Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on measures for the health protection of animals in relation to lumpy skin disease

Made 2017-04-18 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за мерки за здравствена заштита на животните во однос на болеста на чвореста кожа.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock
Keywords
cattle, animal health, pests/diseases, hygiene/sanitary procedures, authorization/permit, vaccination

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 1 од 17 20170510979 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕРКИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ ВО ОДНОС НА БОЛЕСТА НА ЧВОРЕСТА КОЖА (*) Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат мерките за здравствена заштита на животните во однос на болест на чвореста кожа. Член 2 Дефиниции (1) Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство и прописите донесени врз основа на тој закон се применуваат и во овој правилник, освен доколку со овој правилник не се поинаку дефинирани. (2) Одделни поими употребени во овој правилник го имаат следното значење: а) „животно од видот говеда“ е чапункар од видовите Bos taurus, Bos indicus, Bison bison и Bubalus bubalis; б) „диви преживари кои се држат во заробеништво“ се диви преживари од видови кои се вклучени во пренесување на болест на чвореста кожа согласно најновите достапни научни податоци; в) „инфицирана зона“ е дел од територијата на засегната земја која е наведена во Прилог 1 Дел 2 кој е составен дел на овој правилник која ги вклучува регионите во која е потврдено присуството на болеста на чвореста кожа и сите зони под заштита и надзор кои се воспоставени во согласност со член 55 од Законот за ветеринарно здравствоi и каде што е спроведена вакцинацијата против болест на чвореста кожа за која се известува Европската Комисија; г) „слободна зона со вакцинација“ е дел од територијата на засегната земја која е наведена во Прилог 1 Дел 1 од овој правилник кој вклучува региони надвор од зоната инфицирана со болест на чвореста каде што е спроведена вакцинајција против болест на чвореста кожа за која се известува Европската Комисија. Член 3 Мерки за здравствена заштита на животните во однос на болест на чвореста кожа Мерки кои се преземаат за здравствена заштита на животните во однос на болест на чвореста кожа се: () Со овој правилник се врши усогласување со Одлуката на Европската Комисија 2016/2008.ЕУ од 15 Ноем ври 2016 за мерките на здравствената заштита во однос на болеста на чвореста кожа во Земјите членки, CELEX број 32016D2008. Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 2 од 17 1) забрана за движење на пратки од живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од регионите наведени во Прилог 1 од овој правилник; 2) забрана за движење на пратки од семе, јајце клетки и ембриони од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од регионите кои се наведени во Прилог 1 од овој правилник; 3) забрана за движење на пратки од колострум, млеко и производи од млеко од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво наменети за исхрана на животни кои доаѓаат од региони наведени во Прилог 1 Дел 2 на овој правилник; 4) забрана за движење на пратки од непреработени нус производи од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво, различни од нус-производите од точка 5) на овој член од регионите наведени во Прилог 1 од овој правилник; 5) забрана за движење на пратки од непреработени сирови кожи и поткожја наменети за искрана на луѓе или непреработени кожи и поткожја кои не се наменети за исхрана на луѓето а кои се добиени од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво во регионите наведени во Прилог 1 од овој правилник; 6) вакцинирање на животните против болеста на чвореста кожа и 7) чистење и дезинфекција на превозните средства со кои се транспортираат животните. Член 4 Исклучоци од забраната за движење на живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од регионите наведени во Прилог 1 Дел 1 на овој правилник (1) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 1) на овој правилник, може да се врши движење на живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од одгледувалишта кои се наоѓаат во регионите наведени во Прилог 1 Дел 1 на овој правилник доколку тие животни исполнуваат најмалку еден од следните услови: 1) животните се испраќаат во региони наведени Прилог 1 од овој правилник од истата или друга засегната земја, земја членка на Европската унија или во трета земја и се во согласност со следните