Regulation on conditions for placing on the market of poultry and hatching eggs
Made 2014-01-20 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за условите за ставање во промет на живина и јајца за ведење.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- poultry, inspection, internal trade, international trade, standards, animal health, animal production, animal reproduction, birds
- Categories
- *
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 1 од 39 20140180525 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 58 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА УСЛОВИТЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ЖИВИНА И ЈАЈЦА ЗА ВЕДЕЊЕ(*) Глава I Општи одредби Член 1 Предмет на уредување (1) Со овој правилник се пропишуваат условите за ставање во промет на живина и јајца за ведење. (2) Одредбите од овој правилник не се применуваат за живина наменета за изложби, манифестации или спортски настани. Член 2 Дефиниции (1) Поимите утврдени во Законот за ветеринарно здравство се применуваат и во овој правилник доколку со овој правилник не се поинаку дефинирани. (2) Одредени поими употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) „јајца за ведење“ се јајца за инкубација изведени од живина; 2) „живина за резмножување“ е живина постара од 72 часа наменета за производство на јајца за ведење; 3) „живина за производство“ е живина постара од 72 часа која се одгледува за производство на месо и/или јајца за исхрана на луѓето (или за обновување на популација на дивеч); 4) „живина за колење“ е живина која се превезува директно во кланица и која се коле веднаш по нејзиното пристигнување или во рок од 72 часа по пристигнувањето во кланицата; 5) „јато“ е живина со ист здравствен статус која се одгледува во исти простории или во ист заграден простор и која формира единствена епидемиолошка единица или, во случај на домашна живина,сите птици кои делат ист воздушен простор; Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Совет 2009/158/ЕЗ од 30 ноември 2009 за условите на здравствена заштита при трговија во Заедницата и увоз од трети земји на живина и јајца за ведење, CELEX Бр. 32009L0158; Одлука на Комисијата 2006/605/EЗ од 6 септември 2006 за одредени мерки на заштита во однос на трговија на Заедницата со живина наменета за надополнување на популација на дивеч, CELEX Бр. 32006D0605; Одлука на Ссовет 95/410/EЗ од 22 јуни 1995 замикробиолошките правила за тестирање и земање на примероци на одгледувалиштата на потекло за живин за колење наменета за Финска и Шведска, CELEX Бр. 31995D0410; Одлука на Комисијата 94/327/EЗ од 19 мај 1994 за критериумите за годишно тестирање на живина за размножувања на Њукасталската болест во согласност со член 12 став (2) од Директивата на Совет 90/539/EEЗ, CELEX Бр. 31994D0327 и Одлука на Комисијата 93/152/EEЗ од 8 фебруари 1993 за критериумите за вакцината која треба да се користи против Њукастелската болест во контакст на програмите за вакцинација, CELEX Бр. 31993D0152. Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 2 од 39 6) „одгледувалиште“ е секојa инсталација или објект кој се користи за размножување или одгледување на живина за размножување или производство; 7) „објект“ е капацитет или дел од капацитет кој се наоѓа на едно исто место и опфаќа: (а) објект за одгледување на чистокрвни животни: објект кој произведуваат јајца за ведење за производство на живина за размножување; (б) објект за размножување: објект кој произведува јајца за ведење за производство на живина за производство; (в) објект за одгледување: објект за одгледување живина за размножување кој е објект за одгледување живина сè до периодот репродуктивна зрелост или; објект за одгледување живина за производство кој е објект за одгледување несилки за производство пред периодот на несење; (г) инкубаторска станица: објект во кој се инкубираат и се изведуваат јајца и кој ги задоволува потребите од еднодневни пилиња; 8) „одобрена лабораторија“ е лабораторија сместена на територијата на земја-членка на Европската унија која е одобрена и под контрола на надлежниот ветеринарен орган на таа земја-членка во која се извршуваат дијагностички испитувања кои се пропишани со овој правилник; 9) „болести кои задолжително се пријавуваат“ се болестите заради кои ставањето во промет на живина и јајца за ведење не е дозволено и се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник; 10) „карантин“ е објект каде живината се чува во потполна изолација и каде е спречен директен или индиректен контакт со друга живина на начин кој дозволува да се вршат испитувања и набљудување на присуство на болестите кои задолжително се пријавуваат; 11) „санитарно колење“ е уништување на живина и производи кои се заразени или за кои постои сомнеж дека се контаминирани со превземање на сите потребни мерки на здравствена заштита вклучувајќи и дезинфекција и 12) „дивеч“ се диви птици кои се заловени за исхрана на луѓето. Глава II Услови за ставање во промет Член 3 Услови за ставање во промет (1) За да ставаат во промет живина и јајца за ведење објектите треба да бидат одобрени и треба да ги исполнат условите дадени во членовите 4, 5, 6 и 7 на овој правилник. (2) По исклучок од став (1) на овој член, објектите во кои се одгледува живина за колење или несилки кои произведуваат јајца за исхрана на луѓето во кои бројот на животни е помал од 350 несилки односно 500 бројлери и кои не ставаат јајца или месо во промет не треба да ги исполнуваат условите од членовите 4, 5, 6 и 7 на овој правилник. Член 4 Општи правила (1) Операторите на објектите во кои се одгледува живина и јајца за ведење треба: 1) да ги исполнат условите во однос на капацитетите и дејностите кои можат да се вршат во објектите утврдени во член 5 на овој правилник; 2) да ги применуваат и да се придржуваат кон Програмите за следење на болести донесени согласно Законот за ветеринарно здравство; Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 3 од 39 3) да обезбедат секој