Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on contents and methodology for preparation of local strategies of development of rural environments and on manner for their approval

Made 2013-03-06 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за содржината и методологијата за подготовка на стратегиите за локален развој на рурални средини и начинот за нивно одобрување.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Agricultural and rural development
Keywords
agricultural development, local government, policy/planning, procedural matters, rural employment, youth, labour

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. 1 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 88 став (2) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службенвесник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12 и 15/13), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА ПОДГОТОВКА НА СТРАТЕГИИТЕ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ НА РУРАЛНИ СРЕДИНИ И НАЧИНОТ ЗА НИВНО ОДОБРУВАЊЕ (*) 1 I. Општа одредба Член 1 Со овој правилник се пропишува содржината и методологијата за подготовка на стратегиите за локален развој на рурални средини (во понатамошниот текст: Стратегијата) и начинот за нивно одобрување. II. Содржина на Стратегијата Член 2 Стратегијата ги содржи следниве елементи: 1. Граница и територија на Локалната акциона група (во понатамошниот текст: ЛАГ) со географски карактеристики (површина и граници на територијата на ЛАГ, културно, историско и природно наследство, релјефни и климатски карактеристики, состојба на инфраструктурата), 2. Состав и квалификување на ЛАГ; 3. Основање на Раководно тело на ЛАГ (Управување со ЛАГ); 4. Процес на изработка на Стратегијата на ЛАГ-от: карактеристики на партнерството за подготовка и спроведување на Стратегијата, примена на принципот„оддолу-нагоре“ и учеството на различни засегнати страни, со активно вклучување на загрозените социо-економски групи, жените и младите во подготовката и спроведувањето на стратегијата, 5. Територијална анализа на локалната област: економски карактеристики на територијата на ЛАГ (главна економска активност, состојба на економијата, пазар на работна сила) и демографски и социолошки карактеристики на територијата на ЛАГ (број и густина на населението, демографски развој, образовна структура на населението, образование и култура). 6. Предности и недостатоци и можности и ризици за развој на локалната област (во понатамошниот текст: СВОТ анализа); 7. Усогласеност со другите стратегии и програми и тоа со стратешките документи на национално, регионално и локално ниво на територијата опфатена со Стратегијата (краток опис на односот на стратегијата со другите развојни документи). 8. Стратешко планирање кое опфаќа стратешки цели, приоритети и мерки; 9. Опис на планираните активности и идеи и/или примери за проектите што треба да се 2 спроведат; 10. Планирана меѓунационална и меѓутериторијална соработка; 11. Постапка на следење и самооценување преку: следење на спроведувањето на стратегијата и мерење на ефектите од спроведувањето на стратегијата, критериуми и индикатори за оценување на ефикасноста и план за спроведување на Стратегијата и активности за постигнување на целите. 12. Односи со јавноста и 13. Финансиски предвидувања: финансиско управување и спроведување на Стратегијата. Деталната содржина на Стратегијата е дадена во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. III. Методологија за подготовка на Стратегијата Член 3 Процесот на изработка на Стратегијата опфаќа: Идентификување на карактеристиките на ЛАГ-от; Изготвување на анализа на територијата на ЛАГ-от; Определување на визија на Стратегијата; Определување на стратешки цели, приоритети и мерки; Спроведување на Стратегијата и Оформување на конечна верзија на Стратегијата. При изработка на Стратегијата се применува методот на консултација на заинтересираните страни според пристапот „оддолу нагоре“, каде заинтересираните страни ги идентификуваат сопствените капацитети и потреби и даваат решенија и мерки за надминување на проблемите. При изработка на Стратегијата се применува методот на партиципација на заинтересираните страни според принципот на партнерство,така што соодветно да ги претставуваат интересите на локалните заедници со учество на општините, физички и правни лица и здруженија на граѓани. Член 4 При идентификување на карактеристиките на ЛАГ-от се определуваат: географските карактеристики; економската состојба; демографските и социолошките карактеристики и опис на тековните активности на територијата на ЛАГ-от. При идентификување на карактеристиките на ЛАГ-от се консултираат општините, физичките и правни лица и здруженијата на граѓани. Идентификуваните карактеристиките на ЛАГ-от служат како основа за дефинирање на стратешките цели и приоритети во Стратегијата. Член 5 Анализата на територијата на ЛАГ-от ги опфаќа карактеристиките и потенцијалот за развој на територијата на ЛАГ-от и тоа: територијална анализа на локалната област и СВОТ анализа. 