услови: (а) животните биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на движење и доаѓаат од одгледувалиште на кое животните престојувале најмалку 28 дена и во кое сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање; (б) сите животни на одгледувалиштето на потекло се клинички прегледани на денот на натовар и при тоа не покажале клинички знаци за присуство на болест на чвореста кожа; (в) животните не се предмет на било која од забраните пропишани во Законот за ветеринарно здравствоii; (г) надлежниот орган на местото на потекло спроведува вакцинација против болеста на чвореста кожа која е во согласност со условите пропишани во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник за која се известува Европската Комисија, како и засегнатите земји, другите земји членки на ЕУ и трети земји, особено за датумот на отпочнување на вакцинацијата и (д) пропишана е процедура за спроведување на пратки во согласност со член 12 на овој правилник, под контрола на надлежните органи на земјата на потекло, транзит и крајна дестинација со цел да се обезбеди дека животните се транспортирани безбедно како и дека тие не се испраќаат во други, земји членки на ЕУ или трети земји; или 2) животните се испраќаат во било кој регион од истата или друга засегнатата земја, земја членка на ЕУ или трета земја и се во согласност со следните услови: Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 3 од 17 (а) животните се вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку три месеци пред датумот на испраќање и доаѓаат од одгледувалиште во кое сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болести на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање; (б) сите животни на одгледувалиштето на потекло се клинички прегледани на денот на натовар и при тоа не покажале клинички знаци за присуство на болеста на чвореста кожа; (в) животните не се предмет на било која од забраните пропишани во Законот за ветеринарно здравствоiii; (г) животните престојувале од нивното раѓање, или во период од најмалку 28 дена пред датумот на испраќање, на одгледувалиште каде, во радиус од најмалку 20 km не е потврдено присуство на болест на чвореста кожа во период од три месеци пред датумот на испраќање и претходно секој потврден случај на инфекција со болест на чвореста кожа бил предмет на убивање и уништување на сите приемчиви животни на засегнатите одгледувалишта, лоцирани во региони наведени во Прилог 1 Дел 1 на овој правилник во засегната земја каде сите животни од регионите наведени во Прилог 1 Дел 1 од овој правилник се вакцинирани или ревакцинирани против болест на чвореста кожа, во согласност со Прилог 2 од овој правилник најмалку три месеци пред датумот на испраќање и се во рамките на периодот на имунитет назначен на спецификацијата од страна на производителот на вакцината; (д) надлежниот орган на местото на потекло спроведува вакцинација против болеста на чвореста кожа која е во согласност со условите пропишани во Прилог 2 од овој правилник за која се известува Европската Комисија како и засегнатите земји, земји членки на ЕУ и трети земји, особено за датумот на отпочнување на вакцинацијата и (ѓ) пропишана е процедура за спроведување во согласност со член 12 на овој правилник, под контрола на надлежните органи на засегнатата земја на потекло, транзит и крајна дестинација со цел да се обезбеди дека животните се превезуваат безбедно како и дека тие не се испраќаат во други, земји членки на ЕУ или трети земји; или 3) животните се испратени во било кој регион на земја членка на ЕУ или трета земја и се во согласност со следните услови: (а) животните ги исполнуваат сите соодветни гаранции во однос на здравствена заштита на животните, врз основа на позитивни исходи од мерките за проценка на ризик од ширење на болеста на чвореста кожа, пропишани од надлежниот орган на земјата членка на местото на потекло и одобрени од надлежните органи на земјите на транзит и крајна дестинација, пред датумот на испраќање на тие животни; (б) животните се вакцинирани против болеста на чвореста кожа најмалку три месеци пред датумот на испраќање и доаѓаат од одгледувалиште во кое сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болести на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање; (в) сите животни на одгледувалиштето на потекло се клинички прегледани на денот на натовар и при тоа не покажале клинички знаци за присуство на болест на чвореста кожа; (г) животните не се предмет на било која од забраните пропишани во Законот за ветеринарно здравствоiv; (д) животните