капацитет да ги извршува активностите наведени во точка 4) од овој став; 4) објектите да бидат под надзор во однос на спроведување на организиран мониторинг на здравјето на живината, кој вклучува: (a) најмалку една инспекциска посета годишно од страна на официјален ветеринар, придружена со контроли со цел да се потврди дека се применуваат хигиенските мерки и активности во објектите во согласност со условите од член 5 на овој правилник и (б) водење на евиденција од страна на одгледувачите за сите потребни податоци за постојан мониторинг на здравствениот статус во објектот од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата) односно надлежен орган на земја членка на Европската унија и 5) да содржат само живина. (2) Секој објект кој ги исполнува условите утврдени во став (1) на овој член има единствен број кој може да биде ист со бројот издаден во согласност со Законот за квалитет на земјоделски производи(*1). Член 5 Објекти и активности (1) Објектите за размножување на живина со педигре, размножување и одгледување треба: 1) да бидат поставени во согласност со видот на производството, со што се гарантира заштита од болести или, доколку се појави жариште, истото да може да се стави под контрола. Доколку во објектите се сместени неколку видови живина, тие треба да бидат одделени; 2) да се обезбедат добри хигиенски услови и непречен надзор на здравјето на живината и 3) опремата да е соодветна за видот на производство и со неа да се врши чистење и дезинфекција на објектите и возилата со кои се превезуваат живината и јајцата со место назначено за таа намена. (2) Во објектите за размножување на живина со педигре, размножување и одгледување треба: 1) техниките за одгледување да се засноваат на принципот на „заштитено одгледување“ и на принципот „сите внатре/сите надвор“. Помеѓу различните групи треба да се врши чистење, дезинфекција и депопулација; 2) да се чува само живина: (а) од самиот објект, и/или, (б) од други објекти за размножување на животни со педигре, размножување или одгледување од Република Македонија или Заедницата, одобрени согласно со член 10 став (1) точка 1) потточка а) од овој правилник, и/или, (в) увезена од трети земји во согласност со Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит , лисата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, 3) има правила за хигиена од страна на раководството на објектот и вработените треба да носат соодветна работна облека, а посетителите заштитна облека; 4) зградите, кафезите и опремата треба да се оддржуваат во добра состојба; 5) јајцата да: Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 4 од 39 (а) се собираат во соодветни временски интервали, најмалку еднаш во денот и во најкраток можен рок по ведењето; (б) се дезинфицираат и чистат во најкраток можен рок, освен доколку дезинфекцијата не се одвива во инкубаторска станица во Република Македонија или во земјата членка на Европската унија и (в) се сместени во нова или во чиста и дезинфицирана амбалажа. 6) одгледувачот да го извести официјалниот ветеринар за секоја промена во начинот на производството или за друг знак кој покажува присуство на заразни болести кај живината. Во случај на сомнеж за присуство на болест, овластениот ветеринар треба веднаш да испрати примероци до одобрена лабораторија за поставување на дијагноза; 7) историјата на едно јато, евиденцијата или податоците да се чуваат за секое јато барем две години по продажбата на јатото и да содржи податоци за: (а) пристигнување и заминување, (б) начин на производство, (в) стапка на заболување и смртност со причините за нив, (г) сите лабораториски испитувања и резултатите од нив, (д) местото од каде потекнува живината и (ѓ) одредиште на јајцата, 8) доколку се појави заразна болест на живината, резултатите од лабораториските испитувања веднаш да се достават до официјалниот ветеринар. (3) Инкубаторската станица треба: 1) да биде физички и оперативно одделена од објектите за одгледување и да дозволува долунаведените различни функционални единици да се одвиваат независно една од друга: (а) складирање и сортирање на јајцата, (б) дезинфекција, (в) прединкубација, (г) ведење и (д) подготовка и пакување на пратките за испраќање, 2) да биде заштитена од птици кои доаѓаат од надвор и глодари; подовите и ѕидовите да бидат од цврст, непропустлив материјал кој дозволува миење; системите за природно или вештачко осветлување и проток на воздух и топлина да бидат соодветни; да се преземат мерки за хигиенско отстранување на отпад (јајца и пилиња) и 3) опремата да биде со мазна и водоотпорна површина. (4) Во инкубаторската станица треба: 1) јајцата да се движат еднонасочно, а опремата и персоналот да бидат подвижни; 2) јајцата за ведење да: (а) потекнуваат од објектите за животни за размножување со педигре, размножување или одгледување, одобрени согласно член 10 став (1) точка 1) потточка (а) од овој правилник и (б) бидат увезени од трети земји согласно овој правилник; 3) да има правила за добра хигиенска пракса; вработените да носат соодветна работна облека, а посетителите заштитна облека; 4) објектите и опремата да се одржуваат во добра состојба; 5) да се врши дезинфекција на: (а) јајца, по пристигнување односно пред процесот на инкубација или пред нивно испраќање за ставање во промет или извоз во трета земја, освен доколку тие не биле претходно дезинфицирани во одгледувалиштето на потекло, (б) инкубаторите и (в) инкубаторските станици и опремата, по ведење на секоја серија, Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 5 од 39 6) да се спроведува програма за микробиолошка контрола на квалитет со цел да се оцени здравствениот статус на инкубаторската станица; 7) одгледувачот да го известува официјалниот ветеринар за секаква промени во начинот на производството или друг знак кој покажува присуство на заразни болести кај живината. Веднаш штом се појави сомнеж за присуство на болест, официјалниот ветеринар да испрати примероци до одобрена лабораторија според кои се поставува дијагноза и да ја информира Агенцијата односно надлежниот орган на земја членка на Европската унија кој донесува одлука за превземање на соодветни мерки. 