Regulation on nutrition and health claims for commercial purposes in terms of labelling, presentation and advertising of food
Made 2013-04-24 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Food and nutrition
- Keywords
- packaging/labelling, nutrition, consumer protection, food safety and quality
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 1 од 14 20130651404 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 29 став 5 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11 и 1/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесe ПРАВИЛНИК ЗА НУТРИТИВНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ТВРДЕЊА ВО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЦЕЛИ ПРИ ОЗНАЧУВАЊЕ, ПРЕЗЕНТАЦИЈА И РЕКЛАМИРАЊЕ НА ХРАНАТА (*) ГЛАВА I Општи одредби Член 1 (1) Со овој правилник се пропишуваат нутритивни и здравствени тврдења кои се употребуваат во комерцијални цели при означување, за време на презентација и при рекламирање на прехранбените производи наменети за крајниот потрошувач. (2) Одредбите од овој правилник се применуваат и на прехранбени производи наменети за испорака во ресторани, болници, училишта, кантини и во други угостителски објекти наменети за исхрана. Член 2 Одредбите од член 15 на овој правилник кои се однесуваат за информациите за нутритивниот состав и одредбите од член 18 на овој правилник, кои се однесуваат за здравствените тврдења не се применуваат во случај кога прехранбените производи се во рефус или ринфузна состојба (вклучувајќи свежи производи како овошје, зеленчук или леб) наменети за продажба на крајниот потрошувач или за големи дистрибутери или угостителски објекти како и прехранбени производи спакувани на лице место на барање на купувачот или претходно се спакувани и наменети за брза продажба. Член 3 (1) Заштитниот знак, заштитното име или популарното име кои се наоѓаат на означувањето или во презентирањето или рекламирањето на прехранбениот производ, кои можат да се толкуваат како нутритивно или здравствено тврдење, можат да бидат употребени доколку се придружени со соодветно нутритивно или здравствено тврдење на таа ознака, презентација или реклама, која е во согласност со одредбите од овој правилник. (2) За генеричките имиња кои што традиционално се употребуваат за означување на посебните карактеристики на одредени видови храна или пијалоци, а кои што би можеле да имаат влијание врз здравјето на луѓето, операторите со храна може да бараат иземање од одредбите пропишани во став 1 од овој член доколку е спроведена постапка за одобрување на означување, презентирање и рекламирање во комерцијални цели од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенција). Со овој правилник се врши усогласување на Регулативата (ЕЗ) Бр. 1924/2006 на Европскиот парламент и со ветот од 20 декември 2006 година за нутритивни и здравствени тврдења кои се истакнуваат на прехранбени производи (CELEX број 32006R1924). Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 2 од 14 Член 4 Одредбите од овој правилник се применуваат без да се во спротивност со: Правилникот за посебните барања на видови храна со посебна нутритивна употреба1; Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода2; и Правилник за посебните барања за безбедност на водата3. Член 5 Со овој правилник се пропишуваат барањата и постапките кои се однесуваат на нутритивни и здравствени тврдења за да се обезбеди ефективно функционирање на внатрешниот пазар со истовремено обезбедување на високо ниво на заштита на потрошувачите. Член 6 Дефиниции (1) Поимите утврдени во Законот за безбедност на храна се применуваат и во овој правилник. (2) Одделни поими утврдени во овој правилник го имаат следното значење: 1. „Означување на нутритивниот состав” се информации што се јавуваат на означувањето, а се однесуваат на: а) енергетската вредност; и б) следниве хранливи состојки: — протеини, — јагленохидрати, — масти, — влакна, — натриум, — витамини и минерали. 