Бидат правилно прецртани и потврдени со потпис од овластеното лице задложено за издавање на ветеринарно здравствениот сертификат непотполнетите делови или алтернативните кои не се применливи. 10) Се однесува на една пратка и ја прати пратката до крајното место на дестинација. (3) Ветеринарно здравствениот сертификат се состои од два дела и тоа: Дел 1, детали за пратката Дел 2, сертификација. Член 9 Одобрување на центри за репродукција и вештачко осеменување во однос на кадарот, просториите, опремата и инструментите (1) За да бидат одобрени од Управата за ветеринарство, центрите за репродукција и вештачко осеменување треба да ги исполнуваат следните технички услови: 1) Да бидат под постојана контрола на одговорниот ветеринар кој е овластен од Управата за ветеринарство. 2) Да ги имаат најмалку следните простории: Просторија за сместување на животните; Просторија за изолација на животните; Просторија за собирање на семето за вештачко осеменување, вклучувајќи одвоена просторија за чистење и дезинфекција или стерилизација на опремата; Просторија за обработка на семето за вештачко осеменување која не е задолжително да биде на истата локација со останатите простории; и Просторија за складирање и чување на семето за вештачко осеменување која не е задолжително да биде на истата локација со останатите простории. 3) Сите простории треба да бидат изолирани на начин со кој се оневозможува секаков контакт со други животни. 4) Просториите треба да бидат изградени на начин со кој се овозможува лесно и ефикасно чистење и дезинфекција. 5) Просторијата за изолација на животните треба да биде одвоена и без директна врска со просторијата за сместување на животните. 6) Просторијата за сместување на животни треба да биде физички одвоена од просторијата за собирање на семето за вештачко осеменување и овие две простории треба да се физички одвоени од просторијата за складирање и чување на семето за вештачко осеменување. 7) Да имаат опрема и инструменти во доволен број и количини соодветно на производството на семе за вештачко осеменување. Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 6 од 18 Член 10 Одобрување на центри за складирање на семе за вештачко осеменување во однос на кадарот, просториите, опремата и инструментите За да бидат одобрени од Управата за ветеринарство, центрите за складирање на семе за вештачко осеменување треба да ги исполнуваат следните технички услови: 1) Да биде под постојана контрола на одговорниот ветеринар кој е овластен од надлежниот орган. 2) Да ги има следните простории: Просторија за сместување на семето за вештачко осеменување; и Просторија за запослените и прием на странки. 3) Просториите треба да бидат изградени или изолирани на начин да се оневозможи секаков контакт со животни. 4) Просториите треба да бидат изградени на начин со кој се овозможува лесно и ефикасно чистење и дезинфекција; 5) Да имаат соодветна опрема и инструменти во доволен број и количини соодветно на количината на семе за вештачко осеменување кое се складира. Член 11 Услови кои треба да ги исполнуваат центрите за репродукција и вештачко осеменување за редовно функционирање Во секојдневното функционирање, центрите за репродукција и вештачко осеменување треба: 1) Да ги држат само оние видови животни од кои ќе се добива семе за вештачко осеменување. Во центарот за репродукција и вештачко осеменување може да се држат и други домашни животни кои се неопходни за нормалното функционирање на центарот за репродукција и вештачко осеменување доколку тие не претставуваат ризик за инфекција на видовите животни од кои се добива семето за вештачко осеменување и ги исполнуваат условите поставени од одговорниот ветеринар. 2) Одговорниот ветеринар да води евиденција за секое поединечно говедо кое се држи во центарот за репродукција и вештачко осеменување во однос на расата, датумот на раѓање, идентификацијата, дијагностички испитувања и извршени вакцинации. Покрај оваа евиденција, одговорниот ветеринар води и евиденција за производството на семе за вештачко осеменување и репродуктивниот статус на донаторот. Евиденцијата се води во пишана или електронска форма. 3) Официјалниот ветеринар да врши редовни контроли, најмалку два пати годишно, заради контрола на условите кои се однесуваат на одобрувањето и редовното функционирање на центарот за репродукција и вештачко осеменување. 4) Влезот на неовластени лица да е забранет и спречен. Влезот на овластени лица треба да биде во согласност со условите поставени од одговорниот ветеринар. 5) Да имаат вработено технички компетентни лица кои поминале соодветна обука за чистење и дезинфекција потребна за спречување на ширење на заразни болести. 