Regulation on detailed conditions for support of rural development measures, acceptable costs and the amount of support for eligible costs for individual measures
Made 2011-05-12 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Agricultural and rural development
- Keywords
- rural employment, subsidy/incentive, agricultural development, rural development, labour
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 69 од 23.5.2011 година 1 од 11 20110691774 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 90 став (3)од законот за Земјоделство и рурален развој (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 49/10 и 53/11) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ПОБЛИСКИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ ЗА ПОДДРШКАТА ОД МЕРКИТЕ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ, ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ И ВИСИНАТА НА ПОДДРШКАТА ЗА ПРИФАТЛИВИТЕ ТРОШОЦИ ПО КОРИСНИК ЗА ПОЕДИНЕЧНА МЕРКА(∗) I ОПШТА ОДРЕДБА Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. II ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА ЗА РЕСТРУКТУИРАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ Член 2 За обновување на лозови насади потребно е: реконструкција на лозови насади постари од 20 години на постојните површини без нивно зголемување или замена на вински сорти од несоодветна сорта или хибрид со препорачана сорта согласно Правилникот за класификација на вински сорти грозје (Службен весник на Република Македонија бр. 6/07); лозовите насади да бидат во сопственост или под закуп на барателот и истите да бидат лоцирани во винските региони согласно Правилникот за означување на географските области погодни за производство на вина со географски назив (Службен весник на Република Македонија бр. 48/11); реконструкција на постоечкиот систем за наводнување за реновираните лозови насади преку заменување на постоечките неефикасни канали за дистрибуција на вода со нови штедливи технологии (каде инвестициите во системот за наводнување без замена за стар систем се сметаат како приватна инвестиција); доказ за право на користење на земјоделско земјиште под закуп за период од најмалку 10 години; вкупната инвестиција за опремата во приоритетниот сектор за реконструкција на повеке годишни лозови насади треба да е до 35% од вкупните инвестиции предвидени во проектот и барателот чиј проект се однесува на набавка на опрема за обработка на лозовите насади треба да биде наменета само за периодот на вегетација. Член 3 За обновување на овоштарници потребно е: (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Регулатива (ЕК ) бр.1698/2005 на Советот од 20 Септември 2005 за подршка на руралниот развој од страна на Европскиот фонд за земјоделство и рурален развој (EAFRD), CELEX бр. 32005R1698. Службен весник на РМ, бр. 69 од 23.5.2011 година 2 од 11 реконструкција на овоштарници постари од 20 години на постојните површини или замена на овошките од несоодветни сорти или хибриди според листата на сорти овошје со прифатливи за засадување; реконструкција на системот за наводнување кај обновени овоштарници преку заменување на постоечките неефикасни канали за дистрибуција на вода со нови штедливи технологии (каде инвестициите во системот за наводнување без замена за стар систем се сметаат како приватна инвестиција); доказ за право на користење на земјоделско земјиште под закуп за период од најмалку 10 години; вкупната инвестиција за опремата во приоритетниот сектор за реконструкција на овоштарници треба да е до 35% од вкупните инвестиции предвидени во проектот и барателот чиј проект се однесува на инвестиции само за набавка на опрема за обработка на овоштарниците треба да биде исклучиво наменета само за периодот на вегетација. Член 4 За изградба и реконструкција на фиксни оранжерии со исклучок на тунелски пластеници потребно е: изградба на нови или реконструкција на постоечки фиксни оранжерии од лесни метални конструкции од пластични панели или фолии со трајност на истите од најмалку пет години; реконструкција на постоечкиот систем за наводнување за фиксни оранжерии од лесна метална конструкција и пластичен панел или фолија преку