Regulation on detailed content and manner of preparation of the National Plan for ambient air protection
Made 2009-07-22 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на Националниот план за заштита на амбиентниот воздух.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Air and atmosphere
- Keywords
- air quality/air pollution, hazards, policy/planning, pollution control, protection of environment, monitoring
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 1 од 3 20091082019 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 25 став 2 од Законот за квалитет на амбиентен воздух (“Службен весник на Република Македонија” број 67/04 и 92/07), министерот за животна средина и просторно планирање во согласност со министерот за здравство и министерот за економија донесе ПРАВИЛНИК ЗА ДЕТАЛНАТА СОДРЖИНА И НАЧИНОТ НА ПОДГОТВУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАН ЗА ЗАШТИТА НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ Член 1 Со овој правилник се пропишува деталната содржина и начинот на подготвување на Националниот план за заштита на амбиентниот воздух. Член 2 (1) Националниот план за заштита на амбиентниот воздух (во натамошниот текст Национален план) содржи: 1) Податоци за состојбата на квалитет на воздухот и тоа: генерален опис на квалитетот на животната средина во однос на историските податоци за емисиите и квалитетот на амбиентниот воздух; приказ на моменталната состојба на квалитетот на животната средина даденa во однос на емисиите и квалитетот на амбиентниот воздух; идентификување на изворите на загадување и нивните емисии во воздухот на загадувачки супстанции, согласно инвентарот за нивото на емисии на загадувачки супстанции во атмосферата во Република Македонија; анализа на влијанието врз квалитетот на амбиентниот воздух на различните извори на загадување и на емисиите на загадувачките супстанции; приказ на историските и моменталните метеоролошки услови и географските фактори кои што можат да имаат влијание врз квалитетот на амбиентниот воздух, во краткo временски и долговременски епизоди; приказ, aнализа и сценарио на социо-економските показатели во државата со осврт на нивното влијание врз квалитетот на амбиентниот воздух, и приказ и aнализа на енергетскиот сектор, употрба на горива, индустријата, производство и сите останати сектори по дејности во државата со осврт на нивното влијание врз квалитетот на амбиентниот воздух. 2) Предвидувања за можниот развој на идната состојба со квалитетот на амбиентниот воздух во кои влегуваат: сценарија, предвидувања и симулација за очекуваните концентрации, вклучувајќи го и влијанието на позадинските концентрации на загадувачките супстанции, и сценарија за идните емисии од изворите на загадување, и предвидување и симулација за проценка на идните метеоролошки услови и географски фактори кои можат да имаат влијание врз квалитетот на амбиентниот воздух, во краткo-временски и долго-временски епизоди. 3) Мерки за заштита и подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух со: опис на мерките предвидени за заштита, одржување и подобрување на квалитетот на амбеиентиот воздух; Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 2 од 3 опис на мерките за намалување на емисиите на загадувачките супстанци во воздухот, за заштита од емисиите и за минимизирање и целосно остранување на негативните ефекти врз квалитетот на амбиентниот воздух, и опис на мерките за остварување на обврските на Република Македонија преземени со ратификувани меѓународни договори. (2) Националниот план треба да ги интегрира и обработи сите загадувачки супстанци кои имаат значаен удел и влијание во загадувањето на воздухот. (3) Националниот план треба да содржи и мерки за редуцирање на загадувањето, одговорни органи и институции, временски рамки, област во која се применуваат мерките, трошоците, очекуваното редуцирање на загадувањето и индикатори за евалуација на спроведувањето на мерките од став (1) точка 3 од овој член. Член 3 Мерките за заштита и подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух од член 2 став (1) точка 3 од овој правилник треба да се однесуваат на: 1) упoтреба на обновливи извори на енергија (биодизел, сончева енергија, ветер, термална енергија и др.); 2) зголемување на енергетската ефикасност; 3) реализација на енергетскиот развој; 4) потикнување на политики за индустриски развој; 5) следење на индустриското производство и технолошкиот развој и употреба на Најдобри Достапни Техники; 6) користење на суровини со дефиниран и константен квалитет, кои во рамките на гранични вредности на загадувачките супстанции го загадуваат воздухот; 7) користење на горива кои имаат содржина на загадувачки супстанци во согласност со Правилникот за квалитет на течни горива; 8) користење на исправни транспортни средства, како и развој и унапредување на патниот и железничкиот сообраќај; 9) одржливо управување со отпадот на целата територија на Република Македонија; 10) обезбедување на контролирано согорување (инсинерација) без или со повторно искористување на енергијата; 11) реализација на плански документи за спасување и заштита од несреќи, планови за заштита од поплави, пожари, земјотреси и други природни појави и катастрофи на целата територија на Република Македонија, и 12) континуиран мониторинг на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух на целата територија на Република Македонија. Член 4 (1) Националниот план се подготвува преку собирање и презентирање на следните информации и податоци: 1) Лоцирање на прекумерното загадување регион; град (мапа); мерна станица (мапа, географски координати); 2) Општа информација: вид на зона (град, индустриска или рурална област); проценка на загадената област (km2) и број на населението изложено на загадувањето; климатски податоци; топографски податоци, и информации за видот на целите потребни за безбедност на зоната. Службен весник на РМ, бр. 108 од 31.08.2009 година 3 од 3 3) Одговорни компетентни тела: имиња и адреси на лицата одговорни за развојот и имплементацијата на плановите за подобрување. 4) Природа на загадувањето и проценка: следени концентрации во текот на претходните години (пред имплементацијата на мерките за подобрување); измерени концентрации од самиот почеток на проектот, и употребени техники за проценка. 5) Потекло на загадувањето: листа на главните извори на емисии одговорни за загадувањето (мапа); вкупно емисии од тие извори (тони/годишно), и информации за загадувањето што доаѓа од други подрачја. 6) Анализа на ситуацијата детални податоци за факторите кои се одговорни за надминувањата (транспорт, вклучувајќи и прекуграничен транспорт, формирање на секундарни загадувачки супстанции во атмосферата и сл.), и детални податоци за можните мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. 7) Деталните податоци на мерките или проектите за подобрување спроведени пред отпочнување на примена на граничните вредности или целните вредности: локални, регионални, национални и меѓународни мерки; набљудувани ефекти од овие мерки. 8) Етапи на усвоените мерки или проекти со осврт на намалувањето на загадувањето следејќи го отпочнувањето на примена на граничните и целните вредности: наведување и опис на сите мерки поставени во проектот; временска табела за имплементација; проценка на планираното подобрување на квалитетот на воздухот и проценка на очекуваното време потребно за да се исполнат целите. 9) Детални податоци на мерките или проектите планирани или испитувани за долг временски период, и 10) Листа на публикации, документи и други податоци користени за дополнување на потребните информации. (2) Националниот план се подготвува врз основа на оценките на состојбата на квалитетот на амбиентниот воздух во Република Македонија за последните пет години. (3) Националниот план се подготвува во соработка меѓу органите на државна управа кои се надлежни за работите од областа на животната средина, здравството и економијата. (4) При подготовката на Националниот план, учеството на јавноста и на заинтересираните страни се обезбедува на начин определен со Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден oд денот на објавувањето во „Службен весник Република Македонија“. Бр. 07-6319/1 Министер за животна средина 22 јули 2009 година и просторно планирање, Скопје Неџати Јакупи, с.р. Министер за економија, Министер за здравство, Фатмир Бесими, с.р. Бујар Османи, с.р.