Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on criteria for management of privately owned forests for which no separate plan or programme is drawn up, as well as the form and content of the record sheet for private forests for each cadastral plot separately

Made 2013-07-12 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за критериуми за стопанисување со шумите во приватна сопственост за кои не се изработува посебен план или програма како и формата и содржината на евиденцискиот картон за приватни шуми за секоја катастарска парцела посебно.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Forestry
Keywords
forest management/forest conservation, private forest, registration, data collection/reporting, timber

Where to read it

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 29 став (11} алинеја 4 од Законот за шумите ("Службен весник на Република Македонија" бр. 64/09, 24/11, 53/11, 25/13 и 79/13}, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА КРИТЕРИУМИ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО ШУМИТЕ ВО ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ ЗА КОИ НЕ СЕ ИЗРАБОТУВА ПОСЕБЕН ПЛАН ИЛИ ПРОГРАМА КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЕВИДЕНЦИСКИОТ КАРТОН ЗА ПРИВАТНИ ШУМИ ЗА СЕКОЈА КАТАСТАРСКА ПАРЦЕЛА ПОСЕБНО Член 1 Со овој правилник се пропишуваат критериумите за стопанисување со шумите во приватна сопственост за кои не се изработува посебен план или програма како формата и содржината на евиденцискиот картон за приватни шуми за секоја катастарска парцела посебно. Член 2 Критериумите за стопанисување со шумите во приватна сопственост за кои не се изработува посебен план или програма се следните: формата на одгледувањето; квалитетот на насадите; предходно извршени работи, обемот и видот на сечата; видот и роковите за извршување на работите за одржување и унапредување на шумите како и лица кои можат да ги извршуваат работите. Член 3 Со шумите во приватна сопственост кои по форма на одгледување припаѓаат на високостеблени зрели склопени насади ќе се стопанисува според следните критериуми: 1. квалитетот на насадите треба да биде како склопени насади со прави стебла, полнодрвни со дрвна маса со техничка вредност, поголемиот дел од нив треба да бидат со биолошко- старосна зрелост и со дебелинската структура над 40 см дијаметар, во овие насади предходно треба да е вршена сеча прореда, да нема подмладок, а плевел нема или го има поединечно со листинец, 2. обемот на сечата се утврдува како десетгодишен етат, кој може да се реализира во еден наврат само ако за тоа постојат оправдани причини (мали годишни етати, вршење завршен сек, мелиорација, ослободување на околни стебла и ел.} и 3. видот на сечата се врши како стеблимично пребирна сеча, при што треба да се сечат првенствено подебелите стебла, гранати и криви со послаб технички квалитет, со цел да се позабави процесот на обновата а да се добие во квалитет и дебелински прираст, а обемот на сеча треба да се усогласи со годишниот прираст на стеблата по стручна оцена на стручното лице. Член 4 Со шумите во приватна сопственост кои по форма на одгледување припаѓаат на високостеблени зрели разредени насади ќе се стопанисува според следните критериуми: 1. квалитетот на насадите треба да биде со формиран склоп но склопот може да е разбиен односно прекинат и е со покриеност под 0,8 како резултат на извршена сеча во минатото со јак интензитет или други причини. Стеблата се биолошки и технички зрели содебелина на градна височина над 40см и со различен квалитет на дрвната маса; 2. обемот на сечата се утврдува како десетгодишен етат, кој може да се реализира во еден наврат само ако за тоа постојат оправдани причини {мали годишни етати, вршење завршен сек, мелиорација, ослободување на околни стебла и ел.) и 3. видот на сечата се врши стеблимична пребнина сеча за да се отстранат разгранетите како и неквалитетни стебла, а да се поттикне процесот на обнова се налага извршување на површинска обработка на почвата и листинецот (со разровкување}, заради создавање на услови за природна обнова, или вештачко пошумување со садници. Член 5 Со шумите во приватна сопственост кои по форма на одгледување припаѓаат на високостеблени обновени насади ќе се стопанисува според следните критериуми: 1. квалитетот на насадите треба да биде составен од млади и целосно обновени стебла, при што не е извршен завршен сек на заостанатите стари стебла. Обновата на насадите е во фаза од младик до летвењак. Фазите од подмладок до летвењак се следните : подмладок до 5 години старост 1,3 м височина ; младик од 5-10 години старост 1,3-3,0 м височина и дебелина 2 см ; калник од 10-20 години старост 3,0-10,0 м височина и дебелина 2-5 см и летвењак над 20 години старост со над 10 м.