Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on conditions for placing on the market of ungulates

Made 2013-07-31 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за услови за ставање во промет на копитари.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock
Keywords
cattle, internal trade, international trade, standards
Categories
*

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 1 од 16 20131102689 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 58 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник не Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА КОПИТАРИ(*) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите за ставање во промет на копитари. Член 2 (1) Поимите утврдени во Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло се применуваат и во овој правилник доколку со овој правилник не се поинаку дефинирани. (2) Регистрирани копитари во смисла на овој правилник се сите копитари кои се регистрирани во книги за матично книговодство и кои се идентификувани со документот за идентификација, издаден од страна на: а) надлежен орган на Република Македонија за водење на матично книговодство или друг надлежен орган на земјата од каде што животното потекнува, кој води матично книговодство или регистар за таа раса на копитари или б) меѓународно здружение или организација, која што одгледува коњи за натпреварувања или трки. Член 3 (1) Регистрирани копитари можат да се движат на територијата на Република Македонија или да се испратат во земја-членка на Европската унија доколку ги исполнуваат условите, утврдени во членовите 4 и 5 на овој правилник. (2) По исклучок од став (1) на овој член условите утврдени во членовите 4 и 5 на овој правилник не треба да бидат исполнети, во однос на движењето на копитари кои што: се јаваат или се користат за спортски или рекреативни цели, покрај патишта во близина на границата на Република Македонија, учествуваат во културни или слични настани или во активности организирани од страна на субјекти кои се сместени во близина на границата на Република Македонија и се наменети за привремено пасење или работа во близина на границата на Република Македонија. (3) За направените исклучоци од став (2) на овој член директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: директорот на Агенцијата) ја известува Европската комисија. () Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот 2009/156/EЗ од 30 ноември 2009 година за условите на здравствена заштита кои го регулираат движењето и увозот од трети земји на копитари, CELEX бр. 32009L0156; Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 2 од 16 Член 4 (1) Пред движење копитарите треба да бидат прегледани во период од 48 часа пред да бидат натоварени при што не треба да покажуваат клинички знаци на присуство на болест. Во случај на регистрирани копитари, овој преглед, без да е во спротивност со член 6 на овој правилник се прави само при праќање на копитари во земја-членка на Европската унија. (2) Без оглед на барањата од став (5) на овој член во однос на болести кои што задолжително се пријавуваат, официјалниот ветеринар треба, за време на проверката да утврди, врз основа на изјавите од страна на сопственикот или одгледувачот, дали копитарите биле во контакт со копитари кои што се заболени од некоја инфективна или заразна болест во изминатите 15 дена непосредно пред проверката. (3) Копитарите не треба да се наменети за колење согласно програмите за сузбивање и искоренување на инфективна или заразна болест. (4) Копитарите треба да се идентификуваат, и тоа: а) во случај на регистрирани копитари, со документ за идентификација, утврден во Правилникот за зоотехнички и генеалошки услови за ставање во промет на копитари*1, кој што треба да потврди дека условите од ставовите (5) и (6) од овој член и член 5 од овој правилник се исполнети. Официјалниот ветеринар треба да внесе нотификација во документот за идентификација за периодот на забраните утврдени во став (5) од овој член или во член 5 од овој правилник дека истиот не е валиден. Документот за идентификација треба, по колењето на регистрираниот коњ, да се врати на органот кој го издал. Согласно член 10-а од Законот за ветеринарно здравство директорот на Агенцијата може да ја пропише постапката за спроведување на одредбите на оваа точка и б) во случај на копитари наменети за одгледување и размножување согласно Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на копитари. (5) Покрај барањата утврдени во член 5 од овој правилник, копитарите не треба да потекнуваат од одгледувалиште кое е предмет на некоја од следните забрани: а) доколку сите животни од видовите коишто се подложни на болеста присутни на одгледувалиштето не се заклани, периодот на забрана за одгледувалиштето на потекло треба да изнесува најмалку: 1) шест месеци, во случај на копитари за кои постои сомнеж дека се изложени на болеста дурина, од датумот на последниот направен или можен контакт со болно животно. Во случај на пастуви забраната трае до кастрирање на животното; 2) шест месеци во случај на сакагија или енцефаломиелитис кај коњи, од денот од кој копитарите кои ја имаат наведената болест се заклани; 3) во случај на инфективна анемија кај копитари, до датумот на кој инфицираните животни се заклани а преостанатите животни покажуваат негативна реакција на два последователни теста на Когинс направени во интервали од три месеци; 4) шест месеци од последниот евидентиран случај, во случај на везикуларен стоматитис; 5) еден месец од последниот евидентиран случај, во случај на беснило и 6) 15 дена од последниот евидентиран случај, во случај на антракс (црн пришт) и б) доколку сите животни од видовите кои се приемчиви на болести присутни на одгледувалиштето се заклани и просториите дезинфицирани, периодот на забраната е 30 дена од денот на кој животните биле заклани и нештетно отстранети и просториите дезинфицирани, освен во случај на антракс (црн пришт) кога периодот на забрана е 15 дена. Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 3 од 16 Член 5 (1) Доколку Република Македонија не е слободна од Африканска чума кај копитари, може да испраќа копитари во земји-членки на Европската унија од дел на територија за којашто се смета дека е инфициран согласно ставoвите (2) и (3) од овој член и доколку се исполнети условите утврдени во став (6) на овој член. (2) Дел од територијата на Република Македонија се смета за инфициран со Африканска чума кај копитарите, доколку: а) постои клинички, серолошки (кај невакцинираните животни) и/или епидемиолошки доказ кој го потврдува присуството на Африканската чума кај копитари во последните две години или б) во последните 12 месеци е спроведена вакцинацијата против Африканската чума кај копитарите. (3) Делот од територијата од став (2) на овој член кој се смета дека е инфициран со Африканска чума кај копитари треба да се состои најмалку од: а) зона на заштита со радиус од најмалку 100 km околу секој центар на инфекција и б) зона на надзор која се простира најмалку 50 km околу зоната на заштита, каде не е спроведена вакцинација во последните 12 месеци. (4) Контролите и мерките за сузбивање на Африканската чума кај копитари кои треба да се превземаат во однос на териториите и зоните од ставовите (2) и (3) на овој член се уредени со Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на Aфриканската чума кај копитари во Република Македонија*2. (5) Сите вакцинирани копитари кои се присутни во заштитната зона треба да се регистрирани и да се означени во согласност со член 6 став (1) точка 4) од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на Африканската чума кај копитари во Република Македонија*-2 Извршената вакцинација треба да биде назначена во документот за идентификација и/или ветеринарно здравствениот сертификат. (6) Од територијата утврдена во став (3) на овој член, во земји-членки на Европската унија може да бидат испратени само копитари кои ги исполнуваат следниве услови: а) да се праќаат само во одредени периоди од годината имајќи ја во предвид активноста на инсектите-вектори; б) не покажат клинички знаци на Африканска чума кај копитари на денот на прегледот од член 4 став (1) на овој правилник; в) во два наврати се тестирани на присуство на Африканска чума кај копитарите согласно Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник, со интервали од 21 до 30 дена помеѓу тестовите, при што вториот тест се врши во период од десет дена пред да бидат пратени во земја-членка на Европската унија при што: 1) се добиени негативни резултати, ако не се вакцинирани против Африканската чума кај копитари или 2) доколку се вакцинирани против Африканската чума кај копитари треба да се без евидентирано зголемување на антителата и да не се вакцинирани во претходните два месеци, г) да се чуваат во карантинска станица за период од најмалку 40 дена пред да бидат испратени и д) да се заштитени од инсектите-вектори за време престојувањето во карантин и за време на превозот од карантинската станица до местото на испраќање. Член 6 (1) Доколку во земјата-членка на Европската унија се спроведува алтернативен систем за контрола кој обезбедува еднакви гаранции на условите утврдени во член 4 став (5) на овој правилник во однос на движењата