заменување на постоечките неефикасни канали за дистрибуција на вода со нови штедливи технологии (каде инвестициите во систем за наводнување без замена за стар систем се сметаат како приватна инвестиција); вкупната инвестиција за опремата во приоритетниот сектор треба да е до 25% од вкупните инвестиции предвидени во проектот и барателот чиј проект се однесува на инвестиции само за набавка на опрема за приоритетниот сектор, опремата треба да биде исклучиво наменета само за усовршување и модернизација на функционирањето на земјоделското стопанство за производствените активности во фиксните оранжерии. Член 5 За изградба и реконструкција на постојните стакленици потребно е: да има техничка документација за градба или реконструкција на постоечки стакленици; реконструкција на постоечкиот систем за наводнување на стакленици преку заменување на постоечките неефикасни канали за дистрибуција на вода со нови штедливи технологии (каде инвестициите во системот за наводнување без замена за стар систем се сметаат како приватна инвестиција); доказ за право на закуп на стакленик за период на користење од најмалку 10 години; доказ за постигнување на еколошки стандарди во смисла на третман на отпадни води во стакленици; вкупната инвестиција за опремата во приоритетниот сектор треба да е до 25% од вкупните инвестиции предвидени во проектот и за набавка на опрема за приоритетниот сектор, опремата треба да биде исклучиво наменета само за производствените активности во стакленикот. Службен весник на РМ, бр. 69 од 23.5.2011 година 3 од 11 Член 6 За изградба и реконструкција на објекти за пост-бербени активности на постојните фиксни оранжерии и стакленици потребно е: објектите за пост-бербени активности треба да бидат во врска со инвестициите за подобрување на постоечките оранжерии и стакленици, освен тунелски оранжерии; да има техничка документација за градба или реконструкција на објектите за пост бербени активности; доказ за инвестициите во изградба и реконструкција на објект за сортирање, калибрирање, пакување и складирање на свеж зеленчук дека е согласно вкупната големина на капацитетот на постоечката фиксна оранжерија или стакленикот за кој се инвестира; доказ за инвестиции во неопходна опрема за сортирање, калибрирање, пакување и складирање на свеж зеленчук дека се согласно вкупната големина на капацитетот на постоечката фиксна оранжерија или стакленикот за кој се инвестира; доказ за право на закуп на фиксна оранжерија или стакленик за период на користење од најмалку 10 години и доказ за постигнување на еколошки стандарди во смисла на третман на отпадни води во објектите за пост-бербени активности. Член 7 За изградба и реконструкција на објектите на млечна фарма за одгледување на говеда, овци и кози во периодот на лактација потребно е: да има техничка документација за градба или реконструкција на објектите на млечна фарма за одгледување на говеда, овци и кози во периодот на лактација; доказ за придржување на добросостојба на животните каде за млечни крави треба да се обезбеди најмалку 5м2 по млечна крава без боксови за одмор, а за овци и кози во лактација најмалку 1,4 м2 по грло без боксови за одмор; доказ дека со инвестицијата ќе се обезбедат простории за одмор на стадото, простории за вештачко осеменување, простории за молзење, простории за чување на млекото опремени со филтри за млеко и опрема за ладење и чување на млекото; доказ за инвестиции кои се дадени за арско ѓубриво и чување на ѓубривото; вкупната инвестиција за специјализирана опрема за молзење и ладење наменета за подобрување на хигиената на млекото во приоритетниот сектор треба да е до 35% од вкупните инвестиции предвидени во проектот; доказ дека инвестицијата во реконструкција во објектите на фарма во делот за чување на добиточна храна треба да биде поткрепен со инвестиции за арско ѓубриво и чување на арското ѓубриво; доказ за право на користење (под закуп) на објект за одгледување на млечни крави, кози и овци за период на користење од најмалку 10 години; вкупната инвестиција за опрема која е поврзана со реконструкција на објекти за чување на добиточна храна или специјализирана технолошка опрема за производство на мешана