престојувале од нивното раѓање, или во период од најмалку 28 дена пред датумот на испраќање, на одгледувалиште каде, во радиус од најмалку 20 km нема потврдено присуство на болест на чвореста кожа во период од три месеци пред датумот на испраќање и претходно секој потврден случај на инфекција со болест на чвореста кожа бил предмет на убивање и уништување на сите приемчиви животни на засегнатите одгледувалишта; (ѓ) пропишана е процедура за спроведување во согласност со член 12 на овој правилник, под контрола на надлежните органи на засегнатата земја на потекло, транзит и крајна дестинација со цел да се обезбеди дека животните кои се испратени во согласност Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 4 од 17 со гаранциите за здравствена заштита на животните од потточка (а) на оваа точка се транспортираат безбедно како и дека тие не се испраќаат во други, земји членки на ЕУ или трети земји; (е) надлежниот орган на местото на потекло спроведува вакцинација против болест на чвореста кожа која е во согласност со условите пропишани во Прилог 2 на овој правилник за која се известува Европската Комисија како и засегнатите земји, земји членки на ЕУ и трети земји, особено за датумот на отпочнување на вакцинацијата; и (ж) засегнатата земјата на потекло треба веднаш да ја извести Европската Комисија и другите засегнати земји, земји членки на ЕУ и трети земји за гаранциите за здравствена заштита на животните и за одобрението од страна на надлежните органи од потточка (а) од оваа точка. (2) Во случај кога говедата и дивите преживари кои се држат во заробеништво ги исполнуваат условите од став (1) на овој член, кон ветеринарно здравствениот сертификат, пропишан во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потеклоv се додава следниот текст: „.................... (животни) во согласност со .................. (член 4 став (1) точка 1) или 2) или 3), означи го соодветното) од Правилникот за мерки за здравствена заштита на животните во однос на болеста на чвореста кожа односно еквивалентната Одлука на Комисијата (ЕУ) 2016/2008 во однос на мерки за контрола на здравствена заштита на животните во врска со болест на чвореста кожа во одредени земји членки“. Член 5 Исклучоци од забраната за движење на живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од регионите наведени во Прилог 1 Дел 2 од овој правилник (1) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 1) на овој правилник, може да се врши испраќање на живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од одгледувалишта кои се наоѓаат во регионите наведени во Прилог 1 Дел 2 на овој правилник во било кој регион на засегната земја, земја членка на ЕУ или трета земја, доколку тие животни ги исполнуваат следните услови: 1) животните ги исполнуваат соодветните гаранции во однос на здравствена заштита на животните, врз основа на позитивни исходи од мерките за проценка на ризик од ширење на болеста на чвореста кожа, пропишани од надлежниот орган на земјата членка на местото на потекло и одобрени од надлежните органи на земјите на транзит и крајна дестинација, пред датумот на испраќање на тие животни; 2) животните се вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање и доаѓаат од одгледувалиште во кое сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болести на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање; 3) сите животни на одгледувалиштето на потекло се клинички прегледани на денот на натовар и при тоа не покажале клинички знаци за присуство на болеста на чвореста кожа; 4) животните не се предмет на било која од забраните пропишани во Законот за ветеринарно здравствоvi; 5) животните престојувале од нивното раѓање, или во период од најмалку 28 дена пред датумот на испраќање, на одгледувалиште каде, во радиус од најмалку 20 km нема потврдено присуство на болест на чвореста кожа во период од три месеци пред датумот на Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 5 од 17 испраќање и претходно секој потврден случај на инфекција со болест на чвореста кожа бил предмет на убивање и уништување на сите приемчиви животни на засегнатите одгледувалишта, лоцирани во областа наведена во Прилог 1 Дел 2 на овој правилник во засегната земја каде сите животни во сите региони наведени во Прилог 1 Дел 2 на овој правилник се вакцинирани или ревакцинирани против болест на чвореста кожа, во согласност со Прилог 2 на овој правилник најмалку три месеци пред датумот на испраќање и се во рамките на периодот на имунитет назначен на спецификацијата од страна на производителот