Regulation on general rules for handling municipal and other types of non-hazardous waste
Made 2007-11-29 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за општите правила за постапување со комуналниот и со другите видови неопасен отпад.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Waste and hazardous substances
- Keywords
- international trade, processing/handling, recycling/reuse, waste domestic sources, waste management, waste prevention
- Categories
- *
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
„Службен весник на РМ“ бр. 147 од 07.12.2007 година 1 од 5 Врз основа на член 43 став 1 од Законот за управување со отпадот (“Службен весник на РМ” бр. 68/04, 71/04 и 107/07), министерот за животна средина и просторно планирање донесе ПРАВИЛНИК ЗА ОПШТИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО КОМУНАЛНИОТ И СО ДРУГИТЕ ВИДОВИ НЕОПАСЕН ОТПАД Член 1 Со овој правилник се пропишуваат општите правила за постапување со комуналниот и со другите видови неопасен отпад. Член 2 Цел на овој правилник е намалување на отпадот и овозможување повторно искористување на употребливите состојки на отпадот како и исполнување на обврската за селектирање, изнесување, донесување, собирање како и транспортирање и предавање на отпадот. Член 3 Услугите при постапување со отпадот треба да се еднакво достапни за сите корисници со ист квалитет и ефикасност, транспарентност и јавност на услугата. Член 4 Одделни поими употребени во овој правилник го имаат следново значење: 1. Комунален отпад е отпадот од домаќинствата, отпадот од јавните и сообраќајните површини, како и секој друг отпад од комерцијални, индустриски, занаетчиски, услужни, административни и слични дејности, кој според својата природа или според својот состав е сличен на отпадот од домаќинствата. 2. Постапување со отпадот е собирање, селектирање, транспортирање, третман, преработка, складирање и отстранување на отпадот, вклучувајќи го и надзорот над овие операции, како и мерките за заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето за време на работата на објектите и на инсталациите за отстранување на отпадот и грижата за него по престанокот на нивната работа. 3. Инертен отпад е отпадот што е отпорен и не подлежи на никакви значителни физички, хемиски или биолошки трансформации, не се раствора, не согорува и не реагира на друг физички или хемиски начин, не се биоразградува, а отпадот и неговиот исцедок не влијаат на друга материја со којашто доаѓаат во допир, на начин на кој може да ја загрозат животната средина, животот и здравјето на луѓето. 4. Искористени батерии и акумулатори се сите батерии и акумулатори коишто не можат повторно да се користат и се наменети за преработка или за отстранување. 5. Отпад од електрична или електронска опрема е секој електрична или електронски опрема кој сопственикот и/или поседувачот го исфрла, има намера да го исфрли или од него се бара да го исфрли, вклучувајќи ги и сите делови и компоненти кои се составен дел на опремата во моментот на отфрлањето. 6. Пакување се сите производи направени од каков било материјал што се користат за складирање, заштита, ракување, испорачување и за презентација на стоките од производителот до корисникот или до потрошувачот, без оглед на тоа дали стоките се суровини или преработки. 7. Отпад од пакување е секое пакување или материјал за пакување што создавачот или поседувачот ги исфрла, има намера да ги исфрли или од него се бара да ги исфрли, освен остатоците од производството. „Службен весник на РМ“ бр. 147 од 07.12.2007 година 2 од 5 8. Поседувач е создавач на отпадот или е правно или физичко лице коешто создава отпад како резултат на дејноста или активноста што ја врши (првичен создавач) и/или секое лице кое изведува операции на третман, мешање или некои други операции поради кои се менува карактерот или составот на создадениот отпад (секундарен создавач) или правно и физичко лице коешто има отпад во свое владение. 9. Собирање на отпадот е збир од организирани дејности коишто опфаќаат постапки со кои отпадот се подготвува за транспорт. 10. Давател на услуга е јавно претпријатие основано од општините или градот Скопје и правно или физичко лице кое склучило договор за давање на услуга од јавен интерес од локално значење согласно закон. 11. Отпад од домаќинствата е отпад претежно од домаќинства, кој што редовно се става во стандардизирани садови за транспортирање. 