Regulation on carrying out the work of forest guard service and the form and content of official book of illegal actions and on determining the actual situation in the forest ranger area
Made 2015-05-15 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за вршење на работите на шумочуварската служба и формата и содржината на службена книга за бесправните дејствија и за утврдување на фактичката состојба во шумочуварскиот реон.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Forestry
- Keywords
- forest management/forest conservation, forest service, offences/penalties, private forest, public forest, data collection/reporting, risk assessment/management
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 81-а став (3) од Законот за шумите {,,Службен весник на Република Македонија" бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147 /13, 43/14, 160/14, 33/15 и 44/15}, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со министерот за внатрешни работи донесе ПРАВИЛНИК ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА ШУМОЧУВАРСКАТА СЛУЖБА И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА СЛУЖБЕНА КНИГА ЗА БЕСПРАВНИТЕ ДЕЈСТВИЈА И ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА ВО ШУМОЧУВАРСКИОТ РЕОН Член 1 Со овој правилник се пропишува вршењето на работите на шумочуварската служба и формата и содржината на службената книга за бесправните дејствија и за утврдување на фактичката состојба во шумочуварскиот реон. Член 2 (1) Шумочуварската служба врши реонско чување на шумите во шумочуварски реони. (2) Под шумочуварски реон во смисла на овој правилник, се подразбира дел од подрачје под шуми и шумско земјиште во државна и приватна сопственост. (3) Големината на шумочуварските реони е различна и зависи од: типот на шумата, степенот на загрозеност од бесправни сечи и шумски пожари, интензитетот на стопанисувањето, конфигурација на теренот, оштетувања од биотски и абиотски фактори, отвореност со патишта, густина на населени места, оддалеченост од населени места и друго. Член 3 (1) При првото задолжување со шумочуварскиот реон, припадникот на шумочуварската служба се задолжува комисиски со записник. (2) Во записникот се евидентира затекнатата состојба во шумочуварскиот реон, бесправни сечи, опожарени површини, оштетувања од биотски и абиотски фактори кои настанале во претходниот период и други оштетувања затекнати во шумочуварскиот реон. Член 4 При чувањето на шумочуварскиот реон, припадникот на шумочуварската служба со себе носи: карта на шумочуварски реон, шумски жиг за направена шумска штета, метро, стоп палка, блок записници, блок пријави , блок потврда за привремено одземени предмети и средства, прибор за пишување и средство за комуникација. Член 5 (1) Припадникот на шумочуварската служба врши легитимирање и го утврдува идентитетот на сите лица затечени во шумочуварскиот реон. (2) Доколку лицата од став (1) од овој член одбијат да бидат легитимирани, припадникот на шумочуварската служба треба да побара асистенција од шумската полиција или од Министерството за внатрешни работи . Член 6 При извршени бесправни дејствија како: 1. пустошење на шумата, 2. копачење на шумата без одобрение, 3. бесправна сеча на стебла (сеча без одобрение за сеча), 4. сеча на неозначени стебла за сеча во шума и надвор од шума, 5. бесправно присвојување - кражба на соборени стебла, готови шумски производи на местото на производството или на шумскокамионски пат, 6. сеча на ретки и заштитени видови на дрвја, 7. сеча на дрвја во семенски состоини, 8. превоз и пренесување на дрво кое не е жигосано, 9. превоз и пренесување на дрво без испратница, 10. проширување на земјоделски површини со сеча и копачење на шуми, 11. правење на просеки во шума без разлика на намената надвор од планските документи, без одобрение од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми "Македонски шуми" и другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја без оглед на нивната намена и без решение од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, 12. бесправна сеча на стебла при трајна пренамена на шума и шумско земјиште без донесено решение од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, или надвор од границите на опфат на донесеното решение, 13. бесправна сеча на стебла при правење на траса за поставување на огради од различен тип, без одобрение од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми "Македонски шуми" и другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја без оглед на нивната намена и без согласност од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, припадникот на шумочуварската служба, постапува на следниот начин : врши преглед на местото каде е извршено бесправното дејствие во шумочуварскиот реон и ја утврдува направената штета на бесправно посечената дрвна маса, ги означува пенушките и врши жигосување на затекнатата бесправно посечена дрвна маса со шумски жиг за направена шумска штета; врши преглед на