Regulation on conditions to be met by the producers of pet food and technical facilities for by-products of animal origin and specific technical conditions and procedures for processing, marketing and import of pet food including the animal origin by-products
Made 2010-07-14 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нус производи од животинско потекло и посебните тех.услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- animal feed/feedstuffs, processing/handling
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 1 од 18 20101102139 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 17 став (2) од Законот за нус производи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” број 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОБЈЕКТИТЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА ЗА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ И ТЕХНИЧКИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА НУС ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО И ПОСЕБНИТЕ ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ И ПОСТАПКИ ЗА ПРЕРАБОТКА ПРИ СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ И УВОЗ НА ХРАНА ЗА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ И ТЕХНИЧКИ ПРОИЗВОДИ ОД НУС ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО( ∗) Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нус производи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни миленици и технички производи од нус производи од животинско потекло. Член 2 Oбјектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нус производите од животинско потекло (1) Објектите за производство на храна и техничките објекти за нус производи од животинско потекло треба да бидат одобрени од Управата за ветеринарство согласно одредбите од Законот за нус производи од животинско потекло и да ги исполнуваат следните услови: 1) да работат во согласност со посебните услови за производите кои се произведуваат во нив утврдени со овој правилник; а) да се усогласени со посебните услови за производство, утврдени во членовите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15 и 16 од овој правилник. б) да се утврдат и спроведат методи на мониторинг и контрола на на критичните контролни точки, врз основа на процесот кој се користи; в) во зависност од производите, да зема мостри за анализа во овластена лабораторија од страна на Управата за ветеринарство, за проверка на усогласеноста со стандардите, утврдени во членoвите 11 и 12 од Законот за ветеринарно здравство; г) да се чува евиденција за добиените податоци, во согласност со точките б) и в) од овој член, за презентирање на Управата за ветеринарство. Резултатите од прегледите и тестовите се чуваат најмалку две години; и ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата 2002/1774/ЕК од 3 Октомври 2002 година која ги пропишува здравствените правила за нус производите од животинско потекло кои не се за исхрана на луѓето, OJ L 273, 10.10.2002, p. 1 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 2 од 18 д) да се известува Управата за ветеринарство, доколку резултатот од лабораториското испитување, наведено во точката в) од овој член, или секои други достапни информации, откријат постоење на сериозна опасност по здравјето на животните или на луѓето. Член 3 Општи услови за објетки за производство на храна за домашни миленици и технички објекти (1) Објектите во кои се произведува храна за домашни миленици, грицкалици и технички производи, со исклучок на органски ѓубрива, средства за подобрување на почвата и деривати од масти добиени од Категоријата 2 Материјали, треба да: 1) поседуваат соодветни простории за складирање и обработка на пристигнатите материјали со комплетна безбедност; и 2) поседуваат соодветни простории за нештетно отстранување на неискористените нуспроизводи од животинско потекло, кои остануваат по производството на производите, во согласност со член 14 од Законот за нус производи од животинско потекло, или овие материјали треба да се испратат во преработувачки објекти , или во објекти за горење, палење или согорување, во согласност со член 14 од Законот за нус производи од животинско потекло. Член 4 Посебни технички услови за храната за домашни миленици и кучешки грицкалици А. Суровини за храната за домашни миленици и кучешки грицкалици (1) Нус производите од животинско потекло кои единствено можат да се користат во производството на храна за домашни миленици и грицкалици за домашни миленици се следните производи: 1) делови од заклани животни, исправни за исхрана на луѓето, во согласност со националното законодавството, но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини; 2) делови од заклани животни, кои не се исправни за исхрана на луѓето, но не поради болести, кои се преносливи врз луѓето или животните и кои потекнуваат од трупови кои се исправни за исхрана на луѓето во согласност со националното законодавството; 3) сурова кожа и крзна, копита и рогови, свински четини и пердуви од животни кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно санитарен преглед и утврдување на исправност за исхрана на луѓето, во согласност со националното законодавство; 4) крв од животни, освен од преживари, кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно санитарен преглед, и утврдување на исправност за исхрана на луѓе, во согласност со националното законодавство; 5) нус производи од животинско потекло, добиени со текот на производство на производи за исхрана на луѓето, вклучувајќи ги и обезмастените коски и чварки; 6) неискористена храна од животинско потекло, или неискористена храна, која содржи производи од животинско потекло, освен помии, кои повеќе не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини, или заради проблеми во производството, или дефекти во пакувањето, или други дефекти кои не претставуваат било каков ризик за луѓето или животните; 7) сурово млеко од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните; Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 3 од 18 8) риби или други морски животни, освен морските цицачи, уловени на отворено море за потребите од производство на рибино брашно; 9) свежи нус производи од риба од објекти за производство на производи од риба за исхрана на луѓето; 10) лушпи од јајца, нус производи од инкубатори и нус производи од скршени јајца кои потекнуваат од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, кои преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните; (2) Суровата храна за домашни миленици може да се произведува само од: 1) делови од заклани животни, исправни за исхрана на луѓето, во согласност со националното