Regulation on form and content of the application form for the approval of institutions for seed production and queen bee breeding
Made 2016-04-07 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за одобрување на институција за производство на семе и одгледуваште на пчелни матици.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- animal production, animal reproduction, authorization/permit, genetic resources, institution, procedural matters, apiculture/sericulture, governance
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 43 став 5 од Законот за сточарството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 116/10, 25/15, 149/15 и 59/16) министерот за земјоделство, шумарство и водостопнаство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ИНСТИТУЦИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СЕМЕ И ОДГЛЕДУВАЛИШТЕ НА ПЧЕЛНИ МАТИЦИ Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на образецот на барањето за одобрување на институција за производство на семе и одгледувалиште на пчелни матици. Член 2 Барањето за одобрување на институција за производство на семе и одгледувалиште на пчелни матици се поднесува на образец, на хартија во бела боја во А-4 формат. Образецот на барањето од ставот 1 на овој член содржи: назив на органот до кој се поднесува барањето, назив на барањето, назив на институцијата/одгледувалиштето- подносител на барањето, адреса и седиште на институцијата/одгледувалиштето- подносител на барањето, ЕМБС на институцијата/одгледувалиштето, презиме и име на одговорното лице во институцијата/одгледувалиштето, контакт телефон, датум и место на поднесување на барањето, име, презиме и потпис на подносителот на барањето и место за печат. Формата и содржината на образецот на барањето од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува со отпочнувањето на примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за сточарството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/16). Бр.14-2912/4 Министер за земјоделство, 7 април 2016 година шумарство и водостопанство, Скопје м-р Михаил Цветков, ср Прилог До Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство БАРАЊЕ за одобрување на институција за производство на семе и одгледувалиште на пчелни матици од (назив на институцијата/одгледувалиштето-подносител на барањето) (адреса и седиште на институцијата/одгледувапиштето-подносител на барањето) со (ЕМБС на институцијата) (име и презиме на одговорното лице во институцијата/одгледувалиштето) (контакт тепефон) Датум и место Поднесител на барањето МП.