12. Индустриски отпад сличен на отпад од домаќинствата е цврст отпад, кој потекнува од индустриско производство, трговија или услужни дејности, во мали количини и има карактеристики на отпад од домаќинства, од кој што е одделен посебниот отпад и се отстранува како отпадот од домаќинства. 13. Отпад од остатоци е отпад кој најчесто настанува во домаќинствата и којшто по сортирањето на вредните материи не може повторно да се употреби, а не содржи посебен вид на отпад се собира во садовите наменети за собирање на отпад. 14. Габаритен отпад е цврст отпад, настанат во домаќинството, кој што и по неговото кршење (дробење), поради својот габарит не може да се собере во садовите за отпад и не може да се селектира од останатиот отпад и да се транспортира. Од габаритниот отпад се изземаат предмети, за кои што со овој правилник се предвидува селективно собирање и се собира по систем на донесување на места определени за таа намена. 15. Биоразградлив отпад е отпад од органско потекло, кој може да се компостира, остатоци во мали количини вообичаени за домаќинствата и растителниот отпад. 16. Растителен отпад е отпад кој настанува со косење трева, сечење дрва, чистење троскот, лисја, отпад од градини, овоштарници, лозја и друг отпад од растително потекло кој е погоден за компостирање. 17. Градежен шут е отпад од ископи, градилишта, од рушење, кршење на материјал и реконструкција на објекти и улици. 18. Опасен отпад е отпад што потекнува од домаќинствата и се собира по системот на донесување на определени места за таа намена и/или со мобилни услуги. Член 5 (1) Системите за собирањето на отпад како дел од шемите за собирање се спроведуваат со системи за изнесување и системи на донесување. (2) Шемата за собирање содржи: опис на системот за собирање и изнесување, временски распоред на собирањето и изнесувањето и видовите на садови кои се користат. Член 6 (1) Отпадот кој може да се искористи, треба да се одделува од отпадот кој треба да се отстрани. (2) Се собира и оставениот отпад на подрачјето на општината, општините во градот Скопје и на градот Скопје. (3) Собирањето ги опфаќа потребните мерки за изнесување, оставање, собирање преку земање и носење за транспортирање. (4) Во садовите за собирање на отпадот не треба да се стават течни и полутечни материи, жар и пепел, трупови и остатоци од животни, електрични батерии и акумулатори, автомобилски гуми, отпад од кланиници, месарници и рибарници, „Службен весник на РМ“ бр. 147 од 07.12.2007 година 3 од 5 градинарски отпад и отпад од паркови (вклучувајќи и отпад од гробишта) – градинарски отпад, градежен шут, отпад од пакување и опасен отпад. Член 7 По системот на изнесување, отпадот се собира од определени места и во определено време, каде што претходно е изнесен од поседувачите во садови за соодветна намена. Член 8 (1) По системот на изнесување, се собира отпадот од домаќинствата за повторна употреба и тоа: хартија и картон, амбалажа (од лим, алуминиум, пластика), биоразградив отпад, градинарски отпад и отпад од паркови. (2) Отпадоците од став 1 на овој член се ставаат во соодветни садови за собирање за определен вид на отпад ( во понатамошниот текст: садови). (3) Полнењето на садовите за отпад треба да се врши во работни денови и термини определени од општините и градот Скопје. (4) По исклучок од став (3) на овој член отпадот може да се собира и во неработни денови. (5) На садовите за собирање отпад се означуваат деновите и термините за собирање на отпадот. Член 9 (1) Во зависност од видот на отпадот, садовите или капаците на садовите се во соодветна боја и соодветно обележани, и тоа за: а) хартија и картон – плава боја б) амбалажа – жолта боја в) биоразградив – кафеава боја г) отпад за отстранување – зелена боја, и д) градинарски – во соодветни вреќи. (2) Ознаката на садовите треба да упатува на видот и карактеристиките на отпадот. (3) Садовите треба да се со пропишан волумен и тежина што може да се става во садот и истите соодветно да се затвараат. (4) Садовите не треба да се полнат над дозволената тежина. Член 10 (1) Отпадот за отстранување (отпад од остатоци, комерцијален и индустриски отпад сличен на домашниот) се собира по системот на изнесување. (2) Создавачите односно поседувачите на отпадот од став (1) на овој член го ставаат отпадот во садови за изнесување во деновите и термините определени за изнесување согласно член 8 од овој правилник. Член 11 Собирањето на отпадот се врши најмалку еднаш седмично во зависност од видот и количината на отпадот, како