законодавството, но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини; 2) делови од заклани животни, кои не се исправни за исхрана на луѓето, но не поради болести, кои се преносливи врз луѓето или животните и кои потекнуваат од трупови кои се исправни за исхрана на луѓето во согласност со националното законодавството; Б. Стандарди за преработка на храната за домашни миленици и кучешки грицкалици (3) Конзервираната храна за домашни миленици треба да подлежи на термичка обработка со минимална Fc вредност од 3. (4) Преработената храна за домашни миленици, со исклучок на конзервираната храна за домашни миленици, треба да подлежи на термичка обработка низ целата нејзина супстанца од најмалку 90 °С. По третманот, треба да се преземат сите мерки на претпазливост за да се обезбеди дека производот не е изложен на контаминација. Производот треба да се пакува во нова амбалажи. (5) Грицкалиците за домашните миленици треба да подлежат на термички третаман кој е доволен да се уништат патогените организми, вклучително и салмонелата. По третманот, треба да се преземат сите мерки на претпазливост за да се обезбеди дека производот не е изложен на контаминација. Производот треба да се пакува во нова амбалажа. (6) Суровата храна за домашни миленици треба да се пакува во нова амбалажа, која спречува пропуштање. Треба да се преземат ефективни чекори за да се обезбеди дека производот не е изложен на контаминација во текот на производствениот ланец, сé до моментот на продажба. Зборовите „само храна за домашни миленици“ треба видливо и читливо да биде истакната на амбалажата. (7) Во текот на производството и/или во текот на складирањето, пред испораката треба да се земат мостри по случаен избор, за да се утврди усогласеноста со следниве стандарди: Salmonell: отсуство во 25 гр.: n = 5, c = 0, m = 0, M = 0 Enterobacteriaceae: n = 5, c = 2, m = 10, M = 300 in 1 g каде: n = број на мостри кои треба да се тестираат; m = прагот на вредност на бројот на бактерии, резултатот се смета задоволителен доколку бројот на бактерии во сите примероци не ја надминува m; М = максималната вредност за бројот на бактерии, резултатот се смета незадоволителен доклку бројот на бактерии во еден или повеќе мостри е М или поголем; и с = број на мостри на пресметаните бактерии, кој може да биде меѓу m и М, мострата сеуште се смета за прифатлива, доколку бројот на бактерии во другите примероци е m или помал. Во секој случај, за конзеривираната храна за домашни милеицни која е подложена на термички третман согласно став 2 од овој член, мостриратње и тестирањето на Salmonell и Enterobacteriaceae не е неопходно. В. Увоз на храната за домашни миленици и кучешки грицкалици (8) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на храна за домашни миленици и кучешки грицкалици доколку: Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 4 од 18 1) потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји; 2) потекнуваат од објекти за преработка, кои се наоѓаат на списокот на одобрени објекти; 3) се произведени во согласност со Законот за нус произоди од животинско потекло; и 4) се придружени со ветеринарно здравствен сертификат. Член 5 Посебни услови за ѓубриво, преработено ѓубриво и производи од преработено ѓубриво I. Посебни технички услови за непреработено ѓубриво А. Промет со непреработено ѓубриво (1) Неможе да се врши прометот со непреработено ѓубриво од сите видови животни, освен од живина или еквиди доколку: 1) потекнуваат од област која не подлежи на ограничувања врз основа на сериозна пренослива болест; и 2) Управата за ветеринарство, може да одобри внесување на територијата на Република Македонија на ѓубриво наменето за преработка во технички објект, објекти за биогас или компост, одобрена од Управата за ветеринарство, во согласност со Законот за нус производи од животинско потекло за производство на производи од преработено ѓубриво. Во овие случаи, ѓубривото треба да биде проследено со ветеринарно здравствен сертификат. (2) Прометот со непреработено ѓубриво од живина може да се врши по следните услови: 1) ѓубривото треба да потекнува од област која не подлежи на ограничувања врз основа на болеста Њу Кастл или Авијарна инфлуенза; 2) освен тоа, непреработеното ѓубриво од јата на перната живина, кои се вакцинирани против болеста Њу Кастл не смее да се испорачува во регион, кој има добиено статус на зона слободна од Њу Кастл без вакцинација, согласно прописите за здравствена заштита на животните; и 3) ѓубриво треба да биде проследено со ветеринарно здравствен сертификат. (3) Во промет не се става непреработено ѓубриво од еквиди ако потекнува од одгледувалишта кои се предмет на рестрикции од аспект на здравствена заштита на животните а особено Сакагија, Везикуларен стоматитис, Антракс или Беснило согласно прописите за здравствена заштита. Б. Увоз на непреработено ѓубриво (4) Не може да се врши увоз на непреработено ѓубриво. II Преработено ѓубриво и производи од преработено ѓубриво А. Ставање во промет на преработено ѓубриво и производи од преработено ѓубриво (5) Преработено ѓубриво и производи од преработено ѓубриво може да се става во промет доколку: 1) потекнуваат од технички објекти, објекти за биогас или објекти за компост, одобрени од Управата за ветеринарство; 2) биле подложени на процесот на термичка обработка на најмалку 70 °С, најмалку 60 минути, и биле подложени на намалување на спорогените бактерии и токсичните формации. 3) Управата за ветеринарство може да одобри примена на други стандардни процесни парамтери доколку апликантот демонстрира дека тие параметри обезбедуваат минимизирање на биолошкиот ризик. Демонстрацијата треба да вклучува и валидација, која треба да се изведе врз основа на: Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 5 од 18 а) идентификација и анализа на можните опасности вклучително и влијанието на влезните материјали, засновано на комплетно дефинирање на условите на пререработка, како и процена на ризик која се евалуира врз специфичните услови за преработка во практични услови под нормални и атипични ситуации. б) валидација на процесите со: 1) мерење на редукција на вариабилноста/инфективноста на ендогените индикатор организми во текот на процесот, кога индикаторот е: постојано присутни во сировиот материјал во висок број, не помалку термички резистентни на леталните аспекти на процесот на третман, но исто така сигнификантно не повеќе резистентни од патогените за кои се користат за мониторингот, елативно лесни за квантификација и релативно лесни за идентификација и конформација; или 2) мерење на редукција на вариабилноста/инфективноста во текот на експозитурата, за тест организми кои се добро карактеризирани или вируси внесени во соодветни тест тела во почетниот материјал. 