6) Да ги применуваат следните правила: а) се обработува и складира само семе за вештачко осеменување кое е добиено во одобрен центар за репродукција и вештачко осеменување без притоа да дојде во контакт со друга пратка на семе за вештачко осеменување. По исклучок од претходното, семе за вештачко осеменување кое не е добиено во одобрен центар за репродукција и вештачко осеменување може да биде обработено во одобрени центри доколу: Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 7 од 18 семето за вештачко осеменување е добиено од говеда кои ги исполнуваат условите пропишани со член 13 од овој правилник. обработката се изведува со различна опрема или во различно време од обработката на семето за вештачко осеменување кое е наменето за увоз или промет во Република Македонија по што целата опрема е исчистена и дезинфицирана; семето за вештачко осеменување кое не е наменето за увоз или промет во Република Македонија не треба да дојде во контакт ниту да биде складирано заедно со семето за вештачко осеменување наменето за увоз или промет во Република Македонија; семето за вештачко осеменување е идентифицирано на начин утврден во подточка (е) од оваа точка. б) добивањето, обработката и складирањето на семето за вештачко осеменување се врши само во просториите кои се наменети за тоа и во строги хигиенски услови; в) сите инструменти кои доаѓаат во контакт со семето за вештачко осеменување или животното донатор за време на добивањето или обработката се правилно дезинфицирани или стерилизирани пред употреба, освен доколку се за еднократна употреба; г) производите од животинско потекло кои се употребуваат при обработката на семето за вештачко осеменување, вклучувајќи ги адитивите и дилуентот, не претставуваат ризик за здравствената состојба или се претходно третирани на начин со кој ризикот по здравствената состојба е оневозможен; д) контејнерите за складирање и контејнерите за транспорт се правилно дезинфицирани или стерилизирани пред започнување со секое нивно полнење, освен во случаи кога контејнерите се наменети за еднократна употреба; ѓ) криогениот материјал кој се употребува не бил претходно употребуван за други производи од животинско потекло; е) секоја доза на семе за вештачко осеменување е јасно означена на начин со кој лесно може да се утврди датата на добивање на семето за вештачко осеменување, расата и идентификацијата на животното-донатор и ветеринарниот број на одобрениот центар за добивање на семе за вештачко осеменување. ж) просторијата за складирање на семето за вештачко осеменување да ги исполнува условите пропишани во член 12 од овој правилник. Член 12 Услови кои треба да ги исполнуваат центрите за складирање на семе за вештачко осеменување за редовно функционирање (1) Во секојдневното функционирање, центрите за складирање на семе за вештачко осеменување треба: 1) Одговорниот ветеринар да води евиденција за секое движење на семето за вештачко осеменување (влез и излез од центарот) и за статусот на животното-донатор чие семе се држи во центарот кој мора да биде во согласност со одредбите од овој правилник. Евиденцијата се води во пишана или електронска форма. 2) Официјалниот ветеринар да врши редовни контроли, најмалку два пати годишно, заради контрола на условите кои се однесуваат на одобрување на центарот за складирање семе за вештачко осеменување. 3) Влезот на неовластени лица да е забранет и спречен. Влезот на овластени лица треба да биде во согласност со условите поставени од одговорниот ветеринар. 4) Да има вработено технички компетентни лица кои поминале соодветна обука за чистење и дезинфекција потребна за спречување на ширење на заразни болести. 5) Да се применуваат следните правила: Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 8 од 18 а) се складира само семе за вештачко осеменување кое е добиено во одобрен центар за репродукција и вештачко осеменување без притоа да дојде во контакт со друга пратка на семе за вештачко осеменување. Во дополнение, во центарот за складирање на семе за вештачко осеменување може да се складира само семе за вештачко осеменување кое е транспорирано на начин со кој се исполнети сите можни услови за заштита на здравствениот статус на семето за вештачко осеменување и кое немало никаков контакт со друго семе за вештачко осеменување; б) семето за вештачко осеменување е складирано во просторија наменета за тоа и во строги хигиенски услови; в) сите инструменти кои доаѓаат во контакт со семето за вештачко осеменување се правилно дезинфицирани или стерилизирани пред употреба, освен доколку се за еднократна употреба; г) контејнерите за складирање и контејнерите за транспорт се правилно дезинфицирани или стерилизирани пред започнување со секое нивно полнење, освен во случаи кога контејнерите се наменети за еднократна употреба; д) криогениот материјал кој се