храна треба да е до 45% од вкупните инвестиции предвидени во проектот; доказ дека специјализираната опрема за молзење, лактофризери, мобилни агрегати за молзење, опремата за ладење (вклучително софтвер) и молзење, инсталации за хранење и напојување (вклучително софтвер) се во согласност со големината на вкупниот капацитет на земјоделското стопанство и се придржува до европските стандарди за производство на сурово млеко; доказ дека прифатливите инвестиции под 200.000 евра не се предуслов за достигнување на стандардите кој го регулираат бројот на плочести и соматски клетки во млекото и Службен весник на РМ, бр. 69 од 23.5.2011 година 4 од 11 доказ дека прифатливите инвестиции над 200.000 евра, а под 400.000 евра се предуслов за достигнување на стандардите кој го регулираат бројот на плочести и соматски клетки во млекото. Член 8 За набавка на специјализирана опрема за молзење, ладење и чување на кравјо, козјо и овчо млеко потребно е: доказ дека проектот кој се однесува на инвестиции само за набавка на специјализирана опрема за молзење, ладење и чување на млекото е согласно европските стандарди за производство на сурово млеко; доказ дека проектот кој се однесува на инвестиции само за набавка на специјализирана опрема за молзење, ладење и чување на млекото истовремено е обезбеден со инвестиции за арското ѓубриво и за чување на арско ѓубриво; доказ дека прифатливите инвестиции под 200.000 евра не се предуслов за достигнување на стандардите кој го регулираат бројот на плочести и соматски клетки во млекото и доказ дека прифатливите инвестиции од 200.000 евра до 400.000 евра се предуслов за достигнување на стандардите кој го регулираат бројот на плочести и соматски клетки во млекото. Член 9 За изградба или реконструкција на објекти на фарма за одгледување на маторици и нерези за репродукција и свињи за тов потребно е: да има техничка документација за градба или реконструкција на објектите на фарма за одгледување на маторици за тов; доказ за придржување на стандардите за добросостојба на животните каде за одгледување на свињи за репродукција треба да има најмалку 1,3м2 по маторица и нерез, а за одгледување на свињи за тов да има најмалку 0,65 м2 по грло; доказ дека со инвестицијата ќе се обезбедат одделни простории за одмор на стадото, простории за вештачко осеменување и посебни простории за складирање; доказ за инвестиции кои се во врска со арско ѓубриво и чување на ѓубривото; вкупната инвестиција за специјализирана опрема за реконструкција на објектите на фарма која опфака реконструкција на складиштата за сточна храна и набавка на специјализирана опрема за производство на мешана храна треба да е до 25% од вкупните инвестиции и доказ за право на користење под закуп на објект за одгледување на маторици и нерези за репродукција и свињи за тов за период на користење од минимум 10 години. Член 10 За отварање нови живинарски фарми за бројлери и модернизирање на постојните потребно е: да има техничка документација за градба или реконструкција на објектите на фарма за одгледување на бројлери; доказ за придржување на стандардите за добросостојба на животните каде за одгледување на бројлери треба да има најмалку 30 кг/м2 или 17 бројлери по 1 м2; доказ за инвестиции кои се во врска со арско ѓубриво и чување на ѓубривото и доказ за право на користење под закуп на објект за одгледување на бројлери за период на користење од минимум 10 години. Службен весник на РМ, бр. 69 од 23.5.2011 година 5 од 11 III ИНВЕСТИЦИИ ВО ПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА И ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И РИБНИ ПРОИЗВОДИ ЗА РЕСТРУКТУИРАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ Член 11 За набавка на опрема за подобрување на квалитетот на виното потребен е доказ дека проектот е насочен за до развивање на постојните преработувачки капацитети за подобрување на процесот на финализација на вино или процесот на стабилизација. Член 12 За градење и реконструкција на објекти за основање на откупни центри за овошје и зеленчук потребно е: доказ за склучени договори со фармери за овошје и зеленчук најмалку за период од една година или во случај на земјоделски задруги