Regulation on limit values for levels of environmental noise
Made 2008-10-27 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за гранични вредности на нивото на бучава во животната средина.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Environment
- Keywords
- classification/declassification, noise pollution, protection of environment, pollution control
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 147 од 26.11.2008 година 1 од 3 20081473068 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО Врз основа на член 9 став 4 од Законот за заштита од бучава во животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/2007), министерот за здравство во согласност со министерот за животна средина и просторно планирање и министерот за внатрешни работи, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ГРАНИЧНИ ВРЕДНОСТИ НА НИВОТО НА БУЧАВА ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 1 Со овој правилник се пропишуваат граничните вредности за нивото на бучава во животната средина. Член 2 Граничните вредности за основните индикатори за бучавата во животната средина предизвикана од различни извори пропишани со овој правилник не треба да бидат надминати во подрачјата диференцирани според степенот на заштита од бучава определени со Правилникот за локациите на мерните станици и мерните места (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 120/08). Член 3 Според степенот на заштита од бучавата граничните вредности за основните индикатори за бучавата во животната средина предизвикана од различни извори не треба да бидат повисоки од: Член 4 Граничните врeдности за нивото на основните индикатори за бучава внатре во просториите во кои престојуваат луѓето, а особено во кои престојуваат осетливите групи на население, како и заради заштитата од несакани ефекти по здравјето, изнесуваат: Службен весник на РМ, бр. 147 од 26.11.2008 година 2 од 3 Член 5 Гранична вредност за дополнителниот индикатор, LАmax, кои не треба да бидат надминати со цел да се спречат несакани ефекти по здравјето кај изложената популација изнесуваат: Член 6 Граничните вредности за нивото на бучавата во реони надвор од урбанизирани локации изнесуваат: Службен весник на РМ, бр. 147 од 26.11.2008 година 3 од 3 Член 7 Гранична вредност за нивото на бучава што се создава при одржување на јавни приредби, јавни собири или други јавни настани проследени со употреба на звучни и други уреди кои доведуваат до зголемување на бучавата не треба да надминува 85dBA (LAeq, T<85 dBA), а максималното ниво на бучава не треба да надминува 110 dBA (LAmax <110 dBA), без оглед на времетраењето на настанот. Граничните вредности за нивото на основните индикатори на бучава во подрачјата од член 3 и граничните вредности за нивото на дополнитлниот индикатор на бучава од член 5 на овој правилник не треба да се надминат при јавни приредби, јавни собири, церемонии, фестивали, концерти и други јавни облици на забава со употреба на звучна опрема кои се одвиваат во затворен простор за времетраењето на настанот. Граничната вредност за нивото на бучава при јавни обраќања, односно при употреба на звучни уреди за обраќање кон луѓето во затворени објкети или на отворено, не треба да надминува 85 dBA (LAeq<85 dBA), а максималното ниво не треба да надминува 110 dBA (LAmax <110 dBA). Граничната вредност за нивото на бучава при изведување на огномети или употреба на огнено оружје не треба да надминува 140 dBA (SEL<140dBA). Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 07-7378/2 Бр. 10-14393/7 12 ноември 2008 година 27 октомври 2008 година Скопје Скопје Бр. 07-77362/1 31 октомври 2008 година Скопје Министер за животна средина и просторно планирање, Министер за здравство, д-р Неџати Јакупи, с.р. д-р Бујар Османи, с.р. Министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, с.р.