3) валидацијата од точка б) на овој став треба да демонстрира дека процесот постигнува намалување на комплетниот ризик: за термички и хемиски процеси со редукција на Enterococcus faecalis од најмалку 5 log10 и со редукција на инфективниот титар на терморезистентни вируси како Parvovirus, кои тие се идентификувани како релевантна опасност, од најмалку 3 log10; за хемиски процеси истотака со редукција на резистентните паразити како јајца на Аscaris sp со најмалу 99,9 % (3 log10) на вариабилните фази. 4) дизајнирање на комплентен контролен програм вклучително и процедура за мониторинг на процесот. 5) мерки кои обезбедуваат континуиран мониторинг и супервизија на релеваните процесни параметри одредени во контролните програми кога објекот работи. Деталите за релеваните процесни параметри кои се користат во објектот како и другите критични контролни точки треба да бидат запишани и чувани, така да сопственикот, операторот или нивниот представник може да спроведе следење на работењето на објектот. Записите треба да бидат достапни на барање на Управата за ветеринарство. Информациите во однос на процесот кој е одобрен согласно оваа точка, треба да бидат достапни на барање на Управата за ветеринарство. в) репрезентативни мостри од ѓубривото, кои се земени во текот или непосредно по преработката во објектот со цел да се обезбеди мониторинг на процесот, треба да ги исполнуваат следните стандарди: Escherichia coli: n = 5, c = 5, m = 0, M = 1 000 во 1 g; или Enterococaceae: n = 5, c = 5, m = 0, M = 1 000 во 1 g; и репрезентативни мостри од ѓубривото, кои се земени во текот или по изнесување од местото на складирање во техничкиот објект, објектите за биогас или објектите за компост треба да ги исполнуваат следните стандарди: Salmonella: одстувато во 25 g: n = 5; c = 0; m = 0; M = 0 каде: n = број на мостри кои треба да се тестираат; m = праг на вредноста за бројот на бактерии; резултатот се смета задоволителен доколку бројот на бактерии во сите мостри не го надминува m; Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 6 од 18 М = максимална вредност на бројот на бактерии; резултатот се смета незадоволителен доколку бројот на бактерии во една или повеќе мостри е еднаков на М или е поголем; и с = бројот на бактерии во мострите, чиј број може да биде меѓу m и М, мострата сепак се смета прифатлива доколку бројот на бактерии во другите мостри е m или помал. Преработеното ѓубриво или преработените производи од ѓубриво кои не ги исполнуваат наведените критериуми ќе се сметаат за непреработени: г) тие треба да бидат складирани на начин кој обезбедува дека по преработката контаминацијата и секундарната инфекција и влажност се минимизирани. Тие треба да бидат складирани во: добро затворени и изолирани силоси; или добро затворени пакувања (пластични вреќи или големи вреќи). Б. Увоз на преработено ѓубриво и производи од преработено ѓубриво (6) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на преработено ѓубриво и производи од преработено ѓубриво доколку: 1) потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји; 2) потекнуваат од објекти за преработка, кои се наоѓаат на списокот на одобрени објекти; 3) ги исполнуваат условите од став 5 на овој член; и 4) се придружени со ветеринарно здравствен сертификат. III. Гуано птичјо ѓубре (7) Ставањето во промет на гуано „птичјо ѓубре“ не подлежи на никакви услови во однос на здравствената состојба на животните. Член 6 Посебни технички услови за крв и производи од крв за технички цели, вклучително и фармацевстки производи, ин витро диагностички и лабораториски агенси, со исклучок на серум на еквиди А. Увоз на крв (1) Увозот на крв се врши според следните услови: 1) Управата за ветеринарство го одобрува увозот на производи од крв доколку: а) потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји; б) потекнуваат од објекти за преработка, кои се наоѓаат на списокот на одобрени објекти; и в) се придружени со ветеринарно здравствен сертификат. 2) Управата за ветеринарство го одобрува увозот на производи од крв доколку потекнуваат од трета земја или регион каде: а) во случај на производи од крв кои потекнуваат од преживари: животните и производите потекнуваат од региони каде не е регистрирано Лигавака и шап, Везикуларен стоматитис, Говедска чума, Чума кај малите преживари, Треска на Долината Рифт, Африканска чума кај коњите во последните дванаесет месеци и во кои вакцинацијата против тие болести не е изведена во последните дванаест месеци кај приемливите видови и од региони од кои увозот на преживари е дозволен согласно законските прописи. Крвта од кои се произведени тие производи треба да биде собрана: во кланици кои се одобрени за увоз во Република Македонија; од живи животни во објекти кои се одобрени за увоз во Република Макеоднија; во кланици одобрени и под контрола на надлежниот орган на на третата земја. Управата за ветеринарство треба да биде официјално известена за адреста и регистерскиот број на таа кланица или сертификатот треба да ги наведе тие податоци; или Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 7 од 18 б) производите биле подложени на еден од следните третмани, со кои се гарантира отсуството на патогени агенси од болестите кои се наведени претходно: термичка обработка на температура од 65 °С, најмалку три часа, проследено со проверка на ефикасноста; ирадијација на 2,5 мегаради или гама зрачење, а потоа проверка на ефикасноста; промена на pH во pH 5, два часа, проследено со проверка на ефикасноста; термичка обработка од најмалку 90 °С, во цела нивна супстанција, проследено со проверка на ефикасноста; или секоја друг третман одобрен од Управата за ветеринарство; или в) по исклучок од точка б), Управата за ветеринарство може да дозволи увоз од земји со животни кои се серопозитивни на Плав јазик, на крв и прозводи од крв кои се наменети за технички цели вклучително и фармација, ин витро дијагноза и лабораториски реагенси, обезбедувајќи дека одобрениот техничкиот објект на финалната дестинација е под контрола на Управата за ветеринарство, пратката е транспортирана директно во објекти и се преземени сите мерки на претпазливост вклучително и бебедно нештетно одстранување на одпадот, неискористениот или вишокот материјал, за да се избегне ризик од ширење на болеста на животните и луѓето; или г) во случај на производи од крв добиени од животни кои приапаѓаат на таксомот Proboscidae и Artiodactyla, како и нивните вкрстувања, а не се преживари: животните и нивните производи потекнуват од региони каде не се регистрирани случаи на Лигавка и шап, Везикуларна болест кај свињите, Африканска чума кај коњите, Класична чума кај свињите, Африканска чума кај