2. „протеини“ се содржината на протеини пресметана преку количината на азот со користење на формулата: протеин = вкупен азот пресметан по Кјелдал x 6,25; 3. „ јагленохидрат“ е секој јагленохидрат кој се метаболизира во човекот, вклучувајќи ги и полиолите; 4. „шеќери“ се сите моносахариди и дисахариди присутни во храната, без полиолите; 5. „масти“ се вкупните липиди, а се вклучени и фосфолипидите; 6. „заситени масти“ се масните киселини без двојна врска; 7. „моно-незаситени масти“ се масните киселини со една „cis“ двојна врска; 8. „поли-незаситени масти“ се масните киселини со „cis“ и „cis“-метилен прекината двојна врска; 9. „означување“ се сите зборови, детали, заштитни знаци, марки, сликовен материјал или симболи кои се однесуваат на прехранбениот производ, а се ставени на пакувањето, документот, известувањето, означувањето, прстенот или на ременот којшто го придружува или се однесува на ваквиот прехранбен производ; 10. „тврдење“ е секоја порака или претставување, кое не е задолжително според Правилникот за начинот на означување на храната4 и другите прописи кои уредуваат задолжително означување на одделни видови храна, вклучувајќи илустрирано и графичко претставување или претставување со симболи, во каков било облик, со кое се тврди, сугерира или се имплицира дека прехранбениот производ има одредени карактеристики; Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 3 од 14 11. „хранлива супстанца - материја“ се протеини, јагленохидрати, масти, влакна, натриум, витамини и минерали наведени во Прилог 5 од Правилникот за начинот на означување на храната4 и супстанци кои припаѓаат или се компоненти на една од овие категории; 12. „друга супстанца“ е супстанца која не е хранлива материја, а која има хранлив или физиолошки ефект; 13. „нутритивно тврдење“ е секое тврдење со кое се тврди, сугерира или се имплицира дека прехранбениот производ има одредени корисни нутритивни својства поради: (а) енергетската (калориската) вредност која тој: ја обезбедува, ја обезбедува со намалена или со зголемена брзина, или не ја обезбедува; и/или (б) хранливите супстанци или другите супстанци кои тој: ги содржи, ги содржи во намален или во зголемен обем, или не ги содржи; 14. „здравствено тврдење“ е секое тврдење со кое се тврди, сугерира или се имплицира дека постои однос меѓу прехранбениот производ, или групата на производи од категоријата на прехранбениот производ или еден од неговите составни делови и здравјето на луѓето; 15. „тврдење за намалување на ризикот од болест“ е секое здравствено тврдење со кое се тврди, сугерира или се имплицира дека консумирањето на прехранбениот производ, или на групата на производи од категоријата на прехранбениот производ или на некој од неговите составни делови значително го намалува факторот на ризик за развој на некоја болест кај луѓето. ГЛАВА II Општи принципи за нутритивни и здравствени тврдења Член 7 (1) Нутритивните и здравствените тврдења можат да се користат за означување, презентирање и рекламирање на прехранбени производи пласирани на пазарот во Република Македонија само ако се во согласност со одредбите од овој правилник, во согласност со одредбите од Правилникот за начинот на означувањето на храната4 и одредбите од Законот за заштита на потрошувачите5. (2) Употребата на нутритивните и здравствените тврдења не треба да: 1. биде лажна, двосмислена или да ги доведува во заблуда потрошувачите; 2. предизвикува сомневање во врска со безбедноста и/или да предизвикува сомневање во хранливата вредност на други прехранбени производи; 3. поттикнува на зголемено консумирање на еден прехранбен производ или да ја осудува преголемата консумација на еден прехранбен производ; 4. истакнува, сугерира или имплицира/наведува дека балансираната (урамнотежената) и разновидна исхрана не може да го обезбеди соодветното количество на хранливи материи. Исклучок може да се дозволи само во случај кога соодветните количества на хранливите материи не можат да бидат обезбедени преку балансирана и разновидна исхрана, при тоа само доколку е спроведена постапка за одобрување на означување, презентирање и рекламирање во комерцијални цели од страна на Агенцијата. Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 4 од 14 5. упатува на промени во физиолошкото функционирање на човечкиот организам кои можат да предизвикаат страв или да го користат стравот кај потрошувачот, преку текст или преку илустративно, графичко или симболично претставување. Член 8 Користење на нутритивни и здравствени тврдења (1) Нутритивните или здравствени тврдења можат да се наведат само на прехранбени производи и/или на категории прехранбени производи кои се во согласност со одредбите од член 13 од овој правилник и во согласност со утврдените нутритивни профили. (2) Нутритивните профили утврдени за прехранбени производи и/или за одредени категории на прехранбени производи и условите за употреба на нутритивни и здравствени тврдења во однос на нутритивните профили, се утврдуваат земајќи ги во предвид особено: 