Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on environmental protection measures to be taken by manufacturers, owners and operators of exploited vehicles, their components and materials, objectives and deadlines for their achievement and the manner and conditions of storage, form and content of the certificate for taking over the vehicle for destruction, the form and content of the notification form as well as the manner of keeping records

Made 2009-08-04 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за мерките за заштита на животната средина кои мораат да ги преземат производителите, сопствениците и субјектите кои постапуваат со искористени возила, нивните компоненти и материјали, целите и роковите за нивно постигнување и начинот и условите за складирање, формата и содржината на потврдата за преземање на возилото за уништување, формата и содржината на образецот за известување како и начинот на водење на евиденцијата.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Waste and hazardous substances
Keywords
certification, data collection/reporting, protection of environment, recycling/reuse, solid waste, waste disposal, waste management, waste non-domestic sources, waste prevention

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 1 од 15 20091082018 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 72 став 9 од Законот за управување со отпадот (“Службен весник на Република Македонија” бр.68/04, 107/07, 102/08 и 143/08), министерот за животна средина и просторно планирање донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА КОИ МОРААТ ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ, СОПСТВЕНИЦИТЕ И СУБЈЕКТИТЕ КОИ ПОСТАПУВААТ СО ИСКОРИСТЕНИТЕ ВОЗИЛА, НИВНИТЕ КОМПОНЕНТИ И МАТЕРИЈАЛИ, ЦЕЛИТЕ И РОКОВИТЕ ЗА НИВНО ПОСТИГНУВАЊЕ И НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА СКЛАДИРАЊЕ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПОТВРДАТА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ВОЗИЛОТО ЗА УНИШТУВАЊЕ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ КАКО И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈАТА Член 1 Со овој правилник се пропишуваат мерките за заштита на животната средина кои мораат да ги преземат производителите, сопствениците и субјектите кои постапуваат со искористените возила, нивните компоненти и материјали, целите и роковите за нивно постигнување и начинот и условите за складирање, формата и содржината на потврдата за преземање на возилото за уништување, формата и содржината на образецот за известување како и начинот на водење на евиденцијата. Член 2 Цели на овој правилник се: спречување создавање на отпад од искористени возила со можност за негова повторна употреба, рециклирање и други преработки на искористените возила и нивните компоненти и материјали за да се намали отстранувањето на отпад и заштитување и унапредување животната средина од страна на сите економски оператори кои се вклучени во животниот циклус на возилата, а посебно оние кои се непосредно вклучени во постапувањето со искористените возила. Член 3 Одделни изрази употребени од овој правилник го имаат следното значење: 1. Возило е секое моторно возило предвидено во член 4 од овој правилник со исклучок на моторните трицикли; 2. Искористено возило е моторно возило чијашто употребна функција престанала и кое сопственикот го отфрлил, има намера да го отфрли или од него се бара да го отфрли. Моторно возило, кое не е во сообраќај, во согласност со прописите со кои се уредува безбедноста на патниот сообраќај, не се смета за искористено возило; 3. Произведувач е секое правно и физичко лице кое произведува или увезува возила во Република Македонија; 4. Поседувач е правно или физичко лице кое има искористено возило во свое владение, односно постојано или повремено создава отпад од составните делови на моторните возила, како резултат на дејноста или активноста што ја врши, односно од сопственото работење или вршењето на услуги за други; Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 2 од 15 5. Спречување е преземање мерки заради намалување на количината и штетното влијание од искористените возила врз животната средина, како и нивните материјали и компоненти; 6. Собирен пункт е место уредено за собирање и времено складирање на искористените возила и нивните материјали и компоненти, определено од општините, односно Градот Скопје; 7. Центар за третман е место каде се врши селектирање, складирање и третман на отпадот, определен од општините, односно Градот Скопје; 8. Преработка е било која применлива операција за расклопените искористени возила и нивните материјали и