на вакцината; 6) надлежниот орган на местото на потекло спроведува вакцинација против болест на чвореста кожа која е во согласност со условите пропишани во Прилог 2 од овој правилник за која се известува Европската Комисија, како и засегнатите земји, земји членки на ЕУ и трети земји, особено за датумот на отпочнување и завршување на вакцинацијата согласно Прилог 2 од овој правилник; 7) пропишана е процедура за спроведување во согласност со член 12 на овој правилник, под контрола на надлежните органи на засегнатата земја на потекло, транзит и крајна дестинација со цел да се обезбеди дека животните кои се испратени во согласност со гаранциите за здравствена заштита на животните од точка 1) на овој став, се превезени безбедно како и дека тие не се испраќаат во други, земји членки на ЕУ или трети земји; и 8) засегнатата земјата на потекло треба веднаш да ја извести Европската Комисија, засегнатите земји, другите земји членки на ЕУ и трети земји за гаранциите за здравствена заштита на животните и за одобрението од страна на надлежните органи од точка 1) на овој став. (2) Во случај кога говедата и дивите преживари кои се држат во заробеништво ги исполнуваат условите од став (1) на овој член, кон ветеринарно здравствениот сертификат, пропишан во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потеклоvii се додава следниот текст: „................... (животни) во согласност со член 5 став (1) од Правилникот за мерки за здравствена заштита на животните во однос на болеста на чвореста кожа односно еквивалентната Одлука на Комисијата (ЕУ) 2016/2008 во однос на мерки за контрола на здравствена заштита на животните во врска со болест на чвореста кожа во одредени земји членки“. Член 6 Движење на живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво во областите наведени во Прилог 2 на истата засегната земја (1) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 1) на овој правилник и доколку се исполнети условите од став (2) од овој член, може да се врши движење на пратки со живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од одгледувалишта кои се лоцирани во областите наведени во: 1) Прилог 1 Дел 1 на овој правилник до дестинација лоцирана во рамките на друг регион наведена во Прилог 1 од овој правилник од истата засегната земја и 2) Прилог 1 Дел 2 на овој правилник до дестинација лоцирана во рамките на друг регион наведена во Прилог 1 Дел 2 на овој правилник од истата засегната земја. Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 6 од 17 (2) Исклучокот од став (1) на овој член се применува само на пратки со живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво доколку животните исполнуваат најмалку еден од следните услови: 1) животните се вакцинирани против болест на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на испраќање и доаѓаат од одгледувалиште во кое сите животни од приемчивите видови биле вакцинирани против болеста на чвореста кожа најмалку 28 дена пред датумот на движење; 2) животните, без оглед на нивниот индивидуален вакцинален статус или вакцинацијата против болеста на чвореста кожа во нивното одгледувалиште на потекло, може да се движат на санитарно колење во кланица, доколку одгледувалиштето на потекло не е предмет на било која од забраните пропишани во Законот за ветеринарно здравствоviii во однос на болеста на чвореста кожа со која се забранува таков вид на движење; 3) животните се невакциниран подмладок на возраст помала од четири месеци, а се добиени од мајки кои се вакцинирани најмалку 28 дена пред раѓањето и може да се движат во друго одгледувалиште доколку сите животни од приемчивите видови на одгледувалиштето на потекло биле вакцинирани или ревакцинирани во согласност со упатствата на производителот на вакцината, најмалку 28 дена пред датумот на планираното движење и одгледувалиштето не е предмет на било која од забраните пропишани во Законот за ветеринарно здравствоix во однос на болеста на чвореста кожа, со кои се забранува такво движење. Член 7 Исклучоци од забраната за движење на семе, јајце клетки и ембриони од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од областите наведени во Прилог 1 Дел 1 на овој правилник (1) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 2) на овој правилник, испраќање на семе јајце клетки и ембриони од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од собирни центри за семе или други објекти лоцирани во регионите наведени во Прилог 1 Дел 1 од овој правилник во друг регион од Прилог 1 од истата или друга засегната земја, земја членка