1. количествата на одредени хранливи материи и други супстанци кои се содржани во прехранбениот производ, како што се, масти, заситени масни киселини, незаситени масти со транс-изомер на масна киселина, шеќери и сол/натриум; 2. улогата и важноста на прехранбените производи (или на категориите прехранбени производи) во исхраната на населението воопшто, или на одредени ризични групи, вклучувајќи ги и децата и 3. вкупниот нутритивен состав на прехранбениот производ и присуството на хранливи материи за кои научно е докажано дека имаат ефекти врз здравјето. (3) Нутритивните профили се засноваат врз научните сознанија за различните начини на исхрана и нивниот однос со здравјето. (4) За утврдување на нутритивните профили потребно е да се обезбедат релевантни научни препораки кои особено се фокусирани на: 1. дали профилите треба да бидат генерално утврдени за прехранбени производи и/или за категории/ групи на прехранбени производи; 2. изборот и балансот на различни видови хранливи материи; 3. изборот на референтното количество хранлива материја која би била основа за профилите; 4. пристапот за пресметување на профилите, и 5. тестирањето на предложениот систем. (5) При утврдувањето на нутритивните профили потребно е да се вршат консултации со заинтересираните страни, особено со операторите со храна и со групи на потрошувачи. (6) Нутритивните профили и нивните барања се ажурираат при што се зема во предвид релевантниот научен развој. Член 9 (1) По исклучок од член 8 на овој правилник, нутритивните тврдења кои се однесуваат на намалување на мастите, масните киселини, незаситените масти со транс-изомер на масна киселина, шеќерите и солта/натриумот се применуваат без упатување на профилот за одредена хранлива материја/материи за кои се истакнува тврдењето, доколку тие се усогласени со барањата утврдени во овој правилник. (2) По исклучок од член 8 на овој правилник, во случаи кога поединечна хранлива материја која со својата количина го надминува барањето за нутритивниот профил за тврдењето за специфичната нутритивна појава, тогаш нутритивните тврдења се истакнуваат во близина на состојката или на истата страна со тврдењето „висока содржина“. Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 5 од 14 Член 10 (1)За означување, презентирање и рекламирање на пијалоци кои содржат повеќе од 1,2 волуменски % на алкохол не можат да се користат здравствени тврдења. (2) Во однос на нутритивните тврдења на пијалоците кои содржат повеќе од 1,2 волуменски % алкохол може да се истакнат само нутритивните тврдења кои се однесуваат на намалување на содржината на алкохол или на намалување на енергетската содржина. Член 11 Oзначувањето во однос на нутритивните тврдења кои се однесуваат на ниски нивоа на алкохол, или намалување или отсуство на алкохол или на енергетската содржина во пијалоците кои нормално содржат алкохол, се уредени со Правилникот за квалитетот на пивото6 и Правилникот за посебните барања за безбедност на жестоките алкохолни пијалоци7. Член 12 Барањата кои ги определуваат прехранбените производи или категориите на прехранбени производи кои се различни од оние кои се утврдени во член 10 од овој правилник, за кои нутритивните и здравствените тврдења се ограничени или забранети и воспоставени да ги менуваат несуштинските елементи, можат да се истакнат само доколку е спроведена постапка за одобрување на означување, презентирање и рекламирање во комерцијални цели од страна на Агенцијата и доколку се во согласност со општо прифатени научни докази. Член 13 Општи услови (1) Нутритивни и здравствени тврдења може да се употребуваат доколку е исполнето следното: 1. присуство, отсуство или намалена содржина на хранлива материја или на друга супстанца во прехранбениот производ или во категоријата прехранбени производи, во однос на која се истакнува тврдењето се покажало дека има корисен нутритивен или физиолошки ефект, како што е утврдено од општо прифатените научни сознанија; 2. хранлива материја или друга супстанца за која се истакнува тврдењето: е содржана во крајниот производ во значително количество кое ќе произведе нутритивен или физиолошки ефект утврден со општо прифатените научни сознанија; или не е присутна или е присутна во намалени количества кои ќе произведат нутритивен или физиолошки ефект утврден со општо прифатените научни сознанија; 3. хранливата материја или друга супстанца за која се истакнува тврдењето треба да е форма која е достапна за користење од страна на организмот; 4. количеството на производот за кое разумно може да се очекува да биде консумирано дава значително количество на хранлива материја или на друга супстанца на која се однесува тврдењето, или значително количество кое ќе го произведе декларираниот нутритивен или физиолошки ефект кој е утврден со општоприфатените научни сознанија; и 5. во зависност од случајот усогласеност со посебните барања за нутритивните тврдења од членовите 16 и 17 на овој правилник или посебните барања за здравствените тврдења од членовите 18, 19 , 20 и 21 од овој правилник. (2) Нутритивни и здравствени тврдења може да се употребуваат само ако од просечниот потрошувач може да се очекува да ги разбере корисните ефекти од начинот на кој се искажани во тврдењето. Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 6 од 14 (3) Нутритивните и здравствените тврдења се однесуваат на прехранбени производи кои се подготвени за консумирање во согласност со упатствата на производителот. Член 14 Научна поткрепа на тврдењата (1) Нутритивните и здравствените тврдења се засноваат врз општо прифатените научни податоци и се поткрепени со истите. (2) Операторот со храна кој става нутритивно или здравствено тврдење на означувањето на соодветниот прехранбен производ ја оправдува употребата на тврдењето. (3) Агенцијата може да побара од операторот со храна или од лицето кое го става прехранбениот производ на пазар да ги стави на располагање сите релевантни елементи и податоци за тврдењата кои ја утврдуваат усогласеноста со одредбите од овој правилник. Член 15 Информации за нутритивниот состав (1) Кога се истакнува нутритивно тврдење или било какво здравствено тврдење со исклучок на генеричко рекламирање, обврската за обезбедување на информации за нутритивниот состав и начинот на означување на информациите за нутритивниот состав треба да се во согласност со член 29 од Правилникот за начинот на означување на храната8. (2) Информацијатa за нутритивниот состав која треба да се даде се состои од податоци за: а/ енергетска вредност и/или б/ количина на протеини, јагленохидрати, масти, шеќери, заситени масни киселини, влакна и натриум. (3) Дополнително и во зависност од случајот, количеството на супстанцата на кое се однесува нутритивното или здравственото тврдење, а кои не се појавува на нутритивното означување, исто така, се означува во истото видно поле на нутритивната информација и е изразено во согласност со член 29 од Правилникот за начинот на означување на храната8. (4) Кај додатоците на исхраната, нутритивната информација се означува во согласност со член 7 од Правилникот за посебните барања за безбедност на додатоците на исхраната9. ГЛАВА III НУТРИТИВНИ ТВРДЕЊА Член 16 Посебни услови Операторот со храна може да ги наведе само нутритивните тврдења кои се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник и се во согласност со општите и посебните услови утврдени во овој правилник. Член 17 Компаративни тврдења (1) Без оглед на одредбите од Законот за заштита на потрошувачите5 кои се однесуваат на доведување во заблуда на потрошувачите споредбата меѓу прехранбени производи може да се прави само ако се од иста категорија, земајќи го предвид асортиманот на прехранбени производи од таа категорија. Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 7 од 14 (2) При споредбата на прехранбените производи се наведува разликата во количеството хранлива материја и/или енергетска вредност и споредбата се однесува на истото количество прехранбен производ. (3) Компаративните нутритивни тврдења го споредуваат составот на односниот прехранбен производ со асортиманот прехранбени производи од иста категорија, кои немаат состав кој им овозможува да имаат тврдење, вклучувајќи и прехранбени производи од други трговски марки. ГЛАВА IV ЗДРАВСТВЕНИ ТВРДЕЊА Член 18 Посебни барања (1) Здравствените тврдења не можат да се наведат ако не се во согласност со општите барања од Глава II на овој правилник и со посебните барања од оваа Глава и ако не се одобрени во согласност со овој правилник и не се вклучени во списокот на одобрени тврдења утврдени во членовите 20 и 21 од овој правилник. (2) Здравствени тврдења може да се наведат само ако следниве информации се вклучени во означувањето, или ако не постои такво означување, при презентирање или рекламирање: изјава која укажува на важноста на разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот; количество храна и обрасци на консумирање потребни за да се добие корисниот ефект од тврдењето; изјавата, доколку тоа е соодветно, може да се однесува на лица кои треба да го избегнуваат користењето на прехранбениот производ и соодветно предупредување за производи кои можат да претставуваат ризик по здравјето поради прекумерно консумирање. 