се приложува доказ за извршена достава до преработувачки претпријатија; доказ дека капацитетот на откупниот центар покрива најмалку една третина од потребите за сопствена суровина за преработка на овошје и зеленчук или минимум годишен капацитет од 500 до 3.000 тони и физибилити студија како доказ на спроведливоста на предложениот бизнис план. Член 13 За набавка на опрема за подобрување и модернизација на производствени технологии во претпријатијата за преработка на овошје и зеленчук потребно е: доказ за инвестицијата дека е во една производствена линија за конзервирање, пастеризација, замрзнување и сушење на овошје и зеленчук со исклучок на производствени линии за овошни сокови и џемови и иновации на производи во смисла на воведување на нови производствени технологии и доказ за целосна усогласеност на објектот со стандардите на Европската Унија кога инвестицијата се однесува само на неколку преработувачки операции за една специјализирана линија за преработка на овошје и зеленчук. Член 14 За основање и модернизација на центри за откуп на млеко потребно е: доказ за склучени договори со фармери на млеко најмалку за период од две години или во случај на земјоделски задруги се приложува доказ за добавување со преработувачки претпријатија; доказ дека капацитетот на откупниот центар покрива 10 до 30% од потребите за суровини на млекарата или најмалку 1.500 литри млеко на ден до најмногу 30.000 литри млеко на ден; физибилити студија како доказ на спроведливоста на предложениот бизнис план; доказ дека прифатливите инвестиции се под 400.000 евра не се предуслов за достигнување на стандардите кој го регулираат бројот на плочести и соматски клетки во млекото и доказ дека прифатливите инвестиции над 400.000 евра, ќе се земат како цел што треба да се постигне, а не како предуслов за достигнување на стандардите кој го регулираат бројот на плочести и соматски клетки во млекото. Член 15 За модернизација и технолошко осовременување на фабриките за млеко со специјализирано производство потребно е: Службен весник на РМ, бр. 69 од 23.5.2011 година 6 од 11 доказ за инвестицијата дека е во една производствена линија за сирење или ферментирано млеко или намази со исклучок на производствени линии за млеко во прав и путер и иновации на производи во смисла на воведување на нови производствени технологии и доказ за целосна усогласеност на објектот со стандардите на Европската Унија кога инвестицијата се однесува само на неколку преработувачки операции за една специјализирана линија за преработка на млечни производи. Член 16 За воспоставување на капацитети за кланици на живина потребно е: доказ дека се исполнети стандардите за добросостојба на животните и птиците; доказ за влијание врз животната средина во однос на управување со отпадни води и друг отпад и доказ дека капацитетот за колење на живина изнесува најмалку 10.000 до најмногу 30.000 бројлери на ден. Член 17 За модернизација и технолошко осовременување на постојните линии на кланици за говеда, свињи и живина потребно е: доказ дека се исполнети стандардите за добросостојба на животните и птиците и доказ за влијание врз животната средина во однос на управување со отпадни води и друг отпад. Член 18 За намалување на негативното влијание врз животната средина во погоните за преработка на месо и кланиците потребно е: доказ за влијание врз животната средина во однос на управување со отпадни води и друг отпад и доказ дека кланицата во проектот за набавка на опрема за третман и вреднување на органскиот отпад добиен со колењето има инвестиции за третман на отпадот и водата за целиот објект. IV ИНВЕСТИЦИИ ЗА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА И РАЗВОЈ НА РУРАЛНИ АКТИВНОСТИ 1: Поддршка на микро претпријатија во руралните средини Член 19 За воспоставување преработувачки капацитети на фарма и надвор од фарма потребно е: доказ дека барателот поседува за: преработка на овошје и зеленчук најмалку 0,5 хектари плантажа на овошје и зеленчук, преработка на млеко најмалку 10 молзни крави, 150 овци или 50 кози во лактација, преработка и продажба на мед најмалку 30 пчелни семејства, преработка на лековити/ароматични билки и зачини најмалку 