8) историјата на едно јато, евиденцијата и податоците за инкубаторската станица да се чуваат најмалку две години и истите за секое јато да содржат податоци за: (а) потекло на јајцата и дата на нивно пристигнување, (б) изведените видови, (в) секоја абнормалност, (г) сите лабораториски испитувања и резултатите од нив, (д) детали за програми за вакцинација, (ѓ) бројот и одредиштето на инкубираните јајца кои не се извеле и (е) одредиштето на еднодневните пилиња, 9) доколку се појави заразна болест кај живината, резултатите од лабораториските испитувања веднаш да се достават до официјален ветеринар. Член 6 Следење на болест (1) Програмите за следење на болести од член 4 на овој правилник, треба да ги имаат во предвид одредбите на членовите 20 и 21 на овој правилник, како и најмалку да го опфаќаат следењето на инфекциите и видовите од ставовите (2), (3) и (4) на овој член и член 7 став (2) на овој правилник. (2) За инфекции со Salmonella pullorum, Salmonella gallinarum и Salmonella arizonae: 1) засегнати видови се: (a) за Salmonella pullorum et gallinarum: кокошки, мисирки, бисерки, потполошки, фазани, еребици и патки и (б) за Salmonella arizonae: мисирки; 2) за следење на болест: (a) серолошките и/или бактериолошките испитувања треба да се употребуваат за откривање присуство на инфекција; (б) примероците за вршење на тестови треба да бидат земени од крв, ембриони кои нема да се изведат (мртви ембриони), второ-класни пилиња, мекониум, ткива земени пост мортем, особено црн дроб, слезина, јајници, јајоводи и илео-цекалниот спој; (в) треба да се користи директно збогатување со каша од селенит-цистеин за примеоци на фецес/мекониум и примероци од цревата. Неселективно претходно збогатување следено со селективно збогатување со каша од Рапапорт-Василидасис базирана на соја или Милер-Кауфман Тетрахиноат-новобиоцин каша може да се користат за примероци (како ембриони мртво изведени) при што се очекува дека конкурентска тафлора да биде минимална; (г) кога се земаат примероци од крв од јато за серолошко испитување на Salmonella pullorum или Salmonella arizonae, при определување на бројот на примероци кои треба да се земат, се зема во предвид распространетоста на инфекцијата и нејзината фреквенција на појавување во објектот во минатото. Секогаш треба да се зема валиден број на примероци за серолошки и/или бактериолошко тестирање за откривање инфекција; Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 6 од 39 (д) јатата се проверуваат за време на секој период на ведење во најдобриот период за откривање на болеста; (ѓ) примероците земени за бактериолошко тестирање не треба да бидат земени од живина или јајца кои биле третирани со антимикробиолошки медицински препарати во период од две до три недели пред тестирањето; (е) техниките за детекција треба да овозможуваат разликување на серолошки реакции на Salmonella Pullorum и Salmonella Gallinarum инфекција од серолошка реакција поради употреба на вакциназа Salmonella Enteritidis, во случаи кога оваа вакцина била користена. Оваа вакцинација не треба да се врши доколку се спроведува серолошки мониторинг, а доколку се извршила вакцинација, треба да се спроведе бактериолошко тестирање, но методот на потврда кој се користи треба да биде соодветен со цел да може да се направи разлика помеѓу живи вакцинални соеви и теренски соеви. (3) За инфекции со Mycoplasma gallisepticum и Mycoplasma meleagridis: 1) засегнати видови се: (a) за Mycoplasma gallisepticum: кокошки и мисирки и (б) за Mycoplasma meleagridis: мисирки. 2) за следење на болест: (a) треба да се испита присуството на инфекција преку серолошки и/или бактериолошки и/или преку молекуларни тестови. Присуството на лезии во вид на воздушни меури кај еднодневни пилиња и мисирки укажува на присуство на микоплазматична инфекција и истото треба да се истражи; (б) примероците за тестирање за откривање присуство на инфекција со Mycoplasmaтреба да бидат земени соодветноод крвта, еднодневни пилиња, семе, или размаски земени од душникот, конхите, клоака и воздушните кеси а за детекција на Mycoplasma meleagridis примероците треба да се земат од оводуктите и пенис на мисири; (в) тестовите за откривање Mycoplasma gallisepticum или Mycoplasma meleagridis се вршат на репрезентативен примерок со цел да се овозможи постојано следење на инфекцијата за време на одгледувањето и несењето, т.е. пред почетокот на несењето и потоа на секои три месеци. (4) Доколку не постојат реакции на тестовите од ставовите (2) и (3) на овој член, тестот се смета за негативен. Во спротивно, јатото е сомнително и треба да се применат мерките од член 7 на овој правилник. Член 7 Услови за времено повлекување или укинување на одобрение за ставање во промет на живина и јајца (1) Одобрението за ставање во промет на живина и јајца за ведење времено се повлекува: 1) доколку објектот повеќе не ги исполнува условите утврдени во член 5 од овој правилник; 2) се до завршувањето на испитувањето за присуство на болест, доколу: (а) се појавило сомневање за присуство на птичји грип или Њукасл-болест во објектот, (б) објектот примил живина или јајца за ведење од објект кој е сомнителен на зараза или е заразен од птичји грип или Њукасл-болест, (в) настанал контакт, кој може да ја пренесе инфекцијата, помеѓу објектот и местото на појавување на птичји грип или Њукасл-болест, 3) доколку резултатите од извршениот надзор во согласност со условите утврдени во членовите 5 и 6 од овој правилник за инфекции од Salmonella pullorum, Salmonella gallinarum, Salmonella arizonae, Mycoplasma gallisepticum или Mycoplasma meleagridis даваат основа за сомневање дека има присуство на инфекција и потребно е да се извршат нови тестови; Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 7 од 39 4) во тек е спроведување на мерки кои ги бара официјалниот ветеринар, доколку