свињите, Говедска чума, Чума кај малите преживари, Њу Кастл или Авијарна инфлуенза во последните дванаест месеци и во кои не се спроведува вакцинација против тие болести за најмалку дванаесет месеци; или д) производите биле подложени на еден од следните третмани, со кои се гарантира отсуството на патогени агенси од болестите кои се наведени претходно; термичка обработка на температура од 65 °С, најмалку три часа, проследено со проверка на ефикасноста; ирадијација на 2,5 мегаради или гама зрачење, а потоа проверка на ефикасноста; термичка обработка од најмалку 90 °С, во цела нивна супстанција, проследено со проверка на ефикасноста; или секоја друг третман во согласност со одобрување од Управата за ветеринарство. Член 7 Посебни технички услови за серум од коњи А. Суровини за серумот од коњи (1) Серумот треба да: 1) потекнува од еквиди кои не покажуваат знаци на сериозни преносливи болести согласно прописите за здравствена заштита на животните, или било која друга сериозна пренослива болест на која еквидите се приемливи; и 2) е добиен од институции или центри кои не подлежат на ограничување од аспект на здравствената заштита на животните. Б. Увоз на серум од коњи (2) Управата за ветеринарство може да одобри увоз на серум, доколку тој: 1) потекнува од еквиди родени и одгледани во трета земја од која е дозволен увозот на коњи за колење; Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 8 од 18 2) е добиен, преработен и испорачан во согласност со следниве услови: а) потекнува од земја, во која следниве болести задолжително се пријавуваат: Африканска чума кај коњите, Дурина, Сакагија, Коњски енцефалитис (сите типови, вклучувајќи и VEE), Инфективна анемија кај копитари, Везикуларен стоматитис, Беснило и Антракс; б) е добиен, под надзор на доктор по ветеринарна медицина, од еквиди, кои во периодот на собирањето, се слободни од клинички знаци на инфективни болести; в) е добиен од еквиди, кои од раѓањето останале на територијата, или, во случај на официјална регионализација, која е сообразна на прописите во Република Македонија, во деловите на територијата на трета земја, во која: Венецуелски коњски енцефалитис не се појавил во текот на последните две години; Дурина не се појавила во текот на последните шест месеци; и Сакагија не се појавила во текот на последните шест месеци. г) е добиен од еквиди, кои никогаш не престојувале на одгледувалиште кои било предмет на забрани од аспект на здравствената заштита на на животните, или, каде: во случај на Енцефалитис кај коњите, датумот, кога сите коњи кои страдале од болеста биле заклани, е најмалку шест месеци пред датумот на собирање; во случај на Инфекетивана анемија кај коњите, сите заразени животни се заклани, а останатите животни покажале негативна реакција на двата Когинови тестови, кои биле направени во период интервал од три месеци; во случај на Везикуларен стоматитис, забраната е укината најмалку шест месеци пред датумот на собирање; во случај на Беснило, последниот случај е регистриран најмалку еден месец пред датумот на собирање; во случај на Антракс, последниот случај е регистриран најмалку петнаесет дена пред датумот на собирање; или сите животни од видовите подложни на болеста, кои биле лоцирани на одгледувалиштето, се заклани, а просториите биле дезинфицирани, најмалку 30 дена пред датумот на собирање (или, во случајот на Антракс, најмалку петнаесет дена пред тоа); д) е подложен на сите мерки на претпазливост за да се избегне контаминација со патогени агенси во текот на производството, манипулирањето и пакувањето; ѓ) е спакуван во херметички затворени контејнери, на чија етикета е јасно назначено „серум од еквиди“ и е наведен регистарскиот број на објектот на собирање; е) потекнува од објект кој е одобрен од надлежниот орган на третата земја и ги исполнува посебните услови утврдени со овој правилник;и . ж) се придружени со ветеринарно здравствен сертификат. Член 8 Услови за сурови кожи и кожи на копитари А. Предмет (1) Одредбите од овој член не се однесуваат на : 1) сурови кожи и кожи на чапункари и копитари, кои ги исполнуваат прописите согласно прописите за здравствена заштита на животните; 2) сурови кожи и кожи од чапункари и копитари, кои се подложени на комплетен процес на штавање; 3) „вет блу“; 4) „конзервирана кожа“; и 5) варосани сурови кожи (обработени со вар и во саламура на pH вредност од 12 до 13, најмалку осум часови). Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 9 од 18 (2) Одредбите од овој член се применуваат за свежи, смрзнати и третирани сурови кожи и кожи. За целите на овој правилник, под третирани сурови кожи и кожи се подразбира, сурови кожи и кожи кои се: 1) сушени; 2) суво солени и водено солени, најмалку четрнаесет дена пред испораката; 3) ставени седум дена во морска сол со додавање 2% содиум карбонат; 4) сушени четириесет и два дена на температура од најмалку 20 °Ц; или 5) конзервирани со процес, кој се разликува од процесoт на штавењето, а одобрен од Управата за ветеринарство. Б. Промет со свежи или замрзнати сурови кожи и кожи (3) Прометот со свежи или замрзнати сурови кожи и кожи подлежи на истите ветеринарно санитарни услови како и прометот на свежо месо. (4) Прометот со обработените сурови кожи и кожи е дозволена под услови дека комерацијалниот документ, кој ја придружува секоја пратка, потврдува дека: 1) суровите кожи и кожите биле обработени во согласност со одредбите од овој правилник; и 2) пратката не била во контакт со други производи од животни или живи животни, кои претставуваат ризик за ширење на сериозна преносна болест. В. Увоз на свежи или замрзнати сурови кожи и кожи (5) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на свежи или замрзнати сурови кожи и кожи ако: 1) потекнуваат од животни; 2) потекнуваат од трети земји, односно региони кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји; 3) најмалку дванаесет месеци пред испораката се слободни од следните болести: Класична чума кај свињите; Африканска чума кај свињите; и Говедска чума; 4) најмалку дваесет и четири месеци пред испораката немало појава на Лигавка и шап и , најмалку дванаесет месеци пред испораката, не е спроведена вакцинација против Лигавка и шап; 5) се добиени од: а) животни кои престојувале на територијата на земјата на потекло најмалку три месеци пред колењето, или во случај на животни помлади од три месеци, од раѓањето; б) во случај на сурови кожи и кожи од чапункари, животни кои потекнуваат од одгледувалишта, на кои немало појава на Лигавка и шап претходните триесет дена, и неамало појава на Лигавка и шап во радиус од десет км околу нив, во последните триесет дена; в) во случај на сурови кожи и кожи од свињи, животните кои потекнуваат од