компоненти, предвидена во членот 29 од Законот за управување со отпадот; 9. Третман на искористени возила е било која активност во центарот за третман, со која од искористеното возило најпрво се издвојуваат материјалите и компонентите кои содржат опасни супстанции, потоа се расклопува возилото на компоненти, се врши нивно дробење, преработка или отстранување. Третман се смета и пресување или сечење на одделни компоненти поради полесен транспорт во местата за дробење, преработка или отстранување; 10. Повторна употреба е било која операција преку која компонентите на искористените возила се употребуваат за истата намена и цел за која биле предвидени; 11. Рециклирање е преработка на отпадните материјали од возилата, во рамки на производствениот процес, за првичната намена или за други намени, со исклучок на создавање на енергија преку согорување; 12. Отстранување е било која применлива операција за отпадот од расклопените искористени возила и нивните компоненти и материјали, предвидена во членот 35 од Законот за управување со отпадот; 13. Економски оператори се произведувачи, дистрибутери и друштва за осигурување на возила, како и правни и физички лица кои вршат собирање, расклопување, сечење, дробење, преработка, рециклирање и друг вид на постапување со искористените возила и нивните материјали и компоненти; 14. Дробилка е било која постројка што се употребува за распарчување или дробење на искористените возила, со цел добивање отпад погоден за натамошна употреба, вклучувајќи ги и металните парчиња; 15. Информации за расклопување се сите информации за правилен третман на искористените возила и нивните материјали и компоненти, и во согласност со прописите за заштита на животната средина, кои се ставаат на располагање на правните и физичките лица кои поседуваат дозвола за вршење на соодветната дејност согласно прописите за управување со отпад, од страна на произведувачите, во форма на прирачници или референтни податоци на електронски медиуми (CD-ROM, on-line); 16. Возило со музејска вредност се одделни возила постари од 35 години на кои таков статус им e утврден согласно Законот за возила и истото не се смета за искористено возило. Член 4 (1) Одредбите од овој правилник се применуваат на искористени возила: за превоз на патници со најмногу осум седишта покрај седиштето на возачот (категорија М1) за превоз на стока со најголема маса до 3,5 тона (категорија N1) и Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 3 од 15 возила со три тркала, кои се распоредени симетрично во однос на надолжната оска, чија најголема маса не надминува 1000 kg и кај кои зафатнината на моторот надминува 50 cm3 или конструктивно утврдената брзина надминува 50 km/h (категорија L5). (2) Одредбите од овој правилник се применуваат и за неупотребливи или фрлени компоненти од возила од став (1) на овој член, кои настануваат при одржување и поправка на моторните возила, освен за тие чие постапување е уредено со прописите за постапување со батерии и акумулатори, отпадни масла и други компоненти кои содржат опасни супстанции. (3) За возилата од став (1) алинеја (3) на овој член не се применуваат одредбите од член 7 и 8 на овој правилник. (4) За возилата од став (1) на овој член, кои согласно Правилникот за пуштање на пазар и ставање во употреба на возила, приклучни возила, опрема и делови кои можат да се вградат и/или да се користат на нив претставуваат возила за посебни намени, не се применуваат одредбите од член 7 од овој правилник. Член 5 Мерките за заштита на животната средина кои треба да ги преземат производителите, сопствениците и субјектите кои постапуваат со искористените возила, нивните компоненти и материјали се следните: 1. За собирен пункт: 1.1 треба да има непропустлива подна облога; 2. За центар за третман: 2.1 Местата за складирање треба да имаат: 2.1.1 Непропустлива подна подлога со обезбедени средства и опрема за собирање на евентуални истекувања, апарати за филтрирање, како и пречистувачи и апарати за одмастување на водата; 2.1.2 Опрема за постапување, односно прочистување на водата, вклучувајќи ја и атмосферската отпадна вода, во согласност со прописите за емисии на супстанци од областа на заштита на водите, здравствена заштита и заштитата на животната средина. 2.1.3 Простор за прием и простор каде што се врши подготовка за превоз во центарот за третман. 2.1.4 Закачен натпис со минимална големина од 90 х 60 cm, на видно место на влезот, на кој е наведено фирма/назив и седиште на правното, односно физичкото лице како и работното време. 2.1.5 Работниот дневник во кој се евидентираат и чуваат податоци на ново примени и предадени искористени возила. 2.1.6 Податоци за издадени потврди за преземање на искористено возило за уништување 2.2 Местата за третман треба да имаат: 2.2.1 Непропустливи подни површини на соодветните локации, со обезбедени средства за собирање на евентуални истекувања, апарати за филтрирање, како и прочистувани и апарати за одмастување на водата; 2.2.2 Соодветни локации и капацитети за чување на демонтираните делови, вклучувајќи и непропустлив простор за чување на деловите контаминирани со масло; 2.2.3 Соодветни контејнери за чување акумулатори, филтри и ПХБ со кондензатори, како и капацитети за киселинска неутрализација, доколку киселините се отстрануваат исфрлаат на самата локација; Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 4 од 15 2.2.4 Соодветни резервоари за одвоено чување на различните течности од искористените моторни возила, како што се горивата, моторните масла, масла за менувачи, трансмисиони масла, хидраулични масла, течности за ладење, антифриз, течности од кочниците, акумулаторски киселини, течности од клима уредите и сите други течности, кои можат да се најдат во искористените моторни возила; 2.2.5 Опрема за третман, односно прочистување на вода, вклучувајќи ја и атмосферска отпадна вода, во согласност со здравствените прописи и прописите за заштита на животната средина и 2.2.6 Соодветен простор за чување на отстранетите гуми, за да се спречи евентуалната опасност од пожар, како резултат на преголемите резерви. 2.3 Постапки на постапување и преработка за потребите на трајно уништување или отфрлање на искористените моторни возила: 2.3.1 Отстранување на акумулаторите и резервоарите за течен гас; 2.3.2 Отстранување или неутрализација на потенцијалните експлозивни компоненти, вклучувајќи ги и воздушните перничиња; 2.3.3 Отстранување и одвоено собирање и чување на горивата, моторните масла, масла за менувачи и трансмисиони масла, хидраулични масла, течности за ладење, антифриз, течности од кочниците, акумулаторски киселини, течности од клима уредите и сите други течности, кои можат да се најдат во искористените моторни возила, освен доколку тие не се потребни за повторната употреба на соодветните делови; 2.3.4 Отстранување, до степен до кој тоа е можно и технички остварливо, на сите идентификувани компоненти, кои содржат жива; 2.3.5 Постапки на постапување и преработка, за овозможување и поттикнување за потребите на рециклирањето: 2.3.6 Одвојување на катализаторите; 2.3.7 Одвојување на металните компоненти, кои содржат бакар, алуминиум и магнезиум, доколку овие метали не се веќе одвоени во процесот на сечење/дробење; 2.3.8 Отстранување на гумите и големите пластични компоненти (браници, шалттабли, садови за течности итн.) доколку овие материјали не се веќе одвоени во процесот на сечење /дробење, така што би можеле ефикасно да се рециклираат како материјали; 2.3.9 Отстранување на стакло. 2.3.10 Активностите на складирање и чување, треба да се спроведуваат на начин, на кој ќе се избегнат било какви оштетувања на резервоарите за течности или компонентите, кои би можеле да бидат извадени и искористени како резервни делови. 2.3.11 Обработени и расклопени искористени возила, во погонот за третман може да се пресуваат поради превоз. Искористените возила, поради намалување на зафатнината, смеат да се пресуваат само на за тоа предвидени површини за пресување или во за тоа наменети направи, како што е преса за пакети и ножици за сечење на отпадно железо; 2.3.12 Закачен натпис со минимална големина од 90 х 60 cm, на видно место на влезот, на кој е наведено фирма/назив и седиште на правното, односно физичкото лице како и работното време. 2.3.13 Работниот дневник во кој се евидентираат и чуваат податоци на ново примени и предадени искористени возила и 2.3.14 Податоци за издадени Потврди за преземање на искористено возило за уништување. Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 5 од 15 Член 6 Правното и физичкото лице што поседува дозвола за вршење на соодветната дејност согласно прописите за управување со отпад за вршење на дејноста треба да обезбеди систем за собирање на сите искористени возила, а колку што е тоа технички изводливо и за отстранетите или искористени компоненти при поправка на возилата, како и соодветен капацитет за нивно собирање. Член 7 За искористените возила, економските оператори треба да вршат собирање, преработка или повторна употреба согласно Националниот план за управување со отпад (2009-2015) на Република Македонија. Член 8 (1) Произведувачите, во согласност со производителите на материјали и опрема, треба да користат стандарди за кодирање на материјали и компоненти, со цел да се олесни идентификувањето на оние материјали и компоненти, кои можат повторно да се употребат и преработат. (2) Произведувачите обезбедуваат информации за расклопување за секој тип на возило кое е пуштено на пазар во рок од шест месеци од неговото пуштање на пазарот. Со овие информации се одредуваат различни материјали и компоненти на возилото, местоположбата на сите опасни материи во возилата, согласно член 49 од Законот за управување со отпадот. (3) Произведувачите им даваат на центрите за третман, на нивно барање, соодветни информации за расклопување, складирање и испитување на компонентите, кои може повторно да се употребат. Член 9 Означувањето и идентификацијата на пластични составни делови и материјали во возилото, со маса поголема од 100 грама се врши во согласност со следните стандарди: – ISO 1043-1 Пластика – симболи и кратенки Дел 1: Основни полимери и нивни посебни карактеристики. – ISO 1043-2 Пластика – симболи и кратенки Дел 2: Филтри и појачувачи. – ISO 11469 Пластика – Препознавање спрема видот на полимер и означување на производот. Означувањето и идентификацијата на делови од еластомери и материјала во возилата, кои се со маса поголема од 200 грама е во согласност со следните стандарди: – ISO 1629 Гуми и латекси – Номенклатура. Ова не се применува за автомобилски гуми. Симболите »<« или »>« користени во ISO стандардите, може да бидат заменети со загради. Член 10 (1) Правните и физичките лица, кои добиле дозвола за вршење на соодветната дејност согласно прописите за управување со отпадот, треба на надлежниот орган за вршење стручни работи од областа на животна средина најдоцна до 31 март во тековната година да му достават извештај за постапувањето со искористените возила за претходната календарска година. (2) Извештајот од став 1 на овој член ги содржи следните податоци: фирма/назив и седиште на правното, односно физичкото лице кое поседува дозвола за вршење на соодветната дејност согласно прописите за управување со отпад Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 6 од 15 адреса на собирниот пункт односно на центарот за третман за кој правното, односно физичкото лице добило дозвола за вршење на соодветната дејност број и маса на превземени искористени возила во целост во претходната година одвоено по собирни пунктови број и маса на искористени возила кои не се превземени во целост како и на компонентите превземени во центарот за третман во претходната година масата на компонентите од искористените возила, кои биле повторно употребени, масата на материјалите и компонентите од искористените возила, кои биле рециклирани, масата на материјалите и компонентите од искористените возила, кои биле на друг начин преработени, и масата на остатоците од третман на компонентите од искористени возила, кои биле отстранети. (3) Правното и физичкото лице, податоците од став (2) на овој член, ги доставува на образец чија форма и содржина е дадена во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. (4) Произведувачите треба на надлежниот орган за вршење стручни работи од областа на животна средина најдоцна до 31 март во тековната година да му достават извештај за бројот на произведени, односно возила увезени и пуштени во промет во претходната календарска година. (5) Произведувачите, податоците од став (4) на овој член, ги доставува на образец чија форма и содржина се дадени во Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник. Член 11 (1) Сопственикот, искористеното возило треба целосно да го предаде на собирниот пункт или на центарот за третман. (2) Предавањето на искористеното возило во собирниот пункт или во центарот за третман треба да се врши без никаков надоместок за последниот сопственик на возилото, односно поседувачот, без разлика дали возилото има или нема пазарна вредност. (3) Собирниот пункт и центарот за третман треба да ги исполнуваат минималните технички услови утврдени во член 5 од овој правилник. (4) Се смета дека искористеното возило е целосно предадено на собирниот пункт, односно на центарот за третман, ако од него не се отстранети компонентите без кои возилото од ист тип не би можело да се пријави во сообраќај, во согласност со прописите со кои се уредува безбедноста на патниот сообраќај, освен оние компоненти кои при употреба на возилото заради дотраеност често се заменуваат, како што се бришачи на ветробранско стакло и слично, а што не важи за тркалата на возилото и за автомобилските гуми. (5) На собирниот пункт, односно на центарот за третман може да се предаде искористено возило и ако не ги исполнува условите од став (4) на овој член, ако истото може да се превезува со товарно возило кое е