средствата со кои се превезува или пренесува бесправно исеченото дрво и дрвните сортименти, врши премер на дрвото и дрвните сортименти и ги жигосува со шумски жиг за направена шумска штета; за бесправно исечената дрвна маса од алинеите (1) и (2) од овој став, изготвува записник и доколку е познат сторителот на бесправното дејствие, за бесправно исечената дрвна маса поднесува пријава до одговорното лице во подружницата на шумско стопанство на Јавното претпријатие за стопанисување со држави шуми „Македонски шуми" или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја. Член 7 (1) Припадникот на шумочуварската служба привремено ги одзема предметите и средствата доколку за нив постојат основи на сомневање дека се употребени или биле наменети за извршување кривично дело или прекршок или се предмет односно производ од извршено кривично дело или прекршок. (2) За привремено одземените предмети припадникот на шумочуварската служба изготвува потврда во четири примероци од кои еден примерок му се предава на лицето од кого се одземени предметите. {3) До поднесување кривична пријава или барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд или орган на државната управа, привремено одземените предмети се чуваат во посебно одредени простории во подружницата на шумско стопанство на Јавното претпријатие за стопанисување со држави шуми „Македонски шуми" или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја. (4) Со поднесување на кривична пријава или барање за поведување прекршочна постапка сите привремено одземени предмети освен добиток, дрво и дрвни сортименти, се предаваат на надлежниот суд или органот на државната управа, доколку од страна на судот не се одлучи истите и понатаму да се чуваат во подружницата на шумско стопанство на Јавното претпријатие за стопанисување со држави шуми „Македонски шуми" или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја. Во прилог на кривичната пријава или барање за поведување прекршочна постапка, се приложува и примерок од потврдата за одземените предмети, како и останатата документација што се однесува на привремено одземените предмети предадени на чување во соодветни правни лица или документ дека истата е останата на чување во подружницата на шумско стопанство на Јавното претпријатие за стопанисување со држави шуми „Македонски шуми" или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја. (5) За предадените предмети во судот, во орган на државната управа или во соодветното правно лице, припадникот на шумочуварската служба обезбедува потврда која се чува во досието за предметот. {6) За привремено одземените предмети се води посебна евиденција во форма на регистар и досие. Регистарот и досието го водат припадниците на шумочуварската служба во подружницата на шумско стопанство на Јавното претпријатие за стопанисување со држави шуми „Македонски шуми" или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја, каде е извршено привременото одземање на предметите. (7) Одземениот добиток до завршување на судската постапка, односно постапката на надлежниот орган на државната управа, се предава на чување во правно лице регистрирано за чување и одгледување добиток или на надлежната ветеринарна станица. Член 8 (1) Припадникот на шумочуварската служба контролира и презема превентивни мерки за заштита на шумите од пожари, и тоа: палење на отворен оган во шума и на земјиште во непосредна близина на шумата и подигнување на варници, жежници за дрвен јаглен и слични објекти што претставуваат опасност за појава на пожар без одобрение од Дирекцијата за заштита и спасување и контрола на спроведедување на мерките на претпазливост пропишани од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (2) Припадникот на шумочуварската служба го известува одговорното лице во подружницата на шумско стопанство на Јавното претпријатие за стопанисување со држави шуми „Македонски шуми" или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја при појава на шумски пожар во шумочуварскиот реон . {3) При откривање на сторителот на шумскиот пожар, припадникот на шумочуварската служба изготвува записник и поднесува пријава до одговорното лице во подружницата на Јавното претпријатие за стопанисување со држави шуми „Македонски шуми" или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја. Член 9 (1) Припадникот на шумочуварската служба контролира дејствија во шумочуварскиот реон кои не смеат да се извршуваат без одобрение од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството или од Јавното претпријатие за стопанисување со држави шуми „Македонски шуми" или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја, и тоа во делот на : уништување на гранични знаци од шумскостопанските единици, одделите и други трајни белези во шумочуварскиот реон, собирање на други шумски производи (печурки, плодови, лековити растенија, полжави и друго) во количини поголеми од еден килограм, собирање на семе од шумски видови дрвја, поставување на кошници за