одгледувалишта, на кои немало појава на Везикуларна болест кај свињите, претходните триесет дена или Класична и Африканска чума кај свињите, претходните четириесет дена, и немало појава на овие болести во радиус од десет км околу одгледувалиштето за најмалку триесет дена, или г) животните кои поминале низ анте мортем ветеринарно санитарна инспецкија во кланиците дваесет и четири часа пред колењето и не покажале симптоми на присуство на Лигавка и шап, Говедска чума, Класична чума кај свињите и Африканска чума кај свињите, или везикуларна болест кај свињите; д) се подложени на сите мерки на претпазливост, за да се избегне повторувања на контаминацијата со патогени агенси; и Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 10 од 18 ѓ) ако се придружени со ветеринарно здравствен сертификат. (6) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на третирани сурови кожи и кожи ако: 1) се добиени од животни кои, или (и); а) делови од заклани животни, исправни за исхрана на луѓето, во согласност со националното законодавството, но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини; б) делови од заклани животни, кои не се исправни за исхрана на луѓето, но не поради болести, кои се преносливи врз луѓето или животните и кои потекнуваат од трупови кои се исправни за исхрана на луѓето во согласност со националното законодавството; в) сурови кожи и кожи кои потекнуваат од животни кои не покажуваат никаквки клинички симптоми на болести кои се пренесуваат од производите на луѓето и животните и кои не подлежат на никаква забрана или ограничување заради здравствената состојба на животните. 2) и потекнуват од : а) трети земји, односно региони кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји; б) трети земји, односно региони кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји, и се третирани со следните методи: ставени седум денa во морска сол со додавање 2% содиум карбонат; или сушени четириесет и два дена на температура од најмалку 20 °С; в) еквиди или преживари кои потекнуваат од трети земји, односно региони кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји и се чувани одовоени најмалку дваесет и еден ден; г) во случај на солени сурови кожи и кожи кои се транспортираат со брод, тие се чувани одвоено по третманот, во текот на траснпортот за најмалку четиринаесет дена или пред увозот седум дена се чувани одвоено и се придружени со ветеринарно санитарен сертификат кој го потврдува тој третман и времетраењето на транспортот; и д) се придружени со ветеринарно здравствен сертификат; ѓ) пратката не била во контакт со други животински производи, или со живи животни, кои представуваат ризик за ширење сериозна преносна болест. (7) Необработените, оладените, или обработените сурови кожи и кожи од чапункари треба да се увезвуаат во контејнери, сувоземни превозни средства, железнички вагони или бали, запечатени од страна на надлежниот орган на третата земја на испорака. Член 9 Посебни технички услови за трофеи од ловен дивеч А. Суровини за трофеи од ловен дивеч (1) Без оглед на прописите за заштита на дивата фауна, трофеите од ловен дивеч изработени од чапункари, копитари и птици, кои биле подложени на комплетен третман на препарирање со обезбедување на нивната конзервација на собна температура и други видови животни, не се предмет на било каква забрана или ограничување од аспект на здравствена заштита на животните. (2) Без оглед на прописи за заштита на дивата фауна, трофеите на ловен дивеч од копитири и птици, кои не биле подложени на третманот од ставот 1) од овој правилник треба да: 1) се добиени од животни кои потекнуваат од област која не е предмет на ограничувања, поради присуство на сериозни преносливи болести, на кои се приемливи дадените видови; или Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 11 од 18 2) ги исполнуваат услoвите согласно овој член доколку се добиени од животни кои потекнуваат од области кои се предмет на органичувања поради присуството на сериозни преносливи заразни болести за кои се применливи дадените видови. (3) Во однос на трофеите од ловен дивеч кои се состојат само од коски, рогови, копита, канџи, разгранети рогови, или заби, трофеите треба да се: 1) потопени во врела вода за одреден соодветен период на време, со цел да се обезбеди дека се отстранети сите материи освен коски, рогови, копита, канџи, разгранети рогови, или заби; 2) дезинфицирани со средство одобрено од надлежниот орган, а особено со хидроген пероксид за делови кои се состојат од коски; 3) пакувани, веднаш по третманот, без контакт со други производи од животинско потекло, кои би можеле да ги контаминираат, во поединечни, отворени и затворени амбалжи, за да се избегне последователна контаминација; и 4) придружени со документи или сертификат, со која се потврдува дека се исполнети горенаведените услови. (4) Трофеите од ловен дивеч, кои се состојат само од сурови кожи и кожи, треба да се: 1) сушени; или 2) суво или водено засолени најмалку четиринаесет дена пред испораката; или 3) конзервирани со друг вид на обработка, различен од штавење, одобрена од Управата за ветеринарство . 4) спакувани веднаш по третманот, без контакт со други производи од животинско потекло, кои би можеле да ги контаминираат, во поединечни, отворени и затворени амбалжи, за да се избегне последователна контаминација; и 5) придружени со документи или сертификат, со кои се потврдува дека се исполнети горенаведените услови. Б. Увоз на обработени трофеи од ловен дивеч од птици и папкари (5) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на обработени трофеи од ловен дивеч од птици и папкари, само од коски, рогови, копита, канџи, разгранати рогови, заби, сурови кожи, или кожи од трети земји, доколку се: 1) придружени со ветеринарно здравствен сертификат; 2) во согласност со условите од ставот 3 и 4 на овој член. Меѓутоа, во случај на суво солени или водено/солени кожи, кои се транспортирани со брод, кожите не треба да се засолат четиринаест дена пред испораката, обезбедувајќи дека се засолени најмалку четиринаесет дена пред увозот. 3) потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји. (6) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот, во согласност со условите од ставот (7) на овој член, на трофеите од диви птици и чапункари, кои се состојат од целосен анатомски склоп, и не се обработени, од трети земји: 1) ако потекнуваат од земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји; 2) од кои е дозволен увозот на сите категории свежо месо од соодветните видови. (7) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на трофеите од ловен дивеч од став 6 на овој член, доколку: 1) потекнуваат од животни од област која не е предмет на ограничувања, како резултат на присуство на сериозна пренослива болест, на која се приемливи животните од дадените видови; 2) се спакувани веднаш по третманот, без контакт со други производи од животинско потекло, кои би можеле да ги контаминираат, во поединечни, отворени и затворени амбалажи, за да се избегне последователна контаминација; и 3) се придружени со ветеринарно здравствен сертификат. Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 12 од 18 Член 10 Посебни технички услови за волна, влакна, свинска четина, пердуви и делови од пердуви А. Суровини за волна, необработени влакна, необработени свинска четини и необработени пердуви и делови од пердуви (1) Необработената волна, необработените влакна, необработените свинска четина и необработените пердуви и делови од пердуви треба: 1) да се добиени од животни чие свежо месо е дозволено за исхрана на луѓето од сите категории на соодветните видови; 2) да бидат соодветно затворени во амбалажа и суви. (2) Во случај на необработени пердуви и делови од пердуви испратени директно од кланица до пререаботувачкиот објект, Управата за ветеринарство може да одобри исклучок од критериумот за сувост, доколку се обезбеди дека: 1) се преземени сите неопходни мерки за да се избегне било каквко потенцијално ширење на болести; 2) транспорот се изведува во отпорни на истекување контејнери и/или возила кои треба да бидат исчистени и дезинфицирани непосредно по секоја употреба; и (3) Движење на свински четини од региони со ендемска Африканска чума кај свињите, не е дозволен, со исклучок на свинска четина која е: 1) извриена, исушена и избелена; или 2) подложена на некоја друга обработка, која со сигурност ги усмртила патогените агенси, ако доказот на ова дејствие е наведен во форма на сертификат од доктор по ветеринарна медицина одговорен за местото на потекло. Фабричкото перење не може да се смета како обработка за целите на оваа одредба. (4) Одредбите од ставот 1 не се применуваат за декоративните пердуви или за пердуви, кои: 1) ги пренесуваат патници за нивна приватна употреба; или 2) се во облик на пратка испратена до приватни поединци за неиндустриски цели. Б. Увоз на волна, необработени влакна, необработени свинска четини и необработени пердуви и делови од пердуви (5) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на свински четини од трети земји или делови од трети земји, доколку: 1) свинските четини се добиени од животни кои потекнуваат и се заклани во кланици во земјата на потекло; 2) немало ниту еден случај на Африканска чума кај свињите во текот на последните дванаесет месеци, придружени со ветеринарно здравствен сертификат; 3) еден или повеќе случаи на Африканска чума кај свињите се појавил во текот на последните дванаесет месеци под посебни услови и се придружени со ветеринарно здравствен сертификат; и 4) потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји. (6) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на непреработена волна и влакна доколку се: 1) соодветно спакувани во затворени амбалажи и се суви; и 2) директно испратени до техничките објекти, или до интермедијарните објекти, под услови кои обезбедуват избегнување на секое ширење на патогени агенси. (7) Увозот на необработени пердуви и делови од пердуви не е дозволен. 1)Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на преработени пердуви и делови од пердуви доколку: Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 13 од 18 а) се обработени декоративни пердуви, обработени пердуви во багаж на патници за нивна приватна употреба или пратки на третирани предуви испратени до приватни индивидуални лица за неиндустриски цели; и б) се придружени со комерцијален документ кој потврдува дека пердувите или деловите од пердувите се третирани во пара или со друг метод кој обезбедува инактивација на патогените агенси и се соодветно затоворени во амбалажа и суви. Член 11 Посебни технички услови за нус производи од пчели А. Суровини за нус производи од пчели (1) Нус производите од пчелите наменети единствено за употреба во пчеларството треба: 1) да не потекнуваат од област која е предмет на забрана заради појвата на: а) Амеркиканска чума на леглото (Paenibacillus larvae larvae); б) Акариоза (Acarapis woodi (Rennie), освен доколку областа на дестинција не обезбедила соодветни гаранции во согласност со прописите за здравствена заштита на пчелите; в) Aethina tumida; г) Tropilaelaps spp. (Tropilaelaps spp) и д) ги исполнуват соодветните одредби од прописите за здравствена заштита на пчелите. Б. Увоз на нус производи од пчели (2) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на нус производи од пчели доколку ги исполнуват следните услови : 1) за пчеларски производи наменети единствено за користење во пчеларството, доколку: а) ако потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји; или б) се подложени на температура од – 12 °C или пониска за најмалку дваесет и четири часа; или в) во случај на восок, материјалот е рафиниран или преработен пред увозот. (3) За пчелин восок за технички цели, кој не е во форма на пчелин восок и е во форма на пчелина кошница, доколку. 1) е рафиниран или преработен пред увозот; и 2) е придружен со комерцијалн документ кој го потврдува рафирнирањето и преработката. (4) Треба да се придружени со ветеринарно здравствен сертификат. (5) Не може да се врши увоз на пчелин восок во форма на пчелини кошници. Член 12 Посебни технички услови за коски и производи од коски (освен на коскеното брашно), рогови и производи од рогови (освен на брашното од рогови), копита и производи од копита (освен на брашното од копита), наменети за употреба, освен како материјал за храна на животни, органски ѓубрива, или средства за подобрување на почвата А. Увоз на на коски и производи од коски (освен на коскеното брашно), рогови и производи од рогови (освен на брашното од рогови), копита и производи од копита (освен на брашното од копита) Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 14 од 18 (1) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на коски и производи од коски (освен на коскеното брашно), на рогови и производи од рогови (освен на брашното од рогови), на копита и производи од копита (освен на брашното од копита), за производство на технички производи, доколку: 1) производите се сушени пред извозот и не се оладени или замрзнати; 2) производите се транспортирани само по копно и море од нивната земја на потекло директно до граничен ветеринарен премин во Република Македонија и не се транзитирани со брод до некое пристаниште или место надвор од Република Македонија; 3) по прегледот на граничниот ветеринарен инспектор, производите директно се пренесуваат до техничкиот