Regulation amending the Regulation on measures for the health protection of animals in relation to lumpy skin disease
Made 2017-09-12 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за изменување на правилникот за мерки за здравствена заштита на животните во однос на болеста на чвореста кожа.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- cattle, animal health, pests/diseases, hygiene/sanitary procedures, authorization/permit, vaccination
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 138 од 2.10.2017 година 20171382739 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА МЕРКИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ ВО ОДНОС НА БОЛЕСТА НА ЧВОРЕСТА КОЖА (1) Член 1 Во Правилникот за мерки за здравствена заштита на животните во однос на болеста на чвореста кожа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/17), членот 7 се менува и гласи: „Исклучоци од забраната за движење на семе, јајце клетки и ембриони од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од регионите наведени во Прилог 1 Деловите 1 и 2 на овој правилник и посебни услови за движење на тие производи во регионите наведени во Прилог 1 дел 1 или 2 од овој правилник на територија на земјите наведени во Прилогот (1) По исклучок од мерката од член 3 точка 2) на овој правилник, испраќање на семе јајце клетки и ембриони од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од собирни центри за семе или други објекти лоцирани во регионите од Прилог 1 дел 1 на овој правилник во друг регион од Прилог 1 дел 1 и 2 на овој правилник во друга засегната земја, земја членка на ЕУ или трета земја може да се врши доколку животните - донори и семето, јајце клетките и ембрионите ги исполнуваат следните услови: 1) животните - донори биле вакцинирани и ревакцинирани против болест на чвореста кожа во согласност со упатствата на производителот на вакцината, при што првата вакцинација е аплицирана најмалку 60 дена пред датумот на собирање на семето, јајце клетките и ембрионите; или животните - донори биле предмет на серолошко тестирање со цел да се откријат антитела на вирус на болест на чвореста кожа на денот на собирање и најмалку 28 дена по периодот на собирање на семето или денот на собирање ембриони и јајце клетки, со добиени негативни резултати; 2) во период од 60 дена пред датумот на собирање на семето, јајце клетките и ембрионите, животните - донори биле чувани во центар за вештачко оплодување или друг соодветен објект при што во радиус од најмалку 20 км немало потврдено жариште на болест на чвореста кожа во последните три месеци пред датумот на собирање на семето, јајце клетките и ембрионите и претходно секоја потврдена појава на инфекција со болест на чвореста кожа била проследена со убивање и уништување на сите приемчиви животни од засегнатите одгледувалишта; 3) животните - донори се клинички прегледани 28 дена пред датумот на собирање, како и за време на целиот период на собирање и при тоа не покажале клинички знаци за присуство на болест на чвореста кожа; 4) животните – донори биле предмет на испитување на присуство на причинител на болест на чвореста кожа со PCR метода спроведена на примероци од крв земени на почетокот и најмалку на секои 14 дена за време на периодот на собирање на семето или на денот на собирање на ембрионите и јајце клетките, со добиени негативни резултати; Со овој правилник се врши усогласување со Одлуката на Европската Комисија 2017/1178. ЕУ од 02 Јуни 2017 за измена на Одлуката 2016/2008 за мерките на здравствената заштита во однос на болеста на чвореста кожа во Земјите членки, CELEX број 32017D1178. Службен весник на РМ, бр. од 138 од 2.10.2017 година 2 од 4 5) семето било предмет на испитување на присуство на причинителот на болест на чвореста кожа со PCR метода и при тоа биле добиени негативни резултати; и 6) надлежниот орган на местото на потекло од земјите членки на ЕУ спроведува програма за вакцинација против болест на чвореста кожа која е во согласност со условите пропишани во Прилог 2 на овој правилник, која е одобрена од страна на Европската Комисија и за која ја известува Европската Комисија, засегнатите земји, земјите членки на ЕУ и трети земји, особено за датумот на отпочнување и датумот на завршување на вакцинацијата согласно Прилог 2 на овој правилник. (2) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 2) од овој правилник, може да се испраќа семе, јајце клетки и ембриони од говеда и диви преживари кои се држат во заробеништво од центри за вештачко осеменување или други објекти лоцирани во регионите наведени во: 1) прилог 1 дел 1 на овој правилник до дестинација лоцирана во друг регион наведена прилог 1 дел 1 или 2 на овој правилник засегната земја доколку се исполнети условите од став (1) точки 1), 2) и 3) од овој член; 2) прилог 1 дел 2 од овој правилник до дестинација лоцирана во друг регион наведена во прилог 1 дел 2 на овој правилник од засегната земја