0,75 хектари и преработка и продажба на печурки најмалку 30 м2; доказ дека барателот има најмалку едногодишен договор со локалните производители на суровини за занаетчиски активности и доказ дека со инвестициите преработувачкиот објект на фармата ќе ги постигне минимум хигиенските стандарди кои треба да се почитуваат од страна на барателите за да можат да извршуваат активност на производство на храна. Службен весник на РМ, бр. 69 од 23.5.2011 година 7 од 11 Член 20 За воспоставување и модернизација на откупни центри за печурки и лековити/ароматични билки и зачини како и капацитети за одгледување печурки потребно е: доказ дека барателот има формирано земјоделска задруга; доказ дека барателот има дозвола за собирање на диви печурки, лековити/ароматични билки, зачини и други видови диви растенија; доказ дека барателот е евидентиран во евиденцијата за органско производство и решение од Aгенцијата за храна и ветеринарство за исполнување на ветеринарните, санитарните услови за безбедност на храна. Член 21 За воспоставување работилници за активности на традиционални ракотворби потребно е: потврда за регистриран производител за занаетчиска дејност; доказ дека барателот е член на здружението на занаетчии ; изработка на физибилити студија дека воспоставувањето на работилница ќе обезбеди одржливи дополнителни приходи и дополнително вработување и бизнис план за традиционалниот производ. Член 22 За воспоставување работилници за активности на традиционални ракотворби потребно е: потврда за регистриран производител за занаетчиска дејност; доказ дека барателот е член на здружението на занаетчии ; изработка на физибилити студија со која ќе се предвиди дека со воспоставувањето на работилница ќе обезбедат дополнителни приходи и дополнителни вработувања и бизнис план за традиционалниот производ. 2: Поддршка за активности на рурален туризам Член 23 За обновување на куќи на фарма за активности на рурален туризам дополнети со капацитети за рекреација потребно е: доказ за винарски визби дека производствениот капацитет на барателот е од 0,5 ха до 15 ха лозов насад и потврда за регистриран производител на вино во регистарот за производители на вино; доказ за реконструкција на куќа на производител на грозје дека објектот е лоциран во рамките на парцелата каде што е лоциран лозовиот насад и барателот треба да поседува најмалку 0,5 ха а најмногу 15 ха лозов насад; доказ дека инвестициите за реконструкција на винарски визби и куќи на фарма на лозови насади ке биде надополнета со пунктови, дегустациона сала за вино со максимален капацитет до 30 лица и дека реконструкцијата на винарската визба ќе учествува до 25% од вкупната предвидена инвестиција; доказ дека со инвестицијата ке се постигне најмногу 10 соби со 20 кревети, а угостителскиот капацитет ќе опслужува најмногу 50 гости; доказ дека проектот е согласно деталниот урбанистички план на општината; доказ дека инвестицијата ќе ги достигне стандардите за рурално сместување ЕUROGITES- 2005; одобрение за градба и Службен весник на РМ, бр. 69 од 23.5.2011 година 8 од 11 доказ дека објектите за рекреација се во состав на капацитетите за рурално сместување. Член 24 За градење угостителски простории, сместување на отворено (кампови) и капацитети за рекреација потребно е: доказ дека инвестицијата ке биде со традиционален стил на селото и дека ке се користат материјали од постојните или околните традиционални објекти; градежен проект од овластен архитект; доказ дека проектот е согласно деталниот урбанистички план на општината; доказ дека давателот на услуги е регистриран за приоритетната дејност на давател на услуги за рурално сместување; доказ дека инвестицијата за капацитети за рекреација се во составот на капацитетот за рурално сместување; доказ за поседување на дозвола за аква култура доколку во состав на објектот за рурално сместување постои рибник и позитивно мислење за влијанието врз животната средина. Член 25 За обновување на стари традиционални објекти на фарма (амбари, мелници, воденици, винарски визби и стари објекти на село ) кои се од интерес за активности за рурален туризам надополнети со капацитети за рекреација потребно е: бизнис план