употребува не бил претходно употребуван за други производи од животинско потекло; ѓ) секоја доза на семе за вештачко осеменување е јасно означена на начин со кој лесно може да се утврди датата на добивање на семето за вештачко осеменување, расата и идентификацијата на животното-донатор и ветеринарниот број на одобрениот центар за добивање на семе за вештачко осеменување. Член 13 Услови за влез на животни во центрите за репродукција и вештачко осеменување и карантин (1) Говедата кои се внесуваат во центарот за репродукција и вештачко осеменување треба да ги исполнат следните услови: 1) Пред влезот во центарот биле во карантин во траење од најмалку 28 дена во простории посебно одобрени од надлежниот орган за таа намена и каде може да престојуваат само папкари кои го имаат најмалку истиот здравствен статус. 2) Пред да бидат сместени во карантинот утврден во точка 1 од овој став, животните припаѓале на одгледувалиште кое е официјално слободно од Туберкулоза и официјално слободно од Бруцелоза. Животните претходно не биле држани во одгледувалишта со понизок здравствен статус. 3) Потекнуваат од одгледувалишта официјално слободни од Ензоотска леукоза кај говедата, или потекнуваат од мајки кои по одвојувањето на животните биле тестирани со тестот на имуно дифузија или ЕЛИСА со негативен резултат. Во случај на животни добиени по пат на ембрио трансфер, мајка претставува животно кое го примила ембрионот. Доколку овој услов не е исполнет, семето за вештачко осеменување од животното не може да се стави во промет се додека животното не наполни две години и не биде тестирано со тест на имуно дифузија со негативен резултат. 4) Во период од 28 дена пред карантинот утврден во точка 1 од овој став, животните биле тестирани со следниве тестови со негативен резултат во секој поединечен случај освен за серолошкиот тест за детерминирање на антитела против Бовина вирусна дијареа/болест на лигавиците (БВД/МД) опишан во петата алинеја подолу: за Туберкулоза кај говедата, интрадермален тест; за Бруцелоза кај говедата серолошки тест (спора аглутинација, ЕЛИСА, РВК); за Езноотска леукоза кај говедата тест на имуно дифузија; Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 9 од 18 за Инфективен бовин ринотрахеит/инфективен пустуларен вулвовагинит (ИБР/ИПВ) серолошки тест (цел вирус) во полна крв доколу животното не потекнува од ИБР/ИПВ слободно стадо како што е утврдено во член 2.3.5.3. од Меѓународниот код за здравствена заштита; за БВД/МД: тест за изолација на вирус или тест за вирусен антиген, и серолошки тест за утврдување на присуство или отсуство на антитела. 5) Управата за ветеринарство може да одобри тестовите утврдени во точка 4 од овој став да се изведат и за време на карантинот утврден во точка 1 од овој став. Во таков случај, периодот на карантин се смета од денот на земањето на пробите. Во случај некој од тестовите утврдени во точка 4 од овој став даде позитивен резултат, позитивните животни треба веднаш да се одстранат од карантинот. Доколу во карантинот животните се држат заедно, периодот на карантин за останатите животни ќе се пресметува од денот кога позитивните животни биле одстранети од карантинот. 6) Дваесет и еден ден по влегувањето во карантинот утврден во точка 1 од овој став и седум дена по испитувањето на Campylobacter fetus spp. venerealis и Trichomonas foetus, животните се испитани на следните болести со негативен резултат во секој поединечен случај освен за серолошкиот тест за детерминација на антитела против БВД/МД за кој резултатите треба да бидат како во третата алинеја на оваа точка: За Бруцелоза кај говеда со серолошки тест; за ИБР/ИПВ серолошки тест (цел вирус) во полна крв. Доколку некое животно даде позитивен резултат треба веднаш да биде одстрането од карантинот, додека останатите животни од истата група ќе останат во карантинот и ќе бидат ретестирани, со негативен резултат, најмалку 21 ден по одстранување на позитивните животни. за БВД/МД: тест за изолација на вирус или тест за вирусен антиген, и серолошки тест за утврдување на присуство или отсуство на антитела. Ниедно животно (серонегативно или серопозитивно) не може да влезе во просториите за држење на животни доколку е утврдена сероконверзија кај животните кои биле серонегативни пред влезот во карантинот. Доколку се утврди сероконверзија, сите животни кои останале серонегативни ќе бидат заджани во карантинот се додека се утврди дека сероконверзијата отсуствува во период од три недели. На серолошки позитивните животни може да им се дозволи влез во просторијата за држење животни. за Campylobacter fetus spp. venerealis: доколу животните се помлади од шест месеци или од возраст од шест месеци до влезот во карантинот се држани во група само со машки животни, се испитуваат