на ЕУ или трета земја може да се врши доколку животните-донори и семето, јајце клетките и ембрионите ги испулнуваат следните услови: 1) животните-донори биле вакцинирани и ревакцинирани против болест на чвореста кожа во согласност со упатствата на производителот на вакцината, при што првата вакцинација е аплицирана најмалку 60 дена пред датумот на собирање на семето, јајце клетките и ембрионите; или животните-донори биле предмет на серолошко тестирање со цел да се откријат антитела на вирус на болест на чвореста кожа на денот на собирање и најмалку 28 дена по периодот на собирање на семето или денот на собирање ембриони и јајце клетки, со добиени негативни резултати; 2) во период од 60 дена пред датумот на собирање на семето, јајце клетките и ембрионите, животните-донори биле чувани во центар за вештачко осеменување или друг соодветен објект при што во радиус од најмалку 20 км немало потврдено жариште на болест на чвореста кожа во последните три месеци пред датумот на собирање на семето, јајце клетките и ембрионите и претходно секоја потврдена појава на инфекција со болест на чвореста кожа била проследена со убивање и уништување на сите приемчиви животни од засегнатите одгледувалишта; 3) животните-донори се клинички прегледани 28 дена пред датумот на собирање, како и за време на целиот период на собирање и при тоа не покажале клинички знаци за присуство на болест на чвореста кожа; Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 7 од 17 4) животните-донори биле предмет на испитување на присуство на причинителот на болест на чвореста кожа со PCR метода спроведена на примероци од крв земени на почетокот и најмалку на секои 14 дена за време на периодот на собирање на семето или на денот на собирање на ембрионите и јајце клетките, со добиени негативни резултати; 5) семето било предмет на испитување на причинителот на болест на чвореста кожа со PCR метода и при тоа биле добиени негативни резултати; и 6) надлежниот орган на местото на потекло спроведува вакцинација против болеста на чвореста кожа која е во согласност со условите пропишани во Прилог 2 од овој правилник и за која ја известува Европската Комисија, како и засегнатите земји, земји членки на ЕУ и трети земји, особено за датумот на отпочнување и завршување на вакцинацијата согласно Прилог 2 од овој правилник. (2) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 2) на овој правилник, може да се врши движење на семе, јајце клетки и ембриони од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од центри за вештачко оплодување или други објекти лоцирани во областите наведени во Прилог 1 Дел 1 на овој правилник во било кој регион на засегната земја, земај членка на ЕУ или трета земја, доколку животните-донори и семето, јајце клетките и ембрионите ги исполнуваат следните услови: 1) условите пропишани во став (1) точки 1), 2), 3), 4) 5) и 6) на овој член; 2) животните-донори ги исполнуваат соодветни гаранции за здравствена заштита врз основа на позитивен исход од анализата на ризик на влијанието на движењето и на мерките против распространување на болеста на чвореста кожа, пропишани од надлежниот орган на засегнатата земја на потекло и одобрени од надлежните органи на земјите на транзит и крајна дестинација, пред испраќањето на семето, јајце клетките и ембрионите; и 3) засегнатата земјата на местото на потекло треба веднаш да ја извести Европската Комисија, засегнатите земји, земји членки на ЕУ и трети земји за гаранциите за здравствена заштита на животните и за одобрението од точка 2) на овој став. (3) Во случај кога семето, јајце клетките и ембрионите ги исполнуваат условите од став (1) или (2) на овој член се испраќаат во засегната земја, земја членка на ЕУ или трета земја, кон ветеринарно здравствениот сертификат, пропишан во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потеклоx се додава следниот текст: „......................... (семе, јајце клетки и/или ембриони, означи го соодветното) во согласност со член 7 став (1) или (2) од Правилникот за мерки за здравствена заштита на животните во однос на болеста на чвореста кожа односно еквивалентната Одлука на Комисијата (ЕУ) 2016/2008 во однос на мерки за контрола на здравствена заштита на животните во врска со болест на чвореста кожа во одредени земји членки“. Член 8 Исклучоци од забраната за движење на непреработени нус-производи од животинско потекло од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од областите наведени во Прилог 1 на овој правилник По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 4) на