3 Анализата на територијата на ЛАГ-от претставува основа за изработка на аналитичкиот дел од Стратегијата. Член 6 Со стратешкото планирање се определува долгорочната цел на политиката локален развој на руралните средини во Република Македонија. Стратешкото планирање треба да биде јасно и да ги содржи главните елементи кои ја отсликуваат состојбата што се настојува да се постигне на крајот од периодот на спроведување на Стратегијата. Стратешкото планирање треба да се заснова на основните цели и принципи на политиката за интегриран развој во руралните области во Република Македонија. Член 7 Стратешките цели треба да бидат во согласност со стратешкото планирање. За секоја стратешка цел се определуваат приоритети и мерки за нивна реализација. Стратегијата треба да прикаже како се реализираат стратешките цели преку мерките, постапките на раководење и следење, финансискиот план и одговорност за спроведување на Стратегијата. Стратегијата треба да содржи опис на планираните активности и мерки што треба да се спроведат, преку вклучување на иновативен карактер во создавање на решенија. Стратешки цели, приоритети и мерки треба да покажат јасна усогласеност со други релевантни стратегии од национално, регионално и локално ниво. Стратегијата треба да понуди одржливи решенија за економските, социјалните и еколошките проблеми за територијата опфатена со ЛАГ преку мобилизирање на локалните потенцијали. Стратегијата треба јасно да ги дефинира сферите и можностите на соработка на ЛАГ-от со други ЛАГ-ови и останати субјекти. Член 8 Спроведувањето на Стратегијата вклучува: акционен план за спроведување; финансиски план; следење; проценка; известување и публицитет. Акциониот план за спроведевање на Стратегијата вклучува: стратешки цели, приоритети и мерки за спроведување на приоритетите на локалниот развој во руралните средини; индикатори за следење за спроведување на мерките; извори на финансирање и други елементи, согласно потребите на територијата на ЛАГ-от. IV. Начин на одобрување на Стратегијата 4 Член 9 Стратегијата на ЛАГ се одобрува врз основа на проверка за исполнување на условите за изработка на Стратегијата, преку комисија која врши оценување на квалитетот на Стратегијата на ЛАГ, според бодувањето за рангирање дадено во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Најголем број на бодови што може да ги добие еден ЛАГ за квалитетот на Стратегијата изнесува 60 бодови, согласно со бодувањето дадено во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. При одобрувањето на Стратегијата на ЛАГ од барателот може да се побара дополнителни објаснувања и/или надополнувања во врска со стратегијата. Барателот го доставува дополнителното објаснување и/или надополнувањето во врска со стратегијата во рок од 15 дена од приемот на барањето за дополнително објаснување. За да се одобри, стратегијата треба да добие најмалку 45 бодови од вкупно 60, при што: за подготовка на стратегијата минимум 9 бодови од вкупно 9 бодови, за релевантност е потребно минимум 8 бодови од вкупно 12 бодови, за изводливост е потребно минимум 12 бодови од вкупно 16 бодови, за одржливост е потребно минимум 6 бодови од вкупно 10 бодови, за хоризонтални прашања е потребно минимум 3 бодови од вкупно 6 бодови и за влијание на стратегијата минимум 7 бодови од вкупно 7 бодови. По завршување на оценувањето на квалитетот на Стратегијата на ЛАГ се составува извештај и листа на стратегии кои треба да бидат одобрени. V. Завршна одредба Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр.30-4971/2 Министер за земјоделство, 6 март 2013 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. 5 6 7

Regulation on contents and methodology for preparation of local strategies of development of rural environments and on manner for their approval · Nelum