Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on conditions, manner and procedure for reimbursement of the fee for production of tobacco products, oil derivatives and plastic products and packaging of plastic masses

Made 2005-12-21 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за условите, начинот и постапката за враќање на надоместокот за производство на тутунски производи, нафтени деривати и пластични производи и амбалажа од пластични маси.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Energy, Environment, Cultivated plants
Keywords
fees/royalties, international trade, liability/compensation, plastic, taxes, environmental fees/charges, fiscal and market measures, tobacco, agricultural commodities, oil
Categories
*, agriculture, energy

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Врз основа на член 165 став 12 од Законот за животна средина (“Службен весник на Ре- публика Македонија” бр. 53/2005), министерот за животната средина и просторно плани- рање во согласност со министерот за финансии, донесуваат ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ВРАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТО- КОТ ЗА ПРОИЗВОДСТВО И УВОЗ НА ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ, НАФТЕНИ ДЕ- РИВАТИ И ПЛАСТИЧНИ ПРОИЗВОДИ И АМБАЛАЖИ ОД ПЛАСТИЧНИ МАСИ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите, начинот и постапката за враќање на надо- местокот за: увоз и производство на тутунски производи од член 183 од Законот за живот- на средина, увоз и производство на нафтени деривати од член 184 од Законот за животна средина, и пластични производи и амбалажа од пластични маси од член 185 став (1) точка 1 од Законот за животна средина. Член 2 Надоместокот од член 1 од овој правилник се враќа на правно односно физичко лице кое е евидентирано како обврзник за плаќање на надоместокот согласно Законот за живот- на средина (Во понатамошниот текст: обврзник). II. УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ, ПОСТАПКАТА ЗА ВРАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ Член 3 (1) Враќање на уплатен надоместок од член 1 од овој правилник се врши за уплатениот надоместок за производство односно увоз, доколку произведената односно увезената ко- личина на производи е извезена. Уплатениот надоместок за производство или увоз се вра- ќа во висина на извезена количина на производи. (2) Заради враќање на уплатениот надоместок од член 1 од овој правилник, обврзникот може до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на жи- вотната средина, да поднесе барање за враќање на уплатениот надоместок, со образложе- ние на барањето. (3) Обврзникот го поднесува барањето за враќање на уплатениот надоместок од став (2) од овој член најдоцна во рок од 1 година од денот на уплаќањето на надоместокот. (4) Обврзникот го поднесува барањето од став (2) од овој член на секои три месеци за- едно со Образецот 2 од Правилникот за начинот, постапката и роковите за утврдување, пресметување, уплатување на надоместоците; начинот и постапката за водење, одржување и чување на евиденцијата за пресметаниот и уплатениот надоместок; за содржината, начи- нот и роковите за воспоставување, одржување и водење на евиденцијата на обврзниците, како и начинот на доставување на податоците за водење на евиденцијата („Службен вес- ник на Република Македонија“ број 115/2005). (5) Кон барањето од став (2) од овој член, обврзникот доставува: - известување за случаите за извезена количина на производите од член 1 од овој пра- вилник за која е пресметан и уплатен надоместок

  2. 1 - фактурата врз основа на која е пресметан и уплатен надоместокот, и - извозна царинска декларација како доказ дека количината на производот на кој е прес- метан и уплатен надоместокот е извезен од Република Македонија; (6) Обврзникот известувањето за извезените количини на производи од член 1 од овој правилник, го доставува на образецот даден во Прилогот кој е составен дел од овој пра- вилник. (7) Обврзникот го потполнува и доставува Образецот од став (6) од овој член за секое тромесечие во кое е уплатен надоместокот за кој се бара враќање, поединечно. Член 4 (1) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на прием на барањето од член 2 став 2 од овој правилник, го донесува решението за враќање на уплатен надоместок од член 1 од овој правилник. (2) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на живот- на средина, по еден примерок од решението од став (1) од овој член, доставува до обврз- никот и до органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите. (3) Во рок од 30 дена од денот на прием на решението од став (1) од овој член, органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите врши поврат на средствата во висина утврдена со решението. III. ОДРЕДБА ЗА ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 1 јануари 2006 година. Бр. 07-5707/1 Министер за животна 22 декември 2005 година средина и просторно планирање, Скопје д-р Зоран Шапуриќ, с.р. Бр. 02-33676/2 Министер 21 декември 2005 година за финансии, Скопје м-р Никола Поповски, с.р. 2 3 4

Regulation on conditions, manner and procedure for reimbursement of the fee for production of tobacco products, oil derivatives and plastic products and packaging of plastic masses · Nelum