овој правилник, може да се врши испраќање на непреработени нус производи од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од: Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 8 од 17 1) региони наведени во Прилог 1 Дел 1 од овој правилник до дестинација лоцирана во истата засегната земја, или во регион на засегната земја наведена во Прилог 1 од овој правилник; 2) регион наведена од Прилог 1 Дел 2 од овој правилник до дестинација лоцирана во истата засегната земја или во регион од друга засегната земја наведена во Прилог 1 Дел 2 од овој правилник доколку: (а) непреработените нус-производи се испраќаат под официјален надзор на надлежниот орган и се наменети за преработка или нештетно отстранување во објект одобрен во согласност со Законот за нус производиxi и (б) кога местото на крајна дестинација е лоцирано во друга засегната земја, треба да се пропише процедура за спроведување на пратка во согласност со член 12 на овој правилник, под контрола на надлежните органи на засегнатата земја на потекло, транзит и крајна дестинација, со цел да се обезбеди дека непреработените нус-производи од животинско потекло се транспортираат безбедно до местото на крајна дестинација и дека последователно не се испраќаат во земја членка на ЕУ или трета земја. Член 9 Исклучоци од забраната за движење на кожи и поткожја од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од областите наведени во Прилог 1 на овој правилник (1) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 5) на овој правилник, може да се врши испраќање на кожи и поткожја од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од регионите наведени во Прилог 1 Дел 1 на овој правилник во друг регион наведена во Прилог 1 на овој правилник од истата или друга засегната земја доколку: 1) станува збор за непреработени кожи и поткожја наменети за исхрана на луѓе или непреработени кожи и поткожја испратени под официјален надзор на надлежен орган наменети за преработка или нештетно отстранување во одобрен објект; 2) кога местото на крајна дестинација е лоцирано во земја членка на ЕУ или трета земја, треба да се пропише процедура за спроведување на пратка во согласност со член 12 на овој правилник, под контрола на надлежните органи на засегнатата земја на потекло, транзит и крајна дестинација, со цел да се обезбеди дека непреработените кожите и поткожјата се превезуваат безбедно до местото на крајна дестинација како и дека не се испраќаат во други, земји членки на ЕУ или трети земји, пред да бидат преработени во согласност со став (2) точка 2) на овој член; и 3) кожите и поткожјата потекнуваат од одгледувалишта кои не се предмет на било какви ограничувања согласно Законот за ветеринарно здравствоxii во однос на болеста на чвореста кожа. (2) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 5) на овој правилник, може да се врши испраќање на кожи и поткожја од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од регионите наведени во Прилог 1 во друг регион од истата или друга земја членка на ЕУ или трета земја доколку: 1) ова се непреработени сирови кожи и поткожја наменети за исхрана на луѓе или непреработени кожи и поткожја кои потекнуваат од одгледувалишта кои не се предмет на било какви ограничувања согласно Законот за ветеринарно здравствоxiii во однос на болеста на чвореста кожа; 2) кожите и поткожјата биле: (а) третирани во согласност со член 8 став (2) точките 2), 3) и 4) од Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нуспроизводи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни миленици и технички производи од нуспроизводи од животинско потеклоxiv или Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 9 од 17 (б) предмет на еден од третманите пропишани во член 95 од Правилникот за посебните барања за храната од животинско потеклоxv и 3) кожите и поткожјата биле предмет на сите превентивни мерки со цел да се избегне реконтаминација со патогени агенси по завршување на третманот. (3) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 5) на овој правилник, може да се врши испраќање на кожи и поткожја од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од регионите наведени во Прилог 1 Дел 2 од овој правилник во друг регион наведен Прилог 1 Дел 2 на овој правилник од истата или друга засегната земја, земја членка на ЕУ и трета земја доколку: 1) станува збор за непреработени кожи и поткожја наменети за исхрана на луѓе или непреработени кожи и поткожја испратени под официјален надзор на надлежен орган наменети за преработка или нештетно отстранување во одобрен