на копитарите во рамките на нивната територија, Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 4 од 16 не се применуваат условите утврдени во член 4 став (1) и член 8 став (2) на овој правилник под услов на реципроцитет. (2) За направените исклучоци од став (1) на овој член директорот на Агенцијата ја известува Европската комисија. Член 7 (1) Копитарите треба да се превезат, во најкраток можен рок, од одгледувалиштето на потекло или директно или преку одобрен собирен центар до местото на дестинација во средства за превоз или контејнери, кои редовно се чистат и дезинфицираат со одобрени средства за дезинфекција. Превозните средства треба да бидат конструирани на начин со кој се спречува испаѓање на изметот на копитарите, ѓубре или храна за животни за време на превозот. Без да е во спротивност со одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните*3, превозот треба да се врши на начин со кој се обезбедува ефективна заштита на здравјето и благосостојбата на копитарите. (2) За животните кои се означени со посебна ознака дека се наменети за колење не се применуваат одредбите од член 4 став (5) на овој правилник, доколку во ветеринарно здравствениот сертификат издаден во согласност со Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник е наведен предметниот исклучок. Во тој случај, копитарите за колење треба да се превезат директно до назначената кланица и да бидат заклани во рок од пет дена од пристигнувањето во кланицата. (3) Официјалниот ветеринар треба да го евидентира идентификацискиот број или бројот на документот за идентификација на закланото животно и на барање на надлежниот орган на местото на испраќање да го достави заедно со потврда дека животното е заклано. Член 8 (1) Регистрираните копитари кои ги напуштаат нивните одгледувалишта треба да се придружени со документот за идентификација утврден во член 4 став (4) точка а) од овој правилник и доколку тие се наменети за испраќање до земја-членка на Европската унија треба да се придружени со здравствената потврда дадена во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. (2) Копитарите наменети за одгледување, размножување и колење за време на превозот треба да се придружени со ветеринарно здравствен сертификат изготвен согласно Прилог 3 од овој правилник. (3) Ветеринарно здравствениот сертификат, или во случај на регистрирани копитари здравствената потврда, треба, без да е во спротивност со член 6 од овој правилник, да се изготви 48 часа пред животните да бидат натоварени или не подоцна од последниот работен ден пред товарењето, на македонски и на најмалку еден од официјалните јазици на земјите-членки на испраќање и дестинација. Издадениот документ има важност од десет дена од денот на издавање. Ветеринарно здравствениот сертификат или здравствената потврда терба да се состои од еден лист. (4) При движење на копитари помеѓу Република Македонија и земјите-членки на Европската унија, копитарите кои не се регистрирани, може да се придружени со еден ветеринарно здравствен сертификат за пратка, наместо со поединечни ветеринарно здравствени сертификати од став (2) на овој член. Член 9 Ветеринарните контроли при движење на живи животни на место на крајна дестинација во однос на нивната организација, мерките кои се преземаат како резултат на контролите Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 5 од 16 направени на местото на дестинација како и заштитните мерки треба да се вршат согласно Законот за ветеринарно здравство*4. Член 10 Одложена примена Одредбите од членовите 3, 6 став (2) и 8 ќе отпочнат да се применуваат со денот на пристапувањето на Република Македонија во Европската унијата. Член 11 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањетo во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-888/8 Директор на Агенција 31 јули 2013 година за храна и ветеринарство, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 6 од 16 Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 7 од 16 Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 8 од 16 Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 9 од 16 Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 10 од 16 Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 11 од 16 Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 12 од 16 Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 13 од 16 Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 14 од 16 Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 15 од 16 Службен весник на РМ, бр. 110 од 7.8.2013 година 16 од 16

Regulation on conditions for placing on the market of ungulates · Nelum