Regulation on locations of measuring stations and measuring points
Made 2008-08-07 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за локациите на мерните станици и мерните места.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Environment
- Keywords
- data collection/reporting, monitoring, noise pollution, protection of environment, public health, zoning, pollution control
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 120 од 23.09.2008 година 1 од 2 20081202384 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 29 став 2 од Законот за заштита од бучава во животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/07), министерот за животна средина и просторно планирање во согласност со министерот за транспорт и врски и министерот за здравство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ЛОКАЦИИТЕ НА МЕРНИТЕ СТАНИЦИ И МЕРНИТЕ МЕСТА Член 1 Со овој правилник се пропишуваат локациите нa мерните станици и мерните места од кои се следи влијанието од изворите на бучавата во животната средина. Член 2 Мерните станици и мерните места треба да бидат лоцирани во подрачја каде што е потребно да се обезбеди заштита од бучавата врз здравјето на луѓето и животната средина и при тоа да овозможат: 1. спроведување на системски набљудувања и мерења за определување на оптоварувањето со бучава во животната средина; 2. собирање на точни податоци за нанесување на стратешките карти за бучава и информации за изработка на акциони планови за намалување на оптоварувањето со бучава; 3. собирање на точни податоци за изложеност на населението на бучава со кои се врши проценка на штетните ефекти на бучавата врз здравјето на населението; 4. размена на информации. Член 3 Локациите на мерните станици и мерните места се определуваат по подрачја во зависност од степенот на заштита од бучава и од видот на активностите и осетливоста на населението кое престојува во нив и се диференцирани во четири степени и тоа: Подрачје со I степен на заштита од бучава е подрачје наменето за туризам и рекреација, подрачје во непосредна близина на здравствени установи за болничко лекување и подрачје на национални паркови или природни резервати; Подрачје со II степен на заштита од бучава е подрачје кое е примарно наменето за престој, односно станбен реон, подрачје во околина на објекти наменети за воспитна и образовна дејност, објекти за социјална заштита наменети за сместување на деца и стари лица и објекти за примарна здраствена заштита; подрачје на игралишта и јавни паркови, јавни зеленила и рекреациски површини и подрачја на локални паркови; Подрачје со III степен на заштита од бучава е подрачје каде е дозволен зафат во околината, во кое помалку ќе смета предизвикувањето на бучава, односно трговско деловно подрачје - станбено подрачје, кое истовремено е наменето за престој, односно во кое има објекти во кои има заштитени простории, занаетчиски и слични дејности на производството (мешано подрачје), подрачје, наменето за земјоделската дејност и јавни центри, каде се вршат управни, трговски, услужни или угостителски дејности; Подрачје со IV степен на заштита од бучава е подрачје каде се дозволени зафати во околината, кои можат да предизвикаат пречење со бучава, подрачје без станови, наменето за индустриски или занаетчиски или други слични производствени дејности, транспортни дејности, дејности за складирање и сервисни дејности и комунални дејности кои создаваат поголема бучава. Член 4 Покрај определувањето на локациите на мерните места и мерните станици од член 3 од овој правилник, мерните места и мерните станици за мерење на бучавата треба да бидат лоцирани и во подрачјата кои се во соседство на магистрални патишта, железнички линии и аеродроми. Службен весник на РМ, бр. 120 од 23.09.2008 година 2 од 2 Член 5 Бројот, распоредот и конкретната локацијата на мерните станици и мерните места кои ја сочинуваат државната и локалната мрежа за мониторинг на бучава се определуваат со годишната програма за работа на државната и локалната мрежа за мониторинг на бучава. Член 6 (1) Мерните станици треба да бидат лоцирани надвор, на отворено во близина на објектите кои треба да бидат заштитени од бучава. (2) Мерните места треба да бидат лоцирани надвор, на отворено или внатре во просториите на објектите кои треба да бидат заштитени од бучава. (3) Внатре во просториите на становите, болничките соби, просториите за одмор на деца, ученици, спални соби во домови за стари лица и пензионери и во хотелски соби, мерното место се лоцира во средишниот простор за секоја просторија. (4) Во киносали, во простории за воспитно-образовна дејност, во чекални во библиотеки, во театарски и концертни сали, треба да има најмалку три мерни места, доколку се работи за простории со капацитет до 500 лица, или на најмалку пет мерни места во простории со поголем капацитет. Мерните места треба да бидат рамномерно распоредени за да ја покријат целата површина на просторијата при што најмалото меѓусебното растојание треба да изнесува од 1,5 метри. (5) Мерното место се лоцира на растојание од најмалку еден метар од ѕидот, најмалку 1,5 метар од прозорецот, на висина од 1,2 до 1,5 метри од подот, односно на висина од 30 сантиметри до еден метар од таванот и тоа кога прозорциите и вратите се затворени. Член 7 (1) Во подрачја со I и II степен на заштита од бучавата се поставуваат најмалку пет мерни места кои се лоцираат на начин со кој целокупната површина на подрачјето ќе биде рамномерно зафатена. (2) Во подрачја со III и IV степен на заштита од бучава, како и во подрачја покрај магистрални патишта и градски сообраќајници, подрачја покрај железнички пруги, во околината на аеродромите од членот 3 од овој Правилник, се поставуваат најмалку десет репрезентативни мерни места кои треба да ја покријат целата зона на сообраќајницата и постојаните извори на бучавата. (3) Пред објектите, мерното место се поставува на растојание од три метри пред фасадата, односно 0,5 метри пред отворениот прозор. Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 07-5280/1 7 август 2008 година Скопје Министер за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Министер за транспорт и врски Неџати Јакупи, с.р. Миле Јанакиески, с.р. Министер за здравство Бујар Османи, с.р.