објект; 2) местото на крајна дестинација е лоцирано во земја членка на ЕУ или трета земја, треба да се пропише процедура за спроведување на пратка во согласност со член 12 на овој правилник, под контрола на надлежните органи на засегнатата земја на потекло, транзит и крајна дестинација, со цел да се обезбеди дека непреработените кожите и поткожјата се превезуваат безбедно до местото на крајна дестинација и дека последователно не се испраќаат во други, земји членки на ЕУ или трети земји, пред да бидат преработени во согласност со став (2) точка 2) на овој член; и 3) кожите и поткожјата потекнуваат од одгледувалишта кои не се предмет на било какви ограничувања согласно Законот за ветеринарно здравствоxvi во однос на болеста на чвореста кожа. (4) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 5) на овој правилник, може да се врши испраќање на кожи и поткожја од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од регионите наведени во Прилог 1 на овој правилник во друг регион од истата или друга засегната земја, земја членка на ЕУ или трета земја доколку: 1) кожите и поткожјата исполнуваат соодветни гаранции во однос на здравствена заштита на животните, врз основа на позитивни исходи од мерките за проценка на ризик од ширење на болеста на чвореста кожа, пропишани од надлежниот орган на засегнтата земја на потекло и одобрени од надлежните органи на земјите на транзит и крајна дестинација, пред испраќање на кожите и поткожјата; 2) кожите и поткожјата потекнуваат од одгледувалишта кои не се предмет на било какви ограничувања согласно Законот за ветеринарно здравствоxvii во однос на болест на чвореста кожа; 3) местото на крајна дестинација е лоцирано во засегната земја, земја членка на ЕУ или трета земја, треба да се пропише процедура за спроведување на пратка во согласност со член 12 на овој правилник, под контрола на надлежните органи на засегнатата земја на потекло, транзит и крајна дестинација, со цел да се обезбеди дека кожите и поткожјата, превезени во согласност со дополнителните гаранции за здравствена заштита на животните од точка 1) на овој став, се превезуваат безбедно до местото на крајна дестинација како и дека не се испраќаат во други, земји членки на ЕУ или трети земји, пред да бидат преработени најмалку во согласност со став (2) точка 2) од овој член и 4) засегнатата земјата на местото на потекло треба веднаш да ги извести Европската Комисија, засегнатите земји, земјите членки на ЕУ или третите земји за гаранциите за здравствена заштита на животните и за одобрението од точка 1) на овој став. Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 10 од 17 Член 10 Исклучоци од забраната за движење на колострум, млеко и производи од млеко наменети за исхрана за животни од области наведени во Прилог 1 Дел 2 од овој правилник (1) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 3) на овој правилник, може да се врши испраќање на колострум, млеко и производи од млеко наменети за исхрана на животни добиени од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од одгледувалишта лоцирани во областите наведени Прилог 1 Дел 2 на овој правилник доколку колострумот, млекото и производите од млеко биле предмет на третман со цел да се обезбеди уништување на вирусот на лигавка и шап како што е опишано во Прилог 7 Дел Д точки 1.1, 1.2, 1.3, 1.4 и 1.5 од Програмата за сузбивање и искоренување на лигавка и шапxviii и пратката е во согласност со став (2) од овој член. (2) Праќање на пратки со колострум, млеко и производи од млеко од став (1) на овој член, во земји членки на ЕУ или трети земји се врши само доколку пратките се придружени со ветеринарно здравствен сертификат, пропишан во Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потеклоxix и на истиот е додаден следниот текст: „Колострумот, млекото или производите од млеко се во согласност со член 10 од Правилникот за мерки здравствена заштита на животните во однос на болеста на чвореста односно еквивалентниот член 10 од Одлука на Комисијата (ЕУ) 2016/2008 во однос на мерки за контрола на здравствена заштита на животните во врска со болест на чвореста кожа во одредени земји членки“. Член 11 Чистење и дезинфекција на превозни средства (1) Пред секој транспорт, за возилата кои биле во контакт со животни од приемчивите видови од регионите наведени Прилог 1 Дел 2 на овој правилник и кои го напуштаат тој регион, операторот или возачот треба да обезбедат доказ дека од последниот контакт со таквите животни возилото било исчистено и дезинфицирано на начин кој обезбедува инактивација на