објектот не ги исполнува условите од член 4, став (1) точки 1), 2) и 3) од овој правилник. (2) Во случај на одгледувалишта кои се составени од две или повеќе одделни единици на производство, Агенцијата може да направи исклучоци од мерките утврдени во став (4) точка 2) на овој член во однос на здравјето на единиците за производство на одгледувалиштето кое е заразено, доколку официјалниот ветеринар потврди дека структурата и големината на овие единици за производство и активностите кои ги вршат се такви, што единиците за производство нудат потполно одделни објекти за сместување, чување и хранење, така што предметната болест не може да се прошири од една единица за производство на друга. (3) Услови за укинување на одобрение за ставање во промет се: 1) појава на птичји грип или Њукасл-болест во објектот; 2) вториот тест покаже присуство на инфекција со Salmonella pullorum, Salmonella galli narum, Salmonella arizonae, Mycoplasma gallisepticum или Mycoplasma meleagridis и 3) не се преземени мерки со кои објектот би ги исполнувал условите од член 4, став (1) точки 1), 2) и 3) од овој правилник, по второто предупредување од страна на официјалниот ветеринар. (4) Услови за повторно враќање на одобрение за ставање во промет се: 1) извршено е санитарно колење и поминат е 21 ден од чистењето и дезинфекцијата на објектот поради присуство на птичји грип или Њукастелска болест; 2) доколку повлекувањето било извршено поради инфекција предизвикана од: (а) Salmonella pullorum и gallinarum или Salmonella arizonae, тоа може да биде повторно вратено на објектот по негативен резултат од двата теста извршени во временски интервал од барем 21 ден и по дезинфекцијата извршена по санитарното колење на заразеното јато, (б) Mycoplasma gallisepticum или Mycoplasma meleagridis, може да бидат обновени по добиен негативен резултат од двата теста извршени на целото јато во временски интервал од најмалку 60 дена или по добиени негативни резултати кои биле добиени на две тестирања спроведени во интервал од најмалку 21 ден во објектот по дезинфекција извршена по санитарно колење на целото заболено јато. Член 8 Национална референтна лабораторија (1) Националната референтна лабораторија за болести кај живината е одговорна за координирање на дијагностичките методи утврдени во овој правилник и нивната употреба од страна на овластени лаборатории кои се наоѓаат на територијата на Република Македонија, и тоа: 1) ги снабдува овластените лаборатории со реагенси кои се потребни за дијагностичко тестирање; 2) врши мониторинг на квалитетот на реагенсите кои се користат од страна на лабораториите овластени да вршат дијагностички тестирања пропишани во овој правилник; 3) организира периодични споредбени тестирања. (2) Податоците за национална референтна лабораторија за авијарни болести се објавува на веб страната на Агенцијата (3) Директорот на Агенцијата во согласност со член 10-а од Законот за ветеринарно здравство може да пропише детални правила за спроведување на овој член. Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 8 од 39 Член 9 Ставање во промет на живина и јајца за ведење За да се стават промет во Република Македонија или во Европската унија: 1) јајцата за ведење, еднодневните пилиња, живината за размножување и живината за производство треба да ги исполнуваат условите пропишани во членовите 10, 19, 20, 21, 22 и 24 од овој правилник доколку истите се спроведуваат на територијата на Република Македонија или во Европска унија, како и следните услови: 1) јајцата за ведење треба да ги исполнуваат условите пропишани во член 12 од овој правилник; 2) еднодневните пилиња треба да ги исполнуваат условите утврдени во член 13 од овој правилник; 3) живината за размножување и живина за производствотреба да ги задоволуваат условите утврдени во член 14 од овој правилник; 2) живината за колење треба да ги исполнува условите утврдени во членовите 15, 19, 20, 21, 22 и 24 од овој правилник доколку истите се спроведуваат на територијата на Република Македонија или во Европската унија; 3) живината (вклучувајќи и еднодневни пилиња) наменета за обновување на популациите на дивеч, треба да ги исполнува условите утврдени во членовите 16, 19, 20, 21, 22 и 24 од овој правилник доколку истите се спроведуваат на територијата на Република Македонија или во Европската унија; и 4) во однос на салмонелата, живината наменета за Финска и Шведска треба да ги исполнува условите утврдени во член 17 од овој правилник. Член 10 Општи услови за здравствена заштита на јајца за ведење, едно-дневни пилиња, живина за размножување и живина за производство (1) Јајцата за ведење, еднодневните пилиња, живината за размножување и живината за производство треба да доаѓаат од: 1) објекти кои ги исполнуваат следните услови: (а) да бидат одобрени и да имаат единствен број издаден од страна на Агенцијата или надлежниот орган на земја членка на Европската унија согласност член 4 од овој правилник; (б) за време на испраќањето да не бидат предмет на забрани кои се однесуваат на здравствената заштита на живината; (в) да не бидат сместени во област која е предмет на рестриктивни мерки во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравсто како резултат на појава на болест на која живината е приемчива; 2) јато кое за време на испраќањето нема клинички знаци на болест или за кое не постои сомневање дека е заболено. (2) За објектите од став (1) точка 1) потточка (а) од овој правилник се води евиденција и истата се објавува на веб страната на Агенцијата. (3) Директорот на Агенцијата во согласност со член 10-а од Законот за ветеринарно здравство може да пропише детални услови за примена на овој член. Член 11 Услови за вакцинација на живина (1) Вакцините за вакцинација на живина или јата за производство на јајца за ведење треба да имаат одобрение за ставање во промет во согласност со член 23 од Законот за ветеринарно-медицински препарати издадено од Агенцијата или надлежниот орган на земја членка на Европската унија. Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 9 од 39 (2) Согласно член 10-а од Законот за ветеринарно здравство директорот на Агенцијата може да ги утврди условите за користење на вакцините против Њукастелска болест во контекст на програмите за рутинска вакцинација. (3) Во однос на вакцинацијата против било кој серотип на Salmonella, треба да бидат исполнети следниве услови: 1) програмите за вакцинација против Salmonella не треба да пречат на серолошката детекција во контекст на испитување кое се спроведува на терен, или резултати во лажно позитивни тестирања и 2) живите вакцини на Salmonella не треба да се користат во рамките на националните програми за контрола: кај живина за одгледување или размножување, за време на нивната репродуктивна или фаза на несење, освен доколку безбедноста од нивното користење е докажана и истите имаат одобрение за користење за такви цели во согласност со Законот за ветеринарно медицински препарати(*2) и во случај кога производителот нема обезбедено соодветен метод за разликување на бактериолошки дивите соеви на Salmonella од вакциналните соеви. Член 12 Посебни услови за здравствена заштита на јајца за ведење (1) Кога се испраќаат јајцата за ведење треба да: 1) доаѓаат од јата кои: (а) се чувани повеќе од шест недели во еден или повеќе објекти одобрени согласно член 10 став (1) точка 1) поточка (а) од овој правилник; (б) доколку се вакцинирани, биле вакцинирани согласно условите за вакцинација од член 11 од овој правилник; (в) и кои: 72 часа пред испраќањето биле предмет на здравствен преглед направен од страна на официјален ветеринар или овластен ветеринар и кои за време на испитувањето не покажале клинички знаци на болест или сомневање дека се заболени или биле предмет на месечен здравствен преглед направен од страна на официјален ветеринар или овластен ветеринар при што последниот преглед бил извршен во период од 31 ден пред испраќањето. Во овој случај, официјален ветеринар или овластен ветеринар врши преглед на евиденцијата за здравствена состојба на јатото и процена на моменталната здравствена состојба врз основа на најновите податоци обезбедени од страна на лицето кое е одговорно за јатото во текот на 72 часа пред испраќањето. Во случај кога евиденцијата или другите податоци укажуваат сомнеж за болест, на јатато се врши преглед на здравствената состојба од страна на официјален ветеринар или овластен ветеринар кој ја исклучува можноста за постоење на заразна болест кај живината; 2) се означени во согласност со Законот за квалитет на земјоделски производи(*1); 3) биле дезинфицирани во согласност со упатствата дадени од официјалениот ветеринар. (2) Ако за време на периодот на инкубација се појави заразна болест кај живината која е пренослива преку јајца во јатото од каде доаѓа пратката на јајцата за ведење се известува соодветната инкубаторска станица и надлежниот орган одговорен за инкубаторската станица и за јатата на потекло. Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 10 од 39 Член 13 Посебни услови за здравствена заштита на еднодневни пилиња Еднодневните пилиња треба: 1) да се изведени од јајца за ведење кои ги исполнуваат условите од членовите 14 и 16 на овој правилник; 2) доколку се вакцинирани да ги исполнуваат условите за вакцинација од член 11 од овој правилник; 3) при нивното испраќање да не покажуват сомнеж за присуство на болест врз основа на член 5 став (4) точки 7) и 8) од овој правилник. Член 14 Посебни услови за здравствена заштита на живина за размножување и живина за производство Кога се испраќа, живината за размножување и живината за производство треба: 1) да е чувана од моментот на ведење или повеќе од шест недели во еден или повеќе објекти одобрени согласно член 10 став (1) точка 1) потточка (а) од овој правилник; 2) доколку е вакцинирана да ги исполнува условите за вакцинација од член 11 од овој правилник и 3) 48 часа пред испраќање да е извршен преглед на здравствената состојба од страна на официјален ветеринар или овластен ветеринар при што да не се утврдени клинички знаци на болест или сомневање дека се заболени. Член 15 Услови за здравствена заштита на живина наменета за колење Кога живината се испраќа за колење, таа треба да доаѓа од одгледувалиште: 1) каде била чувана од моментот на ведење или повеќе од 21 ден; 2) кое не е предмет на забрани во однос на здравствената заштита на живината; 3) каде од страна на официјален ветеринар или овластен ветеринар е извршен преглед на јатото од кое доаѓа пратката на живина наменета за колење пет дена пред испраќање при што да не се утврдени клинички знаци на болест или сомнеж на присуство на заразна болест во јатото и 4) кое не е сместено во област во која се применуваат рестриктивни мерки заздравствена заштита на животните во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство заради појава на болест на која живината е приемчива. Член 16 Услови за здравствена заштита на живина која е на возраст повеќе од 72 часа и која е наменета за обновување на популациите на дивеч (1) За да биде ставена во промет, живината која е на возраст од повеќе од 72 часа и е наменета за обновување на популации на дивеч, треба да доаѓа од одгледувалиште: 1) каде била чувана од ведењето или повеќе од 21 ден и не била во контакт со новодојдената живина во текот на две недели пред испраќањето; 2) кое не е под забрани заради здравствената заштита на живината; 3) каде од страна на официјален или овластен ветеринар е извршен преглед на јатото од кое доаѓа живината за пратката 48 часа пред испраќање на при што не се утврдени клинички знаци на болест или сомнеж на присуство на заразна болест во јатото; Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 11 од 39 4) кое не е сместено во област во која се применуваат рестриктивни мерки за здравствена заштита на животните во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравсто заради појава на болест на која живината е приемчива. (2) За живината од став (1) на овој член не се применуваат