височина и дебелина 5-10 см; 2. обемот на сечата се утврдува како десетгодишен етат, кој може да се реализира во еден наврат само ако за тоа постојат оправдани причини (мали годишни етати, вршење завршен сек, мелиорација, ослободување на околни стебла и ел.} и 3. видот на сечата се врши како завршен сек, при што се вадат сите заостанати стари стебла (семењаци) и други стебла над 35 см дијаметар заради тоа што не се вклопуваат во идниот насад, а овие стебла треба да се отстранат веднаш без оглед на количината на дрвна маса. По извршената сеча се налага заштита од напасување на добиток. Член 6 Со шумите во приватна сопственост кои по форма на одгледување припаѓаат на високостеблени незрели {средновозрасни) насади ќе се стопанисува според следните критериуми: 1. квалитетот на насадите е таков да повеќето од стеблата во овие насади се со дијаметар под 35 см, зрелите стебла како и стебла со голем дијаметар се ретки и најчесто се гранати со широки крошни (кај буката стеблата се најчесто со киткаст распоред). Младите стебла се во групи со приближно еднакви димензии; 2. обемот на сечата се утврдува како десетгодишен етат, кој може да се реализира во еден наврат само ако за тоа постојат оправдани причини {мали годишни етати, вршење завршен сек, мелиорација, ослободување на околни стебла и ел.) и 3. видот на сечата во овие насади се врши со прореда со интензитет од 20-25% од дрвната маса, при што треба да се води сметка во насадот да останат здрави и квалитетни стебла со приближно правилен распоред. Член 7 Со шумите во приватна сопственост кои по форма на одгледување припаѓаат на високостеблени едновозрасни и вештачки подигнати насади ќе се стопанисува според следните критериуми: 1. квалитетот на насадите треба да бидат составени од стебла со една возраст- едновозрасни или стеблатапо старост се разликуваат најмногу до 20 години, со приближно еднакви димензии, хоризонтален склоп и еднообразна структура; 2. обемот на сечата се утврдува како десетгодишен етат, кој може да се реализира во еден наврат само ако за тоа постојат оправдани причини (мали годишни етати, вршење завршен сек, мелиорација, ослободување на околни стебла и ел.} и 3. видот на сечата ќе се врши прореда како одгледна мерка, со интензитет според густината на насадотно не повеќе од 30% од дрвната маса. Член 8 Со шумите во приватна сопственост кои по форма на одгледување припаѓаат на високостеблени деградирани насади ќе се стопанисува според следните критериуми: 1. квалитетот на насадите е таков да стеблата нејчесто се лисничарени, или стеблата се со природно широки крошни, ретки со разбиен склоп, натрули, со куса дебловина од кои избиваат гранки, стеблата се без прираст и без квалитет; 2. обемот на сечата се утврдува како десетгодишен етат, кој може да се реализира во еден наврат само акоза тоа постојат оправдани причини {мали годишни етати, вршење завршен сек, мелиорација, ослободувањена околни стебла и ел.) и 3. видот на сечата ќе се врши чиста сеча на целата површина, а се налага веднаш после извршената сечаповршината да се пошуми со садници, заради тоа што во најголем број случаи таквите насади немаат изданкова способност за природна обнова. Член 9 Со шумите во приватна сопственост кои по форма на одгледување припаѓаат на нискостеблени добри шуми на добри почви ќе се стопанисува според следните критериуми: 1. квалитетот на насадите треба да биде со квалитетни стебла кои се прави и здрави стебла. Овие насади се на возраст од околу 40 години; 2. обемот на сечата се утврдува како десетгодишен етат, кој може да се реализира во еден наврат само ако за тоа постојат оправдани причини {мали годишни етати, вршење завршен сек, мелиорација, ослободување на околни стебла и ел.) и 3. видот на сечата во овие насади да се врши прореда, и по пат на индиректна конверзија истите да се преведат од нискостеблени во високостеблени насади . Интензитетот на проредата не треба да биде поголем од 20% од дрвната маса . Член 10 Со шумите во приватна сопственост кои по форма на одгледување припаѓаат на нискостеблени лоши шуми на добри почви ќе се стопанисува според следните критериуми: 1. квалитетот на насадите е таков да стеблата се со лош квалитет, натрули, сувоврвни, гранати, оштетени, криви и ел. како последица од бесправни сечи, лисничарење, брстење од добиток, или оштетени од елементарни непогоди. Склопот е разбиен, односно прекината покриеност, со лош обраст и слаб прираст; 2. обемот на сечата се утврдува како десетгодишен етат, кој може да се реализира во еден наврат само ако за тоа постојат оправдани причини (мали годишни етати, вршење завршен сек, мелиорација, ослободувањ ена околни стебла и ел.