за инвестицијата; доказ дека објектот не е заштитено културно наследство; градежен проект од овластен архитект; доказ дека проектот е согласно деталниот урбанистички план на општината; доказ дека инвестицијата ќе постигне најмногу 10 соби со 20 кревети; доказ дека инвестицијата ќе постигне ниво на конфор и квалитет на понудените услуги според EUROGITES-2005; доказ дека барателот е регистриран за претежна дејност на давател на услуга за рурално сместување и доказ дека инвестицијата за капацитети за рекреација се во составот и го надополнуваат капацитетот за рурално сместување. V ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ Член 26 За да се прифатат трошоците за инвестиции во земјоделски стопанства за реструктуирање и усовршување потребно е: изградба на нови објекти и инсталации; реконструкција на објекти и инсталации; набавка на нова механизација и опрема вклучително и компјутерски софтвер и компјутерска опрема; купување или закуп на нова механизација; специјализирана опрема за овоштарници, лозови насади и градинарство наменети за заштита на растенијата (прскалки, атомизери и напрашувачи), опрема за растурање на ѓубриво (вклучително и опрема за арско ѓубре), опрема за одгледување на култури во периодот на вегетација (мулчери, косилки и чистачи на плевел) и мрежи за заштита од град; Службен весник на РМ, бр. 69 од 23.5.2011 година 9 од 11 нова механизација и опрема која потекнува од земја членка, земја кандидат и потенцијална земја кандидат, земја која користи средства од Европскиот инструмент за соседство и партнерство и други земји каде реципроцитетниот приод до надворешната помош е утврден од Комисијата на Европската Унија; набавка на повеќегодишни култури (овошки и лозници); надомест за извршени услуги од архитекти, инжинери, консултантски услуги, студии за изводливост, стекнување на патентни права и лиценци и вршење на градежни работи и поставување на опрема и инсталации. Член 27 За да се прифатат трошоците за инвестиции во преработувачка индустрија и продажба на земјоделски и рибни производи за реструктуирање и усовршување потребно е: изградба на нови објекти и инсталации ; реконструкција на објекти и инсталации; набавка на нова механизација и опрема вклучително и компјутерски софтвер и компјутерска опрема; нова механизација и опрема која потекнува од земја членка, земја кандидат и потенцијална земја кандидат, земја која користи средства од Европскиот инструмент за соседство и партнерство и други земји каде реципроцитетниот приод до надворешната помош е утврден од Комисијата на Европската Унија; надомест за извршени услуги од архитекти, инжинери, консултантски услуги, студии за изводливост, стекнување на патентни права и лиценци и градежни работи и поставување на опрема и инсталации. Член 28 За да се прифатат трошоците за инвестиции за диверзификација и развој на рурални активности потребно е: изградба на нови објекти и инсталации ; реконструкција на објекти и инсталации; купување или закуп на нова механизација и опрема вклучително и компјутерски софтвер и компјутерска опрема: договор со кој набавката на нова механизација и опрема со лизинг треба да обезбеди целосно префрлање на сопственоста на оној кој зема под лизинг на крајот на инвестицијата; нова механизација и опрема која потекнува од земја членка, земја кандидат и потенцијална земја кандидат, земја која користи средства од Европскиот инструмент за соседство и партнерство и други земји каде реципроцитетниот приод до надворешната помош е утврден од Комисијата; надомест за извршени услуги од архитекти, инжинери, консултантски услуги, студии за изводливост, стекнување на патентни права и лиценци и градежни работи и поставување на опрема и инсталации. VI ВИСИНА НА ПОДДРШКА ЗА ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ Член 29 Висината на поддршката за прифатливи трошоци за инвестиции во земјоделски стопанства за реструктуирање и усовршување изнесува: најмалите трошоци по корисник не треба да бидат помалку од 5.000 евра во денарска противвредност на денот на исплата на одобрените средства за ко-финансирање; Службен весник на РМ, бр. 69 од 23.5.2011 година 10 од 11 најголемите прифатливи трошоци