одредбите од член 10 на овој правилник. Член 17 Пратки за Финска и Шведска (1) Во однос на серотиповите на салмонелата кои не се наведени во член 6 став (2) од овој правилник, пред испраќање на пратки со живина за колење наменети за Финска и Шведска истите треба да се испитаат микробиолошки со земање на примерок во објектот од каде потекнуваат, во согласност со Прилог 4 Дел 1 кој е составен дел на овој правилник и покрај со соодветниот Сертификат од Прилог 1 кој е составен дел од овој правилник пратките треба да бидат придружени со потврдата од Прилог 4 дел 2 од овој правилник. (2) Испитувањето од став (1) не се спроведува во случај на колење живина од одгледувалиштето каде се спроведуваат програми кои се еквивалентни на програмите кои се спроведуваат во Финска и Шведска кои се одобрени од страна на Комисијата на Европската Унија. Член 18 Отстапки (1) Членовите 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15 и 22 од овој правилник не се применуваат при ставање во промет на живина и јајца за ведење кога станува збор за пратки со помалку од 20 единки доколку ги исполнуваат условите од став (2) на овој член. (2) Живината и јајцата за ведење од став (1) на овој член, кога се испраќаат, треба да доаѓаат од јата кои: 1) престојувале од нивното ведење или најмалку три месеци се чувани во Република Македонија или Европската унија; 2) се испраќаат и не покажуваат клинички знаци на заразни болести кај живината; 3) доколку се вакцинирани ги исполнуваат условите за вакцинација од член 11 од овој правилник; 4) не се предмет на забрани заради здравствената заштита на живината; 5) не се сместени во област во која се применуваат рестриктивни мерки за здравствена заштита согласно прописите од областа на ветеринарното здравство заради појава на болест на која живината е приемчива. (3) Во месецот кој му претходи на испраќањето на пратката, сите птици во пратката треба да покажат негативен резултат од серолошките испитувања за присуство на антитела против Salmonella pullorum и Salmonella gallinarum, напревени согласно член 6 од овој правилник. Во случај на јајца за ведење или еднодневни пилиња, јатото на потекло треба да биде серолошки испитано на Salmonella pullorum и Salmonella gallinarum три месеци пред испраќање праката со ниво на точност/доверливост од 95% за откривање на инфекција при преваленца од 5%. (4) Одредбите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член не се применуваат во случај на пратки на ноеви или јајца за ведење од ноеви. Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 12 од 39 Член 19 Услови за ставање во промет во случај на вакцинација (1) Во случај на пратки од живина и јајца за ведење од Република Македонија или региони од Република Македонија или земја членка на Европската Унија или региони од земја членка на Европската Унија во кои се врши вакцинација живината против Њукастелска болест кои се наменети за Република Македонија или региони од Република Македонија или земја членка на Европската Унија или региони од земја членка на Европската Унија чиј статус е воспоставен согласно став (2) од овој член, се применуваат следното правило: 1) јајцата за ведење да доаѓаат од јата кои: (а) не се вакцинирани или (б) се вакцинирани со инактивирана вакцина или (в) се вакцинирани со активна вакцина одобрена согласно Прилог 5 кој е составен дел на овој правилник доколку таа вакцинација била извршена најмалку 30 дена пред собирањето на јајцата за ведење; 2) еднодневни пилиња (вклучувајќи пилиња наменети за обновување на популација на дивеч) не треба да се вакцинираат против Њукастелска болест и треба да доаѓаат од: (а) јајца за ведење кои ги исполнуваат условите од точка 1) на овој став и (б) инкубаторска станица каде работната пракса покажува дека овие јајца се инкубираат во потполно различни временски периоди и места од јајцата кои не ги задоволуваат условите од точка 1) на овој став; 3) живината за приплод и живината наменета за производство треба: (а) да не биде вакцинирана против Њукастелска болест и (б) да биде изолирана 14 дена пред испраќањето или во одгледувалиште или во карантин, под надзор на официјален ветеринар. Ниту една птица на одгледувалиштето од кое потекнуваат или карантинот не треба да биде вакцинирана против Њукастелска болест во периодот од 21 ден пред испраќањето и за тоа време ниту една птица која нема да биде дел од пратката не треба да влегува на одгледувалиштето или во карантинот. Во карантинот не треба да се врши вакцинирање и (в) за време на 14 дена пред испраќањето биле серолошки испитани при што се добиени негативни резултати на откривање на антитела против Њукастелска болест. Директорот на Агенцијата согласно член 10-а од Законот за ветеринарно здравство ги пропишуав условите за спроведување на серолошкото тестирање. 4) живината за колење треба да доаѓа од јата кои: (а) ако не се вакцинирани против Њукастелска болест, ги исполнуваат условите од точка 3) потточка (в) на овој став; (б) доколку се вакцинирани 14 дена пред испраќање репрезентативен примерок од пратката треба да се испита со изолирање на вирусот на Њукастелска болест. Директрот на Агенцијата соглансо член 10-а од Законот за ветеринарно здравство ги пропишува условите за спроведување на серолошкото тестирање (2) За да се добие статус на слободен од вакцинирање за територијата на државата или нејзин регион треба да се применат одредбите од член 21 став (1) на овој правилник. Во случај кога Агенцијата смета дека на територијата на државата или нејзин регион е постигнат статусот за слободни од вакцинирање против Њукастелска болест, за истото ја информира Европската Комисија. (3) Елементите кои треба да се земат во предвид за определување на статусот на слободен од вакцинирање против Њукастелска болест на територијата или нејзин регион се дадени во член 21 став (1) на овој правилник дополнително на следните критериуми: Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 13 од 39 1) забранета е вакцинација против Њукастелска болест