со еден тест на вештачка вагина или препуцијален испирок. доколу животните се на возраст од шест месеци или постари и можеле да имаат контакт со женски животни пред влезот во карантинот, се испитуваат три пати со тест на вештачка вагина или препуцијален испирок при што помеѓу секое испитување треба да помине една недела. за Trichomonas foetus: доколу животните се помлади од шест месеци или од возраст од шест месеци до влезот во карантинот се држани во група само со машки животни, се испитуваат со еден тест на препуцијален испирок. доколу животните се на возраст од шест месеци или постари и можеле да имаат контакт со женски животни пред влезот во карантинот, се испитуваат три пати со тест на препуцијален испирок при што помеѓу секое испитување треба да помине една недела. Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 10 од 18 Доколку некое животно даде позитивен резултат на некој од тестовите од оваа точка, животното мора веднаш да биде одстрането од карантинот. Доколку животните се држат групно во карантинот, пред да биде дозволен влезот во центарот за репродукциија и вештачко осеменување, животните треба да ги исполнат условите пропишани со овој член. 7) Пред првото испраќање на семето за вештачко осеменување од биковите кои дале серолошки позитивен резултат на БВД/МД, семето за вештачко осеменување ќе се испита со тестот за изолација на вирус или ELISA тест за вирусен антиген. Доколку резултатот е позитивен, бикот треба да биде одстранет од центарот за репродукција и вештачко осеменување и неговото семе за вештачко осеменување треба да биде уништено. (2) Сите тестови треба да се извршуваат во лабораторија која е одобрена од Управата за ветеринарство или од надлежниот орган на земјата извозничка. (3) Животните може да се внесат во центарот за репродукција и вештачко осеменување само со дозвола на одговорниот ветеринар кој води евиденција за секое влегување или излегување на животни. (4) На денот на влегување во центарот за репродукција и вештачко осеменување животните не треба да покажуваат клинички знаци на болест. (5) На денот на влегување на животните во карантин, истиот ги исполнува следните услови: се наоѓа во центарот на регион со радиус од десет километри во кој во последните 30 дена немало појава на Лигавка и шап. во последните три месеци бил слободен од Лигавка и шап и Бруцелоза. во последните 30 дена бил слободен од Лигавка и шап, Беснило, Туберкулоза, Бруцелоза, Контагиозна говедска плеуропнеумонија, Ензоотска говедска леукоза, Аујетски, Антракс и ИБР/ИПВ. (6) Доколку условите пропишани во овој член се исполнети и тестовите пропишани во член 14 од овој правилник биле изведени во последните 12 месеци, животните може да се пренесат од еден одобрен центар за репродукција и вештачко осеменување во друг кој е со ист здравствен статус без претходен карантин или тестирање доколку транспортот е директен. Животните не смее да дојдат во директнен или индиректен контакт со други папкари со понизок здравствен статус. Транспортните средства пред транспортот треба да бидат дезинфицирани. Член 14 Рутински тестови кои треба да се вршат на говедата во одобрените центри за репродукција и вештачко осеменување (1) Говедата кои се држат во одобрен центар за репродукција и вештачко осеменување треба да бидат испитани најмалку еднаш годишно со следните тестови со негативен резултат: за Туберкулоза кај говедата, интрадермален тест; за Бруцелоза кај говедата серолошки тест (ЕЛИСА, РВК, спора аглутинација); за Езноотска леукоза кај говедата со тест на имуно дифузија; за ИБР/ИПВ серолошки тест (цел вирус) во полна крв; за БВД/МД серолошки тест на антитела кој се применува само на серонегативни животни. Доколку некое животно покаже позитивен резултат на БВД/МД серолошки тест на антитела, секој ејакулат од последниот негативен тест ќе биде одстранет и уништен или тестиран на вирус со негативен резултат. Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 11 од 18 за Campylobacter fetus spp. venerealis тестирање на примерок од препуцијален испирок. Ова испитување треба да се врши само на биковите кои се во фаза на производство на семе за вештачко осеменување или се во контакт со такви бикови. Биковите кои се враќаат во производство после одмор од повеќе од шест месеци треба да бидат тестирани не повеќе од 30 дена пред враќањето во производство. за Trichomonas foetus, тест на примерок од препуцијален испирок. Ова испитување треба да се врши само на биковите кои се во фаза на производство на семе за вештачко осеменување или се во контакт со такви бикови. Биковите кои се враќаат во производство после одмор од повеќе од шест месеци треба да бидат тестирани не повеќе од 30 дена пред враќањето во производство. (2) Сите тестови треба да се