и бројот и густината на создавачите на отпадот. Член 12 Садовите на треба да се оштетуваат и во нив да се фрла друг отпад освен оној за кој што садот е обележан, како и да се користат за друга намена. „Службен весник на РМ“ бр. 147 од 07.12.2007 година 4 од 5 Член 13 За да се одржи чистотата, не е дозволено оставање на друг вид на отпад покрај садовите. Член 14 Создавачот односно поседувачот согласно шемата за донесување, треба да го донесе отпадот до поставените садови или до други места определени согласно член 44 став (1) од Законот за управување со отпад. Член 15 По системот на донесување, се собира претходно селектираниот отпад од домаќинствата и тоа: старо стакло, хартија и картон, алишта и обувки, растителен отпад кој може да се компостира, габаритен отпад, градежен шут до најмногу 1 м³, батерии и акумулатори согласно прописите за постапување со батерии, гасни лампи, стиропор, плута, електрични и електронски апарати од приватни домаќинства, ЦД/ДВД и слично. Член 16 (1) Собирањето на габаритниот отпад од домаќинствата може да се врши и со организирани мобилни услуги од давателот на услугата во текот на годината. (2) Создавачот односно поседувачот на габаритниот отпад кој бара услуга од став 1 на овој член треба да биде присутен за време на превземањето на габаритниот отпад и да ги покрие објективните трошоци за направената услуга по утоварот на габаритниот отпад. Член 17 Отпадот се донесува на местата за собирање и селектирање, определени според шемите за собирање и за транспортирање согласно член 47 од Законот за управување со отпадот. Член 18 Местата определени за системот за донесување треба да ги исполнуваат условите определени со Правилникот за начинот и условите за складирање на отпадот, како и условите што треба да ги исполнуваат локациите на коишто се врши складирање на отпад. Член 19 (1) Садовите треба да бидат поставени така што патниот сообраќај да не се нарушува повеќе од потребното и дозволеното. (2) Местото на кое што се поставени садовите не треба да биде подалеку од 15 метри од местото до кое што може да пристапи возилото за собирање на отпад. Поради избегнување на незгоди, трасата на транспортирање не смее да вклучува скали. (3) Доколку местото каде што се поставени садовите се подалеку од 15 метри, истите треба да бидат донесени на работ на улицата на денот на празнење од создавачите односно поседувачите на отпадот кои имаат обврска по нивното празнење да ги вратат на првобитните локации. Член 20 Во посебни случаи, кога возилото за собирање на отпад не може да пристапи до имотот или до местото каде што е поставен сад, општините и градот Скопје согласно член 43 од Законот за управување со отпад може да определат место на кое може да се стават садовите за да бидат испразнети, при што треба да се внимава на потребите и можностите на давателот на услугата. „Службен весник на РМ“ бр. 147 од 07.12.2007 година 5 од 5 Член 21 За садовите корисникот на услугата треба да обезбеди соодветно место на своето земјиште, запазувајќи ги насоките на давателот на услугата. Член 22 Големината на садот за комерцијалниот отпад на физичките и правните лица кои се занимаваат со производство, трговија и слични услуги, имајќи ги во предвид постојаните количини на отпад кои што ќе настануваат, се определува со договор меѓу давателот на услугата и корисникот. Член 23 Преку јавните службени гласила на општините и градот Скопје корисниците на услугите се известуваат за системите за собирање на отпадот, распоредот и местата за собирање на отпадот по системот на донесување, за работното време и местата на прифаќање на растителен отпад кој може да се компостира, како и за габаритен отпад. Член 24 (1)При кратки прекини или ограничувања кои се појавуваат како резултат на пречки кај давателот на услугата (штрајкови или виша сила) корисникот нема право на поврат на такса или надомест на штета. (2)Доколку прекинот или ограничувањето трае подолго од две седмици, по барање на корисникот може делумно да биде ослободен од плаќање на таксата или плаќање на надоместокот за извршената услуга. (3)Создавачите односно поседувачите на отпад заради утврдување на надоместокот за собирање на отпадот на давателот на услугата треба да му ги достават сите потребни информации. Член 25 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 01.06.2008 година. Бр.07-6859/1 Министер 29 ноември 2007 година за животна средина Скопје и просторно планирање, Џелил Бајрами, с.р