3. Упатување на општа корист од хранливата состојка или од прехранбениот производ за севкупното добро здравје или за благосостојбата поврзана со здравјето, може да се даде само ако е придружено со посебнo здравственo тврдење вклучено во списоците утврдени со членовите 20 и 21 од овој правилник. Член 19 Ограничувања на употреба на одредени здравствени тврдења Следниве здравствени тврдења не можат да се истакнат: тврдења кои сугерираат дека здравјето може да биде загрозено ако не се консумира прехранбениот производ; тврдења кои упатуваат на брзината или на степенот на изгубена тежина; тврдења кои упатуваат на препораки на одделни лекари или здравствени професионалци. Член 20 Здравствени тврдења кои можат да се истакнат и се различни од оние кои се однесуваат на намалување на ризикот од болест и на развојот на децата и нивното здравје (1) Здравствените тврдења кои можат да се истакнат и кои се вклучени во списокот даден во став (4) на овој член, ги опишуваат или се однесуваат на: Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 8 од 14 улогата на хранливата материја или на друга супстанца во растот, развојот и во функциите на организмот, или психолошките функции или функциите на однесувањето; или слабеење или контрола на тежината или намалување во смисла на глад или зголемување во смисла на ситост, или намалување на достапните калории од исхраната, а се во согласност со одредбите од Правилник за посебните барања безбедност за храна за посебна нутритивна употреба - храна наменета за диети со цел намалување на телесната тежина10. (2) Здравствените тврдења од став (1) на овој член треба да се: засновани на општо прифатени научни податоци и добро разбрани од страна на просечниот потрошувач. (3) Операторот со храна може да истакнува и нови здравствени тврдења само доколку е спроведена постапка за одобрување на означување, презентирање и рекламирање во комерцијални цели од страна на Агенцијата. Овие нови здравствените тврдења треба да се засновани на новооткриени научни податоци и/или кои вклучуваат барање за заштита на сопственичките податоци. (4) Списоците на здравствени тврдења Агенцијата ги објавува на својот интернет портал. Член 21 Здравствени тврдења за намалување на ризик од болест и здравствените тврдења кои се однесуваат на растот и развојот на децата и нивното здравје (1) Здравствени тврдења за намалување на ризик од болест и здравствените тврдења кои се однесуваат на растот и развојот на децата и нивното здравје можат да се истакнат само доколку е спроведена постапка за одобрување на означување, презентирање и рекламирање во комерцијални цели од страна на Агенцијата. Овие здравствени тврдења се вклучуваат во списоците од член 20 став (4) од овој правилник заедно со сите неопходни барања за употреба на овие тврдења. (2) Здравствените тврдења за намалување на ризик од болест покрај општите барања утврдени во член 13 од овој правилник треба да ги исполнат и посебните барања од член 18 од овој правилник и да се во согласност со став 1 на овој член, во однос на тврдењето за намалување на ризикот од болест, означувањата или ако не постојат такви означувања, презентациите или рекламите, треба да имаат изјава која ќе укажува дека болеста на која се однесува тврдењето има многубројни ризични фактори и дека менувањето на еден од овие фактори може, но не мора да има корисен ефект. Член 22 Надгледување или мониторирање (1) За поефикасно надгледување или мониторирање на начинот на означување, рекламирањето и презентирањето на прехранбените производи кои имаат нутритивни и здравствени тврдења, производителот или лицето кое го пласира таквиот прехранбен производ на пазарот треба да ја извести Агенцијата, така што ќе и достави модел од означувањето кое се користи за прехранбениот производ. Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 9 од 14 ПОГЛАВЈЕ V ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 23 Одредбите од овој правилник престануваат да важат со пристапувањето на Република Македонија во членство во Европската Унија. Член 24 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2014 година. Бр. 02 - 2017/1 24 април 2013 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. ПРИЛОГ 1 Нутритивни тврдења и барања кои се однесуваат на истите НИСКО КОЛИЧЕСТВО ЕНЕРГИЈА Тврдење дека храната има ниско количество енергија и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде единствено во случај кога производот не содржи повеќе 40 kcal (170 kJ)/100 g за производи во цврста состојба или не повеќе од 20 kcal (80 kJ)/100 ml за производи во течна состојба. Во случај на трпезни засладувачи се применува границата од 4 kcal (17 kJ)/порција, со засладувачки својства еквивалентни на 6 g сахароза (приближно 1 лажичка сахароза). РЕДУЦИРАНО КОЛИЧЕСТВО ЕНЕРГЕТСКА ВРЕДНОСТ Тврдење дека храната е со редуцирано количество енергија и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде во случај кога вредноста на енергија е редуцирана за најмалку 30 %, со наведување на карактеристиката(ите) кое(и) ја прави(ат) храната во целина да има редуцирано количество енергија. НЕ СОДРЖИ ЕНЕРГЕТСКА ВРЕДНОСТ Тврдење дека храната не содржи енергетска вредност, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде во случај кога производот не содржи повеќе од 4 kcal (17 kJ)/100 ml. Во случај на трпезни засладувачи се применува границата од 0,4 kcal (1,7 kJ)/порција, со засладувачки својства еквивалентни на 6 g сахароза (приближно 1 лажичка сахароза). МАЛО КОЛИЧЕСТВО МАСНОТИИ Тврдење дека храната содржи мало количество маснотии, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде во случај кога производот не содржи повеќе од 3 g маснотии на 100 g производ во цврста состојба или 1,5 g маснотии на 100 ml производ во течна состојба (1,8 g маснотии на 100 ml во случај на полу-обезмастено млеко). Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 10 од 14 НЕ СОДРЖИ МАСНОТИИ Тврдењето дека храната не содржи маснотии и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде единствено во случај кога производот на содржи повеќе од 0,5 g маснотии на 100 g или 100 ml. Меѓутоа, забранети се тврдењата изразени во форма на ‘X % не содржи маснотии’. МАЛО КОЛИЧЕСТВО ЗАСИТЕНИ МАСТИ Тврдењето дека храната содржи мало количество заситени масти и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде единствено во случај кога збирот на заситени масни киселини и транс-масни киселини во производот не надминува 1,5 g на 100 g во случај на цврст производ или 0,75 g/100 ml во случај на производ во течна состојба и во секој случај кога збирот на заситените масни киселини и транс-масни киселини не треба да обезбеди повеќе од 10 % енергија. НЕ СОДРЖИ ЗАСИТЕНИ МАСТИ Тврдењето дека храната не содржи заситени масти и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде единствено во случај кога збирот на заситени масни киселини и транс-масни киселини во производот не надминува 0,1 g заситени масти на 100 g или 100 ml. МАЛО КОЛИЧЕСТВО ШЕЌЕРИ Тврдењето дека храната има малко количество шеќери и секое тврдење кое го има исто значење за потрошувачот може да се даде единствено во случај кога производот не содржи повеќе од 5 g шеќери на 100 g производ во цврста состојба или 2,5 g шеќери на 100 ml производ во течна состојба. НЕ СОДРЖИ ШЕЌЕРИ Тврдењето дека храната не содржи шеќери и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку производот не содржи повеќе од 0,5 g шеќери на 100 g или 100 ml. НЕ СЕ ДОДАВАНИ ШЕЌЕРИ Тврдењето дека на храната не и се додавани шеќери и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку производот не содржи било какви додадени моно- или дисахариди или било каква храна која се користи поради нејзините засладувачки својства. Доколку храната содржи природни шеќери, на етикетата треба да се назначи следново: ‘СОДРЖИ ПРИРОДНИ ШЕЌЕРИ’. МАЛО КОЛИЧЕСТВО НАТРИУМ/ ГОТВАРСКА СОЛ Тврдењето дека храната содржи мало количество натриум/сол, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку производот не содржи повеќе од 0,12 g натриум, или еквивалентна вредност готварска сол на 100 g или на 100 ml. Во случај на води оваа вредност не треба да надмине 2 mg натриум на 100 ml, со исклучок на природните минерални води кои се уредуваат со Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода2. МНОГУ МАЛО КОЛИЧЕСТВО НАТРИУМ/ГОТВАРСКА СОЛ Тврдењето дека храната содржи мало количество на натриум/сол и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку производот не содржи повеќе од 0,04 g натриум, или еквивалентна вредност готварска сол на 100 g или на 100 Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 11 од 14 ml. Ова тврдење не може да се користи во случај на природни минерални