извршуваат во лабораторија која е одобрена од Управата за ветеринарство или од надлежниот орган на земјата извозничка. (3) Доколу некој од тестовите наведени во став (1) од овој член даде позитивен резултат, животното треба да биде изолирано и семето за вештачко осеменување добиено од него не може да биде пуштено во промет и/или увезено во Република Македонија освен во случај на БВД/МД кога секој ејакулат треба да биде тестиран со негативен резултат на вирус. Семето за вештачко осеменување од останатите животни во центарот за репродукција и вештачко осеменување од денот на добивање на позитивен резултат треба да биде задржано во посебна просторија и не може да се пушти во промет и/или да се увезе во Република Македонија додека здравствениот статус на центарот повторно не се воспостави. Член 15 Услови кои треба да ги исполнува семето за вештачко осеменување кое се пушта во промет и/или се увезува во Република Македонија (1) Семето кое се пушта во промет и/или се увезува во Република Македонија треба да е добиено од животни кои: 1) Не покажували клинички знаци на болест на денот на добивање на семето за вештачко осеменување. 2) Не биле вакцинирани против Лигавка и шап во последните 12 месеци пред добивањето на семето за вештачко осеменување или доколку биле вакцинирани против болеста во последните 12 месеци пред добивањето на семето за вештачко осеменување, 5% од секое добивање на семе за вештачко осеменување (во секој случај не помалку од 5 примерока) биле испитани со тест на изолација на вирус на Лигавка и шап со негативен резултат. 3) Не биле вакцинирани против Лигавка и шап 30 дена пред добивањето на семето за вештачко осеменување. 4) Биле континуирано држани во одобрен центар за репродукција и вештачко осеменување најмалку 30 дена пред добивањето на семето за вештачко осеменување доколку семето за вештачко осеменување е наменето за користење во свежа состојба. 5) Не им е дозволен природен припуст. 6) Се држани во центар за репродукција и вештачко осеменување кој бил слободен од Лигавка и шап најмалку три месеци пред и 30 дена по добивањето на семето за вештачко осеменување, или, доколку семето за вештачко осеменување е наменето за користење во свежа состојба, до денот на испораката. Центарот за репродукција и вештачко осеменување треба да биде сместен во центарот на регион со радиус од 10 километри во кој немало на Лигавка и шап најмалку во последните 30 дена. Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 12 од 18 7) Се држани во центар за репродукција и вештачко осеменување, кој во периодот кој почнува од 30-тиот ден пред добивањето на семето за вештачко осеменување до 30-тиот ден по добивањето на семето за вештачко осеменување, а во случај на семе за вештачко осеменување кое е наменето за користење во свежа состојба до денот на испораката, бил слободен од Лигавка и шап, Беснило, Туберкулоза, Бруцелоза, Контагиозна говедска плеуропнеумонија, Ензоотска говедска леукоза, Аујетски, Антракс и ИБР/ИПВ. (2) При подготовка на семето за вештачко осеменување се користеле антибиотици со концентрациии во конечниот производ кои не треба да бидат помали од: 500 µг стрептомицин во 1 мл. конечно разредување, 500 ИЕ пеницилин во 1 мл. конечно разредување, 150 µг линкомицин во 1 мл. конечно разредување, 300 µг спектиномицин во 1 мл. конечно разредување. (3) Наместо концентрации од став (2) на овој член, може да се користи и алтернативна комбинација со ист ефект против бактерии од родот Campylobacter, Leptospira и Mycoplasma. Веднаш по додавањето на антибиотиците, разреденото семе за вештачко осеменување треба да се чува на температура од најмалку 5° Ц во период не пократок од 45 минути. (4) Семето за вештачко осеменување наменето за промет и/или увоз во Република Македонија треба: 1) Да биде складирано во одобрени услови најмалку 30 дена пред испораката. Овој услов не се однесува на семе за вештачко осеменување кое е наменето за користење во свежа состојба. 2) Да биде транспортирано до Република Македонија во контејнери кои биле исчистени и дезинфицирани или стерилизирани пред употребата и кои се запечатени и нумерирани пред испораката од одобрен центар за складирање на семе за вештачко осеменување. Член 16 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 2008 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 13 од 18 Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 14 од 18 Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 15 од 18 Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 16 од 18 Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 17 од 18 Службен весник на РМ, бр. 143 од 13.11.2008 година 18 од 18

Regulation on placing on the market of the semen for artificial insemination of bovine animals · Nelum