објект; и 4) ако потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји. (2) Секоја пратка треба да биде придружена со: 1) комерцијален документ со печат од надлежниот орган, кој врши надзор врз објектот на потеклото , вклучувајќи ги и следниве податоци: а) земјата на потекло; б) името на објект на производство; в) природата на производот (сушени коски, производи од сушени коски, сушени рогови, производи од сушени рогови, сушени копита и производи од сушени копита); и г) потврда, доказ дека производот е: добиен од здрави животни, заклани во кланица; или сушен 42 денови на просечна температура од најмалку 20 °С; подложени на термички третман за еден час на најмалку 80 °С во средината на внатрешноста , пред сушењето; печен еден час на најмалку 800°С во средината на внатрешноста, пред сушењето; поминал низ процес на ацидификација (спуштање на pH вредноста) одржувана на помалку од Ph 6 во средината на внатрешноста, најмалку еден час пред сушењето; или во ниедна фаза не е наменет како материјал за храна за луѓе, храна за животни, органски ѓубрива, или средства за подобрување на почвата; 2) пропратна декларација на увозникот. (3) При испораката на територијата на Република Макеоднија, материјалот треба да биде затворен во херметички затворени контејнери или возила, или да се пренесува непакуван во брод. Во сите случаи на транспорт, сите пропратни документи треба да го носат името и адресата на техничката објект. (4) По извршената ветеринарно санитарен преглед на границата, материјалот треба директно да се транспортира во техничкиот објект. (5) Евиденцијата за количината и природата на материјалот треба да се чува во текот на производството, на начин со кој ќе се обезбеди дека материјалот е користен за утврдената намена. Член 13 Посебни технички услови за нуспроизводи од животинско потекло за производство на храна за домашни миленици, за фармацевтски и други технички производи А. Увоз на нус производи од животинско потекло наменети за производство на храна за домашни миленици, фармацевтски производи и други технички производи (1) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на нус производи од животинско потекло наменети за производство на храна за домашни миленици, фармацевтски производи и други технички производи, доколку: 1) потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји; Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 15 од 18 2) се состојат само од следните нус проиводи од животинско потекло: а) делови од заклани животни, исправни за исхрана на луѓето, во согласност со националното законодавството, но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини; б) делови од заклани животни, кои не се исправни за исхрана на луѓето, но не поради болести, кои се преносливи врз луѓето или животните и кои потекнуваат од трупови кои се исправни за исхрана на луѓето во согласност со националното законодавството; в) сурова кожа и крзна, копита и рогови, свински четини и пердуви од животни кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно санитарен преглед и утврдување на исправност за исхрана на луѓето, во согласност со националното законодавство; г) крв од животни, освен од преживари, кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно санитерн преглед, и утврдување на исправност за исхрана на луѓе, во согласност со националното законодавство; д) нус производи од животинско потекло, добиени со текот на производство на производи за исхрана на луѓето, вклучувајќи ги и обезмастените коски и чварки; ѓ) неискористена храна од животинско потекло, или неискористена храна, која содржи производи од животинско потекло, освен помии, кои повеќе не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини, или заради проблеми во производството, или дефекти во пакувањето, или други дефекти кои не претставуваат било каков ризик за луѓето или животните; е) сурово млеко од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните; ж) риби или други морски животни, освен морските цицачи, уловени на отворено море за потребите од производство на рибино брашно; з) свежи нус производи од риба од објекти за производство на производи од риба за исхрана на луѓето; ѕ) лушпи од јајца, нус производи од инкубатори и нус производи од скршени јајца кои потекнуваат од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните; 3) нус производите од животинско потекло за употреба како храна за крзнаши или за употреба како сирова храна треба да се состојат само од следните делови: а) од заклани животни, исправни за исхрана на луѓето, во согласност со националното законодавството, но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини; б) од заклани животни, кои не се исправни за исхрана на луѓето, но не поради болести, кои се преносливи врз луѓето или животните и кои потекнуваат од трупови кои се исправни за исхрана на луѓето во согласност со националното законодавството; (2) Длабоко се замрзнати во објектот на потеклото или се конзервирани на начин кој обезбедува да се спречи расипување во периодот помеѓу испораката и приемот во објектот на дестинација; (3) Преземени се сите мерки на претпазливост за да се избегне повторувања на контаминацијата со патогени агенси; (4) Спакувани се во нови амбалажи со кои се спречува секакво пропуштање; (5) Придружени се со ветеринарно здравствен сертификат. (6) По спроведената контрола од граничниот ветеринарен инспектор, тие се транспортираат: 1) директно во објект за производство на храна за домашни миленици или во технички објект , која гарантира дека нус производите од животинско потекло ќе се користат исклучиво за дозволената намена и дека нема да го напуштат објектот необработени; или 2) во интермедијарен објект; или Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 16 од 18 3) во одобрен и регистриран корисник или центар за собирање, кој гарантира дека нус производите од животинско потекло ќе се користат едниствено за дозволените цели, одобрени од Управата за ветеринарство. Член 14 Посебни технички услови за топени масти од Категорија 2 Материјали за олеохемиска намена А. Стандарди за преработка на топени масти од Категорија 2 Материјали за олеохемиска намена (1) Топените масти добиени од Категорија 2 Материјали за олеохемски намени треба да бидат произведени со користење на Методите 1 до 5 согласно Правилник за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 Материјали и Категорија 2 Материјали на нус производи од животинско потекло. (2) Топените масти добиени од преживари треба да бидат пречистени на начин кој обезбедува дека максималното ниво на вкупните преостанати нерастворливи нечистотии не надминува 0,15% во тежина. Б. Увоз на топени масти (3) Управата за