Regulation on measures taken by the owner to prevent the spread of harmful organisms and their suppression
Made 2011-07-08 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за мерки преземени од сопственикот за спречување на ширењето на штетни организми и нивно сузбивање.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Cultivated plants
- Keywords
- pests/diseases, plant production, plant protection, data collection/reporting, risk assessment/management, hygiene/sanitary procedures
- Categories
- agriculture
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член б став 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10 и 17/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕРКИ ПРЕЗЕМЕНИ ОД СОПСТВЕНИКОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ И НИВНО СУЗБИВАЊЕ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат мерките превземени од сопственикот за спречување на ширењето на штетни организми и нивно сузбивање. Член 2 () Сопствениците на растенија, растителни производи и други лица кои се сомневаат или забележале нова и неочекувана појава на штетни организми кои се наведени во Листите на штетни организми, растенија, растителни производи и други објекти и предмети, го известуваат фитосанитарниот инспектор и/или давателите на јавни услуги, согласно Законот за здравјето на растенијата. (2) При наоѓање на штетниот организам на растенијата, фитосанитарниот инспектор, додека постои опасност, треба да ги извести сопствениците на растенијата - домаќини на заразеното подрачје, на начин кој е вообичаен за местото на заразата, за опасноста од појавата и можното ширење, за видливите знаци и невообичаените симптоми кај растенијата на посевите или насадите, "матичнаците, расадниците, овоштарниците, лозјата, градините, бавчите, пластениците, производство на цвеќе и саксиско цвеќе за преземање на потребните мерки на местото на жариште, заштитената зона или подрачјето. Член 5 () Сопствениците на растенија од областа на шумарството и други лица кои се сомневаат или забележале нова или неочекувана појава на штетни организми во шумските расадници, шумите или шумски дрвја надвор од шумите, кои се наведени во Листите на штетни организми, го известуваат шумарскиот инспектор и/или давателите на јавни услуги, согласно Законот за здравјето на растенијата. (2) При наоѓање на штетниот организам на растенијата, шумарскиот инспектор, додека постои опасност, треба да ги извести сопствениците на растенијата - домаќини на заразеното подрачје, на начин кој е вообичаен за местото на заразата, за опасноста од појавата и можното ширење, за видливите знаци и невобичаените симптоми кај шумските растенијата, матичнаците, шумските расадници, декоративни шумски растенија за преземање на потребните мерки на местото на жариште, заштитената зона или подрачјето. Член 4 Заради спречување на ширењето на штетните организми и нивното сузбивање под надзор на фитосанитарниот инспектор, сопственикот кој ги одгледува растенијата или растителните производи ги превзема следните мерки: отстранување на заразениот дел на растенијата или сите растенија од местото; забрана за движење во или надвор од местото на зараза; уништување со запалување во јами односно на места каде не постои опасност од ширење на пожар; уништување со употреба на производи за заштита на растенијата кај зењести растенија кои по третирањето треба да се закопат или заорат за да се обезбеди дека од остатоците не може да се шират штетните организми; уништување со закопување на растенија кои имаат ризоми, луковици, кртоли, клубени, главици, амбалажа, растенија со корења, саксиски и други видови на растенија во јами која задолжително се покрива со еден метар дебел слој на земја, видливо означено и не смее да се обработува најмалку три години; уништување со третман со загревање (варење на кртолите), луковиците, клубените или главиците, а потоа да се употребат како сточна храна или истите по третманот да се закопат во јами; уништување со заорување на растенија кои немаат формирано репродуктивни органи и не се размножуваат вегетативно; преместување на заразениот растителен материјал под посебен фитосанитарен надзор до просториите/објектите за индустриска преработка и воведување на карантин на местото со посебен фитосанитарен надзор, додека не се добијат резултатите од лабораториските тестирања. Член 5 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.17-366/6 Министер за земјоделство, дјули2011 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср.