Regulation on detailed requirements regarding the professional training and basic knowledge of food safety, programs for acquiring basic knowledge of food safety requirements to be met by legal and individuals who carry out training on basic knowledge of food safety in accordance with the rules of good hygiene practices, environmental protection, the method of checking the knowledge and issuing certificates for acquired basic knowledge on food safety
Made 2012-12-25 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за поблиските барања по однос на стручната подготовка и основните знаења за безбедност на храната, програма за стекнување на основните знаења за безбедност на храната, условите кои треба да ги исполнат правните и физичките лица кои спроведуваат обуки за основните знаења за безбедност на храната, во согласност со правилата за добра хигиенска пракса, заштита на животната средина, начинот на проверката на знаењата и издавањето потврди за стекнати основни знаења за безбедност на храната.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Food and nutrition
- Keywords
- food safety and quality, legal proceedings/administrative proceedings, hygiene/sanitary procedures, education, good practices
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 5 од 10.1.2013 година 1 од 7 20130050219 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 83 став (4) и став (5) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр.157/10, 53/11 и 1/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ БАРАЊА ПО ОДНОС НА СТРУЧНАТА ПОДГОТОВКА И ОСНОВНИТЕ ЗНАЕЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА, ПРОГРАМА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ЗНАЕЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА, УСЛОВИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНАТ ПРАВНИТЕ И ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА КОИ СПРОВЕДУВААТ ОБУКИ ЗА ОСНОВНИТЕ ЗНАЕЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА, ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРАВИЛАТА ЗА ДОБРА ХИГИЕНСКА ПРАКСА, ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, НАЧИНОТ НА ПРОВЕРКАТА НА ЗНАЕЊАТА И ИЗДАВАЊЕТО ПОТВРДИ ЗА СТЕКНАТИ ОСНОВНИ ЗНАЕЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА I. Општи одредби Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат поблиските барања по однос на стручната подготовка и основните знаења за безбедност на храната, програма за стекнување на основните знаења за безбедност на храната, условите кои треба да ги исполнат правните и физичките лица кои спроведуваат обуки за основните знаења за безбедност на храната, во согласност со правилата за добра хигиенска пракса, заштита на животната средина, начинот на проверката на знаењата и издавањето потврди за стекнати основни знаења за безбедност на храната. II. Стручна подготовка, Програма за стекнување на основни знаења за безбедност на храна и начин на спроведување на обука Член 2 Стручна подготовка (1) Операторот со храна треба да обезбеди соодветна стручна подготовка и основни знаења за безбедност на храната, на лицата вработени во бизнисот со храна преку обука организирана од страна на овластени правни лица. (2) Исклучок од став (1) на овој член се лица со: а) завршено високо образование, и тоа: Факултет за медицина; Факултет за ветеринарна медицина; Технолошко-металуршки – технологија на храна; Природно-математички факултет – биологија или хемија и Земјоделски науки и храна. б) завршено средно образование, и тоа: средно ветеринарно училиште; средно медицинско училиште; Службен весник на РМ, бр. 5 од 10.1.2013 година 2 од 7 средно стручно образование-прехранбен смер и средно угостителско училиште. Член 3 Програма за стекнување на основни знаења (1) Стручната подготовка на лицата вработени во бизнисот со храна се спроведува согласно Програмата за стекнување на основни знаења за безбедност на храната (во натамошниот текст: Програма). (2) Програмата од став (1) е дадена во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Начин за спроведување на обука (1) Овластените правни лица од член 6 на овој правилник спроведуваат обука за основни знаења за безбедност на храната, правила за добра хигиенска пракса и заштита на животната средина (во понатамошниот текст: обука) согласно Програмата од член 3 на овој правилник која може да биде различнa по содржина, во зависност од областа и работното место на кандидатот. (2) Обуката ќе се спроведува преку тематска настава од вкупно 15 школски часа настава која ги содржи областите наведени во Програмата. (3) Обуката се изведува преку настава согласно темите дадени во Програмата. (4) Со обуката треба да бидат опфатени и практични примери а по можност дел од обуката се изведува со посета на објекти за производство, складирање и дистибуција на храна. (5) По завршувањето на обуката се врши проверка на стекнатите знаења, за самостојно вршење на работите, за кои се обучувал за време на обуката. (6) Проверката на оспособеноста се врши преку испит кој кандидатите го полагаат пред комисијата од член 7 на овој правилник. Член 5 Групи на кандидати (1) Групите на кандидати треба да бидат организирани во зависност од интересот за основните знаења за безбедност на храната, добрата хигиенска пракса и заштита на животната средина, согласно со специфичните работни места на кандидатите. (2) Групата треба да биде составена од најмногу 20 кандидати за обука. Член 6 Услови за правни лица за спроведување на обука (1) Правните лица кои ги спроведуваат обуките од член 4 на овој правилник може да бидат: акредитирана научно-образовна институција од областа на медицински и биотехнички науки; јавна здравствена установа од превентивната здравствена заштита или регистрирана консултантска куќа. (2) Правните лица од став (1) на овој член треба да имаат предавачи во работен однос во институцијата или ангажирани надворешни консултанти за одредена област и соодветните теми на обуката за кои имаат соодветно образование, искуство и знаење и се: Службен весник на РМ, бр. 5 од 10.1.2013 година 3 од 7 доктори на медицина; специјалисти од превентивна медицина; доктори по ветеринарна медицина и технолози-прехранбен смер. (3) Предавачите се определуваат согласно составот на групата кандидати во зависност од областа и работното место на кандидатите кои се пријавуваат за обука. (4) За една група кандидати треба да бидат ангажирани најмалку тројца предавачи од различни области. (5) Доколку теоретскиот дел на обуката се спроведува во просториите на овластеното правно лице, истите треба да поседуваат училница која исполнува стандарди за вршење на настава со соодветна опрема за настава. Просторијата која се користи за училница треба да е доволно голема за да обезбеди непречено следење на наставата од страна на најмногу 20 кандидати. Член 7 Комисија за полагање на испит (1) Полагањето на испит за утврдување на оспособеноста на кандидатите се врши пред Комисија за полагање на испит (во натамошниот текст: Комисијата). (2) Комисијата е составена од претседател и двајца членови и нивни заменици, истите се од редот на овластеното правно лице кое ја спроведува обуката од кои претседателот и неговиот заменик не треба да бидат од редот на предавачи кои ја држале наставата. Член 8 Полагање на испит (1) Испитот за стекнати знаења се спроведува по завршувањето на обуката. (2) Со работата на Комисијата раководи претседателот на Комисијата. Во случај на негова спреченост или отсуство, со работата на Комисијата раководи неговиот заменик. (3) Комисијата, се грижи за правилно, непристрасно и објективно спроведување на испитот. (4) На почетокот на спроведувањето на испитот, Комисијата го утврдува бројот на присутните кандидати и нивниот идентитет (врз основа на документ за лична идентификација). (5) Испитот се полага во просториите каде се спроведувала наставата. Комисијата, на секој од кандидатите, му врачува тест за полагање на испит кој се состои од прашања со повеќе одговори од кои се заокружува само точниот одговор. После одговарањето на тестот, Комисијата ги собира тестовите. (6) Времетраењето за полагање на испитот изнесува 60 минути. (7) За време на полагањето на испитот не е дозволено договарање меѓу кандидатите, ниту напуштање на просторијата во која се изведува полагањето. (8) Доколку Комисијата констатира едно од наведените дејствија од ставот (7) на овој член, може да го отстрани кандидатот од полагањето на испитот. Во тој случај се смета дека кандидатот не го положил испитот. (9) Ако кандидатот заради болест или друга објективна причина, е спречен да го полага испитот во закажаниот термин, истиот може да го полага со следната група на кандидати. (10) Кандидатот што посетувал настава, а не го положил испитот може да го полага испитот на закажан термин од страна на Комисијата без обврска повторно да посетува настава. Службен весник на РМ, бр. 5 од 10.1.2013 година 4 од 7 Член 9 Оценување (1) Доколку кандидатот, кој е уредно известен, не се појави на испитот или се откаже во текот на полагање на испитот, се смета дека не го положил истиот. (2) Испитот се смета за положен, доколку кандидатот одговорил на минимум 60% од максималниот број на прашања. (3) Успехот на кандидатот Комисијата го утврдува описно, со оценката „положил" или „не положил". Член 10 Записник за полагањето (1) За спроведениот испит, Комисијата изготвува записник и во рок од три дена го известува кандидатот за резултатите од полагањето. (2) Записникот од став (1) содржи: состав на Комисијата, датум на полагање на испитот и резултати од испитот. (3) Записникот го потпишуваат претседателот и членовите на Комисијата. Член 11 Потврда за стекнати основни знаења (1) На кандидатот кој успешно го положил испитот, овластеното правното лице му издава Потврда за стекнати основни знаења за безбедност на храната. (2) Потврдата од став (1) на овој член се издава на образец во А4 формат и содржи: лого на овластеното на правното лице; архивски број, датум и место на издавање, основ за издавање; во средишниот дел називот на потврдата; име и презиме на кандидатот; ЕМБГ на кандидатот; датум на полагање на испитот; резултат од испитот; потпис на одговорно лице во овластеното правното лице; потпис на претседателот на Комисијата и место за печат. (3) Образецот на потврдата од став (2) е даден во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. III. Завршни одредби Член 12 Престанок на важење Со влегувањето во сила на овој правилник престануваат да важат Правилникот за начинот на проверка на знаењата и издавањето на потврди за стекнати основни знаења за хигиена на храната и заштита на животната средина („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 118/05) и Програмата за стекнување на основни знаења за хигиена на храната и заштита на животната средина („Службен Весник на Република Македонија“ бр.119/05). Службен весник на РМ, бр. 5 од 10.1.2013 година 5 од 7 Член 13 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен Весник на Република Македонија“. Бр. 02-5161/3 25 декември 2012 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 5 од 10.1.2013 година 6 од 7 Службен весник на РМ, бр. 5 од 10.1.2013 година 7 од 7