пчели, напасување на добиток и желадење во шума, поставување на информативни табли и ознаки, подигнување на привремени објекти, шатори и организирање на кампови, гради трајни објекти во шума и на шумско земјиште и движење на лица во шума во време на забрана или ограничено движење заради заштита на шумите од пожари. (2) Припадникот на шумочуварската служба врши преглед на местото каде е извршено бесправното дејствие во шумочуварскиот реон и изготвува записник. {3) Доколку е познат сторителот на бесправното дејствие, поднесува пријава до одговорното лице во подружницата на шумско стопанство на Јавното претпријатие за стопанисување со држави шуми „Македонски шуми" или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја. Член 10 При зголемен обем на бесправните дејствија или загрозена безбедност во шумочуварскиот реон, припадникот на шумочуварската служба поднесува барање за асистенција од шумска полиција или од Министерството за внатрешни работи. Член 11 Припадникот на шумочуварската служба ја следи состојбата и писмено го известува одговорното лице во подружницата на шумско стопанство на Јавното претпријатие за стопанисување со држави шуми „Македонски шуми" или другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја при појава на: растителните болести, шумските штетници, ветроизвали, снегоизвали и снеголоми и како и други непогоди кои се случиле во шумочуварскиот реон . Член 12 (1) Припадникот на шумочуварската служба потребно е да ги запознае основните орографски, сообраќајни, демографски и други карактеристики на шумочуварскиот реон. (2) Припадникот на шумочуварската служба потребно е да ја познава шумата според: намената, видот на одгледувањето, дрвните видови, староста, сопственичката структура, степен на загрозеност од пожари, семенски состоини, ретки и заштитени видови на дрвја, изложеност на шумски кражби, шуми во кои се планирани сечи согласно планските документи, постојани и привремени складови на дрво. {3) Припадникот на шумочуварската служба редовно врши контрола на границите на шумочуварскиот реон и ги обновува и чува граничните знаци од шумскостопанските единици, одделите и другите трајни белези во шумочуварскиот реон. (4) Припадникот на шумочуварската служба редовно врши контрола на сечишта во шумочуварскиот реон. Член 13 Примопредавање на шумочуварскиот реон се врши комисиски со записник на затекнатата состојба и во присуство на припадникот на шумочуварската служба кој го предава реонот и припадникот на шумочуварската служба кој го прима реонот. Член 14 (1) Припадниците на шумочуварската служба за својата работа водат Службена книга за бесправните дејствија и за утврдување на фактичката состојба на шумочуварскиот реон. (2) Службената книга за бесправните дејствија и за утврдување на фактичката состојба на шумочуварскиот реон е во форма на книга со тврди корици со зелена боја во АЅ формат. {3) Службената книга за бесправните дејствија и за утврдување на фактичката состојба на шумочуварскиот реон се состои од пет дела, и тоа: Општи податоци, Дневник, Деловодник, Регистар на бесправни дејствија и Инвентар. (4) Формата и содржината на Службената книга за бесправните дејствија и за утврдување на фактичката состојба на шумочуварскиот реон се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 15 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр.09-1224/3 15 мај 2015 година Скопје Министер Министер за земјоделство, за внатрешни работи, шумарство и водостопанство, м-р Митко Чавков, с.р. м-р Михаил Цветков, с.р. (лого и име на правниот субјект за стопанису вање со шумите) СЛУЖБЕНА КНИГА ЗА БЕСПРАВНИТЕ ДЕЈСТВИЈА И ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА НА ШУМОЧУВАРСКИОТ РЕОН Прилог Подружница ШС ШСЕ Шумо чу вар ски реон Скица на шу.мочуварскuот реон: Припадник на шумочуварскаслужба (и.ме и прези.ме) Број на легитимација Адреса: (улица и број, wecmo на ;живеење) Телефон број Примил, Директор, МП. 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 1 З. 14. 15. 16. 17. 18. 19. 2 О. Пова:)lс11и телефони: Шумска полиција Полиција ЛП единици ПШС дирекција Дирекција Скопје Медицински центар Раководител на заштита ДНЕВНИК Датум Опис на службената работа Забелешка ДЕЛОВОДНИК Р. Ден, Предмет ( од кого-кому) Краток опис месец и и број бр. година РЕГИСТАР НА БЕСПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА 1 . Сериски Возраст И 1е, татково име, ~ = ~ \е =-\е Датум број на Национа ност презиме и адреса на ~ :: =-= ~= пријавата Занимаље стално местож11вееље ~ 1-u РЕГИСТАР НА БЕСПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА (.Ј '"= = Бр. на Q ~ :,: ~ Прпв1)еме1,о потвр а за = '"= :r G, ~ ~ (.Ј = ..... Кра,·ок oriиc на = Q о зе 1ен11 привре 1ено ~ 3 .... = Забелешка бесr~равното дејствие ::: ~ (.Ј :Е ripe мет11 и о земен11те е: '"= Q Q = ~ :,: сре ства пре мети и u ,.. Q ~ 0 средства ИНВЕНТАР ~ Датум и бр. :е Дату 1 и бр. на ci. И 1е па ::: Забелешка :r ~ на предметот е. раза о жување е..: ~ задолжение е::