} и 3. видот на сечата во овие насади е чиста сеча на цела површина, при што се налага после завршената сеча пошумување со садници на целата површина. Член 11 Со шумите во приватна сопственост кои по формана одгледување припаѓаат на нискостеблени лоши шуми на лоши почви ќе се стопанисува според следните критериуми: 1. квалитетот на насадите е таков да тие се со многу лош квалитет, сосема разбиен скпоп, со мали висини изаостанати во развојот. Почвата е лоша и се започнати ерозивни процеси; 2. обемот на сечата се утврдува како десетгодишен етат, кој може да се реализира во еден наврат само ако за тоа постојат оправдани причини (мали годишни етати, вршење завршен сек, мелиорација, ослободување на околни стебла и ел.} и 3. видот на сеча во овие насади не се предвидува, асе налага пошумување со садници на цела површина. Член 12 Со шумите во приватна сопственост кои по форма на одгледување припаѓаат на шикари и други категории на деградирани шуми ќе се стопанисува според следните критериуми: 1. квалитетот на насадите е таков да овие насади се крајно деградирани како резултат на брстење од добиток, бесправни сечи и други оштетувања; 2. обемот на сечата се утврдува како десетгодишен етат, кој може да се реализира во еден наврат само ако за тоа постојат оправдани причини (мали годишни етати, вршење завршен сек, мелиорација, ослободување на околни стебла и ел.) и 3. видот на сеча во овие насади е сеча на цела површина. Член 13 (1) Евиденцискиот картон за приватни шуми за секоја катастарска парцела посебно се печати на хартија во бела боја во А4 формат. (2) Формата и содржината на евиденцискиот картон од став (1) на овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 14 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за критериуми за стопанисување со шумите во приватна сопственост за кои не се изработува посебен план или програма ("Службен весник на Република Македонија" бр.100/12). Член 15 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 09-16039 /3 за земјоделство, 12 јули 2013 година и водостопанство, Скопје Димовски, с.р Министер шумарство Љупчо lll'IL~OГ ЕВИДЕНЦИСКИ КАРТОН ЗА ПРИВАТНИ ШУМИ ко кп CQПCTRf;HJIK • 1(1-1 8тора стра1111ца ОПИС ff Е6ИДЕ.НЦ1t.ЈА НЛ ШУМЛТЛ Катастарска ont1rrннn СОПСТIIС'НШО: Дрвна .\1аса О~!ЈРС,'1.<'-1С'НО no: Реден број Месност 1 .ППСШ Број 11а .кn McX:'i'O 1 1а жш,ееље Број llit нл 2. Премер Пс~врш1ша ш.\ КП е/1Је е .оо rpaш1ua ш1 3. О11сна IIICE ОД,1СЛ оrшс НА НАСАдОТ Такс-Ш.11101111 ~н.1мсt1·111 шi t1ilc.:1Џ.01 Cpelt1JO стеGм Фор.ча ма oдrne.tty1:1311,e В1111нздрRО Смеса 6Qзp:icr d h ОО1нr1~ 1· Фuрм(Ј. tlil 1.'10tli1JIIIC)'Ua1..e Степе~• на o<•)113tlOCТ C....10n КRа.1нтсr на с-тс6.1атз i-f(li:.,j1ш 11:ilH).\l ~ll:I: Здра1,ктuсна С()сrојба Cтenef1 ,.а об1101:1е1.,ос, н Cf.'ftlJ)'M IЦ\ ООIЈ()в.'1 Дnвн11 маса на кn111ctnnct:aтn П '"'ЦСЈl-11 11 нn I ха во мЈ) В1:тш1дрво е1,:уnно ,, l la А~П . 11npu1ma На I ха. V 1 811д ~•а Д()flO 1 1 1 1 1 1 Ја кат. Пilput-JJil na I ха. Cl(ldц.t R-1 :1500 Брuј 1111 кr 1 "" l1m111 JQ IICK!!ptl~' IW..:- I U 111p11m1 llf!W11p1111 ,:,;чѕ ~ •' Пl)l'lf'C!,'VI (110•11С()l,,-м 111у\1м) " Кот,с-ршја (пpur-:,1,, 110 ll!ICtm ~ 111ум11ј 4 \111,; 1;1 1.'Ф'Q ~ •' 11 rtm11, ua,v~v,11111.e 1111 i 11yNi\ra RQ11))''><)'1\l1!!,C: lf,J ~Jl+IITC " !I IJ,l'l(ljttaeL!'l9'•11(il Поnм,,,.·аu.,.с 11 бptij 111t.lJIIIJ'!lt11 е,v,111н.,. Ч11~1 ,•11>(: F.'ВIIДF.HIЏl,IA 11А 11,АСАД()Т t lci.-op11c')'ll~ll,e 1111 llf )'\1111.t OДOlif'fНO IICll(.)l'A'tAltO D~ц. 11:1 ,ар,о 0 1.\;1,tcll ;ip,o Г1),1111.11а М)'IIIМI • t:)'lllt!I 100 (lyl(II •' •' •• •' •' •. • ' • • ' .... IJ!Q-IIIW: J.l)lplll<'l:0 (IДtn~у11:1ч:м р.100111 Ч!КТС'II~ Пр:~р.-,1,1 ПtX:ll)"N)'.:U.:I,<' Yc-n« 1 м11..а " " )!,:) " D1:y11110: '-lетврта страница ЗА6Е/f/3ШКА:

Regulation on criteria for management of privately owned forests for which no separate plan or programme is drawn up, as well as the form and content of the record sheet for private forests for each cadastral plot separately · Nelum