Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on conditions for enrollment of records on local action groups, enrollment procedure, necessary documentation and manner of keeping of these records

Made 2013-03-06 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за поблиските услови за запишување во евиденцијата на локалната акциона група, постапката за упис, потребната документација и начинот на водење на евиденцијатa.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Agricultural and rural development
Keywords
agricultural development, cooperative/producer organization, data collection/reporting, local government, procedural matters, rural employment, youth, labour

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. 1 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 89 став (6) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12 и 15/13) министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ЕВИДЕНЦИЈАТА НА ЛОКАЛНАТА АКЦИОНА ГРУПА, ПОСТАПКАТА ЗА УПИС, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈАТA (*) 1 I. Општа одредба Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските услови за запишување во евиденцијата на Локалната акциона група (во понатамошниот текст: ЛАГ), постапката за упис, потребнатата документација и начинот на водење на евиденцијата. II. Поблиски услови за запишување во Евиденцијата на ЛАГ Член 2 ЛАГ треба да ги исполнува следните услови за да биде запишан во Евиденцијата на ЛАГ: да има соодветна правна форма; да има соодветен сооднос помеѓу членовите на ЛАГ-от; да има соодветна опфатеност на територија и да има Стратегија на ЛАГ за локален развој на рурални средини. да има отворени и транспарентни постапки за донесување на одлуки; да има јасни правила и постапки за избор на своите членови и нивните права и обрски; да има јасни правила за почитување на ставовите на сите засегнати страни во подготовката на проекти и донесувањето на одлуки; да има тековни консултации со сите членови на ЛАГ; да има јасни правила и постапки за избор на најсоодветни лица за извршување на конкретни задачи; да има ефикасен начин за размена на информации и одлуки со сите заинтересирани страни за понатамошните чекори што ќе се преземаат; да има редовно известување за работењето и функционирањето на ЛАГ; да има редовно прегледување на извештаи за користење на финансиски средства, финансиски предвидувања и преглед на договори; да има поттикнување на вработените и членовите на ЛАГ за едукација и обука во потребните области; да има идентификување на ризици во областите кои би можеле да го загрозат функционирањето на ЛАГ, како што се финансиски средства, вработување итн.; 2 да има стратегија на ЛАГ за локален развој на руралните средини и да има обучен управител, кој може да го организира работењето на ЛАГ, да го координира спроведувањето на Стратегија на ЛАГ за локален развој на рурални средини, да собира идеи за проекти предложени од страна на заинтересирани страни од територијата опфатена со ЛАГ, да подготвува проекти и управува со нивното спроведување и финансирање, да подготвува барања за исплата на трошоци и проверка на прифатливост на трошоците, да подготвува промотивен материјал за Стратегијата на ЛАГ за локален развој на рурални средини и го охрабрува локалното население да учествува во нејзиното дефинирање и спроведување, да врши комуникација и соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и други институции и да врши и други задачи доверени од страна на ЛАГ. III. Постапка за упис во Евиденцијата на ЛАГ Член 3 Упис во евиденцијата на ЛАГ се врши врз основа на јавен повик за доставување на барања. Барањето за упис во Евиденцијата на ЛАГ ги содржи следните податоци: Назив на субјектот (име на ЛАГ запишано во Централниот Регистар на Република Македонија); Адреса и седиште на субјектот; Даночен број на субјектот; Приоритетна дејност на субјектот; Број на членови на субјектот и Контакт (број на телефон, телефакс, електронска пошта). Барањата заедно со потребната документација се доставуваат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Уписот на ЛАГ-от во евиденцијата се спроведува преку комисија, која врз основа на објавениот јавен повик и проверка за исполнување на условите за упис, составува извештај, според кој ЛАГ-овите се упишуваат во евиденцијата на ЛАГ, согласно следните услови и бодови: Услови Бодови Правна форма на ЛАГ ако не е здружение ако е здружение 3 6 Сооднос помеѓу членови на Управниот орган на ЛАГ ако припадници на женски пол учествуваат со 30-35% ако припадници на женски пол учествуваат со повеќе од 35% 1 3 ако има еден член на возраст од 18-25 години ако има повеќе од еден член на возраст од 18-25 години 1 2 Стручна спрема на Управителот на ЛАГ ако е средна стручна спрема ако е виша стручна спрема ако е висока стручна спрема 3 6 9 Територија опфатена со ЛАГ ако опфаќа две општини ако опфаќа три општини ако опфаќа повеќе од три општини 2 5 7 ако седиштето на ЛАГ е во град со број на население поголем од 7.000 жители ако седиштето на ЛАГ е во општина со седиште во село или во град со број на население помал од 7.000 жители 2 6 ако бројот на жители на територијата опфатена со ЛАГ е 15.000 ако бројот на жители на територијата опфатена со ЛАГ е 3 7 3 над 15.000 Квалитет на стратегија од 0 до 60 Најголем број на бодови што може да ги добие еден ЛАГ за упис во евиденцијата изнесува 100 бодови. За да се запише во евиденцијата ЛАГ-от треба да добие најмалку 85 бодови. Член 4 Јавниот повик за доставување на барања за упис во евиденцијата на ЛАГ се објавува во најмалку еден дневен весник и на службената интернет страница на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 5 За нецелосните барања до подносителот се доставува писмено известување за комплетирање на документацијата. Подносителот ја доставува комплетираната документација во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. IV. Потребна документација и начин на водење на евиденцијатa на ЛАГ Член 6 За упис во евиденцијата на ЛАГ кон барањето од член 3 став 2 на овој правилник се поднесува следната документација: тековна состојба на ЛАГ издадена од Централен Регистар на Република Македонија; потврда дека правните лица членови на ЛАГ не се во постапка на стечај издадена од Централен Регистар на Република Македонија; потврда дека правните лица членови на ЛАГ не се во постапка на ликвидација издадена од Централен Регистар на Република Македонија; акт за основање на ЛАГ; статут на ЛАГ; одлука за формирање на управен орган на ЛАГ; регистар на членови и евиденција на членови на органите на ЛАГ; фотокопија од лична карта или фотокопија од патна исправа на членови на ЛАГ кои се физички лица; тековна состојба на членови на ЛАГ кои се правни лица; доказ за завршено образование на управителот на ЛАГ и стратегија на ЛАГ за локален развој на руралните средини. Член 7 Евиденцијата на ЛАГ се води во пишана и електронска форма во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Евиденцијата од став 1 на овој член ги содржи следниве податоци: реден број и датум на упис на барањето во евиденцијата; назив на ЛАГ-от, седиште и адреса, единствен даночен број; за одговорното лице кај ЛАГ-от според евиденцијата од Централен регистар на Република Македонија (име и презиме, единствен матичен број); 4 за членовите на ЛАГ-от (име и презиме, единствен матичен број); информации за воспоставување на контакт (број на телефон, телефакс, електронска пошта) и број и датум на уписот на ЛАГ. V. Завршна одредба Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 30 – 4972/2 Министер за земјоделство, 6 март 2013 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on conditions for enrollment of records on local action groups, enrollment procedure, necessary documentation and manner of keeping of these records · Nelum