кај живината во претходните 12 месеци, освен задолжителна вакцинација на гулаби за натпреварување наведени во член 16 став (3) од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на Њукастелската болест(*3); 2) во јатата за размножување се врши серолошки мониторинг најмалку еднаш годишно за присуство на Њукастелска болест согласност со Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник и 3) одгледувалиштата треба да содржат само живина која била вакцинирана против Њукастелска болест во претходните 12 месеци, со исклучок на гулаби за натпреварување кои се вакцинирани согласно член 16 став (3) од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на Њукастелската болест(*3). (4) Агенцијата го прифаќа статусот за слободни од вакцинирање против Њукастелска болест на земјите членки на Европската унија во случај кога тоа е официјално објавено од страна на Европската Комисија. (5) Агенцијата го суспендира невакциналниот статус против Њукастелска болест на одреден регион или на земја членка на Европската унија во случај кога Европската Комисија го суспендирала невакциналниот статус против Њукастелска болест на одреден регион или на земја членка. Член 20 Активности на Агенцијата за контрола на болести За спроведувањето на програмите за следење на болести на кои е приемчива живината, од член 49 од Законот за ветеринарно здравство Агенцијата ја известува Комисијата на Европската унија и истите треба особено да содржат: 1) распространетоста на болеста на територијата на Република Македонија; 2) причини за изготвување на програма, земајќи ги во предвид последиците од болеста и користа од програмата споредено со трошоците кои произлегуваат од спроведување на програмата; 3) географската област каде што ќе се спроведува програмата; 4) статусите и категории кои ќе се доделат на објектите за живина, стандардите кои треба да се постигнат во секоја категорија и тестовите кои ќе се спроведуваат; 5) постапките за следење на програмата; 6) чекорите кои се превземаат доколку поради било која причина еден објект го загуби својот статус и 7) мерките кои се превземаат доколку извршените испитувања во согласност со одредбите од програмата покажат позитивни резултати. Член 21 Потребни податоци за добивање на статус слободен од болест За да се докаже статус на слободна од болест на која живината е приемчива за територијата или регион на Република Македонија, Агенцијата ја известува Комисијата на Европската унија, при што во документите треба особено да се наведе: 1) природата на болеста и историја за нејзино појавување во Република Македонија; 2) резултати од испитувањата при спроведување на надзорот врз основа на серолошко, микробиолошко или патолошко испитување од Прилог 3 од овој правилник и доказ дека болеста задолжително се пријавува до Агенцијата; 3) периодот кога се извршувал надзорот; Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 14 од 39 4) каде е применливо, периодот кога било забрането вакцинирање против болеста и географската област во која вакцинацијата била забранета и 5) мерките кои се применуваат за задржување на статусот на слободна од болест. Член 22 Превоз на еднодневни пилиња и јајца за ведење (1) Еднодневните пилиња и јајцата за ведење треба да се превезуваат во: 1) некористени, наменски дизајнирани контејнери за еднократна употреба кои потоа се уништуваат или 2) во контејнери кои може повторно да се употребуваат доколку претходно се дезинфицирани. (2) Контејнерите наведени во став (1) на овој член треба да: 1) превезуваат само еднодневни пилиња или јајца за ведење од ист вид, категорија и вид на живина која доаѓа од ист објект; 2) бидат означени со: (а) Република Македонија или името на земјата членка на Европската Унија и регионот на потекло; (б) број на одобрение на објектот на потекло согласно член 4 став (2) од овој правилник; (в) бројот на пилиња или јајца во секоја кутија; (г) видовите на живина на кои припаѓаат јајцата или пилињата. (3) Кутиите во кои се превезуваат еднодневните пилиња или јајцата за ведење за време на превозот може да се групираат во соодветни контејнери. Бројот на кутии кои се групираат и ознаките наведени во став (2) точка 2) на овој член треба да бидат назначени на контејнерот. (4) Живината за размножување и живина за производство се превезуваат во сандаци или кафези кои: 1) содржат само живина од исти видови, категории и видови кои доаѓаат од ист објект и 2) се назначени со број на одобрение на објектот од кој потекнуваат што е согласно член 4 став (2) од овој правилник. (5) Живината за размножување,живината за производство и еднодневните пилиња треба веднаш да се пренесат до објектот каде што се испраќаат, без да дојдат во контакт со други живи птици, освен со живина за размножување, живината за производство и еднодневни пилиња кои ги исполнуваат условите од овој правилник. Живината за колење треба веднаш да се пренесе до кланицата каде што се испраќа, без да дојде во контакт со друга живина, освен живина за колење која ги задоволува условите утврдени во овој правилник. Живината наменета за обновување на популациите дивеч треба веднаш да се достави до крајната дестинација, без да дојде во контакт со друга живина, освен живина наменета за обновување на популациите дивеч која ги задоволува условите утврдени во овој правилник. (6) Сандаците, кафезите и средствата за транспорт треба да бидат конструирани на начин со кој се: 1) спречува испаѓањето на измет а се сведува на најмал степен испаѓањето на пердуви за време на превозот; 2) овозможува визуелен преглед на живината и 3) овозможува чистење и дезинфекција. (7) Средствата за превоз, и доколку не се за еднократна употреба контејнерите, сандаците и кафезите треба да се чистат и дезинфицираат при натовар и растовар во согласност со упатствата од дадени од страна на Агенцијата или надлежниот орган земја членка на Европската унија. Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 15 од 39 Член 23 Превоз преку заразени области Живината од член 22 став (5) не треба да се превезува преку области заразени од птичји грип или Њукастелска болест, освен доколку превозот се врши преку автопат или со воз. Член 24 Сертификат (1) Живината и јајцата за ведење, за време на превозот до дестинацијата, треба да бидат придружени со ветеринарно здравствен сертификат кој е: 1) изготвен согласно соодветниот образец даден во Прилог 1 од овој правилник, 2) потпишан од страна на официјален ветеринар; 3) изготвен на денот на натовар на македонски јазик и, доколку е потребно на службениот јазик на местото на дестинација; 4) со важност од пет дена; 5) составен од едеинствен лист хартија; 6) во најголем број на случаеви наменет за еден примач и 7) со печат и потпис во боја која се разликува од онаа на која е испечатен текстот на образецот. (2) Ветеринарно-здравствениот сертификат кој ја придружува пратките на живина која е наменета за обновување на популациите на дивеч треба да биде доплонет со следните зборови: „Оваа пратка е во согласност со условите за здравствена заштита пропишани во Правилникот за условите за ставаење во промет на живина и јајца за ведење“. Член 25 Агенцијата може да издаде општи одобренија или одобренија ограничени на одредени случаи на една или повеќе земји членки на Европската Унија со кои се дозволува внес во Република Македонија и ставање во промет на живина и јајца за ведење без сертификатот од член 24 на овој правилник. Глава III Мерки за заштита за живина наменета за обновување на популации дивеч Член 26 Ставање во промет на живина наменета за обновување на популациите со дивеч (1) За да биде ставена во промет во Република Македонија или во земја членка на Европската унија, живината која е наменета за обновување на популациите со дивеч, треба да ги исполнува мерките за био-сигурност на одгледувалиштата кои чуваат живина наменета за обновување на популациите со дивеч, како и мерките за надзор кои треба да се применат во случај кога живината за производство наменета за обновување на популации дивеч се испраќаат во друга земја членка на Европската Унија или трети земји. (2) Агенцијата во соработка со одгледувачите кои чуваат живина наменета за обновување на попоулациите на дивеч изготвуваат упатства за добра био-сигурносна пракса за соодветните објекти земајќи ги во предвид био-сигрносните мерки од Програмата за сузбивање и искоренување на Авијарната инфлуенца. Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 16 од 39 Член 27 Услови за испраќање на живина наменета за обновување на популациите со дивеч (1) Испраќањето на живина за производство наменета за обновување на популациите на дивеч во земја членка на Европската Унија или трета земја може да се врши единствено доколку одгледувалиштето на испраќање: 1) е прегледано од страна на официјален ветеринар кој потврдил дека одгледувалиштето ги спроведува упаствата за добри био-сигурносни пракси и 2) за период од два месеци пред денот на испраќање на живината, (а) е дел од програмата за официјален надзор на Авијарна инфлуенца како што е пропишано во точка 3.1 од Програмата за сузбивање и искоренување на Авијарна инфлуенца(*4) или (б) се вршат серолошки испитувања, при што се добиени негативни резултати на вирусот на Авијарна инфлуенца под-типовитеH5 и H7 на примероци земени по случаен избор од јатото на потекло кое ќе ја сочинува пратката, и тоа: 50 примероци во случај на патки или гуски, или 20 примероци во случај на друг вид живина. (2) Испраќањето на живина за производство наменета за обновување на популациите на дивеч и која е на возраст помала од еден месец во земја членка или трета земја е дозволено доколку: 1) одгледувалиштето на испраќање ги исполнува условите од став (1) на овој член и 2) виролошките испитувања на Авијарна инфлуенца се вршат или со изолација на вирус илисо PCR на 20 клоакални брисовии 20 трахеални или орофарингеални брисови од живината која треба да се испрати, во период од една недела пред датата на испраќање. (3) Пред испраќањето на живината за производство од ставовите (1) и (2) на овој член, 24 часа пред испраќање на пратката се врши преглед на јатото на потекло согласно член 16 став (1) точка 3) од овој правилник. (4) Лабораториските испитувања од став (1) точка 2) и став (2)на овој член, се вршат во согласност со Дијагностичкиот Прирачник за Авијарна инфлуенца. Глава IV Завршни одредби Член 28 Одложена примена Одредбите од членовите 9, 17, 19, 20, 21, 24 и 25 ќе отпочнат да се применуваат со денот на пристапување на Република Македонија во Европската унија. Член 29 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-449/1 Агенција за храна 20 јануари 2014 година и ветеринарство Скопје Директор, Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 17 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 18 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 19 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 20 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 21 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 22 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 23 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 24 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 25 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 26 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 27 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 28 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 29 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 30 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 31 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 32 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 33 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 34 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 35 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 36 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 37 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 38 од 39 Службен весник на РМ, бр. 18 од 29.01.2014 година 39 од 39