води или други видови води. НЕ СОДРЖИ НАТРИУМ/ ГОТВАРСКА СОЛ Тврдењето дека храната не содржи натриум или готварска сол, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку производот не содржи повеќе од 0,005 g натриум, или еквивалентна вредност готварска сол на 100 g. НЕ Е ДОДАДЕН НАТРИУМ/ ГОТВАРСКА СОЛ Тврдењето дека храната не содржи натриум или сол, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку производот не содржи повеќе од 0,12 g натриум/сол или состојка која содржи натриум/сол, или еквивалентна вредност во случај на готварска сол на 100 g или 100ml. ИЗВОРИ НА ВЛАКНА Тврдењето дека храната претставува извор на влакна и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку производот содржи најмалку 3 g влакна на 100 g или најмалку 1,5 g влакна на 100 kcal. ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО ВЛАКНА Тврдењето дека храната содржи големо количество влакна и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку производот содржи најмалку 6 g влакна на 100 g или најмалку 3 g влакна на 100 (kcal). ИЗВОР НА ПРОТЕИНИ Тврдењето дека храната претставува извор на протеини и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку најмалку 12% од енергетската вредност на храната е обезбедена од протеини. ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО ПРОТЕИНИ Тврдењето дека храната содржи големо количество протеини и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку најмалку 20% од енергетската вредност на храната е обезбедена од протеини. ИЗВОР НА [ИМЕ НА ВИТАМИНОТ/ИТЕ] И/ИЛИ [ИМЕ НА МИНЕРАЛОТ/ИТЕ] Тврдењето дека храната претставува извор на витамини и/или минерали, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку производот содржи најмалку значително количество како што е дефинирано во член 29 од Правилникот за означување на храната. ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА [ИМЕ НА ВИТАМИНОТ/ИТЕ] И/ИЛИ [ИМЕ НА МИНЕРАЛОТ/ИТЕ] Тврдењето дека храната има големо количество витамини и/или минерали и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку производот содржи два пати поголема вредност од ‘извор на [ИМЕ НА ВИТАМИНОТ/ИТЕ] и/или [ИМЕ НА МИНЕРАЛОТ/ИТЕ]’. СОДРЖИ [ИМЕ НА ХРАНЛИВАТА СОСТОЈКА ИЛИ ДРУГА СУПСТАНЦА] Тврдењето дека храната содржи хранлива состојка или друга супстанца, за која во овој правилник не се пропишани посебни услови, и секое тврдење кое го има истото значење Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 12 од 14 за потрошувачот може да се даде доколку производот е во согласност со сите применливи одредби од овој правилник, а особено со член 13 од овој правилник. Во случај на витамини и минерали треба да се применуваат условите од тврдењето ‘извор на’. ЗГОЛЕМЕНО КОЛИЧЕСТВО [ИМЕ НА ХРАНЛИВАТА СОСТОЈКА] Тврдењето дека содржината на една или повеќе хранливи состојки, со исклучок на витамини и минерали, било зголемено, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку производот ги исполнува барањата за тврдење ‘извор на’ и зголемувањето во содржината е најмалку 30 % во споредба со сличен производ. НАМАЛЕНО КОЛИЧЕСТВО [ИМЕ НА ХРАНЛИВАТА СОСТОЈКА] Тврдењето дека содржината на една или повеќе хранливи состојки била намалена, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот може да се даде доколку намалувањето во содржината е најмалку 30 % во споредба со сличен производ, со исклучок на микро хранливи состојки, при што прифатлива е 10 % разлика во референтните вредности согласно Правилникот за начинот на означување на храната4, а во случај на натриум, или еквивалентна вредност за готварска сол, при што прифатлива е разликата од 25 %. РЕДУЦИРАНО КОЛИЧЕСТВО НА ЗАСИТЕНИ МАСТИ Тврдењето ‘редуцирано количество на заситени масти’ и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот, може да се даде во случај кога: (а) збирот на заситени масни киселини во производот за кој се однесува тврдењето е најмалку 30 % помал од збирот на заситени масни киселини и на транс-масни киселини во сличен производ; и (б) доколку содржината на транс-масните киселини во производот за кој се однесува тврдењето е еднаква на или помала од содржината во сличен производ. МАЛО КОЛИЧЕСТВО ШЕЌЕРИ Тврдењето ‘мало количество шеќери’, и секое тврдење кое го има исто значење за потрошувачот може да се даде единствено во случај кога содржината на енергетска вредност на производот за кој се однесува тврдењето е еднаква на или помала од енергетската вредност на сличен производ. ЛЕСНО Тврдењето кое потврдува