доколку се исполнети условите од став (1) точки 1), 2) и 3) од овој член. (3) По исклучок од мерката утврдена во член 3 точка 2) на овој правилник, испраќање на семе, јајце клетки и ембриони од говеда и диви преживари од собирни центри за семе или други објекти лоцирани во областите наведени во Прилог 1 дел 1 на овој правилник до било кој регион на засегната земја, земја членка на ЕУ или трета земја доколку животните - донори и семето, јајце клетките и ембрионите ги исполнуваат следните услови: 1) условите пропишани во став (1) точки 1), 2), 3), 4), 5) и 6) на овој член; 2) животните – донори ги исполнуваат сите други соодветни гаранции за здравствена заштита врз основа на позитивен исход од анализата на ризик на влијанието на испраќањето и на мерките против распространување на болеста на чвореста кожа, пропишани од надлежниот орган на земјата членка на местото на потекло и одобрени од надлежните органи на земјите на транзит и крајна дестинација, пред испраќањето на семето, јајце клетките и ембрионите; и 3) засегнатата земја на местото на потекло треба веднаш да ја извести Европската Комисијата и другите засегнати земји, земји членки на ЕУ и трети земји за гаранциите за здравствена заштита на животните и за одобрението од точка 2) на овој став. (4) Во случај кога семето, јајце клетките и ембрионите кои ги исполнуваат условите од став (1) или (3) на овој член се испраќаат во засегната земја, земја членка на ЕУ и трета земја, кон ветеринарно здравствениот сертификат пропишан во Правилникот за ветеринарно - здравствените услови за ставање во промет на семе за вештачко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер, официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони и Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло се додава следниот текст: Службен весник на РМ, бр. од 138 од 2.10.2017 година 3 од 4 ‘.......................... (семе, јајце клетки и/или ембриони, означи го соодветното) во согласност со ..................................... (член 7став (1) или 7 став (3), означи го соодветното) од Правилникот за мерки за здравствена заштита на животните во однос на болеста на чвореста кожа односно еквивалентната Одлука на Комисијата (ЕУ) 2016/2008 во однос на мерки за контрола на здравствена заштита на животните во врска со болест на чвореста кожа во одредени земји членки.” Член 2 Прилогот 1 се заменува со нов Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-2675/3 Агенција за храна 12 септември 2017 година и ветеринарство Скопје в.д. Директор, Зоран Атанасов, с.р. „Прилог 1 Листа на засегнати земји Дел 1 Слободна зона со вакцинација 1. Република Македонија општините: Богданци, Теарце, Боговиње, Карпош, Кисела вода, Сопиште, Зелениково, Македонски брод, Крушево, Кривогаштани, Могила, Битола, Охрид, Струга и Вевчани. 2. Хрватска Цела територија на Хрватска. 3. Бугарија A. Следните области во Бугарија: Област на Бургас Област на Варна Област на Добрич Област на Разград Област на Силистра Област на Русе Област на Плевен Б. Следните општини во Бугарија: Општините Опака, Попово и Антоново во провинцијата Тарговиште. Општините Шумен, Каспичан, Нови Пазар, Никола Козлево, Каолиново, Венец и Хитрино во провинцијата Шумен. Општините Свиштов, Полски Трамбеш и Стражица во провинцијата Велико Тарново. 4. Следните региони во Грција Регионот на островите во Јонско море, со исклучок на регионалната единица Крф, Регионот на северни егејски острови, со исклучок на регионалната единица Лимнос, Регионот на јужни егејски острови, Регионот на Крит. Службен весник на РМ, бр. од 138 од 2.10.2017 година 4 од 4 Дел 2 Инфицирани зони 1. Република Македонија Целата територија на Република Македонија со исклучок на областите наведени во Дел 1 од овој Прилог. 2. Грција A. Следните региони во Грција: Регион на Атика Регион на централна Грција Регион на централна Македонија Регион на источна Македонија и Тракија Регион на Епирус Регион на Пелопонез Регион на Тесалија Регион на западна Грција Регион на западна Македонија Б. Следните регионални единици во Грција: Регионална единица на Лимнос и Регионална единица на Крф. 3. Бугарија Целата територија на Бугарија со исклучок на областите наведени во Дел 1. i Правилникот за ветеринарно - здравствените услови за ставање во промет на семе за вештачко осеменување, ембриони и јајце клетки, начинот на водење на евиденција, условите во поглед на кадарот, просториите, опремата и инструментите, начинот и условите за одобрување на тимовите за ембриотрансфер, официјалните контроли на семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони е усогласен со Директивите 88/407/ЕЕЗ, 89/556/EEЗ, ii Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло е предмет на усогласување со Одлуката 93/444/EEЗ од 2 јули 1993 година за деталните правила за ставање во промет во Заедницата на одредени видови на животни и нивни производи наменети да бидат извезени во трети земји.