вирусот на болест на чвореста кожа како и дека е направен третман со одобрени инсектициди кои се ефикасни против векторите на болеста на чвореста кожа. (2) Надлежниот орган го одредува начинот и доказот кој терба ба да го достави операторот или возачот на превозното средство, согласно став (1) на овој член, со цел да докаже дека е извршено чистење, дезинфекција и дезинсекција. Член 12 Спроведување на пратки Спроведување на пратки за транспорт на живи говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво, непреработени нус-производи од животинско потекло и непреработени кожи и поткожја утврдени во членовите 4, 5, 6, 8 и 9 на овој правилник, треба да е во согласност со следните услови: 1) секое средство кое се користи за транспорт на тие живи животни, непреработени нус-производи од животинско потекло и непреработени кожи и поткожја е: Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 11 од 17 (а) индивидуално регистрирано од страна на надлежниот орган на засегнатата земја на местото на потекло за сооодветната намена односно за транспорт на живи животни или за непреработени нус-производи од животинско потекло и непреработени кожи и поткожја за употреба за процедура за спроведување на пратки; (б) запечатени од страна на официјален ветеринар по натоварот; единствено службеник од надлежниот орган на местото на дестинација може да ја скрши пломбата и да ја замени со нова; секоја натовар или замена на пломба треба да биде пријавено до надлежниот орган на местото на дестинација; 2) превозот се одвива: (а) под службен надзор; (б) директно, без застанување, освен периодот за одмор кој е пропишан во Законот за заштита и благосостојба на животнитеxx кој се одвива на контролен пункт. Кога период за одмор е предвиде да трае еден или повеќе дена, а се прави на на контролен пункт во регионите од Прилог 1 Дел 2 на овој правилник, животните се заштитени од напади на вектори; (в) патувањето се одвива по рута која е одобрена од страна на надлежен орган на местото на потекло; 3) пратката се состои единствено од живи животни или непреработени нус-производи од животинско потекло или непреработени кожи и поткожја со ист здравствен статус; 4) официјалниот ветеринар одговорен за објектот на местото на дестинација треба на надлежниот орган на местото на потекло да му го потврди секое пристигнување на пратка; 5) по истоварот на живи животни или непреработени нус-производи од животинско потекло или непреработени кожи и поткожја, возилото и секоја друга опрема која била користена за време на превозот треба да се исчистат, дезинфицираат и третираат со одобрени инсектициди кои се ефикасни против вектори на болеста на чвореста кожа. Овие активности треба да се одвиваат во затворен простор на местото на дестинација и под надзор на официјален ветеринар; 6) пред првата испорака од регионите наведени во Прилог 1, на овој правилник за кои се спроведува постапката за спроведување, надлежниот орган на местото на потекло треба да се обезбеди дека се воспоставени потребните подготовки со соодветните надлежни органи, со цел да се обезбеди план за итни мерки, синџир на команди и целосна соработка на службите во случај на несреќи за време на превоз, големи дефекти на возилото или било какви недозволени/нелегални активности на операторот или на возачот. Возачот или операторот на камион или други возила е должен веднаш да го извести надлежниот орган за секоја несреќа или дефект на возилото; и 7) во случај на непреработени кожи и поткожја или непреработени нус-производи од животинско потекло, возилата треба да бидат целосно непропустливи од сите страни вклучително и вратите. Член 13 Вакцинација против болест на чвореста кожа Вакцинацијата како мерка за здравствена заштита на животните во однос на болест на чвореста кожа, треба да се врши во согласност со минималните услови дадени во Прилог 2 на овој правилник и за истата се известува Европската Комисија. Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 12 од 17 Член 14 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-718/3 Агенција за храна 18 април 2017 година и ветеринарство Скопје Директор, м-р Зоран Поповски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 13 од 17 Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 14 од 17 Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 15 од 17 Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 16 од 17 Службен весник на РМ, бр. 51 од 28.4.2017 година 17 од 17

Regulation on measures for the health protection of animals in relation to lumpy skin disease · Nelum