наменето за превоз на возила. (6) За предавање на искористено возило кое не ги содржи основните компоненти, посебно моторот и каросеријата, или пак возилото содржи отпад кој бил додаден во него, сопственикот, односно поседувачот на таквото возило треба да плати надоместок во висина на направените објективни трошоци за нивно отстранување. (7) На собирниот пункт не треба да се врши: расклопување на искористените возила или друг вид на третман, како и издвојување на материјали и компоненти од возилата; собирање друг вид на отпад кој не произлегува од искористените возила. (8) Сопственикот треба, искористеното возило, кое не може да го предаде на собирниот пункт, да го предаде во центарот за третман; Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 7 од 15 (9) Искористените компоненти од моторните возила не треба да се мешаат со комуналниот отпад; (10) Сопственикот на искористеното возило треба од правното или физичкото лице кое управува со центарот за третман, да добие потврда за преземање на искористено возило за уништување (во понатамошниот текст потврда), со која се гарантира дека возилото е преземено. Потврдата се изработува од бела хартија во А-4 формат, а нејзината содржината е дадена во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник; (11) Центарот за третман од став (8) на овој член потврдата треба да ја достави до надлежниот орган за регистрација на возила и до Министерството за животна средина и просторно планирање. Член 12 (1) Со потврдата од член 11 став (10) од овој правилник, на сопственикот му се потврдува дека возилото е преземено за да му се изврши третман во согласност со прописите за постапување со отпад. (2) Со предавање на возилото во центарот за третман, на сопственикот на искористеното возило му се даваат два примерока од потврдата. Сопственикот задржува еден примерок од потврдата, а вториот примерок заедно со регистарските таблици го предава на надлежниот орган за регистрација. Член 13 Само материјалите и компонентите на возилата кои содржат, олово, жива, шестовалентен хром и кадмиум, дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник, можат да се пуштаат на пазар. Член 14 Правните и физичките лица кои вршат собирање, расклопување, сечење, дробење, преработка, рециклирање и друг вид на постапување со искористените возила и нивните материјали и компоненти треба да имаат дозвола за вршење на соодветната дејност согласно член 32 од Законот за управување со отпадот. Член 15 (1) Третманот и преработката на искористени возила треба да се врши во центарот за третман, во согласност со дозволата за вршење на соодветната дејност согласно прописите за управување со отпад. (2) Третманот и преработката на компонентите на искористените возила, кои се добиени по расклопување на возилата се пресуваат и/или сечат; или пресувани или сечени се распоредуваат за нивно предавање за рециклирање, дробење или непосредно за преработка или за отстранување. (3) Во дозволата за вршење на соодветната дејност, согласно член 32 од Законот за управување со отпадот, се утврдува начинот на преработка на искористените возила, сортирањето на компонентите, издвојување на материјалите и компонентите или материите кои содржат опасни материи и начинот на предавање на компонентите за преработка или отстранување како и мерките за заштита на животната средина при третман на искористените возила. Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 8 од 15 Член 16 Одредбите на членовите 12, 13 и 14 од овој Правилник ќе се применуваат од 1 јануари 2013 година. Член 17 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 1 јануари 2011 година. Број 07-6319/2 Министер за животна 4 август 2009 година средина и просторно планирање, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р. Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 9 од 15 Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 10 од 15 Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 11 од 15 Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 12 од 15 Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 13 од 15 Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 14 од 15 Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 15 од 15

Regulation on environmental protection measures to be taken by manufacturers, owners and operators of exploited vehicles, their components and materials, objectives and deadlines for their achievement and the manner and conditions of storage, form and content of the certificate for taking over the vehicle for destruction, the form and content of the notification form as well as the manner of keeping records · Nelum