по корисник треба да бидат до 200.000 евра во денарска противвредност на денот на исплата на одобрените средства за ко-финансирање; во исклучителни случаеви кога вредноста на инвестициите е до 400.000 евра во денарска противвредност на денот на исплата на одобрените средства за ко-финансирање, доколку инвестицијата е целосно во согласност со стандардите на Европската Унија; за подготовка на бизнис планот и инвестицискиот проект до 5% од инвестициската вредност на проектот и за изработка на технички проект за градежни работи, општи трошоци за инжињери, консултантски услуги, правни услуги, физибилити студии на изводливост и подготовка за имплементација на проектот до 12% од инвестициската вредност на проектот. Максималниот обем на прифатливи трошоци по мерката од став 1 од овој член треба да е до 43% од вкупниот одобрен износ за ко-финансирање, од кој за: лозови насади не повеќе од 10,5% од износот утврден со став 1 од овој член; овоштарници до 9,5%; зеленчук до 16%; производство на млеко до 39% и производство на месо до 25%. Член 30 Висината на поддршка за прифатливи трошоци за инвестиции во преработувачка индустрија и продажба на земјоделски и рибни производи за реструктуирање и усовршување изнесува: најмалите прифатливи трошоци по корисник не треба да бидат помалку од 15.000 евра во денарска противвредност на денот на исплата на одобрените средства за ко финансирање; најголемите прифатливи трошоци по корисник треба да бидат до 400.000 евра во денарска противвредност на денот на исплата на одобрените средства за ко-финансирање; во исклучителни случаеви кога вредноста на инвестициите е до 800.000 евра во денарска противвредност на денот на исплата на одобрените средства за ко-финансирање, доколку инвестицијата е целосно во согласност со стандардите на Европската Унија; инвестициите кои ја надминуваат вредноста на инвестицијата од 800.000 евра но не повеќе од 3.000.000 евра во денарска противвредност на денот на исплата на одобрените сретства за ко-финансирање, се наменети за воспоставување на нови кланици за живина кои се во целосна усогласеност со стандардите на Европската Унија; за подготовка на бизнис планот и инвестицискиот проект до 5% од инвестициската вредност на проектот и за изработка на технички проект за градежни работи, општи трошоци за инжињери, консултантски услуги, правни услуги, физибилити студии на изводливост и подготовка за инплементација на проектот до 12% од инвестициската вредност на проектот. Максималниот обем на прифатливи трошоци по мерката од став 1 од овој член не треба да надмине 35% од вкупниот одобрен износ за ко-финансирање, од кој за: производство на вино од 3% од износот утврден со став 1 од овој член; преработка на овошје и зеленчук до 11%; преработка на млеко и млечни производи до 20% и преработка на месо и месни производи до 66%. Член 31 Висината на поддршка за прифатливи трошоци за инвестиции за диверзификација и развој на рурални активности се: Службен весник на РМ, бр. 69 од 23.5.2011 година 11 од 11 најмалите прифатливи трошоци по корисник не треба да бидат помалку од 5.000 евра во денарска противвредност на денот на исплата на одобрените сретства за ко финансирање; најголемите прифатливи трошоци по корисник не треба да бидат над 200.000 евра во денарска противвредност на денот на исплата на одобрените сретства за ко-финансирање; за подготовка на бизнис планот и инвестицискиот проект до 5% од инвестициската вредност на проектот и за изработка на технички проект за градежни работи, општи трошоци за инжињери, консултантски услуги, правни услуги, физибилити студии на изводливост и подготовка за инплементација на проектот до 12% од инвестициската вредност на проектот. Максималниот обем на прифатливи трошоци по мерката од став 1 од овој член не треба да надмине 18% од вкупниот одобрен износ за ко-финансирање, од кој за: поддршка за микро претпријатија 53% од износот утврден со став 1 од овој член и поддршка за активности на рурален туризам 47%; VII ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 32 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 16-2535/8 12 мај 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р.