ветеринатство ќе го одобри увозот на топени масти добиени од Категорија 2 Материјали, наменети за преработка со употреба на методи за преработка на Категорија 1 и 2 Материјали доколку: 1) потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји; 2) се произведени согласно Законот за нус производи од животинско потекло и подзаконските акти кои произлегуваат од него; 3) се придружени со ветеринарно здравствен сертификат согласно моделот кој е даден во Правилникот за формата и содржината на ветеринарно санитарните сертификатите за нуспроизводите од животинско потекло кои се увезуваат или транзитираат во или низ Република Македонија. (4) Топените масти треба да бидат транспортирани низ копно и/или море од земјата на потекло директно до граничниот ветеринарен премин на Република Македонија. (5) По прегледот на граничниот ветеринарен инспектор, производите директно се пренесуваат до олеохемски објект за Категорија 2Материјал каде треба да се преработат во деривати на масти. (6) Ветеринарно санитарниот сертификат треба да потврди дека: 1) топените масти нема да бидат пренаменети за било каква друга употреба освен понатамошно преработка со методи кои ги исполнуваат стандардите за преработа на топени масти ;и 2) добиените деривати на масти ќе се користат единствено како органиски фертилајзери или за друга техничка употреба, освен употребата во козметиката, фармацијата и медициснките уреди. (7) Топените масти треба директно да се транспортирата до објектот на дестинација. Член 15 Деривати на Масти А. Стандарди за преработка на топени масти произведени од Категорија 2 Материјали Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 17 од 18 (1) Доколу топени масти произведени од Категорија 2 Материјали се искористени за производство на деривати на масти, треба да се искористи методи кој во нјамал степен ги исполнува стандардите за преработка на топени масти во деривати на масти. Б. Увоз на деривати на масти (2) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на деривати на масти доколку се придружени со ветеринарно санитарен сертификат. (3) Ветеринарно санитарниот сертификат треба да потврди: 1) дали дериватите на масти потекунват од Категорија 2 или 3 Mатериали; 2) во случај на деривати на масти произведени од Категорија 2 Mатериали, дека производите: а) се произведени со медот кој минимум ги исполнува стандардите за преработка на топени масти; и б) дека единствено ќе се користат како органиски фертилајзери или подобрувачи на почвата или друга техничка намена, освен во козметиката, фармацијата и медицинските уреди. Член 16 Посебни технички услови за додатоци за зачинување за производство на храна за домашни миленици (1) Освен основните услови наведени во правилникот, додатоците за зачинување за производство на храна за домашни миленици треба да ги исполнуваат и следните услови: А. Сирови материјали може да се користат за призводство на течни/дехидририрани препработени производи од животинско потекло кои се користат за засилување на вкусните вредности на храната за домашни миленици (2) Само следните производи може да се користат за призводство на течни/дехидририрани препработени производи од животинско потекло кои се користат за засилување на вкусните вредности на храната за домашни миленици: 1) делови од заклани животни, исправни за исхрана на луѓето, во согласност со националното законодавството, но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини; 2) делови од заклани животни, кои не се исправни за исхрана на луѓето, но не поради болести, кои се преносливи врз луѓето или животните и кои потекнуваат од трупови кои се исправни за исхрана на луѓето во согласност со националното законодавството; 3) сурова кожа и крзна, копита и рогови, свински четини и пердуви од животни кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно санитарен преглед и утврдување на исправност за исхрана на луѓето, во согласност со националното законодавство; 4) крв од животни, освен од преживари, кои се заклани во кланица, по спроведен анте мортем ветеринарно санитерн преглед, и утврдување на исправност за исхрана на луѓе, во согласност со националното законодавство; 5) нус производи од животинско потекло, добиени со текот на производство на производи за исхрана на луѓето, вклучувајќи ги и обезмастените коски и чварки; 6) неискористена храна од животинско потекло, или неискористена храна, која содржи производи од животинско потекло, освен помии, кои повеќе не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини, или заради проблеми во производството, или дефекти во пакувањето, или други дефекти кои не претставуваат било каков ризик за луѓето или животните; 7) сурово млеко од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните; Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 18 од 18 8) риби или други морски животни, освен морските цицачи, уловени на отворено море за потребите од производство на рибино брашно; 9) свежи нус производи од риба од објекти за производство на производи од риба за исхрана на луѓето; 10) лушпи од јајца, нус производи од инкубатори и нус производи од скршени јајца кои потекнуваат од животни кои не покажуваат клинички знаци на болест, која преку тој производ може да се пренесе врз луѓето или животните; Б. Стандарди на преработка за додатоците за зачинување на храната на домашни миленици (3) Додатоците за зачинување на храната на домашни миленици треба да подлежат на метод на третман и параметри, кои обезбедуваат дека производот ги исполнува основните микробиолошки стандарди. По третманот, треба да се преземат сите мерки на претпазливост за да се обезбеди дека производот не е изложен на контаминација. (4) Крајниот производ треба: 1) да биде спакуван во нова или стерилизирана амбалажа; или 2) транспортиран рефузно или во контејнер или со некое друго средство на транспорт кои се детално исчистени и дезинфицирани со средства за дезинфкеција одобрен од државниот ветеринарен инспекторат пред употребата. В. Увоз на додатоци за зачинување за храна домашни миленици (5) Управата за ветеринарство ќе го одобри увозот на додатоци за зачинување на храна за домашни миленици доколку: 1) потекнуваат од трети земји кои се наоѓаат на списокот во листа на одобрени земји; 2) потекнуваат од објекти за производство на храна за домашни миленци, кои се наоѓаат на списокот на одобрени објекти; 3) се произведени во согласност со Законот за нус произоди од животинско потекло; и 4) се придружени со ветеринарно здравствен сертификат согласно моделот кој е даден во прилог. Член 17 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 11-15137/2 Министер за земјоделство 14 јули 2010 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.