дека производот е ‘лесен’, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот, треба да ги исполнува сите услови како оние кои се пропишани за поимот ‘намалено’; тврдењето треба да биде пропратено со укажување на карактеристиките кои ја прават храната за биде ‘лесна’. ПРИРОДНО Во случај кога храната природно ги исполнува условите кои се пропишани во овој Прилог во однос на нутритивните тврдења, зборот ‘природно’ може да се стави пред нутритивното тврдење. ИЗВОР НА ОМЕГА -3 МАСНИ КИСЕЛИНИ Тврдењето дека храната е извор на омега -3 масни киселини, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот, може да се даде во случај кога производот содржи Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 13 од 14 најмалку 0,3 g алфа-линоленска киселина на 100 g и на 100 kcal, или најмалку 40 mg од сумата на икосапентоноична киселина или тиминодонска киселина и докосахексоноична киселина на 100 g и на 100 kcal. ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ОМЕГА -3 МАСНИ КИСЕЛИНИ Тврдењето дека храната има големо количество на омега -3 масни киселини, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот, може да се даде во случај кога производот содржи најмалку 0,6 g алфа-линоленска киселина на 100 g и на 100 kcal, или најмалку 80 mg од збирот од икосапентеноична киселина и докосахексоноична киселина на 100 g и на 100 kcal. ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА МОНО-НЕЗАСИТЕНИ МАСТИ Тврдењето дека храната содржи големо количество моно-незаситени масти, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот, може да се даде во случај кога најмалку 45 % од масните киселини присутни во производот потекнуваат од моно незаситени масти под услов дека моно-незаситените масти во производот учествуваат со повеќе од 20 % енергија. ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ПОЛИ-НЕЗАСИТЕНИ МАСТИ Тврдењето дека храната содржи големо количество поли-незаситени масти, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот, може да се даде во случај кога најмалку 45 % од масните киселини присутни во производот потекнуваат од поли незаситени масти под услов дека поли-незаситените масти во производот учествуваат со повеќе од 20 % енергија. ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НЕЗАСИТЕНИ МАСТИ Тврдењето дека храната има големо количество незаситени масти, и секое тврдење кое го има истото значење за потрошувачот, може да се даде во случај кога најмалку 70 % од масните киселини присутни во производот потекнуваат од незаситени масти под услов дека незаситените масти во производот учествуваат со повеќе од 20 % енергија. 1 Правилникот за посебните барања на видови храна со посебна нутритивна употреба усогласен со Директивата 89/398/ЕЕЗ и директивите донесени врз основа на истата; Директивата 2009/39 ЕЕЗ РЕГУЛАТИВА НА КОМИСИЈАТА (ЕЗ) Бр. 953/2009 2 Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода Директивата 80/777/ЕЕЗ на Советот од 15 јули 1980 година, за приближување на законите за земјите-членки во однос на искористување и на продажба на природни минерални води; 3 Правилник за посебните барања за безбедност на водата усогласен со Директивата 98/83/ЕЗ на Советот од 3 ноември 1998 година за квалитетот на водата наменета за човечка употреба; 4 Правилникот за начинот на означување на храната усогласен со Директива 2000/13/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 20 март 2000 година за приближување на законите на земјите-членки во однос на означувањето, претставувањето и рекламирањето на прехранбените производи (OJ L 109, 6.5.2000 год., стр. Директивата, последно изменета со Директивата 2003/89/ЕЗ (OJ L 308, 25.11.2003 год., стр. 15). 5 Законот за заштита на потрошувачите. е усогласен со Директивата 84/450/ЕЕЗ 6 Правилник за квалитетот на пивото 7 Правилникот за посебните барања за безбедност на жестоките алкохолни пијалоци Службен весник на РМ, бр. 65 од 7.5.2013 година 14 од 14 8 Правилникот за начинот на означување на храната усогласен со Директивата 90/496/ЕЕЗ.) 9 Правилник за посебните барања за храна за посебна нутритивна употреба – храна наменета за диети со цел намалување на телесната тежина усогласен со Директивата 1996/8/ЕК на Комисијата од 26 февруари 1996 година за храната која што е наменета за користење во диети со ограничена енергетска вредност со цел намалување на телесната тежина (CELEX број 31996L0008) (Директивата 96/8/ЕЗ) 10 Правилник за посебните барања за безбедност на додатоците во исхраната